Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Вчеравечер, во ресторанот SushiCo, Дебар Маало, се одржа ексклузивната винска вечер „Peyrassol Wine Tasting and Food Pairing“, организирана од Alchemist, официјалниот увозник на француската винарија Château Peyrassol. На настанот присуствуваа љубители на премиум вина и пријатели на брендот. Вечерта започна во 19:30 часот со welcome drink, подготвен специјално да ја најави атмосферата на францускиот стил и гастрономија. Гостите имаа исклучителна ...
Иако во 2016 година објави дека „се повлекува од шоу-бизнисот“, наведувајќи го „заморот од естрадата“ како причина, се чини дека за Аманда Лир таа одлука е минато, бидејќи, по неколкуте успешни театарски и неколку филмски улоги, виталната 79-годишна пејачка и актерка одлучи да се врати на пеењето со својот 23-ти студиски албум, нејзин прв на француски јазик. Поранешната муза на познатиот Салвадор Дали и диско-икона, особено по хитот од 1978 ...
ОВЕН Ве очекува напнат и динамичен ден. Ќе бидете зафатени и со деловни и со семејни работи. Доаѓаат промени што може непријатно да ве изненадат. Ќе се соочите со изборот дали да патувате и да се ослободите од секојдневните грижи или да се посветите на тековните обврски со сета ваша одговорност. Вашите најблиски чекаат ваша помош. БИК Ќе бидете изненадени кога ќе откриете дека во вашето опкружување постои личност која ве возбудува поинаку од ...
За православните христијански верници кои се водат според јулијанскиот календар денеска почна шестнеделниот божиќен пост. Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот ...
Зголемената автоматизација и поврзаност на автомобилите не само што го одзема елементот на задоволство од возењето, туку може да ги направи сопствениците ранливи на хакери кои се обидуваат далечински да ја преземат контролата врз нивните возила. Поврзаните автомобили се возила опремени со технологија што им овозможува да комуницираат со други возила, инфраструктурата и интернетот. Тие користат разни сензори, камери и софтвер за собирање и ...
Во организација на НУ „Охридско лето“ утре, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација. „Концертот насловен како „Timeless“ ќе донесе безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија, спектакл ...
Древните римски фрески во Помпеја, закопани со векови под вулканската пепел, би можеле да добијат втор живот благодарение на иновативен роботски систем дизајниран да им помогне на археолозите во една од нивните најтешки задачи: повторно составување на уништени артефакти. Технологијата развиена од проектот RePAIR финансиран од Евреопската унија комбинира напредна обработка на фотографии, вештачка интелигенција која создава модели на сложувалки и ...
Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината на Македонскиот Културно-информативен центар во Софија во четвртокот на 27-ми ноември, се одржа свечен настан, посветен на поетесата Јулијана Величковска и нејзиниот уникатен поетски свет, оддавајќи почит на нејзиниот јазичен сензибилитет и културниот придонес. Во благородната и тивка есенска светлина Македонскиот културно-информативен центар во Софија претставуваше простор на едно возвишено ...
Муслиманите во Узбекистан во петокот, пред традиционалната петочна молитва, се молеа за дожд во централноазиската земја која страда од екстремните суши кои го зафатија регионот. Молитви се одржаа во околу 2.100 џамии во земјата, вклучувајќи ги и оние во главниот град Ташкент, објавија медиумите. Во вишите и средните специјализирани исламски образовни институции, наставниците и учениците ја рецитираа збирката хадиси Сахих ал-Бухари пред петочната ...
Парискиот музеј Лувр ги зголемува цените на влезниците за 45 отсто за повеќето туристи кои не се од Европската унија за да помогнат во финансирањето на реновирањето на музејот, чие пропаѓање излезе на виделина во текот на истрагата во врска со спектакуларната кражба на царски скапоцености минатиот месец. Посетителите надвор од ЕУ или од Европската економска зона, која ги вклучува Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, ќе мора да платат 32 евра за влез ...
