Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Поминаа 33 години откако Соединетите Американски Држави последен пат тестираа нуклеарно оружје со експлозија. Но, оваа среда, на 29 октомври 2025 година, претседателот Доналд Трамп се чини дека наредил тестовите да продолжат „веднаш“. Објавата на претседателот на неговата платформа Truth Social се однесува на нуклеарната закана што ја претставуваат Русија и Кина. „Поради програмите за тестирање на други земји, му наложив на Министерството за ...
Германскиот сојузен министер за внатрешни работи, Александер Добринт (ЦСУ), предложи учениците во училиштата систематски да се едуцираат како да реагираат во кризна ситуација и во случај на војна. Тој планира на ноемвриската конференција на министрите за внатрешни работи на германските покраини да предложи воведување на посебни двочасовни предавања посветени на таа тема. „Важно е младите да разберат какви закани можат да постојат и како да ...
Македонија годинава е на 64 место од вкупно 143 земји на светската листа за владеење на правото, во друштво со Гана, Аргентина, Казахстан и Монголија. Земјата има оценка од 0.54 индексни поени, што е мало подобрување во однос на лани кога земјата беше на 67 место од 142 земји. Индексот на Македонија тогаш беше 0,53 поени. Во однос на регионот, Македонија е четврта од вкупно 15 земји. Подобро се рангирани Бугарија, Косово, Грција, Хрватска и ...
Изминатиов подолг период во голем број од медиумите читаме и слушаме најави дека пред нас е зима на векот или најладна зима досега. Прогностичките модели не го кажуваат тоа и не даваат такви знаци. Прогностичките модели укажуваат на тоа дека зимата 2025/2026 година ќе биде потопла за еден до два степени од 30 годишниот просек. Сепак со оглед дека оваа зима ќе биде Ла Ниња зима, односно на Пацифокот е активен климатолошкиот ладен феномен Ла ...
Носачот на авиони „УСС Џералд Форд“ кој чини 13 милијарди американски долари, е најскапиот воен брод во светот. Гигантот долг повеќе од 330 метри и придружните бродови, по наредба на Доналд Трамп се упатија кон Карипското Море. Таму носачот на авиони со десетиците борбени авиони и хеликоптери, е засилување за бродовите и единиците што веќе се стационирани во регионот. Противници според официјални изјави се меѓународно активни картели за ...
Го прашуваат ChatGPT за резултатите од изборите, бараат од Claude да ги сумира вестите или од Perplexity да им даде основни информации за конфликтот на Блискиот Исток: стотици милиони луѓе секојдневно се потпираат на чет-ботови со вештачка интелигенција како извори на информации. Само ChatGPT секоја недела го користат околу 800 милиони луѓе ширум светот. За многумина, овие дигитални асистенти веќе претставуваат замена за традиционалното ...
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, предводи делегација на Министерството за внатрешни работи на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан, што се одржува денеска и утре (30/31.10.2025) во Сараево, Босна и Херцеговина. Форумот е организиран во рамки на данското претседателство со Советот на Европската унија заедно со Министерството за безбедност и Министерството за правда на Босна и Херцеговина. Форумот претставува значаен ...
На 29.10.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода П.В.(40) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории во Прилеп, сопственост на П.В., при што пронајдени и одземени се 13 боеви куршуми различен калибар, рамка за пиштол, помошна рамка за куршуми од пушка, 167 пиротехнички средства, 21 парче муниција за гасен пиштол, сигнален куршум, регулатор за гасови за ...
Кремљ не верува дека започнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и САД, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно денеска нареди итен почеток на тестирањето на нуклеарно оружје и исто така спомена дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат објавени подоцна. „Ова во никој случај не може да се протолкува како ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави моментален почеток на нови тестови за нуклеарно оружје, наведувајќи ги програмите за тестирање во други земји во објава на неговата платформа „Truth Social“. „Поради тестирањето на програмите во други земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп. Тој не прецизираше кое оружје ќе ...
Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во рамки на својата работна посета на ОВР Кичево, оствари средба со раководствата на Секторот за внатрешни работи Охрид и Регионалниот граничен центар Запад. На средбата беа разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во златара во Гостивар, како и општата безбедносна состојба, со особен фокус на ...
„ЛУКОИЛ Македонија“ е во 100% сопственост на „LUKOIL International GmbH“, е кусиот одговор на новинарското прашање на Радио Слободна Европа до компанијата дали со најавата за продажбата на подружници надвор од Русија е опфатена и подружницата во Северна Македонија? Лукоил ( LUKOIL International GmbH) соопшти дека ja прифатил понудaта од глобалниот трговец со стоки „Ганвор“ (Gunvor) за купување на неговиот странски имот, кои втората по ...
