Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75 % од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен реузлтат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот Николоски. “ Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 % реализација, што е ...

Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 11 мај, се забранува за пиење водата од изворот во селото Елшани. Претходно преку ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено присуство на E.coli. Согласно законските обврски се наредува МЗ од с.Елшани да постави јасно и видливо предупредување дека ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ, а во рок од 3 дена да достави писмено или електронско известување ...

Реномираниот македонско-австралиски скулптор Blaze Krstanoski-Blazeski на 25 јуни во OSTEN во Скопје ќе одржи специјална презентација на своите скулпторски дела. Познат по своите монументални бронзени и инокс скулптури, Крстаноски-Блажески преку своите дела спојува движење, емоција и апстрактна форма во моќни современи композиции. Со кариера исполнета со меѓународни изложби низ Европа, Австралија и Азија, Крстаноски-Блажески изгради ...

Со векови, малечкиот Ахен се смета за симбол на обединета Европа. Токму од тука Карло Велики (748–814) владеел со најголемото царство во западна Европа по падот на Рим, наследство кое подоцна довело до тоа тој да биде сметан за средновековен „татко на Европа“. Денес, со Карловата награда им се оддава почест на оние кои се залагаат за европско единство на помодерен начин. На 14 мај таа ќе му биде доделена на Марио Драги. Кој е Марио Драги? ...

Кинескиот претседател Ши Џинпинг ги предупреди Соединетите Американски Држави за можен „конфликт“ во врска со прашањето за Тајван. „Прашањето за Тајван е најважната тема во односите меѓу Кина и САД“, изјави Ши во четврток за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг, пренесе државната телевизија ККТВ. Ако ова прашање се „третира погрешно“, двете земји би можеле да дојдат во судир „или дури и да влезат во ...

Територијата на Македонија останува под влијание на посвежа воздушна маса која се спушта од северозапад. Денес и утре (Четврток и Петок 14/15 Мај 2026) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од Скопската котлина во попладневните ...

http://mvr.govmk.cam/mk Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот. Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт ...

Oд страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по добиени насоки од ОЈО, извршен е службен разговор со три лица во врска со пристигната пријава од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство до ОЈО за сомнение за кривично дело по член 353 од Кривичниот законик „злоупотреба на службена положба и овластување“ во однос на распишување на јавен повик во 2023 година за финансиска поддршка на микро ...

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец. Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија. Животното не ...

Еден единствен билет за патувања низ цела Европа: Европската комисија има намера да ги направи долгите железнички патувања поедноставни и поатрактивни како алтернатива на авионскиот превоз. Комисијата претстави законски предлог според кој оператори како „Дојче Бан“ ќе треба да продаваат и билети од железнички компании од други земји. Тоа, од една страна, треба да го направи патувањето попрактично, а од друга страна директно ќе влијае и врз ...

Јас можам само да се придружам на тоа што претходните говорници веќе го кажаа. Навистина, ова што денеска го гледаме тука, а во периодот кој што следи, нели, има одредени формални процедури коишто ќе треба да се запазат, а тоа е целосно дезинфицирање на објектот, вклучително и обука на вработените со новата опрема којашто веќе е инсталирана, за да можеме конечно, да почнеме како јавно здравство, да прифаќаме пациенти коишто понатаму ќе бидат ...

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто ...

„Се сеќавам, пред многу години, бев пациент токму во оваа болница и добив исклучителна грижа од персоналот и докторите. Иако мојата состојба не беше сериозна, навистина чувствував дека сум во сигурни раце. За мене претставува голема чест што денес сум дел од овој настан, кој за нас претставува значаен чекор напред во подобрувањето на јавното здравство во земјата. Како финансиски инвеститор на овој проект, ТАВ Македонија остава траен белег ...

Учениците од четврто одделение од ООУ „Братство Единство“, ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Григор Прличев“ денеска беа во посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков, придружуван од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски и раководителот на Одделението за инвестиции во образованието, Ердин Далип, ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации за начинот на функционирање на ...

