Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов сопственик, а продажбата ќе биде најголемата во историјата на спортот, објави ESPN. Според американскиот тв канал, Лејкерс ќе бидат продадени за 12 милијарди долари на бизнисмените Боб Игер и Џош Кушнер, помладиот брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп. – Како доживотни навивачи на НБА, длабоко ја почитуваме можноста да станеме сопственици на Лос Анџелес лејкерс, ...
Фудбалерот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, објави прв пост по смртта на неговиот татко, Хорхе Меси. Постариот Меси почина во петок во 22 часот по локално време во болница во Росарио. Имаше 68 години. Погребот беше одржан на 9 август. – Тато, сè уште не можам да верувам дека си заминат. Не можам да го сфатам тоа, или поточно, не сакам да го сфатам. Толку ми е тешко да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, ...
Орце Ѓорѓиевски денес повторно покажа дека функцијата градоначалник ја разбира првенствено како ПР-платформа за лична промоција и партиски пресметки. Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта, реагира Левица. „Надлежните институции ...
Пожарникарите и жителите на јужен Либан ја обвинија израелската војска за палење пожари во регионот, додека шумските области гореа во пожари предизвикани од израелското бомбардирање. Еколошките групи изјавија дека пожарите во последните недели се дел од долгогодишната израелска практика за таргетирање на природната средина на Либан. Во вторник, израелската војска фрли ракети во шумска област надвор од Кијам, во јужен Либан, предизвикувајќи ...
Историски договор што донесе донесе мир, стабилност и заедништво во земјава и кој треба постојано да се одржува и надградува – беа двете главни пораки од панел дискусиите денес по повод одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на овој документ со кој се стави крај на војната, што ги организираше Мистерството за односи меѓу заедниците. Поранешната дипломатка на ОБСЕ, Кларис Пастори, која беше ангажирана во Македонија во периодот на ...
По две години игнорантски однос и синдикална борба, конечно отворен дијалог за Колективниот договор за култура и Законот за култура, се вели во соопштението на Синдикатот на културата на Република Македонија, чии претставници остварија работна средба со министерот за култура и туризам Седат Сулејмани. „Средбата е важен чекор, но и потврда дека без силен и истраен синдикат нема вистински социјален дијалог. СКРМ со години гласно и без компромис ...
Александар Андов, претседател на ОФС Кочани, денеска потпиша договор со кој Фудбалската федерација на Македонија им доделува 1.300 столчиња, со што значително се подобрува инфраструктурата и условите на Градскиот стадион „Никола Мантов“. -Ова е уште еден конкретен чекор кон создавање подобри услови за фудбалот и спортот во Кочани, вели претседателот на ОФС Кочани. Андов упати благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на ...
Две жени кои споделувале објави дека водата во Скопје не е за пиење и има бактерии се повикани во полициска станица, дознава „Скопје1“. Ова доаѓа откако скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција кажа дека намерно се правела паника меѓу граѓаните и дека зад сето тоа стоела опозициска политичка партија. Двете жени ќе треба да кажат кој им ја дал информацијата, зошто ја споделиле иако не ја провериле, а полицијата ќе треба да ...
Локарно – Зои Салдања е сè повеќе фрустрирана од политичките прашања, главно затоа што не смета дека се поставуваат во еднаква мера низ целата индустрија. Добитничката на Оскар за време на разговор на Филмскиот фестивал во Локарно рече дека често учествува во прашања и одговори затоа што е желна да зборува за глумечкиот занает. Сепак, Салдања постојано се наоѓа себеси како одговара на политички прашања. „Едно нешто што е неверојатно ...
Вашингтон – Центарот Кенеди ќе мора да плати повеќе од 250.000 долари за да ги покрие судските трошоци на џез музичар кој се обиде, но не успеа, да го тужи за откажување на концерт во знак на протест против преземањето на културната институција од страна на претседателот Доналд Трамп. Во понеделник, судијката на Вишиот суд во Вашингтон, Тања Џонс Бозиер, го одобри барањето на музичарот Чак Ред со кое бара Центарот Кенеди да ги покрие неговите ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. -Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, ...
По повод „Денот на македонските рудари“, Радовиш ќе биде во знакот на македонскиот рок. На сцената доаѓаат две од најпрепознатливите имиња на домашната рок-сцена – групите „Меморија“ и „Ареа“*, со песни што обележаа генерации и звук што добро го познаваме. 28 август 2026 година, Паркинг Орел, Радовиш со почеток од 21:00 – 23:00 часот „Меморија“ и од 23:00 часот „Ареа“. Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Општина Радовиш и Рудник Бучим. ...
