Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја прифатил поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе учествува на Самитот Украина-земји од Југоисточна Европа што ќе се одржи во Одеса, јавуваат извори од Атина. Мицотакис денеска телефонски разговарал со Зеленски, а како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, за време на разговорот „беа разгледани најновите случувања во Украина“. Паралелно, грчкиот премиерот ја прифати поканата од ...

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели. Градоначалникот, Александар Георгиевски им се заблагодари на граѓаните кои учествуваа на јавниот повик и истакна дека оваа година околу 60-тина домаќинства добија субвенции за клима уреди. Целта е да се стимулираат домаќинствата во ...

Премиерот Христијан Мицкоски со најголем дел од родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани се има видено и како што рече ќе продолжи да се гледа, разговара и ќе им се помогне на семејствата на повредните. -Апсолутно имаме организиран пристап и со родителите се видов, најголемиот дел од родителите и ќе продолжам да се гледам, да разговараме, да помагаме и за оние коишто се повредени и за оние коишто за жал ги загубија своите ...

Одлуката која ја донесе Управниот суд е конечна, правосилна и по напатствијата од истата треба да постапат Собранието и Судскиот совет, изјави денеска заменик министерот за правда Ален Деребан, одговорајќи на новинарско прашање како ќе се рефлектира одлуката на Управниот суд за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка. Потенцираше дека нема надлежност да ја преиспитува одлуката на Управниот суд, но останува на ставот дека ...

Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова за нов гувернер. -Тоа е одлука на претседателот на државата. Претседателката на државата го поднесува тој предлог, така што немам што да коментирам, рече Мицкоски. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера до Собранието ...

Во пресрет на 23 мај, Националниот ден на Власите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со делегацијата на Организациониот одбор за Националниот ден на Власите, предводена од неговиот претседател, Стерјо Папули. Истакнувајќи дека сме единствената држава во регионот, но и на светот, во чиј устав се наведени Власите и гарантирани нивните права, претставниците на Власите сметаат дека влашката заедница не е социјално загрозена, ...

Мостот на река Вардар кај Башино село изграден далечната 1971 година кој децении наназад опстојувал со видливи оштетувања поради негрижа и ненавремено санирање беше опасен по животот за нашите граѓани кои го секојдневно го поминуваат, и кој моравме извесно време и да го затвориме, веќе е во напредна фаза на санација и очекувам за еден месец од сега да биде повторно целосно функционален, информираше денеска преку социјалната мрежа на Фејсбук ...

„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков соопшти дека комисијата за Медитарански меѓународни театарски награди од Турција му доделила признание, наградата „Меѓународна награда Да за уметност“. -Со големо радост ја примив веста за укажана чест на реномираната комисија за Медитарански меѓународни театарски награди од Турција која ми го додели големото признание, наградата „Меѓународна награда Да за уметност“, објави на својот фејсбук профил ...

Сериозен инцидент се случи за време на спуштањето во морето на новиот севернокорејски воен брод, на кој присуствуваше и лидерот Ким Џонг-ун, што тој го нарече „криминален чин што не може да се толерира“, објави во државната новинска агенција KCNA. Ким, кој беше сведок на неуспешното лансирање на разурнувачот, ја осуди несреќата како „небрежност што го наруши достоинството на земјата“ и нареди бродот да биде обновен пред клучниот состанок на ...

Вишиот суд во Белград донесе пресуда во граѓанска постапка покрената од Т.С., оштетен наставник по историја во основното училиште „Владислав Рибникар“, против обвинетите Миљана Кецмановиќ и Владимир Кецмановиќ за надомест на нематеријална штета. По завршувањето на расправата на 25.4.2025 година, Вишиот суд во Белград донесе пресуда која, меѓу другото: Тужените Милјана Кецмановиќ и Владимир Кецмановиќ се задолжуваат солидарно да му исплатат на ...

– Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хамас се прелеа и во кулоарите на Европскиот парламент, каде дошло до „физичка пресметка“ меѓу европратеничка и парламентарна службеничка, и двете од Шведска, поврзана со случувањата во Појасот Газа, јави дописникот на МИА од Брисел. Според извори во ЕП, инцидентот се случил кога службеничката наводно и дофрлила на европратеничката забелешки околу нејзините ставови поврзани со Блискиот Исток, која на ...

Поројните поплави на југоисточниот брег на Австралија убија две лица, а десетици илјади жители останаа изолирани откако градовите беа отсечени, додека официјалните лица во четвртокот предупредија дека се очекуваат уште поројни дождови во следните 24 часа. Големи поплави погодија неколку рурални области во регионите Хантер и Средниот северн брег во Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, а поголемиот дел од регионот Среден северн брег ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија на сметката за средства од Фондот (737) за 2023 година изразува неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 ...

Реал Мадрид одлучи да не му понуди нов договор на Лука Модриќ. Ова е одлука на клубот, а не на новиот тренер Чаби Алонсо. Доколку ништо не се промени, Модриќ ќе го одигра својот последен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ како играч на Реал Мадрид во сабота против Реал Сосиедад во последното коло од Ла Лига. „Реал нема да објави ништо поврзано со заминувањето на Модриќ оваа недела, тие само ќе ја информираат јавноста во петок дека Карло Анчелоти ...

Во морскиот дел на 12 наутички милји југозападно од малиот грчки остров Гавдос биле откриени и спасени 47 мигранти, кои се пренесувале со чамец, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека мигрантите биле спасени од брод на Фронтекс, по што биле префрлени на патролен брод на грчката служба и безбедно пренесени на пристаништето на островот. Малиот остров Гавдос се наоѓа јужно од Крит и е најјужната точка на ...

