Од северозапад преку Алпскиот регион кон територијата на нашата Република Македонија ни доаѓа влажен и поладен воздушен бран кој во понеделник попладне и навечер како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) ќе услови да имаме повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат околу 15 литри на метар квадратен дожд. Особено во вторник (4 ноември) ќе дува умерен повремено засилен ветер од ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) во вториот круг победи во три општини – во скопската општина Центар, во Македонска Каменица и во Зрновци, објави на прес-конференција претседателот на партијата, Венко Филипче. Со тоа, СДСМ досега освои победа во вкупно шест општини, заедно со победата во првиот круг во Крива Паланка, Богданци и Кривогаштани. Филипче рече дека се очекуваат конечни резултати од неколку општини каде ...

Точно во 19:00 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на локалните избори 2025 година – информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко на прес конференција. Тој рече дека до Комисијата пристигнале податоци за излезност од 1340 избирачки места. Обработени се 97,60 отсто од податоците, кои покажуваат дека одзивот на гласачите бил 45,71 процент на ниво на цела држава. ...

Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 53.171 глас или 62,65 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 27.294 гласа или 32,16 проценти од вкупниот број гласови. Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 29,86 ...

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по гласањето. „Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор! Ова е ден кога народот зборува. Ден кога секој од нас има ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 151. седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Агитирање во Шуто Оризари. Станува збор за домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, кои биле пријавени за злоупотреба на беџовите за агитирање во училиште пред гласачките места. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги наведе имињата ...

На 01.11.2025 во 23:00 часот во с.Црноец, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода А.Д.(49), К.С.(43), Р.Б.(48) и Б.Н.(53), четворицата од Косово, Г.С.(51), И.Ж.(41), М.Х.(43) и В.Л.(43), сите од Битола и В.М.В.(59) од Штип. Тие се затекнати во дворното место на М.Х. во селото, каде што организирале нелегални борби со кучиња. Притоа, пронајдено е едно повредено куче и предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По ...

Десет лица од кои за деветмина се проценува дека имаат повреди опасни по живот се хоспитализирани по нападот со нож во возот на линијата Донкастер-Лондон Кингс Крос на 1 ноември. Полицијата добила повици од патници во возот околу 19:40 часот, кои ги известиле за инцидентот, јавува Би-Би-Си. Околу 21:45 часот, градоначалникот на Кембриџшир објави дека две лица се уапсени и се во притвор. Полицијата на Кембриџшир подоцна го потврди ова. ...

Во вкупно 33 општини, вклучително и Градот Скопје, денеска (2 ноември) се одржува вториот круг од локалните избори во кој треба да се изберат градоначалници за следниот четиригодишен мандат. Сите изборачки места се навреме отворени, а гласањето тече во најдобар ред и без проблеми, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Поради технички проблеми со уредот за биометриска идентификација имало мал застој во гласањето на избирачкото место 0385 ...

Денес, 2 ноември, се одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја потврдуваат заедничката заложба за заштита на новинарите и за обезбедување на правда за сторителите на злосторства против нив. „Секој напад врз новинар е напад врз слободата на изразување и пристапот на луѓето до информации. Тој ги лишува ...

На 01.11.2025 година во 13:10 часот во Тетово на ул. ,,Преспанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР -Тетово, согласно судска наредба, извршиле претрес во берберница, која ја користи Б.Л.(21) од Тетово, кој не бил присутен. Претресот е извршен во присуство на Х.А.(23) од Тетово, кој е син на сопственикот на куќата, при што се пронајдени и одземени, марихуана сместена во повеќе пакувања, 2000 празни ќеси, дигитална вага и пиштол „Зораки“ ...

Под влијание на влажен и поладен воздушен бран кој од северозапад преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент, во понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) во нашата Македонија ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места и локално врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Поради падот на температурите на највисоките ...

Градилиштето на југот од литванската престолнина Вилнус наликува на мравјалник. Десетици работници вредно работат, миксерот за цемент се врти, багерот бучи. Кон крајот на 2028 година таму треба да се отвори најголемиот европски центар за стартапи под името TechZity. Тогаш, на околу 55.000 квадратни метри, во неколку згради треба да работат до 5.000 луѓе. Ќе има и кафулиња и ресторани, фитнес центар и станови. Литванците се надеваат дека ...

Иако официјалниот конечен резултат одизборитевоХоландијасè уште не е достапен, тој има целосна доверба во пресметките објавени од холандската новинска агенција АНП, изјави главниот кандидат на левичарско-либералната партија Д66 Роб Јетен. Според нив, рече тој,Партијата за слободанаГерт Вилдерсповеќе не може да ја стигне Д66. За прв пат во својата речиси 60-годишна историја, партијата е на пат да победи на парламентарните избори – ...

Студенти и граѓани на Нови Сад и од цела Србија денеска со шеснаесетминутен молк одбележаа една година од падот на настрешницата од реновираната зграда на Железничката станица, кога загинаа 16 луѓе, а едно лице беше тешко повредено. Десетици илјади луѓе се собраа кај железничката станица, како и на околните булевари, а според проценките на известувачите од теренот, ова е најголемиот собир во историјата на Нови Сад. За време на молкот, во ...

