Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром ќе добие ново детско игралиште, сподели денеска градоначалникот Дејан Митески. „Со особена радост сакам да споделам дека во училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ се гради ново детско забавно игралиште – место каде што детската смеа, играта и безгрижното детство ќе добијат уште поубав дом. Она што е особено интересно и вредно за почит е што игралиштето го градат волонтери, ученици од САД ...
Дебатата за Фискалната стратегија и за законот за задолжување за 260 милиони евра кои се на дневен ред на денешната 102. Седница на Собранието, ги стави во фокусот висината на јавниот долг, загрижувачкиот раст на каматниот товар за земените кредити, како и консолидацијата на јавните финансии, но и отсуството од расправата на Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Ова дотолку повеќе што изминатите денови на релација власт и ...
САД ќе ни помагаат да добиеме транспарентни јавни набавки, но нив да ги добиваат американските компании – произлегува од најновиот извештај на Стејт департментот што ја објаснува политиката на администрацијата на Доналд Трамп пред членовите на Конгресот. Иако кај нас акцентот беше ставен на најавата дека САД нема да помагаат повеќе во градење на нации, што беше протолкувано како најава зе наинтервенирање во внатрешни работи, главната вест е ...
САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда (Центком), но нагласи дека нападите не укажуваат дека прекинот на ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Ствечо Јакимовски, денес на прес-конференција истакна дека неговиот наследник Сотир Лукровски, кој според официјалните информации е на боледување веќе 20 дена, бил забележан како пазари во Сити Мол и околни маркети, а до овој момент не оди на работа. Лукровски претходно ги пренесе овластувањата на неговиот заменик градоначалник, Неделчо Крстевски. Јакимовски истакна дека Сити Мол е ...
Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што ...
Директорите на Центарот за управување со кризи и на Управата за хидрометеоролошки работи, Мухамед Али и Игор Лазаровски, денеска потпишаа меморандум за соработка. Како што информираат од ЦУК, потпишувањето на овој меморандум претставува уште еден чекор кон продлабочување на веќе воспоставената успешна соработка помеѓу ЦУК и УХМР, кои континуирано работат во насока на навремена размена на информации, координација и заедничко дејствување во ...
Во првиот квартал годинава вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.348.000 и е намален за 5 проценти во однос на првиот квартал од 2025 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4,7 проценти, во приградскиот превоз за 8,8 проценти, а зголемување има во меѓуградскиот превоз за 9,2 проценти и во меѓународниот превоз за 1,3 процент. ...
Неколку лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во белгискиот град Бугенхаут, лоциран помеѓу Антверпен и Брисел, каде што се судрија воз и школски автобус. Како што известуваат белгиските медиуми, возот во моментот на ударот се наоѓал на околу еден километар од железничката станица и веќе започнал да сопира. Несреќата се случила во 8:08 часот наутро, кога школскиот автобус влегол на железничкиот премин. ...
Од комуналното претпријатие на Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“, информираат дека од вчера се поставени специјални контејнери на кабаст отпад на повеќе локации во општината. Контејнерите се поставени во Железара, Ќерамидница и во Автокоманда, а акцијата ќе трае до 31 мај(недела). Од претпријатието апелираат граѓаните да го одлагаат кабастиот отпад навремено и исклучиво во поставените контејнери. Од комуналното претпријатие на ...
Општина Гази Баба активно учествува во реализацијата на еден од најзначајните агроинфраструктурни проекти во поновата македонска историја – современ агроцентар кој ќе претставува нов двигател на развојот на македонското земјоделство. Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро ќе започне реализацијата на проект вреден над 50 милиони евра. Станува збор за современа агрофуд платформа ...
СВР Битола информира дека синоќа во Прилеп биле приведени осум лица по физички напад врз татко и син, кој продолжил и во Итната медицинска помош. Според полицијата, на 25 мај околу 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ.У.(31), Џ.У.(52), Е.У.(35), А.У.(58), Е.У.(36) и еден 17-годишен малолетник, сите од селото Пресил, крушевско, како и С.К.(52) и Х.К.(18) од селото Саждево, ...
Топлотниот бран во Европа веќе одзеде 7 животи во Франција, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, цитирана од светските новински агенции. Пет од смртните случаи се од давење, но сите се поврзани со топлотниот бран низ кој минува земјата. Во последните денови, Европа беше зафатена од необичен топлотен бран, поставувајќи рекорди на температурата во Франција и Велика Британија. Осум департмани во западна Франција прогласија ...
