Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради дефект на приклучна цевка на ул. Методија Андонов Ченто 69, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Среќко Пужалка и Товарник. Водоснабдувањето е прекинато во 10:40 часот, а водата повторно ќе биде пуштена по завршувањето на санацијата на дефектот. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради дефект на приклучна цевка на ул. Методија Андонов Ченто 69, прекинато ...
Европските влади го засилуваат притисокот врз Европската Унија да именува посебен претставник за односи со Русија, кој би ги застапувал интересите на ЕУ во евентуални мировни преговори за руско-украинскиот судир. Според „Политико“, иницијативата има цел да ги спречи САД да постигнат договор со Москва, без учество и влијание на Брисел. Според неименувани дипломати, предлогот е поддржан од Европската комисија, како и од повеќе земји членки на ...
Гренланд, најголемиот остров на Земјата, има повеќе природни ресурси од кое било друго место во светот. Во овој миг, сите активности за рударство и вадење ресурси се строго регулирани од гренландската Влада преку сеопфатна правна рамка што датира од 1970-тите. Како што пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert), Гренланд е посебно место на Земјата коешто од неодамна повторно е во средиштето на вниманието поради геополитичките превирања. Без ...
Членките на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС како општествено одговорни компании, во интерес на заштита на сите граѓани, а особено младите кои се најфреквентни корисници на социјалните медиуми, во согласност со позитивните законски прописи ја известуваме јавноста за следното: Почитувани, Веќе подолг временски период на социјалните мрежи масовно циркулираат лажно креирани дигитални вести кои во суштина се онлајн измама која ...
Најмалку 22 лица загинаа во Тајланд откако кран се урна врз возна североистокот од земјата. Според локалните власти, веројатно има уште тела под урнатините. Повредени се околу 80 лица. Возот превезувал 195 патници и персонал во времето на несреќата. Возот, кој патувал од главниот град Бангкок до североисточната покраина Убон Рачатани, излетал од шините откако градежен кран што работел на брза линија паднал врз еден од неговите вагони. За ...
Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година. -Денес сум цврсто убеден дека Путин го планираше својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа, истакна Шолц. Тој додаде дека Путин можеше да ги реализира сериозните барања, како што е одбивање на членството на Украина во НАТО или распоредување на ...
Грчките земјоделци се во конфронтација меѓусебно, откако не го добија очекуваното од владата на Грција. Секако, блокадите на патиштата и граничните премини ќе продолжат и денес, иако демонстрантите не ги добија посакуваните побарувања од владата. Преговорите со премиерот вчера не дадоа никакви резултати, велат земјоделците. Тие не добија зголемување на субвенциите ниту намалување на акцизата за горивата. Владата тврди дека „фискалните ...
Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 122:116 на гостински терен. Џамал Мареј собра 35 поени и девет асистенции, а Пејтон Вотсон имаше 31 поен и седум скока за Денвер, чија четврта победа во последните пет натпревари. Треј Марфи III ги предводеше Пеликанс во поразот со 31 поен. Садик Беј додаде 17 поени, а Џордан Пул имаше 16 од клупата за Пеликанс, кои загубија 11 од последните 12 натпревари. Последниот кош на Марфи го израмни ...
Повеќе од 300 припадници на лондонската полиција официјално потврдија дека членуваат во масонски ложи или други слични „хиерархиски здруженија“, откако минатиот месец стапи во сила новата обврска за пријавување на ваквите членства. Полицијата во британската престолнина во декември ја промени својата политика, барајќи од сите полициски службеници и цивилен персонал да го пријават своето минато или сегашно членство во организации кои се тајни, ...
Буџетскиот дефицит на федералната влада на САД во декември минатата година достигна рекордна сума од 145 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии. Ова претставува зголемување од 67 отсто, односно 58 милијарди долари повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Според извештајот, овој негативен тренд се должи на невообичаено високите трошоци предизвикани од промените во исплатата на ...
Претседателот на Парламентот на Венецуела, Хорхе Родригез изјави дека повеќе од 400 лица се ослободени од затвор, но организациите за заштита на човековите права тврдат дека нивниот број е многу помал односно од 60 до 70. Затворската управа на Венецуела пред два дена соопшти дека од затвор се ослободени 116 лица. Венецуелската невладина организација „Форо Пенал“ која пружа правна помош на притворените лица соопшти дека од почетокот на ...
Коалицијата ПП-ДБ, денеска го доби вториот мандат за формирање влада и го одби. Како што соопшти ко-претседателката на парламентарната група на коалиција, Надежда Јорданова. Втора најголема парламентарна група веќе објави дека веднаш ќе ја врати неисполнета. Ова го направи во понеделник и ГЕРБ-СДФ, која ја доби првата можност да формира нов кабинет во 51-то Народно собрание. Уставот предвидува и трета можност за формирање кабинет во сегашното ...
Цените на акциите благо пораснаа на европските берзи во среда претпладнето, достигнувајќи нови рекордни нивоа, но тргувањето беше претпазливо поради геополитичките тензии околу Гренланд. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во првиот претпладневен пресек од тргувањето, достигнувајќи ново рекордно ниво. Индексот FTSE во Лондон порасна за 0,32 отсто на 10.169 поени, додека DAX во Франкфурт се зголеми за 0,08 отсто ...