Лукоил соопшти дека ja прифатил понудaта од глобалниот трговец со стоки „Ганвор“ (Gunvor) за купување на неговиот странски имот, кои втората по големина руска нафтена компанија се обидува да го продаде откако Вашингтон воведе санкции врз неа минатата недела. Планираната продажба на странски имот е досега најзначајната акција од страна на руска компанија како резултат на западните санкции воведени поради војната во Украина, која започна со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека постигнал договор со Ши Џинпинг за намалување на царините за стоки од Кина. За возврат, Кина ќе продолжи да купува соја од САД, ќе го одржува извозот на ретки метали и ќе преземе посилни мерки против нелегалната трговија со фентанил, лек против болки, изјави Трамп во четвртокот. Тој ја даде изјавата по средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг во јужнокорејскиот град Бусан, прва лична ...
Доколку околностите во Србија беа нормални, Борис Којчиновиќ од Нови Сад денес ќе прелистуваше водичи за магистерски студии во странство. Наместо тоа, тој паралелно прелистува литература за својата дипломска работа и списоци на волонтери за протестот. Борис е едно од лицата на студентското движење кое, како што велат неговите другари, ја разоткри очигледната вистина: дека корупција и системска небрежност доведоа до уривање на бетонска ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ во средата негираше дека стои зад инцидентите насочени кон турските имигранти во Црна Гора, додавајќи дека „немал поим дека ова се случува“. Одговарајќи на обвинувањата од Подгорица дека Црна Гора се користи за одмазда кон Турција затоа што Анкара доставила беспилотни летала во Косово, Вучиќ рече дека „такво нешто никогаш не му паднало на памет“. „Тие мора да генерираат нова агенда затоа што не знаат што ...
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) и на стабилна и суво воздушна маса до самиот крај на оваа недела времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Утрата и понатаму ќе бидат релативно ладни и со услови за појава на магла или на ниска облачност по котлините и по речните долини. Минималните утрински температури ќе ...
Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) на Министерството за финансии на САД ги отстрани Милорад Додик, претседателот на Алијансата на независни социјалдемократи и членката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ од листата на санкции. Претходно санкционираните членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници, исто така, се отстранети од листата. ОФАК веќе двапати го санкционираше ...
Се радувам што денеска мој гостин беше младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, што се одржа неодамна во Дупница, Бугарија. Му упатив искрени честитки на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Ваквите резултати се голем мотив за младите охриѓани и поттик за понатамошен развој на спортот во градот. ...
На денешниот состанок, германската влада усвои предлог за значителнозголемувањенаминималната плата.Вкупно, таа треба да порасне за 13,9 проценти. Ова е најголемото зголемување откако минималната плата беше воведена воГерманијаПред 10 години. Првично, кога минималната плата за работен час за првпат беше воведена во Германија во 2015 година, таа изнесуваше8,50евра бруто на час. Оттогаш, вкупно е зголемена десет пати. Сегашната законска ...
Економијата ќе порасне за 3,8 проценти, а инфлација ќе падне на 2,5 отсто. Вакви се проекциите на Владата која што го усвои предлог-буџетот за 2026 година, со кој економскиот пораст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,09 милијарди евра), а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари (6,73 милијарди евра), додека ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог, потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. Регионалната соработка е многу важна „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може ...
Од следното полугодие, основците во Хрватска повеќе нема да смеат да користат мобилни телефони на училиште, дури ни за време на одморите. Одлуката, која Министерството за образование ја нарекува „револуционерна промена“ во училиштата, веќе вроди со позитивни резултати во Загреб – повеќе дружење, подобра концентрација кај учениците и помалку случаи на дигитално насилство. Според најавите на советничката во Министерството за образование, Ивана ...
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна ...
Две години пред парламентарните избори во Полска, двата главни ривали, либерално-конзервативната владејачка партија Граѓанска платформа (ПО) на премиерот Доналд Туск и најголемата опозициска партија, десничарската конзервативна партија Право и правда (ПиС) под водство на Јарослав Качински, ги започнаа првите подготовки за изборната кампања. На конференција во Катовице, Качински ја прогласи Европската Унија, како и Германија и Франција, за ...
Среќен сум што денеска, тука на Меѓународниот Аеродром Скопјe, сите заедно го славиме почетокот на новата авиолинија Скопјe – Мадрид, која за прв пат го поврзува македонскиот главен град со шпанскиот главен град и со срцето на Шпанија. Особено ми е драго што од денеска, 28 октомври 2025 година, Мадрид, една од најпосакуваните дестинации на нашите патници, сега е реалност и што тие ќе можат да уживаат во градот на уметноста, музиката, ...
Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот американски колега Доналд Трамп да изврши притисок врз Кина да ја прекине својата поддршка за Русија во војната против Украина кога американскиот претседател ќе се сретне со својот кинески колега, Си Џинпинг, на турнеја низ Азија оваа недела. Зеленски изјави дека е подготвен да води мировни преговори насекаде освен во Русија или на територијата на нејзиниот близок сојузник ...
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“, соопшти Кривичниот суд. „Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална хигиена“, мерката притвор е определена заради постење на ...
Интеграцијата на Македонија во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) е историски исчекор кон подлабока европска интеграција, што носи реални придобивки за граѓаните и за компаниите за сегашните, но и за идните генерации. Ова е оценката на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој на конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во Охрид ги најави следните чекори и планови на Народната банка. Инстант платен систем ...