Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Барби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата Барби со потписи. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ – облечена во розов, тесен фустан со миди, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од ...
Припадници на полицијата и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар трагаат по 71 годишен скојанец, кој синоќа, скокнал во водите на Преспанското Езеро, по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Министерството за внатрешни работи појасни дека во СВР Битола вчера во 12:33 часот е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото ...
Откако Мицкоски од Брисел го сподели промотивното видео по повод 35 години независност на Македонија, со реакција се јави СДСМ. „Христијан Мицкоски денеска објави видео по повод 35 години независност на Македонија. И што видовме? Видео што ја слави државотворната политика на СДСМ. Во видеото е Киро Глигоров. Во видеото се најголемите државни успеси на Македонија. Во видеото само недостасува влезот во НАТО, како и почетокот на преговорите со ...
Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...
Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. – Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба да биде добра. Имавме и пациент кој учествувал во ...
Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, додека е на осумдневен одмор во Белгија со семејството. „Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша тој на Фејсбук. На 8 септември се одбележувааат 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. ...
Пула – Северина настапи пред распродадената Пулска Арена во саботата како дел од нејзината турнеја „Ја само пјевам“. Билетите за концертот беа распродадени еден месец однапред, а античкиот амфитеатар беше исполнет со публика која ги пееше нејзините најголеми хитови со пејачката уште од првите песни. Посебен дел од вечерта беше бројната музичка постава што ја придружува Северина на нејзината тековна турнеја. Покрај оркестарот, гудачките ...
Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...
На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...
Тејлое Свифт го отстрани аудио записот од видеото објавено на TikTok од страна на Тимот Трамп откако песната „August“ беше искористена без нејзина дозвола. Видеото остана без саундтрак. Саркастичниот опис на објавата вели дека пејачката би била „исклучително возбудена“ што ќе ја користи својата музика, заедно со хаштаговите #taylorswift, #maga и #august, објави UNILAD. Кратко по објавата, аудио записот беше отстранет и видеото сега се ...
Лос Анџелес– Шпанскиот трофеен фудбалер Серхи Роберто е нов играч на ЛА Галакси, објави синоќа клубот од Лос Анџелес. Роберто се пресели во МЛС лигашот од Лос Анџелес без обесштетување од Комо и потпиша договор до јуни 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. „Серхи носи лидерски вештини, врвен технички квалитет, тактичка интелигенција и искуство во освојување трофеи што малку играчи го поседуваат. Тој беше ...
Вашингтон – Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија. Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да ...
Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата ...
По период во кој разговорите беа обоени од емоции, анализа на минатото и повремени недоразбирања, Меркур денес, 9 август, влегува во Лав. Во астрологијата, Меркур претставува комуникација, начин на размислување и размена на информации, додека Лавот е поврзан со самодоверба, креативност и желба да се чуе сопствениот глас. Резултатот, според астролошките толкувања, треба да биде многу подиректен начин на комуникација. На луѓето ќе им биде ...
Сиднеј – Ербас А320 на „Џетстар“ и Боинг 777 на „Катар ервејс“ за малку избегнаа судир на пистата на аеродромот во Сиднеј во неделата, соопшти Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (ATSB), кое започна истрага за инцидентот. Авионот на „Џетстар“ се упатувал кон пистата за лет до Квинсленд кога екипажот видел авион на „Катар ервејс“ како го влече камион за влечење многу блиску до нивната писта, соопшти ATSB. „Двата авиона нагло ...
Вашингтон – Војната на Америка против Иран доведе до значително намалување на американските залихи на оружје, како резултат на што оружјето наменето за сојузниците во Азија и Европа се пренасочува кон Блискиот Исток, пишува „Њујорк тајмс“. Брзото намалување на залихите на ракети за воздушна одбрана и друго клучно оружје не само што ја остава американската војска со помалку резерви, туку може да ги охрабри и Русија и Кина доколку размислат за ...
На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. – При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило ...
Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али. Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со многу висок FWI, што укажува на ...
Буенос Аирес – Аргентинскиот 25-годишен репрезентативец од средниот ред, Тијаго Алмада (25), стана најскапиот играч во историјата на аргентинската фудбалската лига откако ѝ се приклучи на Ривер Плата од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 20 милиони евра. Трансферот на Алмада, кој беше дел од аргентинската репрезентација на двете последни светски првенства, го собори ланскиот рекорден трансфер во кој Колумбиецот Кевин Кастано се пресели од ...
Лондон – Британската кралска морнарица предупреди за зголемена руска активност околу британските територијални води откако помина 21 ден во јули следејќи ги руските бродови, објавија британската PА Media и ДПА. Операциите за набљудување на руската активност се зголемија за 25 проценти во јули споредено со изминатата година, при што воените бродови направија повеќекратни преминувања преку Ламанш и Северното Море. Крајбрежните патролни бродови ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над село Зелениково каде горела ...
Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со снимање и „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...
Будимпешта – Поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија на владејачката партија Тиса, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар објави на Фејсбук дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија. Унгарскиот премиер објави фотографија направена за време на средбата со ...
По неколку години во кои го привлече вниманието на публиката со фестивалски настапи и соработки, Ана Петан го издава својот прв студиски албум „Само љубов постои“. Деби изданието, објавено за Croatia Records, од денес е достапно на сите дигитални платформи и воедно претставува нејзин прв комплетен музички пробив кон хрватската публика. Албумот собира десет песни кои најдобро го претставуваат досегашното музичко патување на Ана. Меѓу нив е и ...
Вашингтон- Најголемиот огномет во историјата, составен од 840.537 пиротехнички направи, го изведоа американските компании „Фридом 250“ и „Питотекнико, Инк“ на настан организиран оваа година од „Ивент Стратеџис Инк“ во Вашингтон за да се прослави американскиот национален празник 4 јули, објави веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди. Пред овогодинешното одбележување на 4 јули, Денот на независноста на САД, американскиот претседател ...
Едно лице починало од повреди здобиени во судар на две возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Возачот на другиот автомобил е тешко повреден. Според полицискиот портпарол, Фатмир Реџепи, вчера, околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа. – Во несреќата учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ ...
Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...
„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи. На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll ...