Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“. – Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи. – На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат ...
Папата Лав XIV денес ќе ја претстави својата прва енциклика, што е без преседан во папската традиција. Папите обично не учествуваат лично кога ги презентираат своите документи, без оглед на нивната важност. „Magnifica humanitas“ (Величественото човештво) се занимава со заштитата на човечката личност во ерата на вештачката интелигенција. Објавена е денес, но Лав XIV ја потпишал на 15 мај, на 135-годишнината од енцикликата Rerum novarum на ...
Италијанецот Кими Антонели во Мерцедес е победник на синоќешното хаотично Гран При на Канада, трка во Формула 1 обележана со дожд, бројни инциденти, промени во водството и откажувања. Второто место на крајот го освои Луис Хамилтон во Ферари, додека Макс Верстапен во Ред Бул заврши трет. Трката беше обележана со катастрофалната стратегија на тимот на Мекларен и жестоката внатрешна борба на возачите на Мерцедес. Пред почетокот на трката во ...
Кошаркарите на Олимпијакос се нови европски шампиони откако во финалето вечерва во финалето на Евролигата го совладаа Реал Мадрид со 92:85. Ова е четврта титула европски првак за Олимпијакос, а последната ја освоија 2013 година. Вечерашното финале по првите два периода заврши 46:44 за Олимпијакос, а на крајот од третиот период Реал Мадрид водеше со 65:61. Сепак решавачката предност кошаркарите на Олимпијакос ја постигнаа во последната ...
Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“. Според информациите оттаму горат погони и машини, а пожарот избувнал доцна попладне. Пожарот го гаснат пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош се повикани пожарникари од Струмица, како и од доброволните против пожарни друштва од Злеово и Конче. Гаснењето на големиот пожар е во тек, но и покрај големите напори кои ги вложуваат пожарникарите не се знае кога ќе биде ...
Новак Ѓоковиќ го започна своето патување на Ролан Гарос со натпревар во првото коло против домашниот претставник и 204 сантиметри висок Џовани Мпетши Перикард. Со победа од 5:7, 7:5, 6:1, 6:4, Ѓоковиќ тргна по својата 25-та титула од Гренд Слем против 83-от играч во светот, познат по еден од најсилните сервиси. Во второто коло, Ѓоковиќ ќе игра против уште еден Французин, Валентин Ројер, 73-от тенисер на АТП ранг-листата. Победникот од тој ...
Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија. Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште. При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти ...
Ако некогаш постоела градба изградена да го издржи тестот на времето, тоа мора да е Големата пирамида во Гиза, величествен споменик на човечката имагинација и амбиција. Откако била изградена за време на Старото кралство на антички Египет, таа цврсто стои и како што минува времето и цивилизациите се издигале и паѓале. Научниците сега открија една од причините за нејзината неверојатна долговечност – таа била дизајнирана и изградена со ...
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, информираше дека во тек е голема координирана акција во Арачиново за одземање крадени огревни дрва. Според неговата објава, во акцијата учествуваат Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и Подружницата за шумско стопанство „Бабуна“ – Велес. „Имаме голема акција на МВР, Шумската полиција – Скопје и Подружница за шумско стопанство ‘Бабуна’ – Велес, во која се ...
Повеќе од 200 лица починаа во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, од вкупно 867 пријавени случаи на сомнителна зараза, соопшти синоќа Министерството за здравство на земјата. Според официјалните податоци, 204 смртни случаи во три провинции на оваа голема централноафриканска држава најверојатно се предизвикани од вирусот. Во претходниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во петокот, беа наведени 177 ...
Кина успешно го лансираше вселенскиот брод со екипаж „Шенџоу-23“, означувајќи нов чекор во проширувањето на вселенската програма на Кина и истражувањето на долгорочните човечки вселенски летови. Вселенскиот брод беше лансиран од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми. Мисијата ја водат астронаутите Жу Јангжу, Жанг Жијуан и Ли Џиајинг, а Жу е командант на мисијата. Кинеските власти ...
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека иранскиот преговарачки тим нема да прави компромиси со честа и достоинството на Иран. Пезешкијан дополнително изјави дека Иран е подготвен да го смири светот дека Иранците не сакаат нуклеарно оружје. Истовремено, иранската агенција „Тасним“ соопшти дека сè уште останува да се решат една или две точки во текот на преговорите меѓу САД и Иран за да се стави крај на војната. Претседателот ...
Еден маж загина при уривање на деветкатна зграда во изградба во градот Анхелес на Филипините. Најмалку 20 работници остануваат затрупани под урнатините, соопштија локалните власти. Во часовите пред инцидентот во областа имало силни врнежи од дожд. Според властите, сепак, сè уште не е јасно дали тоа го предизвикало уривањето на зградата, која била планирана да биде хотелски и станбен комплекс. – Сè уште е премногу рано да се шпекулира што го ...
Премиерот Кир Стармер го опиша како „ужасен“ случајот во кој тројца тинејџери не беа испратени во затвор за силување на две девојчиња. Тој додаде дека е „правилно“ што Крунската обвинителска служба моментално ги разгледува казните изречени од судија во Крунскиот суд во Саутемптон. Двете девојчиња, тогаш на возраст од 15 и 14 години, беа силувани во одделни инциденти во Фордингбриџ во ноември 2024 година и јануари 2025 година, објави Би-би-си. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и ...
Според многумина, фудбалскиот GOAT Лионел Меси официјално се приклучи на клубот на милијардери, станувајќи само вториот фудбалер во историјата што го постигнал овој статус по Кристијано Роналдо. Според индексот на милијардери на Bloomberg, Меси заработил повеќе од 700 милиони долари плата и бонуси од 2007 година. По земањето предвид на даноците, пазарните флуктуации и приходите од широко портфолио на инвестиции и спонзорски договори, ...
Министерството за финансии ѝ ја одзеде лиценцата за работа на финансиската компанија „Креди Јес“, по утврдени неправилности и прекршоци во работењето, објави ТВ21. Со одлуката, ќе бидат затворени околу 40 филијали низ државата, а компанијата повеќе нема да може да врши финансиски услуги. Од Министерството за финансии посочуваат дека одземањето на лиценцата следува по извршени контроли и констатирани прекршувања на законските обврски. Според ...
Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“. – Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал ...
Конечно по три дена неизвесност од КК Црвена Звезда објавија дека соработката со нивниот досегашен тренер Саша Обрадовиќ е раскината. Прекинот се должи на неуспехот во АБА лигата и елиминацијата по два натпревара од големиот ривал Партизан. Обрадовиќ оваа сезона го освои Купот на Србија и успеа да избори „плеј-ин“ во Евролигата каде Ц.Звезда беше елиминирана од Барселона. До крајот на сезоната во рамки на првенството на Србија на клупата на ...
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. – Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со ...
Кога Константин Филозоф – Свети Кирил ја создавал глаголицата, а заедно со својот брат Методиј ја ширел просветителската мисија меѓу Словените, тие не создавале само писмо. Тие создавале можност цели народи да станат рамноправен дел од духовната и културната историја на Европа. Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има право на образование, на ...
Канадскиот актер Стјуарт Меклин, познат по своите улоги во „Вирџин Ривер“ и „Стрела“, е пронајден мртов откако беше пријавен за исчезнат неколку дена претходно. Канадскиот актер Стјуарт Меклин, кој публиката го виде во ТВ-сериите „Вирџин Ривер“ и „Стрела“, е пронајден мртов во Британска Колумбија, а полицијата ја истражува неговата смрт како убиство. Останките на 45-годишниот актер се пронајдени во областа Лајонс Беј. Меклин последен пат бил ...
На 23.05.2026 во 19:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода И.А.(46 од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:00 часот физички го нападнал неговиот брат С.А., при што употребил и дрвен предмет. На 23.05.2026 во 23:35 часот ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Ќ.А.(43) од кичевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 22-годишна поранешна ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „конечните детали“ од договорот се во фаза на преговори и дека договорот би можел наскоро да биде објавен. Axios, повикувајќи се на американски функционер запознаен со преговорите, пишува дека договорот е речиси завршен, но дека сè уште има разлики во формулацијата на одредени точки. „Договорот сè уште не е потврден“ Според досега објавените информации, рамковниот договор предвидува продолжување ...
Најавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Америка е блиску до договор со Иран за завршување на војната го вознемири републиканскиот сенатор Тед Круз, кој влезе во конфликт со еден од советниците на Трамп. Круз, кој се гордее со својата поддршка за Израел, повика САД да продолжат со воените напади врз Иран, на што му се придружи и колегата член на американскиот Сенат, Линдзи Греам. Овие двајца сенатори, ...
Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат ...
Русија во неделата ја потврди третата употреба на својата нова балистичка ракета со среден дострел Орешник за напад врз Украина Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата е употребена како одговор на украинските „терористички напади“ врз руски цивилни цели, објави новинската агенција Интерфакс. Украинските власти соопштија дека ракетата го погодила големиот град Била Церква во регионот Киев. BREAKING: Russia just attacked Bila ...
По триумфот од 7:0 во дуелот против прилепска Победа, фудбалерите на Брегалница од Штип го потврдија првото место на табелата во Втората македонската фудбалска лига и по две сезони повторно се враќаат во елитното друштво. Штипјани се на првата позиција со 71 бод колку што има и второпласираното Скопје, но благодарение на подобриот резултат во меѓусебните дуели. Скопје во последното коло на домашен терен славеше над Детонит Плачковица со 5:1 и ...
Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители. Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се ...
Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, синоќа изјави дека планира повторно да се кандидира на претседателските избори и дека има намера да се врати во Венецуела пред крајот на годината. Мачадо ја даде изјавата за време на средбата со неколку други венецуелски опозициски лидери во Панама Сити, нешто повеќе од четири месеци по изненадувачката одлука на Белата куќа да се дистанцира од ...