Цените на акциите паднаа на европските берзи во четврток во претпладневното тргување, како и на њујоршки Волстрит претходниот ден, додека инвеститорите чекаат нови показатели за тоа колку воведувањето царини за увоз во САД влијаело на деловната активност во Европа. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,6 отсто во првиот претпладневен пресек од тргувањето. Во исто време, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,47 отсто, на 8.745 ...

Играчот на Оклахома Сити Тандер, Канаѓанецот Шај Гилџеус-Александер, е најкорисен играч во НБА, објави лигата. Гилџеус-Александер беше водечки стрелец во НБА првпат со 32,7 поени по натпревар и му се придружи на Мајкл Џордан како единствените играчи во историјата на лигата кои во просек постигнувале најмалку 30 поени по натпревар со 50 отсто прецизност во шутот и имале просек од најмалку пет скока, пет асистенции, 1,5 украдени топки и една ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со делегацијата на Уставниот суд на Република Хрватска, предводена од претседателот на судот, Мирослав Шепаровиќ, во придружба на претседателот на македонскиот Уставен суд, Дарко Костадиновски. Соговорниците оценија дека со оваа посета, којашто се реализира по дведецениска пауза, се обновува меѓусебната соработка што треба да продолжи, да се интензивира и продлабочи, заради размена на ...

Млада двојка пред веридба, двајцата вработени во израелската амбасада, беше застрелана додека си заминуваше од настан во Музејот на еврејско наследство Капитал во Вашингтон во среда вечерта, а осомничениот е 30-годишниот Елиас Родригез од Чикаго, кој сега е во притвор, соопштија официјални лица. Двајцата млади луѓе беа застрелани во делот од Вашингтон помеѓу 3-та и Ф улицата, на само два километра од Белата куќа. Шефицата на полицијата во ...

Вардар беше подобар противник, не создаде премногу прилики, меѓутоа имаше иницијатива и искористи две за голем триумф. Херојот беше Михаил Талевски кој прво во 26 минута имаше и малку среќа, па по едно нафрлување со колено ја смести топката во мрежата на Струга. Со предност од еден гол избраниците на Гоце Седлоски заминаа на полувремето. Ако при првиот гол го посака среќата, Талевски со вториот направи речиси се сам и по еден слалом со одличе ...

Полицијата презема решителни чекори за внатрешно чистење и сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата. Денес зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово. Неофицијалните информации велат дека акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации домови, возила, лични претреси, како и службени простории на МВР, вклучително и канцеларијата за странци ...

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека е „скршен“ од убиството на двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон. – Ова е гнасен чин на омраза, на антисемитизам, напиша тој на X. „Нашите срца се со најблиските на убиените, а нашите молитви се со повредените.“ Тој додаде дека ја испраќа својата „целосна поддршка“ на персоналот во амбасадата и е со еврејската заедница во САД. – Америка и Израел ќе останат обединети во одбрана на ...

Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа и биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот, јави Тајмс од Израел повикувајќи се на палестински медиуми. Во изминатите два дена, камиони влегуваа на палестинската страна на преминот Керем Шалом, но имаше доцнење во дистрибуцијата на помошта во рамките на Појасот. ОН вчера соопштија дека рутата што им ја понудиле ИДФ не е безбедна и дека се плашат од грабежи, поради што ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека безбедноста во израелските амбасади ширум светот ќе биде засилена, откако двајца вработени во израелската амбасада беа убиени во пукање пред настан во Еврејскиот музеј во Вашингтон. Во соопштение од неговиот кабинет, Нетанјаху вели дека е „шокиран од ужасното антисемитско убиство“, додавајќи дека бил информиран за деталите од израелскиот амбасадор во САД и од американската јавна обвинителка Пем ...

Како и изминатите денови, неизвесноста по прашањето околу американскиот јавен долг, влијаеше и во претпладневното тргување во четвртокот вредноста на доларот во однос на кошничката валути да падне на валутните пазари, четврти ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладневно се лизна на 99,55 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше ...

На Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Вторите Кирило-Методиеви научни средби“ во организација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Научните средби имаат цел за одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во контекст на зачувувањето и афирмирањето на ...

Најстарата и најголема високообразовна институција во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 76 години од своето основање. По тој повод, Универзитетот организира тридневна програма на настани кои ќе се одржат денеска, на 23 и 30 мај, како дел од чествувањето на јубилејот и патрониот празник – Денот на светите Кирил и Методиј. Свеченостите ќе почнат денеска со концерт на Академското културно-уметничко друштво ...

Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДС и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче ја игнорира јавноста, а со тоа покажува дека единствен фокус му е како да дојде до власт за повторно си делат провизии, тендери и да ги шират фамилијарните бизниси. Тендер тандемот Заев-Филипче молчи за потеклото ...

Кошаркарите на Индијана Пејсерс ги победија Њујорк Никс со 138:135 по продолжение синоќа во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк и поведоа со 1-0 во серијата. Њујорк Никс водеа со 17 поени разлика (111:94) во последните шест ипол минути од регуларното време. Никс имаа предност од 15 поени на нешто повеќе од четири минути до крајот на натпреварот, а водеа и со девет поени разлика на 58 ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
38%
1022
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
58%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
0.0
64%
1022
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1024
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
49%
1022
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
38%
1018
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
49%
1019
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
52%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
47%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.72
46%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62