Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Во населбата Домачки Дол вчера во 13.50 часот бил уапсен Т.А.(59) од Крива Паланка. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки таблички удрил во паркирано возило. Проверката со дрегер покажала дека односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и приведен во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ...
Патничкиот сообраќај на сите 39 аеродроми во Грција во периодот јануари – декември 2025 се зголемил за 4,9 отсто со евидентирани 83.333.571 патници, наспроти 79.424.082 патници во 2024 година, според податоците од Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина. Податоците се однесуваат на 24 аеродроми со кои управува конкретната служба, на 14 под компанијата „Fraport Greece“ и на Меѓународниот аеродром во Атина. ...
Вампирскиот трилер „Грешници“ чиешто дејствие е сместено во времето на сегрегацијата во САД во кој глуми Мајкл Б. Џордан влезе во трката за Оскар во четврток со најмногу номинации од кој и да е друг филм оваа година, освојувајќи рекордни 16. Досегашниот рекорд според бројот на номинациите од 14 за еден филм што држеа „Сè за Ева“, „Титаник“ и „Ла Ла Ленд“. Големиот број номинации го прави филмот главен фаворит пред 98-то издаение на Оскарите ...
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес оствари средба со Куреш Мукадам, сопственик на компанијата „Zenith Water Heater“, светски лидер во производството на висококвалитетни системи за греење вода. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, како и можностите за инвестирање во рамки на зоните. Директорот Димовски ги претстави инвестициските можности кои ги нуди државата преку ТИР зоните, нагласувајќи ја ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...
Во две одвоени сообраќајки вчеравечер – едната во Кочанско, а едната во Скопје – повредени биле шестмина тинејџери. Во 20:30 часот вчера во ОВР Кочани било пријавено дека на магистрален пат кај местото викано „Двојни кривини“ во атарот на селото Уларци патничко возило „фолксваген туран“ со кочански таблички, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од селото ...
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е дека војната во Украина мора да заврши, по она што тој го нарече „добри“ разговори со украинскиот челник Володимир Зеленски во Давос во четвртокот. Американските и украинските претставници веќе неколку седмици спроведуваат интензивна шатл-дипломатија, бидејќи Киев се соочува со притисок од Трамп да осигури мир во речиси четиригодишната ...
Кавадарчанка завчера останала без 30.000 денари, бидејќи ги следела инструкциите во електронско писмо за кое мислела дека е од системот на МВР „Безбеден град“. Вчера во 15.45 часот во ОВР Кавадарци, 43-годишна кавадарчанка пријави дека претходниот ден била измамена за сума од 29.930 денари. „Според пријавеното, на нејзината електронска адреса добила лажна порака во име на Оддел за моторни возила при МВР за сторен сообраќаен прекршок и со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокoт дека обезбедил целосен и траен пристап на Соединетите држави на Гренланд во разговорите со НАТО. Трамп, од друга страна, бара од сојузниците во НАТО поголема посветеност на безбедноста на Арктикот со цел да се елиминира наводната закана од Русија и Кина, објавува Reuters. Веста за нацрт-договорот дојде откако Трамп нагласи дека нема да го преземе Гренланд со сила и се откажа од ...
Гласањето на Академијата заврши, а номинациите за Оскар ќе бидат објавени подоцна во четвртокот, со два силни фаворита оваа година „Грешница“ и „Битка по битка“. Се очекува двата филма да освојат десетина или повеќе номинации, од главната награда за најдобар филм до признанието за најдобар актер, како и во новата категорија за најдобар кастинг. Според некои стручњаци од филмската индустрија, овие две продикции на студијата „Warner Bros.“ би ...
Превозниците од Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, на 26 јануари ќе ги блокираат сите гранични премини за товар кон земјите од Шенген зоната поради проблемите предизвикани од новиот систем за влез и излез (EES), кој го евидентира влезот и излезот на превозниците. Овие мерки доаѓаат откако, Брисел не ги зел предвид барањата и предлозите на превозниците за олеснување на процедурите на границите. Протестот ќе се одвива исклучиво на товарните ...
Тинејџер (16) од Скопје, вчера бил турнат во багажник од страна на неидентификуван маж, којшто барал да му каже кој мавал со снежни топки по неговиот автомобил. Истовремено, мажот физички го нападнал другарот на момчето што го турнал во багажникот. Инцидентот што се случил околу 12.30 часот вчера на автобуска постојка на подрачјето на Аеродром го пријавила мајката на 16-годишникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели СВР ...
Во март оваа година ќе има уште едно зголемување на платите во јавното здравство, според договорот со синдикатите, потсети на денешната прес-конференција директорот на Фондот за јавно здравство(ФЗО). – Мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите, така што барем во мојот ...
Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во седмица недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната седмица, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во споредба со истата седмицаа од минатата сезона, бројот на заболени е зголемен за 46 проценти, додека во однос на просекот од последните 15 сезони е намален за 6,9 отсто. ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска изрази сериозна загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми. „Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности. Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и ...
Полицајка при Секторот за внатрешни работи Штип се најде во центарот на истрага поради сомнеж дека открила службена тајна. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против В.М., која работи како приправник во полицијата, откако утврдено е дека на 10 јули 2025 година ја открила операцијата со дрон за едно лице користејќи го телефонскиот број на својот брат. Операцијата ...
Испораките на сурова нафта од Венецуела според договорот за снабдување со САД достигнаа околу 7,8 милиони барели во средата, покажаа податоците за следење на бродовите и документите од државната нафтена компанија PDVSA, што сигнализира бавно темпо во првата фаза од испораките поради преговорите за цените. Трговските куќи „Vitol“ и „Trafigura“ добија прелиминарни дозволи од САД за продажба на венецуелска сурова нафта, но снабдувањето сè уште ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја поздравува и институционално ја поддржува денешната реализација на Договорот меѓу Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје и словенечката енергетска берза БСП, со кој официјално започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден (Intraday Market). „Воспоставувањето на пазарот во тековниот ден е суштински чекор за модернизација на македонскиот ...
Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ...
Немам намера никоmu да му се извинам, а кој сака да тужи, нека тужи, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на партиска прес-конференција, прашан дали има намера да се извини на поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, Јован Деспотовски, но и на исто така истакнатиот СДСМ-овец Петре Шилегов, кој два пати беше кандидиран за градоначалник. СДСМ нивните критики ги пречека со низа напади и навреди на прес-конференции или ...
Реал Мадрид и натаму е клубот со најголема заработка во светскиот фудбал во сезоната 2024/25, додека Ливерпул првпат стана клуб од Премиер лигата со најголема заработка, според годишниот финансиски извештај на ревизорската компанијаа „Deloitte“ објавен во четвртокот. Шпанскиот клуб е на врвот на ранг-листата на приходи од фудбал со 1,16 милијарди евра (1,36 милијарди долари) и покрај тоа што не ја освои ниту Ла Лига, ниту Лигата на ...
Италијанскиот фудбалски клуб Рома е во преговори со Ал-Шабаб од Саудиска Арабија за трансфер на белгискиот фудбалер 32-годишниот Јаник Караско, објавија италијанските медиуми. Римскиот клуб бара засилување на позицијата лево крило и затоа сака да го доведе Караско на шестмесечна позајмица во јануари со опција за откуп на договорот. Сепак, неговата плата е голем проблем, бидејќи тој заработува 13 милиони евра годишно во саудискиот клуб, што е ...
Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување означија почеток на интензивна соработка со конкретни резултати – воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите. На денешната прес-конференција, министерот за ...
Челниците на ЕУ ќе се соберат во Брисел во четвртокот вечерта на вонреден самит свикан минатиот викенд, по заканите од САД за наметнување суверенитет врз Гренланд и воведување царини на западноевропските земји што се противат на тоа, коишто претседателот Доналд Трамп во меѓувреме ги повлече. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, свика самит на челниците на ЕУ во неделата за да разговараат и да се договорат за европски одговор на ...
Приградски воз се заби во градежен кран во југоисточна Шпанија, при што се повредени неопределен број луѓе, соопштија во четврток регионалните служби за итни случаи. „Возот не се преврте, ниту излета од шините“, изјави за Reuters портпаролот на службите за итни случаи во југоисточниот регион Мурсија. Несреќата се случила во близина на Картахена, во регионот Мурсија. Минатата седмица најмалку 43 лица загинаа во смртоносниот судир на брзи ...
Николче Колевски од Новаци стана милионер во 2026. На 08 јануари во 17:47 освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.713.055 денари. МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Евротип во Новаци. Колевки во Видеолотарија пристигна во друштво на својата сопруга, сè уште под силни импресии од неочекуваната, а освоена добивка. Како што ни сподели, парите од освоениот МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ, планираат да ги вложат ...
„Реплек“ по петти пат ја потврдува својата усогласеност со највисоките европски стандарди за квалитет, безбедност и добра производна пракса. Најновото сертифицирање со EU GMP сертификатот е доказ за континуираната посветеност на компанијата кон унапредување на производствените процеси, што ја потенцира нејзината доверливост и професионалност во секоја фаза од производството. Новиот, петти по ред, EU GMP сертификат вклучува проширување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп официјално го основа својот Одбор (Совет) за мир во Давос во четвртокот, нарекувајќи го „едно од најважните тела некогаш создадени“ и најавувајќи соработка со Обединетите нации, откако неговите западни критичари ги искажаа стравувањата дека комитетот ќе ја поткопа работата на светската организација. Одборот првично беше замислен како тело за надгледување на спроведувањето на мирот и реконструкцијата во ...
Млад човек го запали споменикот на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо во неговиот роден град Фуншал, на островот Мадеира, по што беше уапсен. Во вторник, младиот човек објави видео на социјалните мрежи во кое првично вели дека ова е „последното предупредување од Бога“. Може да се види како истура запалива течност врз споменикот, а потоа користи запалка за да предизвика пламен. Откако пожарот го зафати „Роналдо“, кој се наоѓа ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека дел од замрзнатите руски средства на Запад би можеле да се искористат за реконструкција на териториите во зоната на специјалните операции. Тој рече дека Москва во моментов разговара за ова прашање со Вашингтон. Одредба за користење на замрзнатите руски средства беше вклучена во првата верзија на мировниот план на Доналд Трамп. Беше предвидено дел од средствата да се искористат за реконструкција ...