За време на телефонскиот разговор со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе употреби сила ако не ја напушти својата функција доброволно, објави The Wall Street Journal. Како што објави претходно The New York Times, двајцата претседатели телефонски разговарале минатата седмица. Според WSJ, Трамп му рекол на Мадуро минатата седмица дека „доколку не ја напушти доброволно“ претседателската ...

Адријан Сутил е уапсен и моментално е во притвор по меѓународна полициска операција. Германецот е уапсен под сомнение за измама и проневера, објави германскиот „Билд“. Поранешниот возач на Формула 1 е приведен од германската полиција, а Обвинителството во Штутгарт достави потврда дека се претресени неколку објекти во соработка со Државната криминална полиција на Баден-Виртемберг. Возачот наводно не сакал јавно да коментира за обвинувањата. Сутил ...

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал Ејал Замир, отпуштил голем број високи офицери. Ваквата одлука е донесена поради сериозни грешки направени во периодот пред и за време на нападот на Хамас врз граничните области на Израел на 7 октомври 2023 година. Одлуките за персоналот се донесени по истрагата на посебна комисија, соопшти ИДФ. Според наодите на комисијата, армијата не успеала да ја исполни својата клучна ...

Овен Денес е идеален ден да забавите и да се посветите на себе. Вашето тело бара одмор, па трудете се да не се форсирате со физичка активност. Опуштање со лесна прошетка или медитација може да ви донесе внатрешна рамнотежа. Бик Вашето тело и ум денес бараат хармонија. Најдете време за уживање во омилената храна, но внимавајте да не претерате. Масажа или престој во природа може позитивно да влијае на вашето расположение и енергија. Близнаци Иако ...

Четири лица беа убиени, а 10 беа ранети во пукотница за време на семеен собир во балска сала во Стоктон, Калифорнија, соопштија во саботата претставници на канцеларијата на шерифот. Меѓу жртвите има и деца и возрасни, потврди Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент за време на прес-конференцијата на местото на настанот. ...

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од утринските часови наместа провејува слаб снег. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје и околината, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Утринските температура се движат од минус 2 до 3, додека највисоките дневно соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 3 ...

Ракометарите на Вардар ја остварија 14.та победа во Супер лигата во исто толку натпревари. „Вардарци“ го совладаа Охрид со 28:26 и со тоа како непоразен останаа на првото место на табелата. „Црвено-црните“ водство имаа во текот на целото прво полувреме, а единственото изедначување беше 1:1. Вардар најголемата предност ја имаше во 20.минута кога поведе со 12:7, но охриѓани во финишот на првиот дел намалија на 13:14. Вардар и во вториот дел имаше ...

Пратеникот Илир Демири ја напушти коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ и од сега во Собранието ќе делува како независен пратеник. За својата одлука пратеникот вечерва го информирал претседателот на Собранието, Африм Гаши. Демири, кој по професија е лекар, инфектолог, во претходниот владин состав ја извршуваше функцијата министер за здравство. Тој доаѓа од крилото на Алијанса на Албанците предводено од Зијадин Села, кој неодамна соопшти ...

Две деца се убиени денеска во израелски напад во јужна Газа, соопштија лекари и членови на семејството, во продолжение на насилството и покрај прекинот на огнот што е во сила од 10 октомври. Чичкото на децата рече дека браќата Фади и Гома Абу Аси, на возраст од 10 и 12 години, биле убиени во израелски напад со беспилотно летало источно од Кан Јунис додека собирале дрва за огрев. „Тие се деца, што направиле? Немаат ракети ниту бомби, отишле да ...

Хезболах, денеска, во порака до папата Лав XIV пред неговата посета на Либан од утре до вторник, го повика поглаварот на Римокатоличката црква, да ја отфрли „неправдата и агресијата“ на Израел врз Либан. Проиранското либанско движење беше значително ослабено кон крајот на ноември 2024 година по една година непријателства, вклучувајќи два месеци отворено војување со Израел, предизвикано од неговите прекугранични напади на израелска територија на ...

