
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Премиерот на Косово, Албин Курти денеска ја обвини опозицијата за „намерна опструкција“ при конституирање на Собранието. И вчера, по 21 пат не успеа да се конституира косовското Собрание, бидејќи немаше кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање. За утре е закажана нова седница. Курти повтори дека решението е пратениците со тајното гласање да изберат претседател на Собранието. Според Курти, не е спорна неговата кандидатка за претседател на ...
Млад скопјанец бил нападнат од роднини на неговата девојка. –На 25.05.2025 во 22.20 часот во СВР Скопје, С.О.(29) од село Палиград, скопско, пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Г.А.(59) и Ф.Г., двајцата од Скопје, роднини на неговата девојка, кои притоа му го оштетиле и мобилниот телефон, стои во денешниот полициски билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. ...
Преговарачите на Европска Унија и САД денеска ќе ги продолжат разговорите за царините, соопшти Европската комисија. Европскиот комесар за трговија Марош Шевчович телефонски ќе разговара со американскиот министер за трговија Хауард Лутник, изјави портпаролката на ЕУ, Паула Пињо. Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена се закани дека на 1 јуни ќе воведе царини од 50 проценти за европските производи, но тој го смени мислењето, како што ...
Дваесет и пет училишта во провинцијата Долна Австрија денеска добиле закани за поставени бомби, а учениците и наставниците се евакуирани поради превентивна мерка. Заканите дека бомба ќе експлодира во училиштето биле испратени по електронска пошта, а текстот бил генериран од вештачка интелигенција. Полицијата истражува од каде биле испратени електронските пораки. Закани за поставени бомби во училиште пријавени се и во провинцијата Горна Австрија ...
Хамас се согласи со предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави неименуван палестински претставник. Новиот предлог предвидува ослободување на 10 израелски заложници во замена за 70 дена примирје, делумно повлекување од Појасот Газа и ослободување на одреден број палестински затвореници. Предлогот предвидува ослободување на пет израелски заложници во првата недела од договорот и уште ...
Да се зајакне системот за алармирање за исчезнати деца и да се унифицира известувањето преку каналите за информирање на јавноста (електронски, печатени медиуми и телефонски оператори), беше заклучено на тркалезната маса „Предизвици во националното алармирање за исчезнати деца“ која се одржа денеска во Скопје во организација на НВО Новинари за човекови права. НЧП, како оператор на системот за алармирање за исчезнати деца и лица „Најдиме.орг.мк“ ...
Ракометниот клуб Алкалоид објави соопштение насочено кон навивачите, односно оние кои имаа купени билети за натпреварот со АЕК во рамките на финалниот двомеч во ЕХФ Купот. Поради неодигрување на средбата, клубот реши да ги рефундира сите средства кон навивачите за билетите. Алкалоид преку социјалните мрежи се обрати и откри дека сите средства од онлајн продажбата ќе бидат рефундирани автоматски. Од друга страна, оние кои купиле билети во ...
Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка. Најавува дека ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч и ги повикува даночните обврзници и вршителите на сметководствена ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции го презентираше напредокот во рамки на Реформската агенда, вклучувајќи клучни закони и политики кои се во согласност со европските стандарди и кои придонесуваат за побрза интеграција на нашето општество кон Европската Унија. Андоновски информира дека досега се донесени четири закони кои се во надлежност на Министерството за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на градоначалничката на Град Скопје дека ќе поднесе кривични пријави, потенцираше дека е добро што „конечно после четири години решила да се разбуди од зимски сон“. -Можеби доставила кривични пријави, можеби не. Добро е што градоначалничката на Скопје после четири години реши да се разбуди од зимски сон, рече Тошковски одговорајќи на ...
Цените на нафтата се задржаа под 65 долари на меѓународните пазари во понеделникот, балансирајќи меѓу знаците за намалено производство во САД и сигналите од Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините сојузници дека планираат да ги „зголемат“ залихите во јули. На лондонскиот пазар, со барелот нафта попладнето се тргуваше по цена од 16 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето во петокот, на 64,62 долари. За речиси ...
Долготрајната ценовна војна ѝ штети на автомобилската индустрија во Кина, предупреди челникот на Great Wall Motora (GMW), Веи Џианџун, истакнувајќи дека постојаните намалувања на цените им штетат на добавувачите, како и на безбедноста и квалитетот на автомобилите. „Автомобилската индустрија веќе го има својот Евергранде, но сè уште не пропаднал“, рече Веи во интервју за Sina Finance во петокот, алудирјаќи на кинеската градежна компанија со ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги повика Јавното обвинителство и останатите институции да го истражат не само тендерот за набавка на униформи, туку сите останати тендери за кои постојат индиции за какви било сомнежи во делот на незаконитост. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка ...
Грчката полиција го уапси Ацо Боцевски викан Циганот, по 27 годишно бегство. Осуден е на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година. Уапсен е во грчкиот град Катерини, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА. Против него беше распишана европска потерница, а по убиството се претпоставува дека со години се криел во Бугарија и Турција. -Боцевски кој сега треба да има околу 60 години најверојатно не може да се препознае од сликата ...
Народната банка успешно ја заврши обуката за климатските ризици во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), како дел од Програмата за зелени финансиски системи. Со оваа соработка, Народната банка значително ги зајакна своите капацитети за справување со климатските предизвици и за поддршка на зелените инвестиции. Во рамките на програмата, над 50 вработени од Народната банка добија обука за климатските ризици, зелените финансии и ...
