
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти, ќе биде потпишан денеска во Лондон. Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, јави известувачот на МИА од Лондон. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, се обрати на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Говорници на сесијата беа: поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешниот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на ...
Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени по Рихтер го погоди грчкиот остров Крит во четврток наутро, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS). Жариштето на потресот е регистрирано на длабочина од 68,9 километри, а епицентарот бил околу 58 километри североисточно од градот Елунда, според американскиот геолошки институт. Неколку минути подоцна, следел афтершок со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала. Според информациите од Противпожарната ...
На њујоршки Волстрит цените на акциите остро паднаа во средата, додека приносите од државни обврзници се зголемија бидејќи јавниот долг би можел остро да се зголеми доколку Конгресот го поддржи предлогот на американската влада за намалување на даноците. Индексот Dow Jones падна за 1,91 отсто на 41.860 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,61 процент на 5.844 поени, а индексот Nasdaq падна за 1,41 отсто на 18.872 поени. Вчера, како и ...
Тотенхем Хотспур е победник на Лигата на Европа откако синоќа го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 во финалето во Билбао на стадионот „Сан Мамес“ пред 49.220 гледачи. Решавачкиот гол го постигна Бренан Џонсон во 42. минута. Тотенхем го освои ова натпреварување по третпат. Лондонскиот тим беше првиот победник на Купот на УЕФА во 1972 година, победувајќи го Вулверхемптон во два натпревара. Во првиот натпревар, Спарс победија со 2:1 како гости, а ...
Десетици луѓе беа повредени за време на протестот пред Конгресот на Аргентина во средата, каде што активисти и пензионирани Аргентинци бараа повисоки пензии. Телевизиските снимки покажаа постари демонстранти и активисти како пеат и скандираат додека безбедносните сили се пробиваат низ толпата во Буенос Аирес со штитови и палки. Протестот се одржа пред Конгресот, бидејќи пратениците не успеаја да постигнат кворум за неколку закони, вклучувајќи ги ...
ОВЕН Денеска може да ве обземе двоумење околу некои лични прашања. Не се затворајте во себеси, отворениот разговор ќе ви помогне да ја намалите напнатоста. Побарајте рамнотежа меѓу работните задачи и личните обврски. БИК Денеска е важно да се фокусирате на вашите долгорочни планови. Вашите постапки ќе имаат пошироко влијание отколку што претпоставувате. Изразувајте се внимателно, вашите зборови имаат моќ да ги променат расположенијата и ...
Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукоње за време на настан во Музејот на еврејското наследство на американскиот главен град Вашингтон во средата вечерта, според официјални лица и извештаи на медиумите. Маж и жена се сдмртно застрелани во областа на 3-та и Ф улица во северозападниот дел на градот, во близина на музеј, канцелариите на Федералното биро за истраги (FBI) и канцеларијата на американскиот обвинител. Според ...
Во четврток на територијата на Македонија ќе преовладвуа променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Утинските температури се движат меѓу 6 и 12, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 28 Целзиусови степени. и во Скопје иоколината денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде ...
Малолетно момче било физички нападнато од двајца свои соученици во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, а кои во инцидентот употребиле и нож, соопшти МВР. Нападот се случил околу 09.00 часот наутро, по претходно недоразбирање меѓу малолетниците, а случајот бил пријавен во СВР Скопје неколку часа подоцна, во 14.30 часот. „Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова официјално до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. „При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на ...
Вооружените сили на Украина ги користеле црквите во курскиот регион како упоришта за време на нивниот неуспешен упад, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој истакна дека многу од објектите претрпеле сериозни оштетувања за време на ослободувањето на регионот. По состанокот со раководителите на општините во курскиот регион во вторник, Путин ги повика локалните власти, вклучително и вршителот на должноста гувернер на Курск, Александар ...
Украинските гранични сили во средата објавија дека спречиле околу 49.000 лица опфатени со регрутацијата да избегаат од земјата, што е малку повеќе од поливината од силите со кои Русија ја започна инвазијата пред повеќе од три години. Околу 45.000 беа приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијален премин или за време на проверки во граничните области, изјави портпаролот на Државната гранична служба Андриј Демченко во онлајн ...
Пристапот „прекин на огнот, па ќе видиме“ во процесот на решавање на украинскиот конфликт повеќе нема да функционира, без оглед на тоа како францускиот лидер Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер хистерично се обидуваат да ги принудат САД да ги зајакнат антируските санкции, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, во својот говор на Руско-ерменскиот универзитет. Лавров потсети на ситуацијата со руско-украинските ...
„Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година. Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово. „Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во одморалиштето на МВР во Пониква ги пуштија во употреба реновираните спортски капацитети наменети за вежбовни активности на полициските службеници. „Со министерството за спорт неодамна потпишавме Меморандум за соработка со кој ќе ги надградиме, реновираме и унапредиме поголемиот дел од спортските капацитети на министерството за внатрешни ...
