Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема намера да „губи време“ на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин ако лидерот на Кремљ не е подготвен да постигне договор за прекин на војната во Украина. „Мора да знаете дека ќе постигнеме договор. Нема да губам време“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на 25 октомври за време на застанувањето во Доха на пат кон Малезија, каде што ...
Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Нов Белград. Загинаа мајка, татко, кој бил сообраќаен полицаец, и нивното 9-годишно дете. Според првите информации од истрагата, трагедијата ја предизвикал Никола Ѓ., 24-годишен државјанин на Босна и Херцеговина кој со голема брзина возејќи Ауди со регистарски таблички од БиХ, поминал на семафор со голема брзина и удрил директно во возилото на семејството. Во автомобилот бил ...
На 25.10.2025 во 11:20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во дом и простории, кои ги користела М.В.(33) од Битола. При претресот, извршен по судска наредба од Основен суд Битола, пронајдени се марихуана, дигитални ваги, метална дробилка и други предмети со остатоци од кокаин, бела материја, како и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. М.В. е лишена од слобода и против неа е поднесена кривична ...
Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. ...
Од Џенова кон нашата Македонија надоаѓа огромен циклонски облачен систем кој ни носи голема промена на времето проследена со обилни врнежи од дожд, бурен јужен и југозападен ветер (до 90 км/час) локална појава на грмежи и локално силно невреме особено изразено во западните предели од нашата Македонија. Локално особено во западните предели до понеделник претпладне ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги тестира своите вештини за склучување договори за време на патувањето во Азија, регион погоден од неговите строги трговски политики, додека неизвесноста го опкружува неговиот долгоочекуван состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Ројтерс. Трамп, кој го напушти Вашингтон во петокот вечерта, започнува петдневна посета на Малезија, Јапонија и Јужна Кореја – негово прво патување во регионот ...
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка изјави дека верува оти САД, Украина и Русија се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина. „Верувам дека Русија и САД и Украина се всушност доста блиску до дипломатско решение“, изјави Кирил Дмитриев за Си-Ен-Ен на 24 октомври. Дмитриев претходно потврди дека е во САД на долго планиран состанок. Тој не кажа со кого ќе се ...
Американските санкции против руските нафтени гиганти Розњефт и Лукоил ги вознемирија глобалните енергетски пазари и ги натераа најголемите кинески државни нафтени компании да го запрат увозот на руска сурова нафта. Иако сега се соочува со сериозни казни доколку продолжи да соработува со санкционираните руски компании, Кина — еден од најголемите купувачи на руски енергенси — има своја стратегија за справување со последиците, велат експертите. ...
Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи денес учествуваше на петтото издание на „SKOPJE AIR FAIR 2025“, што се одржа во Градскиот парк во Скопје, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“. На настанот, кој е посветен на промоцијата и популаризацијата на воздухопловството во Република Северна Македонија, учество зедоа повеќе воздухопловни институции, компании и организации. Одделот за ...
Хрватска повторно воведува задолжителна воена обврска, која е укината 17 години. Измените на законот за одбрана и служба во вооружените сили беа одобрени со големо мнозинство од страна на парламентот во Загреб. Според измените, возрасните мажи до 29 години, кои се медицински способни за воена служба, се должни, со некои исклучоци, да завршат два месеца основна обука почнувајќи од јануари 2026 година. Министерот за одбрана Иван Анушиќ го ...
Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, денот (недела 26 октомври) ни носи променливо време со локални врнежи од дожд и со засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец. Особено обилни врнежи ќе има во западните предели и тоа особено во текот на ноќта кон понеделник кога ветерот повремено и локално ќе достигнува брзина дури до 90 км/час. Овие процеси особено во западните предели ќе бидат застапени во форма ...
На 24.10.2025 во 17:45 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Д.В.(47) од село Добрејци. При претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, во помошна просторија до куќата пронајдена е марихуана. Таа е задржана во полициска станица и со неа е извршен службен разговор. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде ...
На 25.10.2025 во 03:42 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Д.(27) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило„опел ” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д., и при преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта. На 24.10.2025 во 22:53 часот на ...
Со почетокот на зимското сметање на времето, часовниците во повеќето европски земји ќе бидат вратени од 3:00 часот на 2:00 часот во недела наутро (26 октомври). Зимското време потоа повторно ќе биде во сила до 29 март 2026 година. За многу луѓе, враќањето на часовниците едноставно значи можност за малку повеќе сон. Според истражувачите на спиењето, зимското сметање на времето е „стандардно време“ – и треба да се применува преку целата година ...