Најмногу снег утринава, со висина од 24 сантиметри, има на Попова Шапка. Во 7 часот утринава снежна покривка во висина од 14 сантиметри е измерена во Маврово, 13 во Крушево и 1 см во Тетово и во Ѓуриште. Онаму каде временските услови не создале доволно снег, тука се топовите за вештачки снег. Па така сите скијачки центри во Македонија се отворени и ги очекуваат љубителите на зимските спортови да ги посетат. Попова Шапка, Нижеполе, Крушево, ...
ЈП Водовод и Канализација соопшти дека денеска, среда, поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 8 часот завршување на работите, без вода ќе останат објектите на МНТ, Средното музичко училиште, Министерството за транспорт и врски, како и Управата за издавање матични книги. (општина Центар). ЈП Водовод и ...
На валутните пазари американскиот долар зајакна во раното претпладневно тргвуање во средата откако беше под притисок два дена поради конфликтот меѓу Белата куќа и Федералните резерви. Индексот на доларот, кој ја покажува изведбата на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,24 поени, додека вчера во истиот термински пресек од тргувањето изнесуваше 98,95 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на ...
Најмалку 2.571 лице е убиено во протестите во Иран, соопшти во средата американската група за човекови права HRANА, додека религиозните лидери на Исламската Република се соочуваат со најнасилниот бран незадоволство последниве години. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник ги повика Иранците „да продолжат да протестираат“, ветувајќи дека „помошта е на пат“. Иранските власти, пак, објавувајќи низа видео материјали како докази, ги ...
По голема борба што кулминираше со изведување на пенали, фудбалерите на Реал Сосиедад во вторникот вечерта ја победија Осасуна со вкупен резултат 6:5 и со тоа се пласираа во четвртфиналето на популарниот шпански куп Копа дел Реи односно Купот на кралот. Осасуна водеше со 2:0 до 75. минута. Поведе во четвртата минута со голот на Монкајола, а го зголеми водството кога Ојарзабал постигна автогол во 17. минута. Реал Сосиедад се врати резултатски ...
Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни ...
САД ќе реагираат „многу решително“ доколку иранските власти започнат со егзекуции на лица уапсени за време на протестите, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа претходно, во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“, Трамп порача дека нема намера да се сретне со претставници на иранските власти и ги охрабри демонстрантите, наведувајќи дека „помошта е на пат“. Коментарот уследи во време кога активисти тврдат ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата истакна дека е тешка ситуацијата во земјата. -Ситуацијата во моментов е тешка насекаде, но најтешка е на фронтот. Нападите продолжуваат. Како и одбраната на нашите позиции, истакна Зеленски. Поради руските напади врз украинскиот енергетски систем граѓаните немаат електрична енергија и греење, додека на фронтот, руската армија напредува кон југ и исток. ...
На њујоршки Волстрит берзанските индекси се лизнаа од рекордните нивоа во вторникот, главно поради падот на цените на акциите во финансискиот сектор. Индексот Dow Jones падна за 0,80 отсто на 49.191 поени, додека индексот S&P 500 се намали за 0,19 проценти на 6.963 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,10 отсто на 23.709 поени. Индексите Dow Jones и S&P 500 паднаа од рекордните нивоа, главно поради падот од 1,8 отсто на цените на ...
ЕВН Македонија АД соопшти дека денеска, среда, без електрична енергија ќе останат: • во периодот од 9 до 11 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски – Борче бр. 65 и околните станбени објекти околу него. (општина Центар) • во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ – Кун во близина на училиштето „Димитар Македонски“ (општина Аеродром). ЕВН Македонија АД соопшти дека денеска, среда, без електрична енергија ќе ...
Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, денеска попладне ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го носат името ...
Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој до 6:00 часот утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, 4 км пред патарината „Преод“, информира АМСМ. Сообраќајот и на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...
ОВЕН Денеска е добар момент да ја зајакнете вашата позиција и јасно да покажете дека се цените себеси. Не дозволувајте другите да ве потценуваат – вашиот став кон себе ќе го постави тонот за нивното однесување. Држете се подалеку од луѓе кои се обидуваат да ве контролираат, манипулираат или доминираат. Верувајте ѝ на вашата интуиција кога донесувате важни одлуки. БИК Денеска е добро внимателно да ја следите атмосферата на работа и да не се ...
Гренландскиот премиер изјави доцна во вторникот дека неговиот народ би ја избрал Данска пред САД доколку од него би се барало таква одлука да донесе „тука и сега“, објави BBC. Изјавата на Јенс-Фредерик Нилсен на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген е најсилната изјава од претставник на полуавтономната данска територија откако американскиот претседател Доналд Трамп го обнови својот план за нејзино ...
Во среда на територијата на Македониај ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринските температури се движат меѓу минус 10 и минус 3, додека највисоките дневн соодветно ќе бидат во интервалот од 3 до 10 Целзиусови сетпени. И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се ...
Во првото полуфинале од англискиот Лига куп, Манчестер Сити на гости го победи Њукасл Јунајтед со 2:0. Еден од хероите на победата на гости беше Семењо, играч кој пристигна во Сити како засилување од Борнмут за време на овој зимски преоден рок. Ганецот постигна гол за гостинскиот тим во 53. минута. Десет минути подоцна, Семењо повторно ја погоди мрежата на противникот, но тој гол беше поништен откако ВАР регистрираше офсајд. На самиот крај, ...
Детската агенција на Обединетите нации во вторникот соопшти дека повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот во октомври. „Повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот на почетокот на октомври“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, за новинарите на брифингот на ОН преку видео врска од Газа. „Преживувањето останува условно, и покрај тоа што бомбардирањето и пукањето се намалија за ...