Министерството за здравство соопшти дека иницира Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да изврши инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче. Од болницата денеска соопштија дека бебето со иницијали У. М., на возраст од два месеца, кај нив било примено поради обилно повраќање по хранење. СВР Велес претходно соопшти дека синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21.35 ...

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време, со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво, вели подолгорочната прогноза на УХМР. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо ...

Жителка на скопско село вчера во СВР Скопје пријавила измама вредна 95.400 денари. Како што пренесува полицијата, жената (54) рекла дека во неколку наврати лани му ги дала парите, оти тој ѝ рекол дека може да ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник. Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за ...

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека Турција се спротивставува на „каква било воена интервенција во Иран“ и го повика Техеран да „ги реши своите внатрешни проблеми“. „Не сакаме да видиме никаква интервенција тука, но кога ќе ја погледнете политиката на американскиот претседател Доналд Трамп, досега не сме виделе силна склоност кон употреба на копнени сили“, рече Фидан. Фидан зборуваше на прес-конференција во ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека поради поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100 мм на улица Зендел Џемаил 52, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Зендел Џемаили, Перо Наков, Димче Милошевски и Боривоје Милошевски. Водата е сопрена во 13:20 часот, а ќе биде повторно пуштена по завршувањето на работните активности. Исто така, поради уличен дефект на Студеничанска 19, без вода се корисниците од ...

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој ранг. Пикот на грипот се очекува на крајот на месецов до средината на февруари. Оваа сезона растот на бројот на ...

Во земјава утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -6 Целзиусови степени во Берово и -5 степени во Демир Капија, до 1 степен во Гевгелија. Дневните температури ќе бидат во распон од 6 степени во Маврово и Тетово, па преку 10 степени во Велес и Струмица, до 13 степени во Гевгелија. Во Скопје, времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена ...

Руската дипломатија изрази „сериозна загриженост“ денеска поради најавата на НАТО за дополнителни трупи во Гренланд, по состанокот на данските, гренландските и американските лидери во Белата куќа. „Наместо конструктивна работа во рамките на постојните институции, особено Арктичкиот совет, НАТО го избра патот на забрзана милитаризација на Северот и го зајакнува своето воено присуство под измислениот изговор на растечката закана од Москва и ...

Лисици на рацете добил вчеравечер С.Ч.(28) од селото Романовце, поради напад врз полицаец и обид за бегство – со автомобилот удрил во полицаецот а потоа избегал, но по еден час бил уапсен. Апсењето се случило во селото Романовце половина час пред полноќ вчера. Инцидентот, пак, се случил отприлика еден част претходно во с. Отља, општина Липково. Имено, сега уапсениот не застанал на даден знак за запирање и со автомобилот „ауди а3“ со скопски ...

Маж од валандовското село Јосифово вчера малку по 13 часот бил уапсен поради возење во пијана состојба. Како што соопшти МВР, во селото Јосифово бил уапсен Г.К. (46), жител на селото. На тоа му претходела сообраќајна контрола. Имено, полицајците во Јосифово во рутинска работа го сопреле сега уапсениот и „дувањето“ покажало дека има 2,28 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија ...

Во Општата болница во Кавадарци синоќа околу 21:35 часот починало бебе на возраст од два месеца, информира Секторот за внатрешни работи Велес. Случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци вчера околу 21:35 часот. Бебето било хоспитализирано на 12 јануари годинава, но по два дена починало. Лекарскиот тим извршил реанимација, но бебето починало. Според информации од болницата во Кавадарци бебето било примено на 12 јануари поради обилно повраќање по ...

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава. Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип. Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна ...

Најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев најави максимална борбеност на утрешниот натпревар со Данска, иако противникот е апсолутен фаворит. – Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со ...

Министерот за транспорт на Тајланд нареди итна истрага откако кран за изградба на автопат денеска се урна во близина на Бангкок, при што загинаа две лица, што беше втора фатална несреќа со кран во земјата во рок од 48 часа. Најновиот инцидент се случи на автопатот Рама II во изградба во покраината Самут Сакон, предградие југозападно од Бангкок. Снимките од контролната камера, потврдени од АФП, го снимија моментот кога огромниот кран се урна, ...

Рим се придружи на низата европски престолнини во четвртокот за намалување на ограничувањата на брзината, принудувајќи ги Италијанците, познати по нивното несовесно возење, да забават во обид да ги намалат несреќите и загадувањето. Новото ограничување на брзината од 30 км/ч низ историскиот центар на Вечниот град стапи на сила во четвртокот, речиси преполовувајќи го претходното ограничување од 50 км/ч на улиците преполни со жители, туристи и ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб страници и веб апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307. Налогот е доставен до Агенцијата ...