Поранешниот кинески премиер Жу Ронгџи, една од клучните фигури во кинеските реформи, почина Поранешниот кинески премиер Жу Ронгџи почина во Пекинг на 97-годишна возраст по болест, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Жу ја водеше кинеската влада од 1998 до 2003 година и се сметаше за еден од најважните економски реформатори во земјата. Тој ја охрабри поголемата интеграција на Кина во глобалната економија, а за време на ...
Лондонскиот Хитроу ја загуби својата позиција како најпрометен аеродром во Европа во јули, со 7,86 милиони патници што поминале низ неговите терминали, додека аеродромот во Истанбул регистрирал 8,15 милиони. Бројот на патници на „Хитроу“ е намален за 1,5 проценти во однос на јули минатата година, додека во Истанбул е зголемен за 2,3 проценти, објавува Гардијан. Воздушниот сообраќај помеѓу „Хитроу“ и дестинациите на Блискиот Исток е особено ...
Прогласувањето епидемија на западнонилска треска во одредено место, значи дека е утврдено ширење на инфекцијата во таа област и дека ризикот за населението е поголем од вообичаено. Прогласувањето епидемија е пред сè јавно-здравствена и административна мерка за организирано справување со заразна болест, а не нужно знак дека постои непосредна опасност за населението. Тоа не значи дека сите жители се заразени, ниту автоматски значи дека местото ...
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...
Телото на 71-годишниот М.М. од Скопје е пронајдено и извлечено од Преспанското Езеро, неколку дена откако беше пријавено неговото исчезнување. Според МВР, на 12 август во 13:15 часот, специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го извлекла телото кај туристичката населба Претор. Скопјанецот бил пријавен за исчезнат на 8 август, откако околу 12:20 часот скокнал од чамец во езерото кај селото Сливница, Ресенско, по веслата кои му паднале во ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Од Обвинителството соопштија дека надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија ешерихија коли. „Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, ...
Европската Унија подготвува измени во правилата за проширување поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето клучни одлуки во блокот, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако сите земји членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во клучните престолнини, меѓу кои се Франција, Германија и Холандија, постои изразен отпор кон идејата ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. -Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот ...
Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. – Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на ...
Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје, ова е оркестриран напад, а подоцна ќе излеземе со целосна информација, тврдат од Град Скопје откако во јавноста почна да се шири информацијата дека и скопската вода да не е погодна за пиење поради постоење на оваа бактерија. ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ вчера изјавија дека во текот на денот, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната ...
Депонијата кај Рашче, која се заканува да ја загади водата која ја пијат скопјани, се чисти, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција. Депонијата, насобраното ѓубре деновиве ја прошета новинар од една македонска телевизија, а видеото брзо се рашири по социјалните медиуми. За ова, се огласи и градоначалникот Ѓорѓиевски, кој појасни дека оваа депонија не е нанеколку километри од Скопје, туку на 30 ...
Поранешниот заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски јавно го прозва актиелниот шеф на МНР, Тимчо Муцунски, за најновите именувања на наши преставници во странство, меѓу кои се најде и не-дипломат со искуство во Градски паркинг. Притоа тој тврди дека дури три предлози за наши преставници во Грција претходно биле одбиени од Атина, вклучувајќи ја и кандидатката за амбасадорка. – Македонија ги доживува најтемните денови во ...
Според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност, додека од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко ...
Барселона достави нова усна понуда од 60 милиони евра, вклучувајќи бонуси, до Манчестер сити за играчот од средниот ред Родри, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Англискиот клуб продолжува да инсистира на 80 милиони евра за 30-годишниот фудбалер. Сепак, Каталонците остануваат уверени во успешен договор. Може да се најде компромис помеѓу 60 и 80 милиони евра, при што бонусите играат клучна улога. Претходно, агентот на играчот, Пабло Баркеро, ...
„Антолог“ го објави македонскиот превод на романот „Во август“ од младиот чешки писател Јакуб Стањура, во превод на македонски јазик на Маргарета Карајанова. Во овој психолошки интензивен роман, на суптилен и оригинален начин се отвора темата на т.н. геслајтинг – форма на манипулација во која границите меѓу вистината и илузијата се бришат, а жртвата почнува да се сомнева во сопствената перцепција, сеќавања, одлуки и разум. Додека во август ...
Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската ...