
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



УНЕСКО даде официјална препорака за прогласување на долината Вјоса за биосферен резерват. Веста ја соопшти министерката за туризам Мирела Кумбаро, според која оваа препорака дошла по интензивна работа не само од институцијата со која раководи, туку и од Националната агенција за заштитени подрачја и специјалисти. Министерот додава дека во септември се очекува конечно одобрување од Советот за биосферни резерви на УНЕСКО за вклучување на Вјоса во ...
Сакам да ја изразам мојата благодарност најнапред до Вас мои сограѓани за секојдневната поддршка што ја добивам. Исто така сакам да изразам благодарност до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и до членовите на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за довербата што ја добив да бидам кандидат за градоначалник на претстојните локални избори. За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која ...
Првпат, во македонското државното здравство, на Клиниката за уролоигија се извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција, соопштија од Клиниката. Вградивме пенилни протези на двајца пациенти на возраст од 45 и 59 години, кои претходно се оперирани од карцином на простата, ...
По долго очекување, конечно лубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во текот на целата наредна седмица, нашата Република Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат и до ...
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши. Чинот бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „На 28 мај 2025 година, кога Светата Црква го прославува Одданието на Воскресение и споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, ...
Милијардерот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, ја напушта администрацијата на претседателот Доналд Трамп откако водеше бурна кампања за ефикасност, но на крајот не успеа да ги оствари најавените заштеди што ги бараше. „Моето планирано време како специјален владин службеник се ближи кон крајот“, напиша Маск на платформата X во среда. Американските прописи налагаат дека таквите вработени се ограничени на 130 дена вработување, што значеше ...
Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Kanchenjunga (8,586m), третиот највисок врв на светот. Познатиот македонски кардиолог и алпинист беше дел од 10-члената група на Imagine Nepal, која на 23 мај го искачи овој врв, објави на Х поранешната министерка за култура Ганка Цветанова. На Кедев му остана уште врвот Gasherbrum-I, за да ги комплетира сите 14 таканаречени „осумилјадарки“, врвови кои се повисоки од 8.000 метри надморска височина и главно се ...
Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против. Во рамки на општата расправа и низа реплики и контрареплики пратениците изнесоа различни ставови при што пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека, опозицијата на политичката припадност на Славески и визијата за ...
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите: Посочи дека овие кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1. -ВМРО-ДПМНЕ и ...
На 27 и 28 мај 2025 година, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, се одржаа значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, прими монашки постриг и беше ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј. На 27 мај, во навечерието на ...
Деветнаесетгодишна девојка од Србија го загуби животот денеска во Будвa при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорските медиуми девојката паднала од висина од околу 50 метри во морето. Таа се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот. Како што пишуваат тамошните медиуми девојката била извлечена од водата и со брод пренесена до градската марина, но екипата на итна медицинска помош по пристигнувањето можела само да ...
Во уникатен спој на археологија и гастрономија во Турција успешно е направен рецепт за леб стар 5.000 години, откриен на археолошкиот локалитет Кулуба, во близина на централниот анадолски град Ескишехир. Со ова древната кулинарска традиција доби нов живот, јавува Анадолу. Проектот е резултат на соработка меѓу археолози и Општина Ескишехир и првпат во светот еден археолошки пронајдок од леб да биде преработен за модерно консумирање. Оригиналниот ...
Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство Кога сме веќе кај договорите јас не знам како не ви е срам да седите тука во Собранието, па дури и земате храброст да критикувате јавно на седница стратешки договор помеѓу Македонија и една светска велесила. Историски договор за финансиска поддршка од над 5 милијарди евра за инфраструктурен развој на Македонија невиден досега.Како не ви е срам? Дали имате трошка морал и самокритика во ...
Изгласан е законот за ратификација на договорот меѓу Владите на Македонија и Обединетото Кралство и Северна Ирска за 6-те милијарди евра. Овој договор е за парнерство за реализација на инфраструктурни проекти Гласаа 82 пратеника, за гласаа 76 пратеници, додека 6 беа против, воздржани немаше. Мнозинството по изгласувањето аплаудираше, додека опозицијата негодуваше. Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата на единство со цел да се убедат европратениците да се донесе резолуција со којашто се признава посебниот македонски идентитет и јазик. „Посебниот меѓувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик е факт и секој оној кој ги негира и одбива да ги прифати е анти-НАТО и анти-ЕУ. Така што секој кој не го прифаќа ова од земјите-членки и кој било европратеник кој нема да гласа за оваа ...
Овој 28 мај, Охрид добива нова IQOS зона, целосно опремена локација во новиот трговски центар Охрид Мол, каде што сите полнолетни пушачи ќе можат директно да се запознаат со придобивките од преминување во светот на IQOS. Со работно време понеделник – сабота од 10:00 до 22:00 часот и недела од 10:00 до 20:00 часот, оваа зона претставува нова точка за сите љубопитни, оние што веќе се дел од IQOS заедницата или оние што размислуваат за промена. ...
До крајот на годината невработеноста во Република Македонија очекувам да биде под 9%, ијави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на невработеноста во државата. -Очекувам да продолжи трендот на намалување на навработеноста. Можам да кажам дека во третиот и четвртиот квартал брројот на невработени лица е зголемен за 10 илјади и таа бројка надминува над 700 илјади, првпат после ...
Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев го искачи врвот Канченџанга (8.586 м), третата највисока планина на светот. Тој беше дел од 10-члената експедиција „Imagine Nepal“, која на 23 мај успешно стигна до врвот. Со ова, Кедев го освои својот 13-ти „осумилјадник“ — планински врв повисок од 8.000 метри, а му останува уште еден, Гашербрум I, за да ги комплетира сите 14 највисоки врвови на Хималаите. Ова го доближува до остварување на својот ...
Во благодатната светлина на попразненство на Воскресението Христово, а под синиот покров на мајското небо, и оваа година древниот Бигорски Манастир беше преобразен во тивка, вдaхновена уметничка сцена, благодарение на уникатната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Светилиштето на Свети Јован Крстител, по благослов на нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, ги отвори широко врати за новата генерација млади уметници, ...
Владата на предлог на Министерството за финансии ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа, со кои се предвидува намалување на царинските стапки за околу 70 стоки – главно суровини и репроматеријали што ги користи домашната индустрија. Од Министерството за финансии појаснуваат дека измените се дел од владината Програма за работа 2024-2028 и имаат за цел постепено усогласување на царинските стапки со оние во Европската ...
Член на организираната криминална група „Беланоца- Барон“, за која вчера Обвинителство поднесе обвинение за повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, меѓу кои и седум убиства, нарачал убиство со цел да се приближи кон радикално исламистичко движење, а мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала и всушност ги предал избеганите во Косово Африм Исмаиловиќ и Алил Демири на институциите во предметот „Монструм“ за ...
На предог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјава. Измената е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на тројна средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, како обид да ја принуди Москва да ја запре инвазијата врз Украина. „Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок или ако сите сакаат тоа да биде трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат“, рече Зеленски во коментарите објавени во среда (28 мај). Тој, исто така, рече дека „многу би сакал“ Трамп да ги ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која од вчера престојува во работна посета на Република Казахстан, денеска ќе оствари средба со претседателот Касим-Жомарт Токајев и ќе учествува на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова утре ќе се обрати на пленарната сесија на Меѓународниот форум „Астана 2025“, која ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт ...
Ракетата „Старшип“ на Спејс икс (SpaceX) полета на својот деветти пробен лет во рамките на активностите на компанијата предводена од Илон Маск да постигне успех по две неуспешни мисии претходно оваа година, јавува Анадолу. „Како да не беше доволно возбудливо тестирањето на летот, Старшип доживеа брзо непланирано распаѓање. Тимовите ќе продолжат да ги разгледуваат податоците и да работат за нашиот следен пробен лет“, соопшти Спејс икс на ...
Изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за дозвола на Украина да испукува ракети што ги добива од Западот кон воени цели длабоко на руска територија ја разгореа дебатата за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Киев. И сето ова се случува кога од германските медиуми дознаваме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Берлин на 28 мај. Украина долго време бара германско-шведски систем за оружје, кој може да ...
Владата на САД им наложи на своите амбасади и конзулати засега да не закажуваат нови интервјуа со странци кои сакаат да студираат во САД или да учествуваат во програма за културна размена. Стејт департментот сака најпрво да може потемелно да го истражи користењето на социјалните мрежи на апликантите. Извор во министерството го потврди ова за новинската агенција Ројтерс, откако наредбата беше објавена преку информативниот сајт Политико. ...
Белгија и уште 16 земји од Европската Унија објавија заедничко соопштение во кое изразуваат „длабока загриженост“ поради кршењето на основните права на ЛГБТ+ лицата во Унгарија и ја повикуваат да ги ревидира новововедените мерки и да се усогласи со своите меѓународни обврски. „Длабоко сме загрижени поради неодамнешните правосудни и уставни амандмани кои ги кршат основните права на ЛГБТКЈУ+ лицата, усвоени од унгарскиот парламент на 18 март и 14 ...
Чием Балдук – дописник Германија Голем зелен автобус е извлечен од бавната поворка возила. Осумнаесетте патници од Flixbus ги предале личните карти. Тие се скенираат еден по еден. Контролниот уред се пали за една Украинка. „Овој мора да влезе. Во импровизирана полициска станица – контејнер покрај автопатот – се бараат деталите на Украинецот. „На нејзината претходна посета, таа беше во Германија подолго од дозволеното“, открива полицаецот. Ако ...
Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Целосниот текст може да се погледне на следниот линк. Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави на Фејсбук дека ова е историски договор и ништо нема да биде скриено од јавноста. Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на ...