Полска нема да испрати свои војници во Гренланд, изјави во четвртокот премиерот Доналд Туск, додавајќи дека нападот на една земја од НАТО врз територијата на друга би бил „крај на светот каков што го знаеме“. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на неговата земја и дека САД мора да го поседуваат за да спречат Русија и Кина да го окупираат. Рече и дека сите опции се на маса за стекнување на ...

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Сузана Јошевска- Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ, членови на Судскиот совет на Република Македонија, дадoa свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, завчера во Собранието беа избрани за членки на Судскиот совет по предлог ...

Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски. „Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски. Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на ...

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите ...

Европска воена мисија се воспоставува во Гренланд, арктичката територија под дански суверенитет посакувана од претседателот Доналд Трамп, еден ден по состанокот во Вашингтон меѓу американски, дански и гренландски претставници што резултираше со „фундаментално несогласување“. Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка објавија дека ќе распоредат воен персонал на островот за извидувачка мисија која, според извор од француското ...

Федерален агент застрела и рани маж во ногата во американскиот град Минеаполис откако беше нападнат, дополнително интензивирајќи го чувството на страв и гнев што се ширеше низ градот една недела откако агент за имиграција смртно застрела жена. Улиците на Минеаполис беа исполнети со чад синоќа на местото на најновиот инцидент, а федералните полицајци носејќи гас-маски и шлемови испукаа солзавец кон мала група луѓе додека демонстрантите фрлаа ...

Новиот систем на ЕУ за влез и излез (ЕЕС) чија етапна имплементација на надворешните граници на Шенген зоната започна лани во октомври „предизвика значителна непријатност кај патниците“ на кои треба да им бидат земени биометриски податоци, предупреди Европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ Европа). Согласно ЕЕС системот, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ при првиот премин на Шенген границата од неговата ...

Осумнаесет основни и седум средни училишта низ државава добиле грант од Министерството за образование и наука за спроведување активности од програмите за заштита на учениците од разни видови пороци, насилство и делинквенција. На веб-страницата на МОН се објавени резултатите од јавните повици (заосновни и засредниучилишта) за доделување средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање ...

Работите се влошуваат на глобалната сцена. Економската криза се продлабочува, замрзнатите средства на Русија не беа запленети, резервите на гас во подземните складишта за гас достигнаа минимално ниво поради прилично суровата зима и така натаму. А сега претседателот на САД е практично подготвен да ѝ објави војна на Данска, членка основач на НАТО, за да го заземе Гренланд. Се чини дека Копенхаген дури планира да се одбрани. Но, како? Неговата ...

Европска воена мисија се воспоставува во Гренланд, арктичката територија под дански суверенитет посакувана од претседателот Доналд Трамп, еден ден по состанокот во Вашингтон меѓу американски, дански и гренландски претставници што резултираше со „фундаментално несогласување“. Франција, Шведска, Германија, Велика Британија и Норвешка објавија дека ќе распоредат воен персонал на островот за извидувачка мисија која, според извор од француското ...

Руските трупи ослободија околу осум населени места и презедоа контрола врз повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првите две недели од јануари, изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Валериј Герасимов. Претходно, Русија објави дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри украинска територија. – Руските сили напредуваат практично во сите правци во зоната на специјалната воена ...

Киев признава дека енергетската ситуација во главниот град е најлоша од почетокот на конфликтот. Олександр Харченко, директор на Центарот за истражување на енергијата посочи дека никогаш во светот не се случил напад врз енергетскиот сектор на -15°C во град што има централно греење. Со руските напади беа погодени најголемите комбинирани топлински и електрани во главниот град – TEP-5 и TEP-6 – како и високонапонските трафостаници. Како резултат ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка од Ф100 мм. на улица Христијан Тодоровски Карпош – 38 со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Христијан Тодоровски Карпош и Рокомија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 11:00 часот – до завршување на работните активности. Исто така, поради изведување водоводен приклучок Ф250 мм на ул.Венијамин Мачуковски бб, прекинато ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го информира својот тим за национална безбедност дека сака евентуалната американска акција врз Иран да биде брз и одлучен напад врз режимот во Техеран, објави „Ен-би-си њуз“ (NBC News) повикувајќи се на два неименувани извори. Според нив, Трамп сака брза акција во Иран за да избегне долготраен судир. Неименуваните извори тврдат дека Трамп е подготвен да ги исполни своите ветувања дадени на демонстрантите ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1002
weather icon

Белград

10ᴼ / 6ᴼ
3.09
72%
998
weather icon

Загреб

10ᴼ / 7ᴼ
3.6
78%
995
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
5.66
72%
1002
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.88
96%
1002
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.51
96%
995
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
1002
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
998
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
999
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1003
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
994
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
70%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.11

Родиум

334367.76

Иридиум

213919.04

Сребро

2686.19

Паладиум

54945.63

Цинк

3.34

Калај

48.19

Злато

163150.25

Бакар

12.01

Платина

68448.94

Кобалт

64.04