Молдавските власти денеска соопштија дека руски беспилотни летала влегле во воздушниот простор на земјата, претставувајќи закана за воздушниот сообраќај, во третиот ваков инцидент за девет дена. Претседателката Маја Санду, која сака да ја внесе земјата во Европската унија до 2030 година, ја осудува војната на Русија во Украина и ја обвинува Москва дека се обидува да ја дестабилизира поранешната советска република, која се наоѓа помеѓу Украина и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски в понеделник ќе го посети францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, објави денеска Канцеларијата на францускиот претседател. Двајцата лидери ќе разговараат за „условите за праведен и траен мир“, по разговорите во Женева и презентацијата на мировниот план на САД, соопшти Елисејската палата, пренесуваат британските медиуми. Зеленски последен пат беше во Париз на 17 ноември. Минатата недела, САД му ...

Најмалку 19 лица загинаа кога силни ветрови превртеле брод во езерото Маи-Ндомбе, во ДР Конго, објави гувернерот на покраината Маи-Ндомбе. Бродот синоќа се движел од селото Кири кон Киншаса, наведуваат локалните власти, кога еден од неговите два мотора откажал поради бурни ветрови, што предизвикало негово превртување, јавија британските медиуми. Во потрагата биле пронајдени телата на 19 патници од бродот, додека 82 патници преживеаа, изјави ...

Министерството за здравство во Газа денеска објави дека бројот на палестински жртви надмина 70.000 од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Бројот на жртви продолжи да расте откако најновото примирје стапи на сила на 10 октомври, потсетуваат американските медиуми. Израел продолжува да изведува напади како одговор на тоа што го нарекува прекршување на примирјето, а телата од претходните фази на војната сè уште ...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, започна повеќедневна официјална посета на Њујорк и Вашингтон, Соединетите Американски Држави. За време на престојот, г. Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, го нападна поранешниот претседател Бајден откако Министерството за внатрешни работи изјави дека авганистански државјанин кој влегол во САД како дел од операцијата „Добредојде на сојузниците“ под администрацијата на Бајден е обвинет за терористичка закана, јави Фокс њуз. „Обемноста на кризата со националната безбедност што ја започна Џо Бајден врз нашата земја во текот на четири години не може да се ...

Спринт трката за ГН на Катар заврши со победа на Оскар Пјастри, кој во оваа прилика освои осум бодови. Водечкиот во генералниот пласман Ландо Норис, спринтот го заврши на третото место и сега имаа 22 бода повеќе клупскиот колега од Мекларен. Второто место во спринтот му припадна на Џорџ Расел, а Макс Верстапен од Ред Бул заврши на четвртото место и со пет освоени бодови има заостанување од 26 бода зад лидерот Норис. Квалификациите за трка ќе се ...

Жан-Паскал Хом (28) од Бранденбург денеска со 633 од 725 присутни членови на основачкото собрание е избран за лидер на новата младинска организација на Алтернатива за Германија АфД (AfD) наречена „Генерација Германија“. На основачкото собрание немаше други кандидати, а Јан Рихард Бер беше избран за негов заменик, објави „Велт ам Зонтаг“. Хом е член на АфД од 2014 година, а во својот говор за време на кампањата изјави дека сака да соработува со ...

Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска гостуваше во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетната комисија во Собранието. Тој нагласи дека суштината не е само водење на дневна политика, туку менување на системот. Затоа, според него, кога веќе во Собранието ќе има Анкетна комисија, тој извештај покрај тоа што ќе се достави до Владата, треба да се поднесе и до Јавното обвинителство, ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и оти физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени. – Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини од истоименото училиште, најдени се фекални бактерии ...

Лидерката на Алтернатива за Германија -АфД (AfD) Алис Вајдел остро ги критикуваше денешните протести против основачкиот конгрес на новата младинска организација на АфД во Гисен и истакна дека тоа е нешто што е длабоко недемократски. На отворањето на собирот, што започна со големо задоцнување поради протестите, таа оцени дека станува збор за подготвеност за насилство што е навистина застрашувачка и апелираше до демонстрантите да се разоружаат и ...