Возбудата започна. ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со неверојатниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС АМГ, влезе во зона на паѓање. Оваа фаза е дефинитивно една од најочекуваните, а можеби токму Вие ќе бидете следниот среќен добитник. ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ на ВЛТ е џекпот добивка од времен карактер, која може да се постигне само еднаш. Потребниот влог за постигнување на оваа добивка на видеолотариските терминали е 40 денари по спин, на која било игра. Сите ...
Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек е прогласена за најдобра практика во областа на човечките ресурси за 2024 година. Највисокото признание за најдобра HR практика, компанијата го доби на годинешното доделување на награди за најдобри практики во оваа област спроведено од страна на Македонската асоцијација за човечки ресурси, преку непосредно гласање. Реплек во изминатите години ги интензивираше активностите за унапредување на ...
Во знак на благодарност за грижата, професионалноста и човечноста, покажани при згрижување на македонски граѓани, вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу и врачи благодарница на Едлира Боде директорка на Универзитетската болница за трауматологија во Тирана. На средбата, на која присуствуваше и Радмила Стојмировска, прв секретар во амбасадата, Спахиу, во име на македонските граѓани, изрази благодарност за континуираната помош, што оваа ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска и официјално ја почна работната посета на Обединетото Кралство со средба во Лондон со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање во британското Министерство за финансии, јави известувачот на МИА од Лондон. Николоски оцени дека оваа средба е најважна во рамки на посетата, појаснувајќи дека на станало збор за деталите за средствата кои Македонија може да ...
Македонија и Велика Британија, го потпишаа Договорот за стратегиско партнерство, со кој се овозможува инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и во други области. Покрај тоа Република Македонија се приклучува кон заедничката миграциска работна група, иницијатива што има цел да ја зајакне регионалната соработка во спречување на нерегуларната миграција низ Балканот и да ...
Кремљ во средата навести дека плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за системот за ракетна одбрана „Златна купола“ би можеле да доведат до обновени разговори меѓу Москва и Вашингтон за контрола на нуклеарното оружје во догледна иднина. „Златната купола“ има цел да создаде мрежа од сателити за откривање, следење и потенцијално пресретнување на дојдовни ракети, изјави Трамп во вторникот за системот вреден 175 милијарди долари, во ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на третиот Форум за културна дипломатија, што се одржува во Музејот на македонската борба под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Четвртата сесија во рамките на Форумот, чиј домаќин беше министерот за култура и туризам Зоран Љутков, носи наслов „Уметноста како алатка за дипломатија: Градење мостови преку култура/Оспособување на креативните индустрии за ...
Со цел унапредување на здравствените услуги и обезбедување на поквалитетна и побрза здравствена заштита за пациентките ќе биде реализирана значајна инвестиција на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. Инвестицијата која ја најавија денес опфаќа комплетно реновирање и реконструкција на просториите како што се чекалните, амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети во износ од 29.000.000 денари, со што ќе се создадат ...
Цените на нафтата пораснаа за повеќе од еден отсто во средата, откако извештаите дека Израел би можел да нападне ирански нуклеарни постројки ги разгореа стравувањата од прекини во снабдувањето со нафта на Блискиот исток. На лондонскиот пазар, со барелот сурова нафта се тргуваше за 79 центи поскапо од претходниот ден, на 66,17 долари. На американскиот пазар, цената на барел сурова нафта скокна за 82 центи, од 62,85 долари. Американските ...
Германскиот добавувач на автоделови „Bosch“ планира да издаде обврзница во вредност од неколку милијарди евра за да собере капитал за инвестиции, иновации и идни аквизиции, објави компанијата во вторникот Обврзницата ќе биде пуштена во оптек во следните неколку дена, според дневниот деловен весник Handelsblatt, кој прв ја објави веста повикувајќи се на извори од финансискиот сектор. „Bosch“ им се обратил на потенцијалните инвеститори нудејќи им ...
„Денеска сум во општина Босилово, каде што имаше тематски состанок, разговаравме за откупот на земјоделски производи, младиот компир од реколта 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „На состанокот заедно со откупувачите на оваа култура, како Министерство, како вистински медијатор седнавме и разговаравме за продолжување на откупот на компирот од оваа реколта“, појасни министерот. ...
Најдобриот играч сезонава и капитен на Барселона, 28-годишниот бразилски напаѓач Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб за една сезона и се очекува да остане во редовите на „блауграната“ до јуни 2028 година. Ова го објавија британските медиуми, повикувајќи се на познатиот италијански спортски новинар Фабрицио Романо, кој е еден од најдобро информираните новинари кога станува збор за трансфери на фудбалери. Бразилскиот ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во текот на следната недела да има предлог од „Вреди“ за нов министер за здравство откако досегашниот министер Арбен Таравари замина од функцијата по недоразбирањата со партнерите од коалицијата „Вреди“. – Вчера по одржувањето на владината седница имавме, би рекол, коалициска координација, разговаравме за тоа што не очекува во периодот што е пред нас. Како краен рок го дадовме крајот на оваа недела за да ги ...
Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“ во предметот под кодно име „Бункер“, под раководство на предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска во текот на утринските часови единиците на МВР извршија претреси на пет локации во Скопје. При претресите четири лица се приведени, а во дом на ...