Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Во врска со овој случај, на ...
На 04.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријавила дека на 03.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син С.Ѓ. и неговата сопруга, кои оштетиле и дел од покуќнината. На 04.05.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека на 02.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко З.Ѓ.. На 04.05.2026 во ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна ...
Градоначалникот на Општина Охрид оствари продуктивна работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ола Солстром. Главни теми на разговорот беа тековните еколошки проекти, како и стратегиите за зајакнување на туристичкиот потенцијал на Охрид на скандинавскиот пазар. Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Овој проект се реализира во партнерство ...
На годинешното доделување на престижните Пулицерови награди, особено признаније му беше оддадено известувањето за американската влада на претседателот Доналд Трамп. Наградата во најреномираната категорија „ Во служба на јавноста“ му припадна на весникот Вашингтон пост за неговото известување за напорите на Трамп за преобликување на федералните институции. Дополнителни награди беа доделени за известување за ригорозните мерки на владата на САД ...
Денеска, на 5 Мај, се одбележува Денот на македонскиот јазик – датум од особено значење за нашата држава и културен идентитет. На овој ден во 1945 година, македонскиот јазик е официјално кодифициран и поставен како темел на современата писменост и образование. Македонскиот јазик претставува жива врска со нашето минато, но и силен мост кон иднината. Тој е чувар на традицијата, историјата и духовноста на македонскиот народ. Преку него се ...
Во конфликтот меѓу Иран и САД формално во сила е примирје. Меѓутоа, долготрајната блокада на Ормускиот теснец од страна на Иран, кој е клучен за светската трговија, доведува до повторно заострување на тензиите – вклучувајќи закани и употреба на воени бродови. Дури и земјите од Персискиот Залив повторно пријавуваат напади. Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе започне со ослободување на бродовите кои се заглавени ...
Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени. Значително повисоки температури и потопло време ќе имаме и во утринските часови и повеќе нема да имаме појава на утрински мразеви и на слана. Инаку целиот Балкан до крајот на оваа седмица очекувам да има значително високи температури ...
Заедно со потпретседателот на Владата Димовски и министерот за надворешни работи Муцунски оддадовме од името на владата вечен помен на жртвата на великанот, македонскиот јунак Гоце Делчев, и на тој начин само сакаме да покажеме дека како Влада ќе сториме се за да неговите идеали, неговата борба за самостојна Македонија, за македонскиот народ. Но, и за сите граѓани коишто живеат во Македонија остане вечна, да се сеќаваме на неговиот лик и ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27.04.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ...
http://mvr.govmk.cam/mk Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот. Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт ...
На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Е.(42) и Ј.Е.(31), двајцата од с.Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „помагање“. Првопријавениот, на работно место оператор за внес на податоци во Центарот за социјални работи Тетово, на 02.06.2022 и на 05.10.2022 пуштил незаконски средства во вкупен износ од 155.500 денари на име на второпријавениот, а ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции. Со оваа иницијатива, Владата на Република Северна Македонија има за цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои инвестиции Владата ги планира во железничката инфраструктура и какви се очекувања, изјави: „Продолжуваме со реализација на проектот брза пруга Коридор 10, физибилити студијата е веќе при крај. Студијата за влијание врз животната средина е исто така при крај. Има, се разбира, законско времетраење коешто е ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите од Државниот завод за статистика за растот на индустриско производство и подобрување во трговијата на мало, изјави: „Конечно во март месец имаме значаен раст на индустриското производство, споредено со март минатата година, од 3 %. Трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти, близу 13%, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и продолжување на интензивната соработка во клучните области од заеднички интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во ...
Најмалку едно лице загина, а повеќе се тешко повредени откако автомлбил влета во луѓе во центарот на градот Лајпциг, во Германија. Според информациите на полицијата објавени на платформата X, возачот е приведен и во моментов од него не произлегува никаква опасност. Портпарол на полицијата изјави дека станува збор за „динамична ситуација“. На почетокот не беа познати подетални информации за точниот тек на настаните и за позадината на ...
Лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по најавите дека може да стане дел од Владата, му постави услов на Изет Меџити пред обединувањето на коалицијата „Вреди“. Села вели дека секоја дискусија за вклучување во извршната власт мора да се базира на јасни политички услови, а приоритет за Алијанса за Албанците останува имплементацијата на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Тој, според Села, е неопходен за гарантирање на ...
На мал туристички крстосувачки брод во Атлантикскиот Океан, според Светската здравствена организација (СЗО), три лица се верува дека починале по заразување со хантавирус. Уште три лица се инфицирани, од кои едно се лекува на интензивна нега во Јужноафриканската Република соопшти СЗО во Женева преку платформата X. Две од починатите лица биле Холанѓани, информираше холандското Министерство за надворешни работи. Хантавирусот кај луѓето може да ...
Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Загинал на 4 мај 1903 година во ...
Европските граѓани можеби ќе мора сериозно да ги преиспитаат своите планови за патување ова лето, откако наглиот раст на цените на авионското гориво, предизвикан од блокадата на Ормускиот Теснец, доведе до значително поскапување на авионските билети. Авиокомпаниите стравуваат од пад на профитните маржи, како и од недостиг на гориво. Со растот на цените на авионските билети и очекуваниот недостиг на млазно гориво, иднината на европската ...
Областа Гора се наоѓа на тромеѓата Косово, Албанија и Македонија, населена е со автохтони етнички Македонци од исламска вероисповед, познати како Горани или Горанци. Гора зафаќа 370 км2, со надморска височина од 1.000 м до 1.300 м. Во Гора, после Титов Врв на Шар Планина, се наоѓа највисокиот врв Трпежница со 2.160 м. Во областа Гора живеат околу 40.000 Македонци од исламска вероисповед во 20 села на Косово (Рестелица, Глобочица, Крушево, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седуммина управувале возило без возачка дозвола (четворица во Скопје, двајца во Тетово и еден во кумановско), еден возач во Дебар управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, а еден возач во Битола возел под дејство на алкохол. Во Градско, едно лице управувало возило со ...
На 03.05.2026 во 01:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР ...
Европската Унија воведува нова дигитална услуга, „Travel to Europe“, која би можела значително да им го олесни преминувањето на границите на патниците во рамките на новиот систем EES. Границите кон Европа повеќе не се исти – пасошите повеќе не се печатат, туку секој влез и излез се дигитално евидентира, со задолжително фотографирање и земање отпечатоци од прсти. Новиот систем EES е целосно воведен на надворешните граници на Европската Унија ...
Грбавиот кит кој повеќепати се насука во Балтичкото Море, кого медиумите го нарекоа „Тими“, сега плива во Северното Море. Како што за агенцијата АФП потврди Карин Валтер-Момерт од спасувачката иницијатива, китот изутринава (2.05) околу 8:45 часот го напуштил шлеперот со кој беше влечен до Северното Море. Животното, како што се вели, сега плива самостојно и слободно и, барем засега, и во правилната насока. Четири до шест години стариот кит ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија. Се очекува повлекувањето да биде завршено во наредните шест до дванаесет месеци, соопшти портпарол на Пентагон. Оваа одлука е резултат на темелна проверка на присуството на американските трупи во Европа, изјави портпаролот. Таа ги зема предвид барањата на оперативните подрачја, како и условите на теренот. Доналд Трамп неодамна ...
Младиот математички талент Македон Димитровски постигна извонреден успех на Германската математичка олимпијада, освојувајќи два златни медали и потврдувајќи го својот статус меѓу најдобрите млади умови во светот. Димитровски освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика, како и златен медал во математички предизвик, а со своите резултати беше вброен и во престижната група лауреати – признание резервирано за најуспешните ...
Денес недела 3 Мај 2026 особено во претпладневните часови ќе имаме повеќе облачност и особено во западните и во југозападните предели ќе има локални врнежи од дожд а на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има повремен снег. Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намалува.Во Скопје и околината денес недела 3 Мај 2026 во претпладневните часови ќе има услови за повремен локален дожд. Во текот на денешниот ден недела 3 ...