ОВЕН Денот ќе ви понуди добри можности, искористете ги и ќе ја подобрите вашата финансиска состојба. Изненадувањата не се исклучени, но ако сте избалансирани, лесно ќе се справите со нив. Не се расплинувајте во многу насоки, внесете јасност во вашите желби и чувства. Доколку е потребно, можете да се обратите за совет до личност чие мислење го цените. БИК Во присуство на луѓе кои ве набљудуваат, можни се пропусти и грешки што можат да им наштетат ...
Да бевме сериозна држава, што не сме, Уставот ќе го третиравме како „повелба за човекови права и човеково достоинство“. А, не како безначајна „пиши-бриши книшка“ по диктат на кого се’ не. Со тоа ќе покажевме дома и пред светот смела посветеност на народот кон идеалот за достоинство заштитено низ правото. Кога ја немате ваквата визија за Уставот и достоинството, истата не може да ја преточите во доктринарна реалност. А, и искрено, нема кој да го ...
Изминатава недела изобилуваше со меѓународни настани од исклучително светско значење. Азиската турнеја на претседателот Трамп, неговото присуство на самиот на АСЕАН, потпишувањето на мировниот договор помеѓу Камбоџа и Тајланд, во негово присуство, потпишувањето на трговските договори со четири членки на оваа органзиација, но и со Јапонија, при неговата средба со новата јапонска премиерка, значајно ќе влијаат на развојот на економските, но и ...
Се’ живо и диво се здаде во политиката. И шуто и рогато. Локалните избори потврдија дека да се биде политичар е најлесната и најпосакувана професија во Македонија. Очигледно, за политичар во Македонија не се бара некоја посебна интелигенција, харизма, идеологија, принципи, па, гледам, дури ни образование – само досетливост и упорност. Повеќе не ја наградуваме компетентноста во политиката. Кандидатите не треба да ги докажуваат своите способности, ...
Многу на малку. Таков е резултатот од локалниве избори, маалски кажано. ВМРО ДПМНЕ си ја одбработи работата целосно успешно. Тоа го покажува крајниот исход. Голема победа. Христијан Мицкоски одлично го испекол занаетот во политиката, нема сомнеж во тоа. Ги испрати во политичка пензија и Зоран Заев и Димитар Ковачевски и Али Ахмети и Стевче Јакимовски… Владејачката партија водеше фокусирана и хируршки прецизна кампања. Праќаше пораки за своите ...
Третиот македонски конгрес за патишта традиционално се организира на иницијатива на Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ) „Via Vita“, во соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Градежниот факултет од Скопје (ГФ), Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија (КОАОИ), ЈП за државни патишта, ЈП „Македонија пат“, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ЈП МЖ ...
Месец дена по завршувањето на парламентарните избори во Чешката Република лидерот на победничката десно-популистичка ANO (Да) партија, Андреј Бабеш, го потпиша коaлициониот договор со крајно десничарските SPD (Слобода и директна демократија) и MT (Возачите заедно). На тој начин Бабеш по втор пат обезбеди мандат за формирање на влада (тој за прв пат беше избран за премиер во 2017 година). Овој пат со партии кои се јасно анти-европски и анти-НАТО. ...
Социјал демократската партија на Македонија е во терминална фаза од своето постоење – буквално умира по неуспехот на локалните избори. Различни термини се користат за начинот на кој политичките партии завршуваат. Научниците дискутираат или споменуваат концепти како што се „смрт“ на партијата, „прекинување“ или „колапс“, кои се однесуваат на истите или поврзаните развојни фази на пропаѓањето на една политичка партија. Пропаѓањето, или смртта на ...
Министерството за образование и наука е двигателот на реформите на образовниот систем на сите нивоа. Министерката за образование и наука ја има главната улога за менаџирање на состојбите во образовниот систем во целина. Прашањето за капацитетот на оваа институција под менторирање на министерката и нејзиниот „најуспешен тим“ секако дека се доведува во корелација со успехот на една реформа. Но, што имаме во реалноста оваа година ипол под водство ...