Фондот на ПИОМ соопштува дека исплатата на пензијата за ноември банките ја започнаа вчера и ќе заврши во понеделник на први декември 2026 година. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, исто така, ја информира јавноста дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира истата и не треба да има никаков сомнеж или страв дека пензии нема да има. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ...

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права. -Во понеделник во 11 часот пред Уставен суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија, ...

Затворањето на владата во САД генерално само маргинално влијае врз економијата, но секундарните последици би можеле да се акумулираат со текот на времето, предупреди S&P Global во освртот на најновото затворање на бројни владини агенции, бидејќи вработените на принуден одмор ќе трошат помалку. Работата на бројни владини служби на федерално ниво беше суспендирана во средата, откако Сенатот одби да го поддржи предлогот за буџетот за фискалната ...

Коментар на Даниел Гринфилд за Frontpage. Гринфилд е истражувачки новинар и писател кој се фокусира на радикалната левица и исламскиот тероризам. „Сето тоа е лага. Масакрите од 7 октомври не беа извршени за да се создаде „палестинска“ држава, да се излезе од „затвор на отворено“ во Газа или од која било од лагите со кои медиумите систематски нè поплавија. Тие го направија тоа за да го освојат Ерусалим. Затоа Хамас ја нарече операцијата „Поплава ...

Откако вчеравечер замина од Македoнија без изјави, затоа што веројатно знаеше каков одговор ќе добие од премиерот Христијан Мицкоски на говорница, денеска Фон Дер Лајен направи уште еден јалов обид пред избори, да ни каже дека не отстапуваат од она што Ковачевски и Османи го прифатија на заминување од власта. Сега и со спортски/фудбалерски речник и симболики. И повторно, без никаков збор за какви и да е гаранции, туку со декларативни уверувања ...

Бранот стечаи и банкроти во германската економија привлече чешки и полски компании кои почнаа да бараат можности за проширување на својот бизнис на најголемиот пазар во Европа, објави Reuters. Германските судови добија значително повеќе барања од компании за поведување стечајна постапка во септември отколку минатата година, за дури 10,4 отсто, покажаа прелиминарните податоци од Федералниот завод за статистика на почетокот од седмицава. Во ...

Европските производители на автомобили би можеле да се соочат со сериозни прекини во производството доколку Кина и Холандија наскоро не го решат спорот за трговија и интелектуална сопственост кај производителот на чипови ц, предупреди ACEA. Порано во текот на седмицата, холандската влада објави дека го презела домашниот производител на чипови „Nexperia“ на 30-ти септември, велејќи дека сака да го спречи трансферот на технологија на кинескиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз руските нафтени гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“ за да ги исцрпи приходите од рускиот буџет и да ги подобри изгледите за мир во Украина. Ефективноста на тие мерки ќе зависи од неговата подготвеност да воведе секундарни санкции и да ризикува скок на цените на нафтата, според колумнистот на Reuters, Рон Бусо. „Росњефт“ и „Лукоил“ заедно произведуваат околу 5,3 милиони барели дневно, или околу 5 ...

Новиот петгодишен план за економски развој на Кина сигнализира, меѓу другото, акцент на силен домашен пазар, според приоритетите на планот наведени на состанок на кабинетот, објавени од државната новинска агенција Xinhua. Деталите за планот и проектираниот раст на втората по големина економија во светот, кои ќе бидат објавени дури на парламентарен состанок во март следната година, ќе бидат од особен интерес за глобалните инвеститори. Градењето ...

Кроасани

12 минути - Курир

Погоди кој

42 минути - МРТ

Рај и земја

42 минути - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
84%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.45
88%
1019
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.02
93%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
92%
1020
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.47
76%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
66%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
71%
1017
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
90%
1022
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
96%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
100%
1018
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Платина

64478.87

Алуминиум

2.95

Кобалт

58.42

Злато

139515.92

Рутениум

29192.88

Сребро

2159.30

Бакар

11.02

Калај

43.93

Иридиум

145787.60

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97