Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Челниците на Велика Британија, Франција и Германија во средата разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп за најновите мировни напори на Вашингтон за ставање крај на војната во Украина, во она што го опишаа како „критичен момент“ во процесот. Киев е под притисок од Белата куќа итно да се договори за мировен договор, но се спротивставува на планот поддржан објавен минатиот месец, кој во споменатите западноевропски престолнини го ...
Во големата полициска акција на повеќе локации во Скопје и околните села, полицијата уапсила 12 лица осомничени за учество во организирана група која тргувала со оружје и продавала кокаин. Министерството за внатрешни работи објави детали за апсењата и претресите изутринава во Брест, Инџиково, Арачиново, Ченто и Чаир. Во акцијата се лишени од слобода Н.С.(70), Ф.С.(42), Ќ.С.(44), Б.А.(40), С.Д.(37), Ф.Д.(35), Н.А.(59), Р.К.(27), Н.Л.(44), ...
Денеска во Скопје се одржа третата годишна конференција за дигитализација во организација на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) со работен наслов „Од визија кон акција: Креирање на систем што испорачува“, акцентирајќи ја темата за потреба од дигитална трансформација која е практична, безбедна и функционална. Конференцијата ја отвори Славко Пројковски, член на Одборот на директори на АмЧам, кој ја даде и рамката на ...
Од 17 часот повторно е запрено движењето на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица), информираат од АМСМ, додека на остатокот од државните патишта сообраќајот се одвива нормално. Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од ...
Приходите од продажба на оружје и воени услуги од најголемите светски компании за оружје достигнаа рекордно високо ниво поради зголемените геополитички тензии. Тие се зголемија за 5,9% на 679 милијарди долари (583 милијарди евра) во 2024 година – највисока бројка досега забележана, според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (SIPRI). Зголемувањето на вкупните приходи од оружје главно се должи на вкупното зголемување на ...
Цените на нафтата паднаа на 61 долар на меѓународните пазари во средата, бидејќи новите проценки за производството во САД ги разгореа стравувањата од презаситеност на понудата следната година. Со барелот на лондонскиот пазар попладнето се тргуваше за 52 центи пониска цениа од затоврањето на вчерашното тргување од 61,42 долари. За исто толку барелот беше поевтин и на американскиот пазар, каде што изнесуваше 57,73 долари. Одделните пресметки на ...
Теоброминот, хемикалија што се наоѓа во темното чоколадо, може да има својства против стареење, открива нова студија. Студијата, објавена во среда во списанието Aging, откри дека теоброминот – вообичаено растително соединение што доаѓа од зрната какао – може да го забави биолошкото стареење. „Нашата студија наоѓа врски помеѓу клучна компонента на темното чоколадо и останувањето помлади подолго време“, вели Џордана Бел, автор на студијата и ...
Низа превентивни активности се одржани денеска на повеќе места низ земјава, со образовни цели. Некои од нив биле за деца и повозрасни малолетници, а некои за возачи. Тема на овие едукативни активности биле безбеден сообраќај, заштита од кражби и спречување на меѓуврсничко насилство и употреба на пиротехнички средства, а имало и посета на дечиња на СВР Струмица, при што се запознале со дел од полициската работа. Како што објави МВР, денеска во ...
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека Москва работи за создавање мир, а не за прекин на огнот. Ова беше неговиот одговор на предлогот на украинскиот лидер Володимир Зеленски за воведување мораториум на напади врз енергетски објекти. Овој предлог дојде во услови на прекин на електричната енергија во Киев и широко распространети прекини на електричната енергија низ цела Украина. Пратеникот на украинската Рада, Олексиј ...
Тамара Тодевска и Каролина Гочева ќе ги забавуваат скопјани на за дочекот на Новата Година на плоштадот „Македонија“, информираше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новогодишната прослава годинава ја организира и финансира „Државната видео лотарија“, а условот на градоначалникот бил – да настапуваат само македонски изведувачи. На сцената ќе настапат и изведувачи од македонската народна музика, а предвидени се и три до четири дена ...
На магистралниот пат Овче Поле – Свети Николе полицаецот што правел контрола завчера попладнето најверојатно бил стаписан кога погледнал во дисплејот на радарот – на место каде што има ограничување на брзината од 50 км/ч – автомобилот „ровер“ со охридски таблички што му бил „на нишан“ се движел со 126 км/ч. Зад воланот била 24-годишната А.Р. од охридското село Елшани. Магистралниот пат Овче Поле – Свети Николе, инаку е многу блиску до автопатот ...
УНЕСКО во средата ја вклучи италијанската национална кујна на својата листа на нематеријално културно наследство, официјално признавајќи ја важноста на оваа кулинарска традиција што со векови се пренесува од генерација на генерација. Гласањето во Њу Делхи, на состанокот на одборот на агенцијата на Обединетите нации, е кулминација на процес што Италија го започна во 2023 година. Владата во Рим ја претстави националната кујна како „општествен ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 122,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 114,52 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 121,22 евра за мегават час, а на MEMO 110,02 евра. Цена на Storage ...