Гласањето за болните и немоќни лица, притворени и затворени лица, како и за граѓани сместени во установи за вонсемејна грижа, се одвива непречено во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, вклучително и во Градот Скопје, информира Државната изборна комисија (ДИК). „Гласањето е спроведено навреме, немаме никаков проблем ниту со изборен материјал, ниту со изборни органи. Нема забелешки, приговори или поплаки,“ ...

Локалитетот Исар – Марвинци, Валандово, и оваа година продолжи да носи значајни археолошки откритија и да го збогатува македонското културно наследство. Во рамки на истражувањата на римската некропола, беше откриена група гробови од II век, датирани преку монети со претстава на Македонскиот Коинон. Во сите нив, покојниците биле кремирани, согласно тогашните верувања и погребни обичаи, а во еден од гробовите беше пронајдена и сочувана дрвена ...

Претседателот, Доналд Трамп повторно потврди в петок дека САД ќе го обноват нуклеарното тестирање, но не одговори директно кога беше прашан дали тоа ќе вклучува подземни нуклеарни тестови кои беа чести за време на Студената војна. „Ќе дознаете многу скоро, но ќе направиме некои тестирања“, им рече Трамп на новинарите одговарајќи на прашање за подземни нуклеарни тестови. „Другите земји го прават тоа. Ако тие ќе го направат, и ние ќе го ...

Под влијание на влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со плиток циклонски систем со центар над Џенова, во понеделник попладне и навечер како и во вторник (4 ноември) во најголем дел од нашата Република Македонија ќе има врнежи од дожд и локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. Со овој нов бран на врнежи, повремени врнежи од дожд со умерен интензитет ќе имаме и во Скопје и ...

Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина денес на 73-годишна возраст, објавија албанските медиуми. Медиумите објавија дека Нано бил на интензивна нега во една од приватните болници во Албанија, додека неговата здравствена состојба нагло се влошила во последните денови. Нано доживеал срцев удар, а претходно бил лекуван од проблеми со дишењето. Фатос Нано беше еден од најважните политичари во посткомунистичкиот период на Албанија. Роден ...

Денес, директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, во рамки на редовните активности, оствари работна посета на СВР Тетово, каде што одржа средба со раководството на Регионалниот сектор. На средбата, директорот Јанев беше детално информиран за оперативните планови, поставеноста на службите и начинот на кој ќе се обезбедува јавната безбедност во регионот во наредниот период, како и на ...

Повеќе од 650 припадници на руските паравоени формации Вагнер и Редут, вклучени во воените операции во Украина, меѓу кои и државјани на Босна и Херцеговина, се откриени во акција на Европол, беше соопштено денеска (31 октомври). Оваа фаза од истрагата, која Европол, Молдавија и Украина ја спроведуваа заеднички, опфати и потрага по докази за брутални воени злосторства — од егзекуции на цивили до сексуално насилство. Во истрагата, која ја ...

Единаесет лица се осудени на казни доживотен затвор за пожарот во кој загинаа 78 лица во ски-центарот во покраината Болу во северозападна Турција во јануари. Меѓу осудените на доживотен затвор со пресудата што беше изречена на 31 октомври, е и сопственикот на хотелот „Гранд Картал“ каде што избувна пожарот. Во судскиот процес како обвинети беа опфатени 32 лица. Покрај сопственикот, меѓу нив се и членови на одборот на хотелот, менаџери и ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека се надева дека ќе го убеди претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, дека Унгарија треба да биде ослободена од американските санкции врз руската нафта поради нејзината голема зависност од цевководните мрежи за снабдување со енергија. Орбан рече дека на средбата со Трамп на 7 ноември ќе разговара за американските санкции против руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“ и дека целта е да ...

Наместо да ги плаќаат на приватно, а потоа да чекаат рефундација на парите, два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември граѓаните ќе може да ги купуваат на рецепт во аптека. Станува збор за актикоагулансите Еноксапарин и Надропарин, а новината ја најави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на брифинг со новинарите на 31 октомври. Колку ќе биде партиципацијата односно колку ќе чинат лековите на ...

На 30.10.2025 околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(26) од Скопје. Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ...

Во периодот од 27.10.2025-30.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.382 издадени платни налози, 443 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 12 лица сите за возење под ...

На 30.10.2025 во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје. Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Исто така, од страна на полициски ...

Кинескиот претседател Ши Џинпинг е во центарот на вниманието на годишниот самит на лидерите од пацифичкиот појас во Јужна Кореја денеска, каде ќе разговара со своите колеги од Канада, Јапонија и Тајланд, откако постигна кревко трговско примирје со американскиот претседател Доналд Трамп. Договорот – постигнат непосредно пред Трамп да ја напушти Јужна Кореја, прескокнувајќи го големиот дводневен самит на Азиско-пацифичката економска соработка ...

Петок до полноќ е крајниот законски рок во кој партиите ќе ги испратат нивните последни пораки во изборната кампања до гласачите пред вториот круг гласање за градоначалници на втори ноември. Прашањето до партии и независни листи кои немаат кандидати во вториот круг – за тоа дали и кого ќе поддржат – најчесто завршува со одговор дека ќе ги повикаат избирачите да гласаат по своја волја. Колку што со интерес се очекува изборниот исход, исто ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1001
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
993
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.38
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
90%
1003
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
87%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.24
93%
1000
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
95%
995
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
82%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Сребро

2457.28

Иридиум

221848.72

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Калај

48.47