57-годишен Холанѓанец почина во Швајцарија откако падна во пукнатина. Според кантонот Обвалден, човекот отишол на планинарење во регионот Титлис во централна Швајцарија во понеделник наутро, но не се вратил. Властите започнаа голема операција за пребарување во понеделник откако добија пријава за исчезнато лице. Пребарувањето продолжи до доцна тој ден. Исчезнатиот маж беше пронајден во пукнатина на ледникот Галтиберг еден ден подоцна, откако ...

Владата апелира државните институции да го пријават бројот на службени возила во Регистарот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), за да нема злоупотреби со нивно користење во тек на кампањата за претстојните локалните избори. – Апелирам до сите институции да го поднесат бројот на службените возила – рече денеска портпаролката на Владата Марија Митева, во одговор на новинарско прашање по објавата од ДКСК дека во Регистарот ...

Во рок од најмалку две недели државните институции ќе извршат проверка на петте аероклубови, кои стопанисуваат со спортските аеродроми во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп и Штип, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање што ќе преземе Владата со спорните прашања на спортскиот аеродром Стенковец. Николоски истакна дека се работи за многу сериозни ...

zФризерница во време на Зоран Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270.000 евра, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – Продолжуваме и денес со сомнителните проекти од Еразмус +, да потсетиме дека Заев и Димова, доделија неколку грантови вредни над 270.000 евра за медиумска писменост, на фризерско студио, во период од 3 години. Фризерското студио со две столчиња, добива неколку години по неколку грантови ...

Само неколку часа пред неговиот самит во Алјаска со Владимир Путин минатата недела, американскиот претседател Доналд Трамп му се јави телефонски на белорускиот моќник Александар Лукашенко. Потег, што изненади многу аналитичари и политичари. Трамп на социјалните мрежи го опиша Лукашенко како „високо почитуван претседател“, и рече дека неговиот разговор со него се фокусирал на ослободувањето на 1300 политички затвореници. Според Валер Кавалеуски, ...

Вчера (19 август) не се појави на работа во канцеларијата во Бања Лука. Наместо тоа, Милорад Додик посети неколку градови во Република Српска (РС). Тој ги претстави како официјални посети во својство на претседател на РС, иако тоа не е официјално веќе 24 часа. Со одлуката на Судот на Босна и Херцеговина, со која се потврди одлуката на Централната изборна комисија за одземање на неговиот мандат, Додик ги изгуби сите уставни и законски ...

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки ...

Борбата со големиот шумски пожар во ловиштето „Јасен“ продолжува и денеска (20 август). Во текот на ноќта, огнот се доближил до шумскиот пат кој води од влезната капија на ловиштето „Јасен“ до ресторанот на брегот на езерото Козјак, но не се проширил, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во синоќешната акција биле вклучени припадници на Единицата за брзо распоредување со пинцгауери, ...

Глобалната потрошувачка на кафе – топло и ладно – во последните десет години изнесува 370,3 милијарди долари, покажуваат податоците на Меѓународниот трговски центар (ITC), јавува Анадолу. Секторот за кафе продолжува да расте со ширењето на синџирите кафулиња низ светот. Увозот на кафе во периодот од 2015 до 2024 година достигна вкупно 370,3 милијарди долари, при што САД се најголем увозник со 69,2 милијарди долари, по што следуваат Германија со ...

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен, а во петок (22 август) претежно од западен правец. Во петок (22 август) ќе има и појава на умерена локална облачност а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. ...

По девет месеци релативно мирни протести, улиците на Србија повеќе не се полни со поворки од демонстранти, туку со сцени што личат на воена состојба. Судири меѓу демонстрантите и полицијата, палки, солзавец, димни бомби, факели и оштетени канцеларии на владејачката Српска напредна партија (СНС) се повторуваат ноќ по ноќ низ целата земја. Неда Вребац од собирите на граѓаните на Нови Сад е на улиците со месеци. Вели дека луѓето се гневни и дека ...

Целосно редизајниран и модернизиран ќе биде електронскиот систем за управување со документи еДМС, нaјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Системот, нагласи тој е клучен за дигиталната администрација и функционирањето на јавната управа, а според најавите од 1 октомври 2025 година, министерството целосно ќе ги исфрли хартиените документи од своето работење. Досега системот бил користен само од 20 институции, а се покажал ...

Согласно Одлуката за усвојување на Измените и дополнувањата на програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 год.на Општина Охрид бр.08-3254/95 од 14.03.2025г, Општина Охрид во рамки на оваа програма има предвидено изготвување на Студија за проценка на еколошкиот отисок на Општина Охрид Човековите активност ги трошат природните ресурси, а притоа емитираат јаглероден диоксид и произведуваат отпад. Како што нашата популација ...

Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и следниот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец, кажа Каја Калас, шефица за надворешна политика на Европската унија, јави Ројтерс. Таа зборуваше по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот самит на украинските и неколку лидери на ЕУ со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Калас ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес конференција информира за донесената одлука на Владата за започнување на подготовки и подготвителни работи со цел за целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичево на Коридорот 8. -Ова е следна фаза во делот на реконструкција на железничката инфраструктура во Македонија, знаете дека сме во напредна фаза за изградба на брза пруга на Коридорот 10. Исто така беше ...

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство поради основано сомневање за сторено кривично дело криумчарење и спречување службено лице во вршење службено дејствие, казниви по Кривичниот законик. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, при контрола на автомобил управуван од ...

На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот, истакна во вечерашното гостување во „Вести Плус” на Канал 5, потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, потенцирајќи ги сите инфраструктурни објекти на кои се работи во моментов низ целата држава. Во Македонија се сечат два паневропски коридори. Двата паневропски коридори и 8 и 10, ќе бидат целосно покриени со автопат или ...

Во екот на антивладините протести во Србија, претседателот Александар Вучиќ најави остара пресметка со демонстрантите, нарекувајќи ги „терористи“, пишува јавниот сервис ЦДФ и ги пренесува зборовите на Вучиќ од конференцијата во неделата: „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да го вратиме законот, мирот и редот“. Во извештајот, Вучиќ се опишува како „десничарски политичар“, а се наведува и дека рекол оти на неговата влада ѝ се потребни неколку ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од (среда 20 август) па до (петок 22 август) времето во нашата Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат ...

Здружението „Инженери на Република Македонија“(ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината за оваа иницијатива е продолжувањето на праксата за издавање „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година, Законот за енергетика законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на ...

Радован Вишковиќ, премиер на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина, денеска (18 август) поднесе оставка од својата функција. Вишковиќ е член на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик. „Одлучивме да избереме нова Влада на РС“, рече Вишковиќ на прес-конференцијата, по состанокот во седиштето на претседателот на ентитетот, и додаде дека „останува член на тимот на СНСД“ и дека ќе работи „некоја друга работа“. ...

Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата, добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западен Балкан, но и за ЕУ, оцени денеска претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова. Во обраќањето на Централната свеченост по повод Денот на Армијата, 18 август, Сиљановска-Давкова порача дека природата на војната брзо се менува, а трката во вооружувањето диктира поголеми ...

Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 18.08.2025 година, во врска со пожари на отворен простор приведени се вкупно 39 лица, а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави. Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност. Воедно ве ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска (18 август) изјави дека Вашингтон ќе биде вклучен во во обезбедувањето на безбедноста на Киев, откако го прими украинскиот колега, Володимир Зеленски и неколку европски лидери на разговори во Белата куќа за завршување на војната во Украина. „Кога станува збор за безбедноста, тука ќе има многу помош… Тие се првата линија на одбрана бидејќи се таму, во Европа, но и ние ќе им помогнеме, ќе бидеме ...

Заврши рокот за пријавување за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) – соопштија денеска (18 август) од собраниската прес служба, додавајќи дека се пријавиле вкупно 13 кандидати. -Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. Засега може да го потврдиме само вкупниот ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја објави својата прва објава на новата турска платформа за социјални медиуми NSocial, јавува Анадолу. Во првата објава, Ердоган цитираше стих од поемата „Наскоро ќе се раздени денот“ на поетот Ердем Бајазит: „Цвет никна меѓу бетонски ѕидови“. Тој ја придружи објавата со прашањето „Подготвени ли сте?“ и го додаде хаштагот „Почнуваме“, заедно со емотикони од турското знаме, планетата Земја и ракета. ...

На плажата Кизилот во турската област Анталија, едно од клучните места за гнездење на загрозениот вид мали главести морски желки (Caretta caretta), започна нивното значајно прво патување од гнездото до морето, јавува Анадолу. Малите желки, кои излегуваат од гнездата внимателно надгледувани од еколошки тимови, се соочуваат со предизвикувачко патување низ песокот пред да стигнат до безбедните води на Медитеранот. Овој природен ритуал, кој постои ...

Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата, објави на Фејсбук, Премиерот Христијан Мицкоски. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија. Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата “Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик. -До ...

„Нè убедуваат дека Русија многу направила за нас. Но, јас чувствувам само дека немам доволно пари за да живеам како порано. Порано живеев не само добро, туку одлично, а сега се обидувам некако да врзам крај со крај“, вели Оксана (името е сменето од безбедносни причини) од Новоајдар, за ДВ. Населбата се наоѓа 60 километри од Луганск, кој е под окупација од 2014 година. На почетокот на руската инвазија во пролетта 2022 година, руската војска ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
85%
1018
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
6.17
59%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
4.4
91%
1019
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.0
97%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
76%
1016
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
8.75
87%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.79
88%
1020
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1015
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793