Оставката на Андриј Јермак, досегашниот шеф на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е уште еден „ПР потег на киевскиот режим“ и мора да биде осуден, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, додавајќи дека нападот врз Каспискиот нафтовод конзолциум претставува тероризам. „Сето ова е само уште еден ПР трик. Киевскиот режим сече вреќа со песок за да спречи целосно да се сруши ...

Наставниците се вистински магионичари – не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата. Ова беше истакнато на денешната панел – дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и ...

Претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, предводејќи партиска делегација, присуствуваше на 39. Редовен Конгрес на Републиканската народна партија (ЏХП) во Анкара, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Во рамките на Конгресот, делегацијата на ТХП оствари продуктивна средба со претседателот на ЏХП, Озгур Озел, на која се разговараше за продлабочување на меѓупартиските односи, унапредување на ...

Денеска СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, сè уште владеат во СДСМ, истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето. За да биде детално ...

Светските берзи силно пораснаа минатата седмица, поттикнати од закрепнувањето во технолошкиот сектор и надежите на инвеститорите дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември. На њујоршки Волстрит индексот Dow Jones порасна за 3,2 отсто, на 47.716 поени изминатава седмица, додека S&P 500 доби на вредност за 3,7 отсто, на 6.849 поени, а Nasdaq индексот скокна за 4,9 отсто, на 23.365 поени. Растот на ...

Четири Палестинци се убиени во ноќен судир во близина на Рафа во јужниот дел на енклавата Појасот Газа, соопшти израелската војска во неделата, нарекувајќи ги „терористи“. Израелските сили „елиминираа четири терористи кои излегоа од подземната инфраструктура“, се вели во извештајот. „Тие беа убиени во операција координирана со израелските воздухопловни сили“, се додава во извештајот. Израелските медиуми објавија дека десетици вооружени членови ...

Во ек на глобална криза, во периодот од 2019-2021 година, СДС наместо да ги снабдува стоковите резерви, Заев, Филипче и Николовски ги празнеле и препродавале. 2000 тони јачмен и пченица во државна вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите, по насока на истото трио, додека на граѓаните им велеа – се е под контрола, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. -За да не се примети кусокот од 2000 тони јачмен и пченица, тие веднаш потоа прават ...

Денес официјално започна соработката помеѓу Шаховската академија „Данчевски“ и Општина Кисела Вода, со која на децата од општинските основни училишта им се овозможуваат бесплатни часови по шах. Активностите се реализираат во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде што секоја недела ќе се одржува шаховска настава. Часовите ги води Орце Данчевски, интернационален мајстор, ФИДЕ тренер и првиот наставник по шах во Република ...

Националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука денеска продолжува со својот караван во Струмица. Досега се одржаа панели во Скопје, Прилеп, Тетово и Куманово, а следната станица е Струмица. Во панел-дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата за македонски јазик и литература на Филолошкиот факултет при ...

ОВЕН Вашиот ентузијазам ќе биде заразен, а вашите страсти силни. Многумина од вас ќе бидат расположени за авантура и забава, вклучително и за романтика. Среќата ќе биде на ваша страна, затоа не дозволувајте мрачните мисли да ве спречат да го следите вашиот внатрешен глас. БИК Ќе биде подобро доколку денеска се фокусирате на вашата омилена активност и им дозволите на луѓето околу вас да го прават она што го сакаат. Ако имате големи очекувања од ...

Бројот на жртвите од поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од обилните дождови во трите земји од Југоисточна Азија се искачи на повеќе од 500, соопштија властите во неделата, додека напорите за помош на десетици илјади раселени лица продолжија во текот на викендот. Индонезија, Малезија и Тајланд претрпија големи штета на големи делови од нивните територии по ретка тропска бура што се формираше во Малачкиот теснец, носејќи цела седмица ...

Намибискиот политичар претходно познат како Адолф Хитлер Уунона го смени своето име, отстранувајќи го Хитлер од своите официјални документи, објавија локалните медиуми. „Моето име не е Адолф Хитлер, јас сум Адолф Уунона. Видов луѓе како ме викаат Адолф Хитлер и претходно и се обидуваат да ме поврзат со некој што дури и не го познавам“, изјави тој за The Namibian оваа седмица. Уунона, локален политичар во Омпунџа во регионот Ошани на северот од ...

Интер Мајами на Лионел Меси го победи Њујорк Сити ФК со 5:1 во финалето на Источната конференција на МЛС ноќта кон неделата, а следната седмица ќе се бори за МЛС Купот против Ванкувер, кој го победи Сан Диего со 3:1 во финалето на Западната конференција. Во Сан Диего, Ванкувер брзо се одлепи од противникот со головите на Брајан Вајт (8.) и автоголот на голманот на Калифорнија, Пабло Сисниега (11.) и веќе имаше предност од 3:0 на полувремето ...

Анкара изрази загриженост во врска со нападот врз двата комерцијални брода во Црното Море, што ги загрози човечките животи, безбедноста на пловидбата и животната средина, изјави доцна синоќа портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Ончу Кечели. „Длабоко сме загрижени за нападот во петокот, 28 ноември, врз двата танкера што пловеа под гамбиско знаме: „Каирос“ и „Вират“, во Црното Море. Овие инциденти во нашата ексклузивна ...

Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во 2024 била 5,3/100.000 жители. Бројот на случаи во 2025 година е ...

„Реплек“ ја отвори својата подружница „КА информативен центар“, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. „КА информативниот центар“ е дел од определбата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите ...