Бугарски суд го одби барањето на Либан за екстрадиција на рускиот бродосопственик поврзан со експлозијата во пристаништето во Бејрут во 2020 година, наведувајќи го како причина недостатокот на безбедносни гаранции од либанските власти. Игор Гречушкин, руски бизнисмен од Кипар, чиј брод го превезувал експлозивниот материјал што експлодираше во август 2020 година во пристаништето во Бејрут, при што загинаа повеќе од 220 луѓе, беше приведен во ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Националниот настан за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, каде што уште еднаш ја потврди силната определба на Министерството да работи отворено, во соработка и директен дијалог со сите засегнати страни. „Транзицијата мора да донесе подобар живот за сите нас. А тоа е можно само ако сме отворени, достапни и ако работиме заедно. ...
Предмети и делови од стари народни носии за кои не можеле да го докажат потеклото, биле пронајдени кај тројца Бугари вчера во Демир Хисар. Бугарските државјани се уапсени под сомнение за „кражба“ и „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На улицата „Вељко Влаховиќ“ во Демир Хисар, вчера претпладне биле затекнати А.К.(44) и К.К.(48) во „фолксваген голф“ и В.Г.(50) во „пежо боксер“, ...
Со указ објавен на официјалната веб-страница за објавување на законски акти, рускиот претседател Владимир Путин го разреши Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор на Русија во Македонија. „Да се разреши Сергеј Александрович Баздникин од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, се наведува во документот. Нема објаснување за причината за неговото разрешување. Баздникин е роден во 1967 ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната седница на Советот на Федерацијата зборуваше за контактите со САД за мировното решение на судирот во Украина и ја обвини Европската Унија дека се обидува да го спречи процесот. Лавров потврди дека Москва и Вашингтон постигнале договор за продолжување на работата за завршување на украинскиот конфликт. – Главната работа е да постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без ...
Родителите на девојчето (13) кое беше тешко повредено во сообраќајката во која учествуваше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, со неговиот СУВ „хјундаи тусон“ рано утрото на 14 септември, годинава, кај селото Марино, побараа од претседателот на Собранието, Африм Гаши, да се почне соодветната парламентарна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот од Гевгелија, за да се овозможи фер и непристрасно судење, ако до тоа дојде – оти ...
Демократска Република Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт, сигнализирајќи дека има намера да игра повлијателна улога во глобалните синџири на снабдување за производство на батерии за електрични возила и системи за складирање на енергија. Владата на Конго го суспендираше извозот на кобалт во февруари за да го ограничи прекумерното снабдување и да го запре падот на цените, а во октомври воведе систем на извозни квоти, со цел да ги ...
Во Македонскиот културен центар во Тирана се одржа промоцијата на книгата “Два корена, едно творештво” на проф. д-р Кимет Фетаху. Оваа книга е од голема важност бидејќи содржи ризница на неистражената албанска литература од албански автори со македонско потекло кои пишувале не само на албански, туку и на македонски јазик. Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и голем активист за правата на Македонците во Република Албанија. ...
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави во средата „нов институционален чекор за одбрана на земјата“ од, како што тврди, веќе договорениот прием на мигранти во Македонија. По започнатата петиција, СДСМ најавува дека до Собранието ќе поднесат резолуција “за заштита на државните интереси“. Доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржат, партијата најави одржување голем народен протест. Филипче изјави дека е „очигледно“ оти ...
По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше. Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги презентираше реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата. – Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и подеднакво достапен ...
Опозициската СДСМ јавно нападна функционери на владејачката ВМРО ДПМНЕ дека се поврзани со приватни фирми, кои преку државни тендери оствариле милиони евра приходи. Стариот начин на функционирање, на оваа за жал моментно полупропадната партија, не се менува. На јавни настапи, партиските луѓе на СДСМ обвинуваат за проневерени милиони евра од државниот буџет преку тендери. Всушност тендерот е во милиони, а работата треба да се сработи, да се ...
Во серија рации по Охридско Езеро, запленети биле 343 единки охридска белвица и 36 единки клен, со вкупна тежина од 46.6 килограми, како и девет нелегално поставени рибарски мрежи. Акциите се изведени од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), во соработка со ПС за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција). Запленетите риби и мрежите се откриени на потегот од поранешната Детска болница до хотел „Метропол“. Одземените мрежи и ...
Овој Буџет не е само финансиска конструкција, туку стратегија, визија и јасна определба дека Македонија како држава може и мора да оди напред. Во време на глобални економски турбуленции, овој Буџет одржува фискална дисциплина, го намалува дефицитот и го држи јавниот долг во безбедни рамки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, на денешната седница во македонското Собрание, на која се дискутира за Предлог-буџетот за следната 2026 ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги презентираше реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата. – Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и подеднакво достапен ...
Најмалку 51 лице е повредено во силниот земјотрес што го погоди северниот дел на Јапонија во понеделник вечерта, според новите податоци од јапонските власти, кои предупредија на можен нов силен потрес наредните денови. Земјотресот, со магнитуда од 7,5 степени според Рихтеровата скала, го погоди крајбрежјето во регионот Аомори во понеделник навечер. Оштетени се патишта и објекти во северна Јапонија, а се случи и цунами со бранови високи до 70 ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес одговори на новинарско прашање прашан за коментар по изјавите на СДСМ и Филипче за наводен договор за носење мигранти. -Немаат тема. Притисокот е голем врз Венко Филипче да си замине, и од внатре и од надвор. Наеднаш, ПР тимот му вели „сега темата ќе биде мигранти, еве два таблоиди во Велика Британија објавија, ајде на оваа тема да се качиме и да ја туркаме“. Мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ...