Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 110 по што ...
Министерсот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека засега нема причини да се реагира и да се воведе ограничувње на цените на храната, затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Ќе се реагира ако дојде до енормно поскапување, вели Дурмиши. „Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на бруто профитната маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова ...
Доналд Трамп е единствениот светски лидер способен да го спречи Владимир Путин да ја загрози Европа, тврди полскиот претседател Карол Навроцки. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека на рускиот лидер не треба да му се верува, туку дека Европа мора да направи сè што може за да го поддржи американскиот претседател во неговите напори да ја заврши војната во Украина. Навроцки веќе беше добро познат како цврст поддржувач на Доналд Трамп, дури и ...
Во изминатиот период од страна на Град Скопје биле преземени засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведени редовни и вонредни надзори, се работело на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите. Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. ...
Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното здравје. Пред сè, со ваквото законско решение се обезбедува заштита на сите непушачи од пасивното дејство на тутунскиот чад, особено кај најранливите категории како што се децата и бремените жени, нагласи проф. д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Дополнително, се очекува значително намалување на ...
Судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена на 55-годишниот маж кој е осомничен за оштетувањето на стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, потврдија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. Притворот е одреден на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, кое вчера поведе постапка против лицето кое се гони за кривичното дело оштетување туѓи предмети. Обвинителството побара на осомничениот да му ...
За исплатата на „Мој ДДВ“ сè останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и таа ќе стартува во март годинава, информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. – За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, најголемиот дел од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, ...
Шефот на иранското правосудство Големхосен Мохсени-Ежеи најави брзи судења на притворените ирански демонстранти. – Ако сакаме да завршиме некоја работа, тоа треба да го направиме сега. Ако сакаме нешто да направиме, тоа мора брзо да го сториме, истакна Мохсени-Ежеи. #BREAKING | ईरान में आज प्रदर्शनकारी को फांसी देने की तैयारी, 26 साल के इरफान को दी जाएगी फांसी @romanaisarkhan | https://t.co/smwhXUROiK#IranProtests #IranianRevolution2026 #Iran ...
Само 17 отсто од Американците ги одобруваат заложбите на претседателот Доналд Трамп Соединетите држави да стекнат суверенитет над Гренланд, а значително мнозинство демократи и републиканци се противат на употребата на воена сила за анектирање на островот, според анкетата на Ipsos/Reuters. Дводневната анкета, која заврши во вторникoт, покажува „широка загриженост“ поради заканите на Трамп кон сојузникот на НАТО, Данска, во врска со Гренланд, ...
Доколку суверенитетот на европска земја и сојузник е загрозен, последиците би биле без преседан, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот во средата, алудирајќи на заложбите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон. „Доколку суверенитетот на европска земја и ...
Поранешен кандидат за амбасадор на САД во Србија, чија кандидатура беше повлечена, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти семејството. Поранешниот државен обвинител на Аризона, Марк Брновиќ, почина на 59-годишна возраст, соопшти семејството. Брновиќ, кој има српско потекло, е поранешен државен обвинител на Аризона. Брновиќ починал како последица на срцев удар, соопшти претставникот на семејството Кејти Конер на 13 јануари, објави ...
Овој потег е јасна потврда за динамиката што ја создаде шоуто уште пред да пристигне на македонска сцена. Настан кој ја носи автентичната естетика, прецизната сценска продукција и енергијата по кои K-POP спектаклите се препознатливи. Интересот не стивнува, побарувачката расте, а очекувањата се насочени кон целосно исполнета арена и атмосфера што ќе го запечати 28 февруари 2026 како еден од најмоќните и највпечатливи музички датуми што Скопје ...
Новиот закон против пушење претставува значаен чекор напред во заштитата на јавното здравје. Пред сè, со ваквото законско решение се обезбедува заштита на сите непушачи од пасивното дејство на тутунскиот чад, особено кај најранливите категории како што се децата и бремените жени, нагласи проф. д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. „Дополнително, се очекува значително намалување на ...
Франција ќе отвори конзулат во Гренланд на 6-ти февруари, објави во средата францускиот министер за надворешни работи, испраќајќи „политички сигнал“ по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на автономната данска територија. Одлуката за отворање на конзулатот беше донесена минатото лето, кога претседателот Емануел Макрон го посети островот, потсети Жан-Ноел Баро на радио RTL. „Јас самиот отидов таму на крајот на ...
Социјалната мрежа „Икс“ (X) од вчера повторно е достапна во Венецуела, по повеќе од една година откако беше блокирана од страна на соборениот претседател Николас Мадуро, кој беше заробен од американските сили на 3 јануари. Привремената претседателка Делси Родригез, која претходно ја извршуваше функцијата потпретседателка на Мадуро, го активираше својот налог на „Икс“ со порака до јавноста: „Го продолжуваме контактот преку овој канал. ...
