Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, на својот фејсбук профил објави видео и фотографии од акцијата за чистење на Железничката станица во Скопје и напиша: „По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје. Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект ...

Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива до Уставен суд за поништување на последните измени на Законот за минерални суровини, бидејќи, како што истакна пратеникот Сашко Јанчев, со нив се прават сериозни законски и уставни прекршувања во корист на рударското лоби, пишува во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално. Како што појасни Јанчев, народот во Македонија изминатата деценија континуирано се спротивставува на ...

Најмалку 24 лица загинаа денес во експлозија на железничка пруга во Пакистан. Експлозијата се случи во покраината Белуџистан во близина на градот Квета, кога воз со патници ја преминувал областа, соопшти полицијата, според пакистанската АПП. Целта на нападот бил воз што превезувал воен персонал, објавува Ал Арабија. Најмалку 24 лица загинаа денес во експлозија на железничка пруга во Пакистан. Експлозијата се случи во покраината ...

Променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и силен ветер ја очекува Македонија денес, а метеоролозите предупредуваат дека на одредени места временските услови може да прераснат и во локално невреме. Според прогнозите, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и грмежи на повеќе места низ земјата. Ќе дува засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час, а локално временските процеси ќе бидат ...

Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот на ансамблот е можност македонската култура достоинствено да биде претставена ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, порача дека нивното дело претставува темел на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот народ. „Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа. Такви се солунските браќа“, порача претседателката. Таа истакна дека Кирил и ...

Вооружен маж синоќа отвори оган кон контролен пункт во близина на Белата куќа во Вашингтон, по што бил смртно ранет од агенти на Тајната служба, кои возвратиле на нападот, соопштија американските власти. Според соопштението на Тајната служба, која е задолжена за обезбедување на американскиот претседател и потпретседател – напаѓачот пукал кон агентите, кои возвратиле со оган. Осомничениот бил ранет и „пренесен во локална болница, каде подоцна ...

Полската војска утринава ја активираше својата воена авијација во националниот воздушен простор како превентивна мерка за заштита на границите по масовните руски ракетни напади врз соседна Украина. Од воената команда на Полска нагласуваат дека целта е да се осигура безбедноста на полското небо, особено во подрачјата кои граничат со загрозените украински региони. Истовремено, во Киев одекнаа нови силни експлозии. Властите информираа дека ...

Светите Кирил и Методиј во Православната црква се прославуваат како „Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски“. Кои се Светите Кирил и Методиј? Тие се еден владика и еден калуѓер: Кирил бил монах, а Методиј епископ и архиепископ. И двајцата биле многу учени луѓе. Вброени се меѓу најучените во цела Византиска империја. Нивното потекло било од Македонија. Тие го познавале својот народ и мајчиниот јазик. Затоа, на тој јазик го ...

Кошаркарите на Њујорк се на само една победа од пласман во големото финале од НБА лигата откако ноќеска го совладаа Кливленд со 121:108 и поведоа со 3-0 во добиени натпревари. Екипата на Њујорк Никс последен пат играше во финале пред 27 години во 1999 година. Кошаркарите на Њујорк имаа извонреден шут за три поени од 43%, 11 погодени од 28 обиди и речиси перфектни 24 од 27 од линијата за слободни фрлања. Најефикасни во победничкиот тим беа ...

Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунѓу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунѓу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“. Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско ...

Спектакуларната победа на изборите во Унгарија на Петер Маѓар, надвор од задоволството во европските престолнини и во ЕУ за падот на Виктор Орбан, предизвика дополнителни очекувања (а и стравувања) во јавноста во две земји. Полска и Македонија. Затоа што на тројца поранешни политичари, кои избегаа од сопствените земји, Орбан им даде политички азил за да го избегнат соочувањето со правдата. Тоа се поренешниот министер за правда на Послка во ...

Швајцарската полиција истражува провала во домот на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост, во која тој, наводно, бил повреден. Инцидентот се случил во вторник наутро во Нион, а крадците избегале со пленот откако принудиле член на семејството да отвори сеф, објави Скај њуз. Според соопштението на локалната полиција, 71-годишникот претрпел повреда на главата откако „неколку маскирани лица провалиле во куќата“ околу 8:30 часот ...