Минатата недела унгарскиот премир Виктор Орбан во Вашингтон оствари работна средба со претседателот на САД, Доналд Трамп. Ова е нивна шеста средба доколку се смета и првиот мандат на Трамп. Тие се добри пријатели, но и истомисленици по многу прашања. Созададена е меѓусебна врска која одлично функционира. Оваа негова посета тоа го покажа на дело. Имено, Орбан допатува во Вашингтон за да обезбеди исклучување на Унгарија од санкциите кои ги воведе ...
Кога Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе изјави дека „опасната и непромислена нуклеарна реторика на Русија не смее да предизвика паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање“ се чувствувам безбеден и релаксиран зашто земјава ми е под чадорот на оваа воена алијанса и никогаш не била побезбедна отако го сменила името за да биде дел од неа, како што ќе изјави поранешниот претседател на „Северна“ Македонија, Стево Пендаровски. ...
Германскиот министер за надворешни работи Вадефул, изминатава недела беше во посета на земјите од Западен Балкан. Ова е негова прва посета на регионот откако ја презеде функцијата. Оттука, на оваа посета може да се гледа и како на куртоазна. Како што е редот, тој пред почетокот на својата турнеја излезе со соопштение во медиумите. Соопштението, невообичаeно долго, всушност преtставува преглед на задачите кои државите од Западен Балкан треба да ...
Клучен сегмент во образовниот концепт на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски претставува реформа на високото образование. Овој концепт се засновува врз долгогодишна анализа на состојбите уште во времето на опозиција кога се утврдија бројни пукнатини на образовниот систем, пред сѐ во високото образование. Притоа, во тој контекст многу колумни посветив на овие прашања, а се со цел преку критика да ...
Срамота, срамота е луѓе човекот кој го продаде името на државата и кој го креира проблемот со Бугарија сега да ни дели совети како да се надмине. Човекот кој си играше мајтап со бројките за да го релативизира референдумот за промена на името, денес без трунка срам говори за тоа како да постигнеме некаков национален консензус за спорот со Бугарија. Срамот беше емоција што овој лик од нашето „светло“ историско минато ја напуштил пред многу години. ...
Дали одлуката на градоначалникот на Кавадарци е исправен потег? ДА. Можеби емотивен, но секако превентивен и многу исправен. Оваа одлука ја докажа неодговорноста на другите институции кои непотребно ги наградуваме со финансиски средства, а они не само што не превземаат дејанија туку и ја лажат институцијата Премиер со години наназад дека регулацијата на авторските права се премногу комплицирани и сепак станува збор за уметност. Премиерот мора ...
По подолго одложување од „технички“ причини, изминатава недела конечно се дигна завесата и започна вториот чин од операта „Аљаска-2023“ (за потсетување сижето на првиот чин беше објавено во НетПрес на 21 август 2025 – м.з.). За разлика од првиот чин, во овој еден од главите уметници, Путин, и немаше некоја поголема улога. Повеќе фаќаше „сеир“. Тој имаше само два соло настапи. Фактички најактивни на сцената беа „споредните“ ликови од Европската ...
Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Гордана Силјановска Давкова, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за ...
Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации ...
Месецов, Тривити прославува четири години од своето основање, а по тој повод, разговараме со визионерите кои ја основаа и ја водат компанијата која веќе се етаблираше како еден од главните играчи на пазарот на труд во Македонија. Упативме неколку прашања до Поликарп Арсеновски (основач) и Дејан Ваневски (партнер) кои зад себе имаат екстензивно искуство на пазарот на трудот. Пред четири, во екот на КОВИД пандемијата кога сите беа загрижени за ...
Мнистерката за енергетика Сања Божиновска, во интервју за порталот „Жене од утицаја“, вели дека своето враќање во Македонија го гледа како можност да го искористи искуството од Европската Унија за подобрување на енергетската состојба во нашата земја. Како што истакнува, нејзината инспирација и мотивација лежат во нејзината желба да им помогне на жените да го најдат своето место во енергетиката и поширокиот деловен свет. А со својата работа сака ...