Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Топлотен бран зафати големи делови од Европа. Според извештај на стручниот магазин „Лансет“, бројот на смртни случаи поврзани со екстремни горештини се зголемил речиси низ целиот континент. При температури околу 40 степени Целзиусови, во главниот град на Франција, Париз, за време на музичкиот фестивал „Fête de la musique”, на јавни места беше забранета консумација на алкохол. Самата жештина претставува огромно оптоварување за организмот. А ...
Децении по завршувањето на Студената војна во 1989 година, одбраната не беше висок приоритет за европските лидери. Воените трошоци беа намалени, вооружените сили беа намалени, а залихите на опрема беа исцрпени, што резултираше со намалена борбена готовност. Меѓутоа, руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година послужи како повик за будење и ги поттикна европските влади да ја променат насоката и да се фокусираат на одбраната. ...
Бугарскиот амбасадор во Северна Македонија во вторникот (23 јуни) бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), каде што било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста, поврзана со патувањето во Пампорово на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, за случајот се информирани и претставници на стратешките партнери, како и на НАТО. ...
Нестабилноста и циклонската активност со центар над Турција која ја зафати територијата на Македонија во изминатите два дена и донесе посилно невреме на повеќе места кај нас полека слабее и нестабилноста кај нас полека се намалува. Сепак и овие два дена, четврток и петок 25/26 јуни, по сончевото и топло претпладне, сепак во попладневните часови ќе се развиваат локални конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг мисијата на земјата за статусот на WBIF портфолиото во земјава. На состанокот на којшто присуствуваа високи претставници на министерства и институции, се дискутираше за Индикативната листа на проекти во рамки на Реформската ...
Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, ...
Министерството за дигитална трансформација и ФИНКИ денес официјално го означија почетокот на проектот „Везилка“ – првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, кој ќе претставува клучна национална инфраструктура за развој на знаење, иновации и примена на вештачката интелигенција.Проектот се реализира како стратешко партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската ...
Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот води, министерот ја истакна изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки инфраструктурен проект во државата, поддржан од Европската ...
Министерството за европски прашања беше домаќин на состанокот на високо ниво со кој започна Мониторинг мисијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) во Северна Македонија, со учество на претставници на Европската комисија, Делегацијата на Европската Унија, меѓународните финансиски институции, ресорните министерства и институциите задолжени за спроведување на проектите. Во своето воведно обраќање, Првиот заменик-претседател на ...
Под покровителсто на Општина Охрид, а во организација на „Крафт продукција“ утревечер во градов започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival. Тридневниот настан кој нуди вина од земјава и Светот, вкусни јадења и богата културно уметничка програма ќе се одржува на платото на кеј Македонија пред хотелот Палас со почеток во 20:00 часот. На денешната средба со новинарите Претседателот на Советот на општина Охрид Перчо Божиноски зборуваше за ...
Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден ...
Бранот на екстремни жештини во Франција од четврток наваму однесе најмалку 40 животи поради давење при капење. Жртвите, според изјавата на премиерот Себастијан Лекорну во вторникот, во најголем дел се млади лица. Министерката за спорт Марина Ферари предупреди дека луѓето, барајќи разладување, не треба да влегуваат во необезбедени или опасни води, како што се канали и реки. Во меѓувреме, во југоисточниот град Карпентра, две деца на возраст од ...
Универзитетската клиника Хамбург-Епендорф (УKE) е добро подготвена: во нејзиниот двор има многу стари дрвја, преку улицата се наоѓа парк, а на некои згради се извишуваат диви лози или бршлен по фасадите. Сето тоа помага против топлината. Пред сѐ, дрвјата ја ладат околината со својата сенка и со испарувањето на водата се одзема топлината од воздухот. И растенијата на фасадите имаат ефект на ладење и спречуваат топлите зраци на сонцето да ...
Полска и Украина долго време се најблиски сојузници. Политичката и воената поддршка од Полска во голема мерка придонесоа Украина успешно да се одбрани на почетокот на руската инвазија која започна во февруари 2022 година. Но, повеќемесечниот спор околу минатото сега ги турка двете соседни земји во подлабока криза. Во петокот вечерта (19 јуни), полскиот претседател Карол Навроцки објави на платформата X дека му го одзема на украинскиот ...
Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем. И покрај зголемените приходи, во 2024 година тие не го покриваат растот на расходите за пензии, поради што продолжуваат трансферите од државниот буџет, кои учествуваат со 36,71% во вкупните приходи на ПИОМ. Државниот завод за ревизија спроведе ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ...
Денеска (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен. На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката ...
Територијата на Македонија и денес среда, 24 јуни останува да биде под влијание на циклонска активност со центар над Турција. Во ваква ситуација атмосферата ќе биде многу нестабилна и времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на многу места со честа појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата која е многу загреана, локално атмосферските процеси ќе бидат интензивни и ќе има појава на ...
И по осум години од истекот на рокот за електраните во Западен Балкан да ги исполнат стандардите со кои ќе се спречи загадувањето на воздухот, обврските постојат на хартија, но реалноста е поинаква. Загадувањето останува и понатаму високо, а во одредени делови и се зголемува. Според најновиот извештај на Бенквоч – „Усогласување или затворање“, емисиите на сулфур диоксид (SO₂) се значително над дозволеното, додека загадувањето со прашина ...
На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.06.2026 во 16:25 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.И.(37) од Кочани. При ...
На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На ...
На 23.06.2026 година, Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во Скопје, во хотел „Холидеј Ин“, го организираше Годишниот состанок на Таск форс единицата за економски и компјутерски криминал на СЕЛЕК Центарот. На состанокот присуствуваа претставници од сите 11 држави од Југоисточна Европа членки на СЕЛЕК, како и претставници на Интерпол и ФБИ, кои се оперативни партнери во борбата против финансискиот и ...
📢 НОВ ТЕСТ ОД КРВ ШТО МОЖЕ ПОРАНО ДА ГО ОТКРИЕ ВРАЌАЊЕТО НА РАКОТ ❓Може ли едноставен тест од крв да покаже дали ракот се враќа уште пред да се види на скен? Денес на Универзитетската клиника за урологија беше презентирана новата метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, дури и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени. ...
Наместо да се справуваме со последиците од долгогодишните проблеми, во изминатите две години започнавме системски да ги решаваме нивните причини и да создаваме услови за долгорочен развој на општините и регионите, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински презентирајќи ги резултатите од работата на Министерството. „Работата на Министерството за локална самоуправа поретко е во центарот на вниманието на јавноста, затоа што ...
Министерството за дигитална трансформација е рангирано на прво место во мерењето на Индексот на квалитет на институциите од јавниот сектор за 2025 година. Признанието беше доделено на настан организиран од Министерството за јавна администрација, согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека ова признание претставува чест, но ...
Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се обезбедуваат дополнителни средства за реализација на развојните приоритети на државата. Како што кажа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, ребалансот е подготвен во услови на зголемена ...
„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови ...
На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, проф. Д-р ...
Циклонски систем со центар над Турција во деновите вторник и среда (23/24 јуни) во Македонија атмосферата ќе ја одржува многу нестабилна и често ќе има појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата и поради тоа што истата е загреана локално процесите ќе бидат интензивни и ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски ...
Денеска (23.06.2026), во Струмица, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, со поклон и положување цвеќе им оддаде почит на македонските херои Атанас Јанев и Кољо Китанов, по повод 25-годишнината од нивната херојска жртва. Беше истакнато дека нивната жртва, дадена во одбрана на татковината, нејзиниот суверенитет и институции, останува симбол на храброст, чест и пожртвуваност, како и траен аманет за идните генерации да ги ...