На (30.11.2025) по завршување на фудбалскиот напревар во рамките на Прва македонска фудбалска лига одигран помеѓу екипите на ФК Вардар АД Скопје и ФК Шкупи Скопје одигран на спортскиот комплекс на ФФМ “Петар Милошевски”, поради сторени прекршоци со фрлање на пиротехнички средства од Законот за спречување на насилство на спортски натпревари, како и за нарушување на јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување и непочитување наредба на ...

Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во рамки на проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Камерите автоматски ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, а до Нова година ќе трае пробниот период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари санкциите ќе бидат целосно активни. Прекршоците што ќе се следат во почетната фаза се: пречекорување брзина, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. ...

Со самиот почеток на месец Декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 Декември во нашата Република Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност. И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност ...

Украинските преговарачи се упатија кон Соединетите Држави во рамки на забрзаните напори за усогласување на условите на план за ставање крај на руската војна против Украина, во момент кога руските дронови повторно погодија станбени згради и повредија повеќе од десетина луѓе. Делегацијата, која требаше да се состане на 30 ноември во Флорида, ја предводи Рустем Умеров, шеф на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина. Умеров го ...

Линеарното зголемување е за усогласување со животниот стандард, вели директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој смета дека тоа е исправно бидејќи цените подеднакво се покачени за сите. Мемов вели дека исплатата на пензиите ќе биде редовна и уверува дека не се размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Како портпарол на ЗНАМ одговара и дали ќе има смена не некој од ...

Азербејџанските власти го уапсија лидерот на главната опозициска партија на земјата по претрес во неговиот стан, изјавија партиски функционери. На 30 ноември, еден ден по претресот на неговиот дом во Баку, не беше јасно каде се наоѓа Али Каримли, според Партијата на народниот фронт на Азербејџан. Други партиски функционери од партијата, позната како AXCP, исто така пријавија дека нивните домови биле претресувани и исто така исчезнале. Туран ...

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите – изјави денеска (30 ноември), министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарско прашање за надминување на проблемот со влијанието на родителите во оценувањето на децата, таа рече дека оние кои инсистираат на добивање високи оценки без соодветно ...

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово. При контролата во возилото биле забележани лица кои ...

На 29.11.2025 година во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Ј.(54) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.Ј., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили ...

Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите. Уживав во културното шаренило: во масичките преполни со уметнички предмети по коишто се препознаваат државите, во уникатните производи, во вкусната храна, но најмногу, во насмеаните детски лица, веселите луѓе и убавата музика. Благодарницата за мојот скромен придонес, од „Добредојде“ и ...

Декември оваа 2025 година во нашата Македонија ќе биде малку потопол од 30 годишниот просек, односно ќе биде потопол за 0.5 до 1 степен. Врнежите пак овој декември ќе бидат во просекот за истиот месец а тоа значи дека очекуваме нормално количество на врнежи за месец декември. Да напоменам дека со оглед на тоа дека сме под влијание на ладниот климатолошки феномен ЛА НИЊА можни се исклучоци, односно периоди кога во текот на месец декември ќе ...

Франција се подготвува за нова ера на безбедносни предизвици. Според генерал Фабиен Мандон, Русија би можела да биде во конфликт со Западот до 2030 година. „Ако нашата земја попушти затоа што не е подготвена да ги изгуби своите деца или економски да страда страда – тогаш сме во опасност“, предупреди тој. Претседателот Емануел Макрон веќе укажа дека ова е најголемата закана за Франција од 1945 година. Владата предвидува ризик од „голема војна ...

Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк ...

Советот на Европската Унија на самитот до декември уште еднаш ќе ја повика Северна Македонија да ја исполни обврската и да ги направи уставните измени со цел да продолжи со преговарачкиот процес, покажуваат нацрт-заклучоците за проширувањето, во кои Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше увид. Во нив, е наведено дека Советот ја поздравува посветеноста на земјата на евроинтеграциите и ја „охрабрува да ги интензивира напорите за унапредување на ...

Во заедничка декларација потпишана во Патријаршискиот комплекс во Фенер, Истанбул, Вселенскиот патријарх Вартоломеј и папата Лав XIV ја изразија својата подготвеност да продолжат решително да одат по патот на дијалогот со цел да се воспостави целосна заедница меѓу Вселенската патријаршија и Римокатоличката црква. Грчкиот текст на декларацијата беше дистрибуиран од медиумите во Грција. Двајцата архиереи нагласуваат во својата декларација ...

Во периодот од 27 до 28 ноември, висока делегација од Министерството за внатрешни работи учествуваше на 19-тата Министерска конференција на Помпиду групата на Советот на Европа, која се одржа во Стразбур. Конференцијата ги обедини високите претставници од земјите членки со цел разгледување на најновите предизвици во политиките за дроги и зависности, оценување на резултатите од Работната програма 2023–2025, како и усвојување на новата работна ...