Шакира и Бурна Бој го објавија музичкото видео за нивната нова песна „Даи Даи“, која е воедно и официјална химна на Светското првенство во фудбал во 2026 година. По објавувањето на песната претходно овој месец, визуелно впечатливото видео во кое се појавуваат голем број светски фудбалски ѕвезди беше објавено во саботата. Фудбалска елита во видеото Меѓу фудбалерите кои се појавија во видеото се Лионел Меси, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Родриго ...

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи на спринтот за Големата награда на Канада. Второто место му припадна на Ландо Норис, а Кими Антонели. Во текот на целата трка Антониели имаше проблеми и излегуваше од патеката и третата позиција е и добар пласман. Оскар Пјастри заврши на четвртото место, а како петти заврши Шарл Леклер, пред клупскиот колега Луис Хамилтон. Возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Арвид Линдблад ги зазедоа последните позиции ...

Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче. „Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, вели Филипче додавајќи дека се подготвени за отворена дебата со бројки, а не со политички конструкции. ...

Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон ...

Патеката на јавниот долг на Европската Унија би можела да „експлодира“, што би и нанело штета на економијата на Унијата доколку не се преземат мерки за решавање на фискалните притисоци, им беше речено денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на министрите за финансии на ЕУ. „Доколку не се контролира, јавниот долг ќе се најде на неодржлива патека. Со непроменета политика, долгот на просечна европска земја би достигнал 130 проценти од ...

Повеќе од 44.000 луѓе се евакуирани во неколку градови во Јужна Калифорнија, откако локалните власти предупредија дека оштетен резервоар со токсични хемикалии во воздухопловна фабрика во Оринџ Каунти неизбежно ќе попушти и потенцијално може да експлодира. Индустрискиот резервоар во објектот во Гарден Гров (Garden Grove) се проценува дека содржи околу 7.000 галони (околу 26.500 литри) метил метакрилат – „силно испарлива“ и „лесно запалива“ ...

Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0. „Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја. Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ. Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман Ајетовиќ, а по асистенција на Георгие Јанкулов. На 2:0 Вардар зголеми со ...

Ракометарите на Алкалоид вечерва постигнаа убедлива победа од 37:21 во дуелот од 9.коло од плеј офот од Супер лигата против Бутел на домашен терен. Ова беше 20-та победа за тимот на Алкалоид во првенството и вкупно 15.та победа во 16-тиот меѓусебен дуел против Бутел. Гостите имаа водство од 3:2, но потоа Алкалоид со серија од 7-0 направи пресврт и ја навести убедливата победа. На полувреме беше 19:11 за Алкалоид, а брзо на стартот на ...

Екипата на Хал избори враќање во Премиер лигата откако попладнево во финалето на плеј офот успеа да го совлада Мидлсброу со 1:0 на Вембли пред 85.000 гледачи. Стрелец на единствениот гол беше Оли Мекберни во 90+5 минута (во судиското надополнување на вториот дел). Освен пласманот во Премиер лигата Хал според некои процени ќе треба да заработи и околу 231 милион фунти. Екипата на Хал во Премиер лигата се враќа по 2017 година, а минатата ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките ...

Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство ...

Иран соопшти дека нуклеарното прашање не е дел од почетната рамка што ја подготвува за ставање крај на војната со САД. – Во оваа фаза нема да разговараме за деталите од нуклеарното прашање … одлучивме да му дадеме приоритет на едно итно прашање за сите нас: прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, за државната телевизија. Тој додаде дека нуклеарното ...

Министерството за транспорт и врски попладнево реагираше на обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ за наместен тендер за набавката на електричните автобуси. Обвинувањата од СДСМ, според Министерството, се паушални. – Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, ...

Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...

Попладнево, во 17:42 часот во Скопје беше почувствуван земјотрес. Според првичните нинформации, станува збор за скопското сеизмичко подрачје, а земјотресот б ил со магнитуда од 3,6 степени. Според првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмички центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на 21 киломеѕтар источно од Скопје, а далбочината била на 5 километри. Попладнево, во 17:42 часот во Скопје беше почувствуван земјотрес. ...

Франција одлучи да му забрани пристап на израелскиот министер за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир до своја територија, соопшти францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Баро истакна дека одлуката го одразува гневот поради односот на Бен-Гвир кон активистите од меѓународната хуманитарна флотила за Појасот Газа „Глобал Сумуд“. „Сметано од денеска, Итамар Бен-Гвир нема право да стапне на француска територија“ напиша ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
73%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
76%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.08
85%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
76%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.01
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.14
82%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
0.89
56%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
67%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
63%
1019
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
0.45
81%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 18ᴼ
1.79
75%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39