Четворица државјани на Турција се приведени и против нив е поднесена кривична пријава поради физички напад врз доставувач во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил на 24 мај околу 19:55 часот на подрачјето на Центар, кога, според пријавата, по претходна расправија околу сообраќајот, осомничените со патничко возило „ауди“ удриле во мотоциклот на 20-годишниот Ф.М. од Скопје, кој во моментот извршувал ...
Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност ...
Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), Банко Билбао Визкаја Аргентариа, С.А. (Banco Bilbao Vizcaya ...
„Кроација ерлајнс“ ги продолжува намалувањата на фреквенциите на своите летови од Загреб до Скопјe и до Сараево, објави специјализираниот сајт „Екс ју авијација“. – Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе опслужува во просек по седум летови неделно до Скопјe, што е намалување од девет неделно во јуни минатата година, додека Сараево ќе има просечно девет до десет летови неделно, во споредба со единаесет минатата година. Превозникот ги намалува ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Од Англија до Италија, делови од Европа се очекува да доживеат уште еден невообичаено топол ден за мај во вторник, нарушувајќи ја рутината на Стариот континент, кој се затоплува побрзо од кој било друг дел од светот Температурите растат веќе неколку дена, а во понеделник достигнаа рекордни максимуми од над 30 степени Целзиусови во Велика Британија и Франција. Локални ограничувања за активности на отворено се воведени во Италија, француските ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп им забранила на клучни американски здравствени службеници задолжени за заразни болести директна комуникација со претставници на Светската задравствена организација (СЗО). Како што објави Си-ен-ен, со тоа практично им е оневозможено учество во дел од глобалните дискусии за епидемии. Според директивата на која се повикува американската телевизија, на вработени во Националниот институт за алергии и ...
Спортскиот портал „24Ракомет“ ги избра најдобрите во македонската машка и женска лига. Во идеалниот состав на машката лига се најдоа: лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) среден бек: Јака Малус (Вардар) десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) десно крило: Дарко Ѓукиќ (Охрид) пивот: Милан Лазаревски (Вардар) голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид) дефанзивец: Ориол Реј Моралес (Охрид) млад ...
Легендарниот американски џез музичар Сони Ролинс, еден од највлијателните саксофонисти во историјата на џезот, почина на 95-годишна возраст. Ролинс почина во својот дом во Вудсток, Њујорк, објави неговиот портпарол. Тој го нарече „една од најпочитуваните и највлијателни личности во американската музика“. Причината за смртта не е објавена. Кариера што трае повеќе од шест децении Ролинс ја започна својата кариера кон крајот на 1940-тите, а во ...
Со децении, научниците ги следат и набљудуваат животните во дивината на различни начини. Некои едноставно ги проучуваат од безбедно растојание, други ги следат користејќи уреди прикачени на нивните тела, други користат хеликоптери и дронови, а трети користат сателити Благодарение на новиот сателитски систем, наречен Икарус, научниците сега можат да го следат однесувањето на животните во дивината без директен контакт со нив, што е особено ...
Њујорк Никсите се пласираа во финалето на НБА за прв пат од 1999 година. Тие ја завршија својата кампања преку плејофот на Источната конференција доминирајќи над Кливленд Кавалирс, кои ги победија убедливо со 130:93 во четвртиот натпревар од финалето и со тоа ја завршија серијата со чисти 4-0. Секој играч кој влезе во играта придонесе за победата, што беше шема во текот на целата одлична серија во плејофот. Сè започна од Џејлен Брансон, кој ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа беше примен во болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, соопшти неговиот кабинет. Се вели дека премиерот бил подложен на стоматолошка интервенција, чии детали не беа откриени. Соопштението дојде откако израелските медиуми објавија за неговата хоспитализација, според „Тајмс оф Израел“. Здравствената состојба на 76-годишниот премиер стана предмет на зголемен јавен интерес минатиот месец. ...
Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпаролот на CENTCOM изјави дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да помине рутински лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во близина на Вашингтон, објави Белата куќа. Тоа ќе биде негов трет таков преглед во последните 13 месеци. Белата куќа претходно овој месец објави дека Трамп ќе помине „рутински годишни стоматолошки и медицински прегледи како дел од неговата редовна превентивна здравствена заштита“. Во октомври, лекарот ...
Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, соопшти организаторот. Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ. Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години. Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат да бидат ослободени од ...
Земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди Чиле околу 30 километри источно од градот Калама на северот од земјата, објави во понеделник Геолошкиот завод на САД (USGS). Земјотресот се случил на длабочина од 101,3 километри во пустината Атаками, според истиот извор. Чилеанските власти досега не пријавиле повредени или материјална штета. „Заканата од цунами за чилеанскиот брег е избегната“, изјави Фелипе Плаза од Националната служба за ...