Нема пореметување на летовите на унгарската нискобуџетна компанија „Визер“ од аеродромите во Скопје и Охрид. Компанијата преку нејзините официјални страници на социјалните мрежи објави соопштение, во кое се вели дека е извршено ажурирање на софтверите на сите авиони од фамилијата „ербас 320“. „Ажурирањето на софтверот успешно е имплементирано во текот на ноќта на сите засегнати авиони од фамилијата ‘ербас А320‘. Сите летови се одвиваат без ...

Авиокомпаниите ширум светот интензивно работат на решавање на проблемот со софтверот на илјадници авиони од семејството Ербас A320. Тие мораа да инсталираат нов софтвер во краток рок откако европскиот производител на авиони ги информираше за неопходното ажурирање. Портпаролот на компанијата процени дека веројатно се засегнати приближно 6.000 авиони. Ажурирањата мораа да бидат завршени пред следниот закажан лет. До утрото, неколку ...

Андриј Јермак, влијателниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка неколку часа откако Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) извршија претрес во неговата канцеларија. Зеленски ја потврди оставката во своето редовно видео обраќање до украинскиот народ на 28 ноември. Зеленски рече дека е „благодарен“ на Јермак, кој ...

На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”. Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни ...

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава. Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел – подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на удобноста за патниците. ...

Повеќе од дванаесет години откако се приклучи на ЕУ, Хрватска го негуваше имиџот на кооперативен и непроблематичен партнер. Но, тоа се промени ова лето: големиот концерт на Марко Перковиќ „Томпсон“ во Загреб, се чини, беше сигнал за подемот на екстремните десничарски сили. Ова доведе до ескалација на тензиите, особено кон српското малцинство, на што властите реагираа бавно. Откако се приклучи на Европската унија пред повеќе од дванаесет ...

Под влијание на релативно ладна воздушна маса која од север се спушта кон нашата Македонија за време на викендов времето кај нас ќе биде променливо облачно и релативно ладно со сончеви периоди и со повремено и локално провејување на снег на планините над 1000 метри надморска височина. Слабо провејување на снег повремено ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри особено во западните и во северните предели од нашата ...

За христијанскиот екуменизам, за заедништвото на црквите, ова е централната тема на годината. А за централната прослава денеска (28 ноември), папата Папа XIV пристигнува со хеликоптер од Истанбул во Никеја (турски: Изник), мал град во Турција со околу 40.000 жители. Таму пред 1.700 години се одржа Никејскиот собор. Тој голем црковен собир во Римското Царство под царот Константин во 325 година се смета за пресвртница во развојот на Црквата. ...

Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици. Статистиката покажува пад на бројот на склучени бракови и раст на разводите, додека наталитетот останува низок. Државниот завод за статистика (ДЗС) објави загрижувачки податоци за третото тримесечје од 2025 година (јули–септември). Склучени бракови: 3.514, што е намалување од 2,8% во споредба со истиот период лани. Разводи: 470, што претставува зголемување од 27,7% во однос на ...

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираат дека во текот на денешниот ден одржале прес конференција каде информирале за сите досега превземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска Клиника) кои се во постојана комуникација и координација како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа. Од таму посочуваат дека бројот на земени примероци и пристигнати материјали е ...

Традиционалното пријателство, меѓусебната поддршка и разбирање и заедничкaта стратешка цел за членството во ЕУ ги карактеризираат македонско-црногорските односи. Разговаравме за европската перспектива на Западниот Балкан, предизвиците со коишто се соочува секоја од земјите на интегративниот пат, како и за можностите за нивно надминување. Ја потенцирав важноста на регионалната соработка и на градењето добрососедски односи со отворен и искрен ...

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за МИА изјави дека судењето за случајот „Тенк“ било фарса, споредувајќи го со Нирнбершките процеси и судењата за време на Информбирото. „Почитувањето на процесните правила, доказите и материјалното право беа на значително пониско ниво од она што го имале Нирнбершките процеси, па дури и од судењата за време на Информбирото“, вели ексминистерката. Нирнбершките ...

Од 17 до 23 ноември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, од страна на Министерството за внатрешни работи, а по повод Европската недела за спроведување на акциски контроли насочени кон товарните возила и автобуси кои учествуваат во сообраќајот на патиштата, беа вршени интензивни проверки на патиштата ширум државата. Фокусот на акцијата беше насочен кон техничката исправност на возилата, управување ...

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, оствари работна средба со амбасадорот на Австралија во Македонија, Н.Е. Петер Трусвел. На средбата беа потенцирани пријателските односи меѓу двете држави, како и заедничката подготвеност за унапредување на соработката во областа на безбедноста и борбата против организираниот криминал. Притоа беше нагласена важноста од размена на искуства и добри практики меѓу институциите, особено во ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
70%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
56%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Бакар

12.12

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04