Пехчево од синоќа слави! Радоста и возбудата се споделуваат со најновиот ВЛТ добитник, кој со едно играње стана дел од празничната магија што ги исполнува соништа. „2026 година ми започна навистина прекрасно. Сè уште сум возбуден и не можам да поверувам“, ни раскажа среќниот добитник. „Сега е време за радост. Немам конкретен план како ќе ги потрошам парите – сè уште ми делува нереално“, додаде тој со насмевка. РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивката во ...
Синоќа на градскиот плоштад во Чачак настапи српската пејачка Ана Бекута, но концертот наместо празнична атмосфера предизвика револт и незадоволство кај дел од граѓаните. Причината беше сумата од 4,5 милиони динари, односно околу 40 илјади евра, издвоена од градскиот буџет за нејзиниот настап, во време кога голем дел од Србија се соочува со сериозни проблеми поради обилните снежни врнежи и прекини во снабдувањето со електрична енергија. View ...
Техеран ги предупреди американските сојузници на Блискиот исток дека ќе нападне американски бази на нивна територија ако Вашингтон го нападне Иран, изјави во средата за Reuters висок ирански функционер, по заканите на претседателот Доналд Трамп дека ќе интервенира во поддршка на демонстрантите. Бројот на жртви во немирите во Иран се искачи на речиси 2.600, тврдат групите за човекови права со седишата во западните земји, додека клерот кој е на ...
Азиските земји и натаму доминираат на листата на најмоќни пасоши во светот, покажува најновиот извештај на Henley Passport Index, кој ги рангира државите според бројот дестинации достапни без виза. Според индексот, Сингапур е на првото место, со безвизен пристап до 192 од 227 дестинации. Јапонија и Јужна Кореја го делат второто место со пристап до 188 дестинации. Веднаш по нив следуваат европски земји: Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и ...
Во изминатиот период од страна на Град Скопје биле преземени засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведени редовни и вонредни надзори, се работело на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите. Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. ...
Новинарот на Канал 5, Александар Видиновски, на неговиот Фејсбук-профил се осврна на гнасната реалност на главниот град, укажувајќи овојпат на состојбата на Транспортен центар – расфрланите отпадоци под него, дупките на уличките, состојбата на Железничката станица, ГТЦ, центарот на Скопје. Издигната железничка станица, дело на еден од најдобрите светски архитекти, а сликата ужасна. „Немање елементарна љубов кон државата!“ сумира Видиновски во ...
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, денеска е во посета на Белата куќа во обид да ги смири тензиите околу Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со преземање контрола врз овој стратешки важен арктички остров. Откако се врати на должноста пред една година, Трамп во неколку наврати го разгледуваше преземањето на Гренланд од својот долгогодишен сојузник Данска. Неговите намери станаа ...
Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, во вторникот изјави дека надежите на Јужна Кореја за подобрени односи меѓу поделената нација е илузија којашто не може да се оствари, објави новинска агенција KCNA. Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер, која е челничка на владејачката партија на Северот, ги критикуваше коментарите што му се припишуваат на јужнокорејски функционер кој рече дека Сеул гледа можност за ...
Техеран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападне американските воени бази во тие држави со случај САД да го нападне Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel). Неименуван ирански висок претставник истакна дека Техеран барал од државите во регионот да влијаат врз Вашингтон и да спречат евентуален напад врз Иран. – Техеран им кажа на земјите во регионот, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека ...
Европските граѓани, чии навики за консумирање алкохол се меѓу највисоките во светот, го изложуваат своето здравје на ризик, додека владите веќе не ги користат даноците како алатка за ограничување на потрошувачката, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Во вчера објавениот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на ЕУ, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен во дури 17 држави. Посебно ...
Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушење се ефикасна алатка за луѓето кои се обидуваат да се откажат, покажа една студија. Научниците откриле дека апликациите дизајнирани да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето се особено ефикасни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушење. Но, дури и кога се користат како самостојна алатка, тие можат да бидат ефикасни во помагањето на луѓето да се откажат од ...
Актерот Кифер Сатерленд е е уапсен за напад врз возач во Холивуд. Наводно нападнал и му се заканил на возач на автомобил со кој се вршело „споделено возење“ во Холивуд, соопшти полицијата. Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека Сатерленд „влегол во автомобилот, физички го нападнал возачот и упатил криминалнизакани“ за време на инцидентот во понеделникот вечерта. Жртвата не е повредена, соопшти полицијата. 59-годишниот Сатерленд е ослободен ...
Според поранешниот прв спикер на Собранието, Трајко Вељаноски, и техничката влада и СЈО биле наметнати ад-хок механизми со политичка цел, кои донеле дисфункционалност наместо стабилен и правен систем и треба конечно да заминат во историјата, . Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата. Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со ...
За некои политички структури во Бугарија, Македонија е секогаш интересна тема за привлекување гласачи, но со отворање дебата за Македонија, тие само ги влошуваат односите, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски по ставовите од Софија поради неодамнешниот инцидент со кршењето на прозорците на вратите на влезот од Бугарската амбасада. Николовски, запрашан за односите со Бугарија, во вестите на Тв Сител рече дека ...