Денеска (24.10.2025) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на Б.Х.(51) од с.Рашче,скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ...
По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави во четвртокот дека сите трговски преговори со Канада се прекинати поради, како што наведе, лажен оглас во кој поранешниот претседател Роналд Реган негативно зборува за царините. „Врз основа на нивното невидено однесување, сите трговски преговори со Канада со ова се прекинуваат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Канадската покраина Онтарио вложи 75 ...
„Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после 20 години, а прашање на време e пензионирањето на Али Ахмети. Ако Билал Касами сака да биде алтернатива на нив, тогаш треба да биде целосно различен од нив – порача во денешното гостување на Радио “Лидер”, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. -Ние ветивме минатата година дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа се случи после дваесет години. Во текот на кампањата и до ...
Ние водиме целосно различна политика, градиме сојузи во корист на Македонија и го штитиме националниот интерес на Македонија. Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ успева да гради сојузи, за кои што Македонија можела да сонува во минатото, вели вицепрeмиерот Николоски во гостувањето на Радио Лидер. На прашањето кој е интересот на Велика Британија да влезе во сојуз со нашата држава, вицепремиерот Николоски одговори: “Пријателството со Велика ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми дека ќе се градат мигрантски кампови во Македонија. Мислам дека досадни сами на себе ќе станеме, но еве во ред СДСМ се уште е втора политичка партија во Македонија, ќе видиме до кога. Ова нивно однсесување и оваа нивна политика ги донесе до дебакл, до бродолом во првиот круг на локалните избори, ...
Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет а тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на Кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои исто така беа примени од Кралот, истакна вицепрeмиерот Александар ...
И покрај очекувањата на Европската Унија дека новите локални власти на северот од Косово ќе соработуваат со централните институции во интерес на граѓаните, засега нешто такво е неизвесно. Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија, Српската листа доби убедливо најмногу гласови во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – општини со српско мнозинство кои ги водат градоначалници Албанци од мај 2023 година, ...
Утре (25.10.2025), со почеток во 11:00 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи петтото издание на „SKOPJE AIR FAIR 2025“ – настан посветен на промоција и популаризација на воздухопловството во Република Северна Македонија, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“. На настанот, покрај бројни воздухопловни институции, компании и организации, ќе учествува и Одделот за воздухопловни единици при Министерството за ...
На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш. Лицето е задржано во полициска станица ...
Деновите кога на еден од трите национални празници за мнозинството Унгарци политичките разлики донекаде беа во втор план, се одамна минато. Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште пред многу години почна на овие денови, кои се однесуваат на целата земја, да ги жигосува, оцрнува и директно да ги демолира критичарите. И така, националните празници во Унгарија секоја година станаа пригоди кога затруената јавна клима особено се чувствува. ...
Лидерите на Европската Унија не постигнаа договор за користење на замрзнатите руски државни средства за финансирање на Украина, откако Белгија, каде што се чуваат поголемиот дел од парите, изрази правни и технички грижи во врска со предлогот. На самитот во Брисел на 23 октомври, лидерите побараа од Европската комисија да продолжи да работи на план за претворање на околу 140 милијарди евра (162 милијарди долари) од неподвижните резерви на ...
По подолг период кога не бевме во можност да вклучиме нови земји во нашето европско семејство, време е да ја искористиме шансата и да ја прошириме Европската Унија во текот на овој мандат на Европскиот парламент – истакна австрискиот европратеник, Рајнхолд Лопатка во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР) од која дел е и агенцијата МИА. „Мислам дека е позитивно она што се случува во Црна Гора, во Албанија, а исто така сум оптимист и ...
Од велешка адреса до американски медиум – Румен Наумовски преку своите фирми „Raww Digital“ во Велес и Флорида гради конзервативна медиумска мрежа, додека дома прикажа сто евра приход во фирма во ликвидација. Но неговото име се појавува и поради незаконска донација во кампања за американски Конгрес. Од тинејџер кој водел кошаркарски блог и заработувал по 400 долари дневно стигнал до анти-мејнстрим американски медиум вреден стотици илјади ...
Министерството за економија и труд тврди дека континуираниот висок раст на цените во земјава е резултат на увозна инфлација предизвикана од геополитичките превирања и неизвесноста на меѓународните пазари. Според институцијата, притисок врз нивото на цените исто така доаѓа и од растот на пензиите и платите во јавниот, но и во приватниот сектор кој велат дека ја зголемува домашната побарувачка. Иако енергетската криза е завршена, инфлацијата ...
На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш. Лицето е задржано во полициска станица ...