Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
За време на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија посочив дека за Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена. Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно добро владеење, чиста енергија, ...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП ја предаде својата донација – најсовремена медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, на Светскиот ден на детето, 20 ноември. Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за младите пациенти, бидејќи секое дете заслужува најдобар можен ...
Ова е најголемиот настан што Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање – меѓународен политички собир со огромно значење, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој потсети дека Меѓународната демократска унија е најголемото глобално семејство на центар-десни, конзервативни и центар политички партии, а нејзиниот подмладок е најголемата политичка младинска организација што ги застапува овие идеи. ...
Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше ...
Кремљ го предупреди украинскиот лидер Володимир Зеленски да влезе во преговори „сега“ или да изгуби повеќе територија откако САД му испратија на Киев мировен предлог, почитувајќи многу од барањата на Москва. „Ефикасната работа на руските вооружени сили треба да го убеди Зеленски: подобро е да се преговара и да се направи тоа сега отколку подоцна“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Просторот за слобода на донесување одлуки се намалува ...
Нерешените билатерални прашања меѓу членките од ЕУ и земјите кои не се членки на Унијата треба да се решаваат билатерално и тие не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство, се наведува во Предлог-извештајот за Стратегијата на ЕУ за проширувањето на Европскиот парламент, во кој се потенцира дека некои од државите кои се стремат да се приклучат кон блокот веќе со години имаат статус ...
Јавната Установа Национален Парк „Маврово“, согласно своите надлежности, годишната програма за работа и плановите за управување со природните ресурси, на 20.11.2025 (четврток) успешно го спроведе есенското порибување на водите на територијата на паркот. Ова е редовна и планирана активност преку која се обезбедува континуитет во грижата за рибниот фонд и биодиверзитетот на паркот. Главната цел е да се подобри состојбата и разновидноста на ...
Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија. Ова е пораката на премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера на покана на македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствуваше на отворањето на новата канцеларија на здружениете, придружуван од Генералниот секретар на партијата Ѓоргија ...
На 20.11.2025 во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е.(40) од Ресен. При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава ...
Денес присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за ...
Денес (Петок 21 Ноември) целата територијата на нашата Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силниот ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Локално за 24 часа повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 30 литри дожд. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. Токму поради ваквата состојба апелирам возачите ...
Тажна вест попладнево, четврток 20.11.2025 осамна на социјалните мрежи. Почина македонската фолк пејачка Небахат Бади Бекир. Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапувала со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац. По објавувањето на денешната тажна вест се огласи и Росана, која откри дека Бади боледувала од најтешката болест. ...
Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија, на покана на Македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствувавме на отворање на новата канцеларија на ова здружение. Пред присутните ја нагласив и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на ...
Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, денеска (20.11.2025) преземаа активности на неколку локации низ државата, при што лишени од слобода се осум лица. ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривични пријави против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”, од кои осум се денеска лишени, а тројца се ...
Денес, во просториите на Секторот за внатрешни работи Битола, беше пуштена во употреба нова специјализирана просторија за работа со деца и други ранливи категории лица. Активноста е реализирана во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“, поддржана од Владата на Кралството Шведска и Шведската агенција за меѓународен развој – СИДА, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот присуствуваа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да се сретне со високи претставници на Министерството за одбрана на САД во Киев на 20 ноември, поради извештаите дека Москва и Вашингтон изготвиле мировен план кој предвидува големи отстапки од Украина. Според новите предлози, за кои се вели дека се изготвени од Соединетите Американски Држави со цел да се запре војната во Украина, Киев треба да се откаже од дел од својата територија и оружје, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот за објавување на судските акти во случајот на починатиот сексуален престапник Џефри Епстин. Републиканецот го објави ова на платформата Truth Social. Сенатот на САД едногласно го одобри законот еден ден претходно, откако Претставничкиот дом гласаше „за“ со 427 „за“ и 1 „против“, но потписот на Трамп беше потребен за законот да стапи на сила. Претседателот се спротивставуваше на ...
Кибер актерите со седиште во Кина постојано ги компромитираат мрежите на големите американски и глобални телекомуникациски провајдери за да спроведуваат широки кампањи за кибер шпионажа, соопшти американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа. „Со оглед на значителната големина и обем на злонамерните кибер активности на Кина, Владата на Соединетите Држави работи со сојузниците и другите за проширување на капацитетите за кибер безбедност ...
