Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 31.08.2025 околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода. При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на ...
По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го посетат ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода. -За мене претставува огромно задоволство и чест што можам денеска да застанам пред вас и ќе упратам три пораки кои за мене се важни, но и за сите вас. Можеби за првпат после седум години учениците за првиот училишен ден ќе ги имаат учебниците ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во интервју за РСЕ вели дека преку катастарот треба да се олесни идентификацијата на граѓаните кои првпат купуваат стан, а од 2026 најавува законски измени за пониски банкарски провизии. Господине Славески, неделава најавивте мерки против инфлацијата, меѓутоа зошто се уште имаме повисока инфлација во однос на Еврозоната? Факт е дека инфлацијата во еврозоната или дезинфлацијата оди побрзо до што во ...
Одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да признае палестинска држава, што предизвика слични потези од другите западни земји, ги налути Израел и неговиот сојузник САД, враќајќи го решението за две држави во срцето на дипломатските напори за ставање крај на разорната војна во Газа, јавува новинската агенција Асошиетет прес. Во писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела, Макрон напиша дека „нашата решеност да го ...
Папата Лав XIV во неделата ја осуди „пандемијата на оружје, големо и мало“, додека јавно се молеше за жртвите од пукањето за време на миса во католичко училиште во Соединетите Американски Држави. Првиот американски папа во историјата зборуваше на англиски јазик додека апелираше за крај на „логиката на оружјето“ и за преовладување на културата на братство, за време на неговиот благослов во недела напладне. „Нашите молитви за жртвите од ...
Рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нарендра Моди и други лидери од Шангајската организација за соработка (ШОС) присуствуваат на дводневен самит во Кина, каде што Си Џинпинг ќе има за цел да ја усоврши својата визија за алтернативен светски поредок. Повеќе од 20 лидери се собираат во северниот пристанишен град Тјанџин од 31 август до 1 септември, додека Кина е домаќин на годишниот самит на блокот за да разговараат за прашања ...
Територијата на нашата Република Македонија во текот на оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, токму ова ќе услови повторно да имаме значително повисоки температури на воздухот кои ќе бидат натпросечно високи, но сепак, тие ќе бидат значително по умерено високи и по издржливи што е нормално за овој период од годината и тоа поради тоа што полека но сигурно наближуваме во есенскиот период од годината кога денот е се ...
Синоќа на пригодна свеченост беа доделени наградите на маратонците кои пливаа на 38. издание на Охридскиот пливачки маратон. Согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот. Во машка конкуренција тројца пливачи имаа исто време и беа прогласени за победници: Матео Фурлан и Федерико Тамборино од Италија и аргентинецот Матијас Диас Хернандес. Во женска конкуренција водечка во времето на прекинот ...
Семејството Апак од Силиври, Истанбул, својата куќа ја претвори во вистинско засолниште за различни видови животни, давајќи им дом и грижа на оние што се напуштени или повредени, јавува Анадолу. Семејството, кое живее во куќа со голем двор, базен и вештачко езерце, секојдневно го дели просторот со овие животни, вклучувајќи ги во своите активности и рутина. Животните имаат слободен пристап во домот, а најмногу уживаат во играта во езерцето и ...
ВЕЛЕС (АА) – АИДА ЦАКО – Велес, град со богата традиција на грнчарството, денес има само тројца активни мајстори, а овој занает, кој некогаш бил препознатлив белег на градот, е пред исчезнување. Гоце Станчев (45), еден од последните велешки грнчари, се труди да ја оживее и зачува оваа древна вештина и заедно со сопругата работи неуморно за да ја одржи традицијата жива. „Мојата љубов кон грнчарството е многу случајна и може да кажам многу ...
Со седум гласа наспроти четири, судиите пресудија дека американскиот претседател Доналд Трамп немал право да воведува царини на многу земји низ целиот свет. Тие го „распарчија“ неговиот аргумент дека трговскиот дефицит или дури и шверцот со дрога претставуваат вонредна состојба против која тој може да воведува царини. Според апелацискиот суд, само Конгресот има вакво овластување. Нил Катијал е воодушевен. Тој застапува дел од тужителите, ...
Во текот на денешниот ден (недела 31 август) во нашата Република Македонија ќе имаме постепена стабилизација на времето и намалување на облачноста. Сепак, ќе биде значително посвежо за разлика од изминатите денови и тоа поради продорот на значително посвежа воздушна маса која продира од север. Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Во Скопје и околината исто така следува ...
Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“ во контекст на евроинтеграциите, за ако има ново вето, да се стави крај на преговорите. Филипче во ТВ интервју изјави дека пратениците во Собранието треба да донесат заедничка резолуција за евроинтеграциите со „црвени линии“ и дека доколку се повтори вето од Бугарија да се ...
Владата зголемувањето на инфлацијата го припишува на услугите и засилената домашна побарувачка, но најавува претпазливост со носење мерки. Дел економисти, пак, предупредуваат дека досегашните потези се недоволни и дека нема друго решение освен повторно замрзнување на цените. Инфлацијата расте, а Владата причините ги гледа во поскапувањата во рестораните, транспортот и услугите, засилени од повисоките плати и пензии. И додека премиерот Христијан ...
Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје настана пожар, при што и покрај неповолните временски услови, од страна на полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита, преземени се мерки и активности со цел спречување на ширење на истиот и зафаќање на моторни возила и објекти како и лизгалиштето што ...
Од почетокот на годинава, како и во претходните два квартали од минатата година, Македонија бележи континуиран раст на бруто домашниот производ (БДП), кој е еден од највисоките во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Кавадарци и нагласи дека позитивните резултати има во сите главни економски сектори, посочувајќи континуиран раст во земјоделството, туризмот, извозот и индустриското производство. Првиот месец од ...
Во рамките на 4. Глобален младински самит во Казан се одржа сесија за персонализирано и инклузивно учење на која експертите дискутираа за улогата на вештачката интелигенција во образованието и нејзините потенцијални придобивки и предизвици, јавува Анадолу. Сесијата, модерирана од директорката на Младинскиот центар „Селет“, Ајѓул Габдрахманова, ги собра меѓународните специјалисти за да истражат како дигиталните технологии може да создадат ...
Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која е поврзана со циклонската активност со центар над Џеновскиот залив, денес попладне (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (недела 31 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо и нестабилно со повремени поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Локално ...
Повеќе од 800 лица се егзекутирани во Иран оваа година, соопштија денес Обединетите Нации (ОН), осудувајќи го „систематскиот модел на употреба на смртната казна од страна на државата како средство за заплашување“. Канцеларијата за човекови права на ОН објави дека имало „значително зголемување на бројот на егзекуции во текот на првата половина од 2025 година“. „Иранските власти егзекутираа најмалку 841 лице од почетокот на годината до 28 август ...
Вкупно 13 независни кандидати за градоначалници до вчера (28 август) почнале да бараат поддршка од граѓаните преку собирање на потписи. По еден кандидат има во Македонска Каменица, Куманово, Охрид, Дебарца, Дебар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и еден е кандидат за Град Скопје. Сите кандидати ја подигнале својата кандидатура освен во Куманово каде постапката на собирање потписи е се уште во тек, стои ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државава почнува активности поврзани со проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тој посочи дека ова следува откако биле отстранети пречките од минататото и откако Владата донесе одука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект. „Третата фаза е во процес на развивање, битно е дека сите пречки од минатото ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска оствари работни посети со раководствата на СВР Охрид и ОВР Кичево. Целта на посетите е унапредување на сигурноста и заштитата на граѓаните а полициската да остане цврст и доверлив партнер во битката со сите видови на прекршувања и криминал. „Разговаравме за сите аспекти од секојдневното полициско постапување, со осврт на борбата против криминалните појави на ова ...
Графитите на камените блокови во Ландерс, што се наоѓаат во пустината Мохаве во американската сојузна држава Калифорнија, го привлекуваат вниманието на посетителите, јавува Анадолу. Областа, каде што големите карпести формации среде пустината се покриени со шарени натписи и слики, стана популарна дестинација и за ентузијастите на фотографијата и за патниците. Овие формации, некогаш популарни кај алпинистите, сега се покриени со исцртани графити ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на ЈПДП, Коце Трајановски денеска извршија увид во градежните активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“. Македонија се гради како никогаш досега, низ државата има повеќе од 1200 градилишта, нешто што досега не се случило, повеќе од половина милијарда само средства финансирани од централниот буџет кон ...
Денеска (29 август), израелската армија го прогласи градот Газа за „опасна борбена зона“ во која „тактичката пауза“ повеќе не е на сила, но не упати повик до населението веднаш да се евакуира. Оваа дневна „локална тактичка пауза“ беше прогласена на крајот на јули за градот Газа и другите области на Појасот Газа, како што изјави армијата, за да „овозможи безбедно поминување на конвои на ОН“ и хуманитарни невладини организации до палестинската ...
Медицинска опрема и материјали вредни над 6,7 милиони евра пристигнале како донации во македонското јавно здравство во последната година. Овие донации ги добиле 85 установи, покажуваат податоците што ги објави ресорното министерство. Додека со донациите се опремуваат и хируршки сали и канцеларии, во дел од тоалетите нема ниту сапун, ниту врати. „Секое дете заслужува шанса и затоа нашата помош ќе оди кај малите херои. Обезбедуваме донација за ...
Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, вчеравечер на улица „Македонија“ присуствуваше на промоцијата на 16-те пливачи од 6 земји кои во сабота ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон. -По толку изминато време од врвните водени походи на легендарните Климе Савин, Нико Нестор, Дики и Атина Бојаџи, Охридското Езеро останува една од најпрестижните светски водени сцени за најпознатите пливачки асови. Во изминативе 70 ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Ќ. вработен како самостоен инспектор-главен дежурен во ДОЦ во РЦ за ГР Исток, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ по член 251 став 1 и став ...
До средата (27 август)немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, по наводите за кардиохирургот Сашко Кедев за можни непотребни хируршки зафати. „Ние повторно ги повикуваме сите пациенти кои се сомневаат, без разлика дали имаат материјали и документи или не, бидејќи најголем дел документите се чуваат во архивите на болниците, да поднесат ...
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон недела (31 август) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град. И во Скопје и ...