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот изјави дека се надева оти „гневот“ на неговиот американски колега Доналд Трамп кон Русија конечно ќе „претвори во акција“, особено кога станува збор за заканата од „масовни“ санкции меѓу САД и Европа, по викендот со разорни руски напади врз Украина. Американскиот претседател, кој би сакал да стави крај на војната во Украина, за својот руски колега Владимир Путин рече дека е „целосно луд“. ...
Во рамки на официјалната церемонија по повод издавањето на првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, ѝ додели официјална благодарница на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Благодарницата беше врачена како признание за личниот ангажман и институционалната посветеност на министерката Божиновска во деблокирањето и ...
Германија, по Велика Британија, Франција и САД, ги укина ограничувањата за оружјето што ѝ го испорашува на Украина во војната против Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. Германскиот канцелар изјави дека повеќе нема никакви ограничувања за опсегот на оружје што Берлин и неговите сојузници го испорачуваат на Киев. „Веќе нема никакви ограничувања за дострелот на оружјето што е испорачано во Украина – ниту од Британците, ниту од ...
На армискиот полигон „Криволак“ денеска со воена церемонија се означи почетокот на меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR25), која ќе трае од 26 мај до 9 јуни. Единици од седум НАТО и две партнерски земји со своја формациска опрема и вооружување, ќе демонстрираат безбедносни способности и зајакнување на сајбер одбраната преку бојни гаѓања, премин преку река, сајбер и вежби за АБХ одбрана. Вежбата свечено ја отвори бригаден генерал Мирче ...
Рускиот производител на пиво „Балтика“ ја зголемил продажбата во Кина за 20 отсто минатата 2024 година, со вкупен скок на испораките на странските пазари од 30 отсто, според руската новинска агенција ТАСС. Во извозната структура на руската пиварница, Кина има најголем удел меѓу земјите од Азиско-пацифичкиот регион и беше меѓу клучните стратешки странски пазари во 2024 година. „Балтика“ активно ја прошири дистрибуцијата во фокусните продажни ...
Јавните забелешки на украинскиот претседател Володимир Зеленски само ги влошуваат работите за неговата земја, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Неговите коментари дојдоа откако украинскиот лидер ги обвини САД за недостиг на поддршка, што, според него, е во корист на Русија. Трамп во неделата на социјалната мрежа Truth Social го критикуваше Зеленски за тоа што ги отежнува дипломатските напори за решавање на украинскиот конфликт. ...
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц беше ослободен во понеделник пред Вишиот покраински суд во Виена во процес на преиспитување на обвиненијата за давање лажно сведочење по таканаречената „афера Ибица“. „Изјавите на поранешниот канцелар пред истражниот комитет не можат да се окарактеризираат како лажни“, објасни судија во Вишиот регионален суд во Виена. Со ова беше поништена пресудата на Виенскиот регионален суд, кој во февруари 2024 ...
Судскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај Џолев, нови судии кои ќе постапуваат во кривичната област на скопската апелација се судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичен суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово. На денешната 523-та седница, Судскиот совет го избра судијата Африм Фидани за нов претседател на Врховен суд. Судијата Хаџо ...
Судскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај Џолев, нови судии кои ќе постапуваат во кривичната област на скопската апелација се судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичен суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово. На денешната 523-та седница, Судскиот совет избра и нов претседател на Врховен суд, судијата Африм Фидани. Додека, судијата ...
Денеска во Музејот на македонската борба беше одбележан Денот на воената безбедност и разузнавање. На одбележувањето беа присутни министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и останати генерали и високи претставници од Армијата и Министерството за одбрана. По повод денешниот ден, министерот Мисајловски се обрати пред присутните и истакна дека поради постојаните промени кои се ...
Сoединетите држави че го контролираат домашниот производител на челик „U.S. Steel“ во партнерство со јапонскта корпорација „Nippon Steel“, нагласи во неделата претседателот Доналд Трамп, поддржувајќи ја трансакцијата за која рече дека треба да создаде десетици илјади нови работни места. Трамп во петокот изрази поддршка за понудата на „Nippon Steel“ од 14,9 милијарди долари (13,09 милијарди евра) за „U.S. Steel“, пишувајќи во објава на ...
Главната ѕвезда на Супербоулот и добитник на наградата Греми, Кендрик Ламар, ќе присуствува на доделувањето на Американските музички награди (American Music Awards – АМА) во Лас Вегас во понеделникот со Пост Малоун, Тејлор Свифт, Бијонсе и мноштво други уметници. Раперот Ламар води според бројот на номинациите со 10. Церемонијата на доделување на наградите ќе се емитува во живо на CBS каналот почнувајќи од 20 часот по локално време, а емисијата ...
Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина, по прашање на пратеничката Каролина Настовска, околу придонесот на домаќинствата во загадувањето на воздухот во поголемите градови и како тоа да се реши, го истакна следното: „Нема друг начин, освен тоа за кое што веќе зборував. Тоа е да имаме далечинско централно затоплување. Не постои друг начин. Или ако продолжиме со процесот на ...
Кремљ во понеделник соопшти дека изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека рускиот претседател Владимир Путин „потполно полудел“ може да биде резултат на „емоционално преоптоварување“, но му се заблагодари на американскиот челник за помошта во започнувањето мировни преговори за Украина. Трамп рече дека Путин „апсолутно полудел“ со лансирањето на според тврдењата на Киев и неговите западни воени поддржувачи најголемиот воздушен ...