Европската Унија разгледува три опции за задоволување на финансиските потреби на Украина, вклучувајќи заем со користење на замрзнати руски средства, за следната година и годината потоа, додека блокот се обидува да помогне во ублажувањето на ефектите од намалувањето на поддршката на САД за Киев. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 17 ноември ги наведе трите опции со кои се соочува блокот за да обезбеди финансирање за ...
Министерството за внатрешни работи со свои претставници учествуваше на денешниот настан „Заштита на медиумските работници – на терен и во онлајн сферата“, организиран од Здружението на новинари на Македонија и Фондацијата „Фридрих Еберт“, со учество на медиумски работници, Јавното обвинителство, АВМУ, Европска Федерација на новинари и претставници на институциите. На настанот беше истакната клучната улога на медиумските работници во ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денес го предводеше македонскиот тим на регионалниот стратешки состанок одржан во Тирана, Албанија, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство. Фокусот на состанокот беше насочен кон справување со предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, дејствувањето на организираните ...
Британската влада испрати предупредување до Кремљ откако соопшти дека руски воен брод влегол во британски води и насочил ласери кон британските пилоти. Министерот за одбрана Џон Хили денеска (19 ноември)изјави дека бродот „влегол“ во британските води по втор пат оваа година, по претходниот упад во јануари. „Јантар“ е на работ на британските води, северно од Шкотска, откако влезе во пошироките води на Велика Британија во последните неколку ...
Судски процес за трагедијата во Кочани Започна судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој однесе 63 животи и повреди над 200 лица. Овој настан ја потресе целата држава и отвори сериозни прашања за безбедноста, одговорноста и корупцијата во институциите. Судењето се одржува во големата дигитализирана судница при КПУ „Идризово“ во Скопје. Со полициски комбиња беа донесени неколкумина од обвинетите кои се во притвор. Пред ...
Општина Охрид, во рамки на Проектот “RECIRCLE MED”, кој го имплементира во рамки на Европската програма INTERREG EURO MED, организира Работилница за локална мобилизација и Форум за Западен Балкан на 3 и 4 декември 2025 година. Охрид е реномирана туристичка дестинација со значително искуство и силна посветеност на одржливиот развој, особено во заштитата на животната средина и управувањето со туризмот. Како една од дестинациите што ќе развива и ...
Синдикатите против Владата – кој е во право? Деновиве повторно се отвори дебатата околу растот на минималната плата. Министерот за економија Бесар Дурмиши предупредува дека брзите и економски неоправдани зголемувања би ги погодиле малите компании, предизвикувајќи отпуштања и инфлаторни притисоци. Од друга страна, ССМ излезе со анализа која го покажува спротивното. ССМ: Зголемувањето на платите носи нови фирми, не затворања „Зголемувањето на ...
РЦУК – Куманово известува дека од ЕЛС Старо Нагоричане е добиена информација дека на подрачјето на с. Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и на локацијата кај бања Стрновац, реката Пчиња се има излеано од своето речно корито за околу 20 сантиметри. Во моментот, излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, кое го отежнува нормалниот проток на реката ...
Како продолжение на активностите за развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за менторство за почетници во бизнис и постојни претпријатија управувани од жени. Обуката е втора фаза од спроведувањето на поддршката за жени-претприемачи. Во оваа фаза учествуваа жените кои претходно добија сертификати на Обуката за претприемништво и стекнаа предуслови да продолжат со дополнителен ...
Соседите сведочеле дека куче се чува во крајно нехумани услови, надлежните го одземаа од сопственикот. По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка”, спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови. Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, ...
Покрај новинарските екипи еден час пред почетокот на судењето пред новата судница во Идризово се дојдени роднини и семејства на загинатите. Молкум ги гледаат полициските комбиња во кои пристигнуваат обвинетите. Обвинението, поднесено во јуни годинава, опфаќа 34 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност. Меѓу нив се тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица директори на Дирекцијата за заштита и ...
Еден свеж зимски ден во јануари 2013 година Јасер пристига на работа. Како помошник готвач во хотелски ресторан, Јасер има полни раце работа подготвувајќи свадбена гозба. Ваџиха е таму за прославата на големиот ден на нејзината братучетка, ужива во храната, музиката и свеченостите. На само 18 години, таа никогаш не размислувала за брак. Но, таа ноќ, на пат кон дома, го доживува она што подоцна ќе го опише како „најубавата“ случајност. Како што ...