По објавата на краток дел од српската верзија од својата нова, сè уште официјално необјавена песна, Јоце Панов сними и македонска верзија. Иако песната сè уште нема своја официјална премиера, деловите што ги сподели на социјалните мрежи предизвикаа неверојатно силна реакција. Коментарите се исполнети со пофалби, љубов и воодушевување. Многумина веќе ја нарекуваат „новиот регионален хит“ кој ветува да остави трага оваа година. Интересно е што ...

Актуелната Европска комисија на Урсула фон дер Лајен утре ја одбележува првата годишнина од нејзиниот избор под слоганот „Работејќи за независност на Европа“. По повод годишнината, оваа втора Европска комисија на Фон дер Лајен порача дека во изминативе 12 месеци во услови на итност во носењето одлуки, работела да испорача за европските граѓани и бизниси. -На 1 декември 2024 година, Комисијата „Фон дер Лајен 2“ ја презеде функцијата со јасна ...

-Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот на пристапување и сте уморни од овие процеси, но сега во Европската Унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи, во исто време продолжувајќи со примена на реформите. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека ...

Лос Анџелес Клиперсбеа поразени синоќа на домашен терен, Далас Маверикс беа подобри од нив со 114:110. Кавај Ленард го предводеше Лос Анџелес со 30 поени и осум скока. Џејмс Харден додаде 29 поени, 11 асистенции и осум скока за Клиперс, кои го загубија четвртиот натпревар по ред, а Ивица Зубац постигна 19 поени со 8/12 шутеви од поле и додаде уште 11 скока за својот 11-ти „дабл-дабл“ оваа сезона, четири асистенции, една украдена топка и една ...

Најниска температура утрово е измерена со во Скопје – Петровец – 2 степени, во Штип, Струмица, Крушево, Маврови Анови – 1, додека во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Велес, Демир Капија нула степени. Во Виница, Берово се измерени еден степен, во Прилеп и Кавадарци два степени, во Тетово, Охрид, Претпор и Битола три степени и во Гевгелија пет степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Големото финале на „Средношколец Милионер“, каде десет тима ќе ги претстават своите идеи за бизнис пред пет реални инвеститори се одржува денес во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот. Како што се наведува во соопштението на организаторот станува збор за идеи што решаваат конкретни, современи проблеми од финансиска писменост и едукација, до AI алатки, локален развој, туризам, здравствени навики, фриленс можности за младите и др. Финалистите ...

На глобалните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути значително падна минатата седмица, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка дополнително ќе ги намали клучните каматни стапки во декември. Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на шесте главни светски валути, падна за 0,7 отсто минатата седмица, на 99,47 поени. Во истиот петдневен период доларот ...

Екипата на EUROEDIL HOLDING, победникот на Red Bull Half Court Македонија го освои второто место на светското Red Bull Half Court финале, кое во изминативе два дена се одржуваше во Дубаи. Македонските „баскетџии“ по двете победи во групата над екипите од САД и Малдиви и поразот од Јужна Африка обезбедија пласман во нок аут фазата. Во четвртфиналето совладани беа ривалите од Јапонија со 14:9, а во полуфиналето беа надиграни противниците од ...

Владата на Венецуела остро ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој повика воздушниот простор над и околу оваа земја да се смета за „целосно затворен“. Коментарите предизвикаа конфузија во Каракас и беа оценети како „колонијалистичка закана“ за суверенитетот на земјата. Трамп не понуди никакви дополнителни детали во своето соопштение, што донесе немири и неизвесност во Каракас во време кога Вашингтон го засилува ...

Се разобличуваат скандалите од времето кога СДС беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и неодговорноста на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Случајот со стоковите резерви е само уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДС функционирале само како импровизирани конструкции без механизми за одговорност. Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен ...

Сер Том Стопард, еден од најпознатите британски драматурзи, почина на 88 години, соопштија неговите агенти. Сер Том, кој освои Оскар и Златен глобус за сценариото за „Вљубениот Шекспир“, „почина мирно во својот дом во Дорсет, опкружен со своето семејство“. Негови други значајни дела се „Вистинската работа“ и „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“, кој и го режираше. „Ќе биде запаметен по своите дела, нивниот гениј и човечност, по неговата ...

Фламенго ја освои својата четврта титула во Копа Либертадорес, победувајќи го Палмеирас со 1:0 во бразилското финале во саботата вечерта на стадионот „Естадио Монументал“ во Лима, пред околу 50.000 гледачи. Клубот од Рио де Жанеиро е првиот од својата земја што ја освоил латиноамериканската „Лига на шампиони“ четири пати. Аргентинскиот Индепендиенте го држи рекордот со седум титули. Фламенго ја освои победата со гол од корнер на Данило во 67. ...

Австралискиот премиер Ентони Албаниз се ожени во саботата со својата партнерка со која е во врска пет години, Џоди Хејдон, на приватна церемонија во The Lodge, официјалната резиденција на премиерот во Канбера, објави NBC. Тој е првиот австралиски премиер кој се оженил додека бил премиер. Премиерот и г-ѓа Хејдон ги венча службено лице на Нов Јужен Велс, а самите ги напишаа своите завети. „Апсолутно сме одушевени што можеме да ја споделиме нашата ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и специјалниот претседателски претставник Стив Виткоф, ќе имаат разговори со украинската делегација в недела, објави Reuters. „Државниот секретар Рубио, специјалниот претставник Виткоф и Џаред Кушнер ќе се сретнат со украинските претставници во недела на Флорида“, се вели во извештајот, цитирајќи висок американски функционер. Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем ...

Кроасани

12 минути - Курир

Погоди кој

42 минути - МРТ

Рај и земја

42 минути - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
84%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.45
88%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.02
93%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
92%
1020
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.47
76%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
90%
1022
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
96%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
100%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Цинк

3.04

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.95

Бакар

11.02

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Платина

64478.87

Сребро

2159.30

Калај

43.93