Денес имам особена чест да му доделам благодарница на господинот Сашо Нелоски, по повод неговото пензионирање. Ова не е само признание за неговиот децениски стаж, туку и длабоко благодарам за неговиот несебичен влог во македонското новинарство. Сашо не беше само новинар. Tој низ децениите стана автентичен хроничар на нашиот Охрид. Преку неговите текстови и извештаи се афирмираа охридските вредности, култура и традиција, понатака Охрид ...

Владата го подготвува ребалансот на буџетот, при што фокусот останува на заштита на животниот стандард, инвестициите и стабилноста на економијата. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА нагласува дека кратења ќе има, но тие нема да ги погодат клучните инвестиции и мерки за економски раст. Од друга страна, опозицијата предупредува на сериозни проблеми во ликвидноста и слабеење на приходната страна, додека од ...

На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип. Н.Д. е лишен од слобода, затоа што при извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе било констатирано дека Н.Д. го управувал мопедот, ...

Градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода, наменет за потребите на жителите од село Ростуше, продолжуваат со засилено темпо. Овој инфраструктурен проект е од витално значење за обезбедување стабилно, квалитетно и долгорочно водоснабдување за локалното население. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, М-р Онер Јакупоски, при увид на работите истакна дека општината е максимално фокусирана на реализација на ветените ...

Добрите работи бараат време, гласи една ориентална поговорка. По откажувањето во април, американскиот претседател Доналд Трамп сега ја посетува Кина. Во денешниов свет, глобални предизвици како економскиот раст и климатските промени може да се решат само преку ангажман на двете големи нации. САД се најголемата, а Кина втора по големина економија во светот; истовремено Кина е најголем испуштач на стакленички гасови, а САД веднаш зад неа. Во ...

Растот на цените на горивата повторно ја става инфлацијата во фокус, со зголемен ризик од нов бран поскапувања, особено кај храната и основните производи. Иако во моментов цените на храната се релативно стабилни, економистите предупредуваат дека овој тренд може брзо да се промени. Фајнанс тинк: горивата го туркаат инфлаторниот притисок Според Фајнанс тинк, месечниот раст на цените во април изнесува умерени 0,7%, но растот на цените на ...

Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до собрание Со ова започнуваме нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Фокусот на овој закон е јасен заштита на децата, ...

Територијата на Македонија од денес среда 13 Мај 2026 влегува во поладен, односно значително посвеж период со температури кои ќе бидат за околу па и за повеќе од 10 степени пониски во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера. Ќе бидеме под влијание на поладен воздушен бран кој од северозапад се спушта во Македонија. Повремено ќе засилува ветер од северен и од северозападен а во западните предели од западен правец а во петок на 15 ...

На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...

На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. ...

15-годишно момче се бори за живот откако било прободено со остар предмет во основно училиште во населбата Ченто. Според информациите, за нападот е осомничен негов врсник, кој веќе е приведен од полицијата. Директорот на Ургентниот центар, д-р Игор Мерџаноски, за весникот „Вечер“ потврдил дека повреденото дете е оперирано и се наоѓа во критична состојба. Според информациите кои што ги објави МВР, вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски ...

Рано утрово петмесечно бебе починато било однесено на скопската клиника од страна на таткото. – На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата избира потежок пат кон Европската Унија,нагласувајќи дека достоинството нема цена. „Како Влада сметаме дека покус пат до ЕУ нема. Поточно, постои, но тој е исполнет со предизвици кои често се понижувачки. Затоа го избираме потешкиот пат, преку кој членството ќе го заслужиме со квалитет и испорака“, рече Мицкоски на Самитот во Скопје организиран од „Македонија 2025“. Тој истакна дека пристапот ...

Оваа година ги одбележуваме 35 години независност од македонската држава. Јубилеј кој претставува историска точка што нè обврзува со достоинство, визија, но и одговорност да ја раскажеме приказната за државата низ културата, уметноста и современиот национален израз. Токму затоа, цениме дека на овој голем државен јубилеј му е потребен и голем, репрезентативен и долгорочно значаен проект. Проект кој за нас и за целата држава нема да биде само ...

Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите. На денешната седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живот, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој. Преку Програмата за намалување на диспаритетите и зголемување на конкурентноста ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32