Во изминатите 24 часа најмногу снег е измерен на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка достигна 39 сантиметри, а воедно таму е регистрирана и најниската температура од -3 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХМР, минималните утрински температури на повеќе места низ земјава се движеа околу нулата и под неа. Во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево беа измерени 0 степени, додека 2 ...

Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Македонија ги прекинаа блокадите откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со ...

Во продавница на подрачјето на Гази Баба завчера рано вечерта, продавачката забележала маж како краде и му се спротивставила, а крадецот ја нападнал. Три часа подоцна тој бил уапсен. Станува збор за З.К.(37) од Струшко, со привремен престој во Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Скопје. Во продавница на подрачјето на Гази Баба завчера рано вечерта, продавачката забележала маж како краде и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп отвори нов фронт во трговскиот спор со Канада, заканувајќи се дека ќе воведе царина од 50 отсто на авиони произведени во Канада и ќе ги одземе сертификатите за авионите произведени во оваа земја доколку Отава не се согласи да одобри серија авиони произведени од американскиот производител „Gulfstream“. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, американскиот претседател тврди дека Канада ...

Најмалата планета во Сончевиот систем, Меркур, можеби крие голема тајна. Според новите модели, необичните светли ленти што се протегаат по неговите кратери и падини веројатно се знак за неодамнешна геолошка активност. Ова откритие сугерира дека Меркур, спротивно на претходните претпоставки на астрономите, не е геолошки мртва и неинтересна планета, туку дека нејзиниот пеколно жежок пејзаж е сè уште активен, пишува Science Alert. Истражување ...

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „многу опасно“ за Обединетото Кралство да работи со Кина, додека британскиот премиер Кир Стармер го бранеше „зближувањето“ со Пекинг. Зборувајќи пред кинеската и британската бизнис заедница во централната банка на Кина, Стармер повторно ги пофали своите „многу топли и многу добри“ разговори со претседателот Кси Џинпинг од претходниот ден. Британскиот премиер ја бранеше својата посета на Кина ...

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути порасна во раното претпладневно тргување во петокот, оддалечувајќи се од најниското ниво во последните четири години. Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утрово се движи околу вредноста од 96,60 поени, додека вчера во истиот термински пресек изнесуваше 96,10 поени. Истовремено, ...

Центарот за управување со кризи – Скопје извести дека ЕВН Македонија АД денеска ќе направи две привремени исклучувања на струјата во делови на две скопски општини: – во периодот од 9 до 15 часот, дел од корисниците од ул. Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од ул. Индира Ганди, лоцирани покрај пругата кај подвозникот. ( општина Шуто Оризари) – во периодот од 9 до 15.30 часот, дел од ...

Инвеститорите на Волстрит беа фокусирани на деловните резултати на неколку од најголемите технолошки компании во светот во четврток, при што цената на акциите на „Meta Platforms“ силно порасна, а на „Microsoft“ остро падна. Индексот Dow Jones доби 0,11 отсто, на 49.071 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,13 отсто, на 6.969 поени, а индексот Nasdaq за 0,72 отсто, на 23.685 поени. Индексите S&P 500 и Nasdaq беа под притисок бидејќи ...

ОВЕН Одвојте малку време денеска да се грижите за вашиот изглед и за себе, можеби потстрижете се или вежбајте. Не наоѓајте изговори за недостиг на време или домашни работи, вие заслужувате оваа грижа. БИК Денеска ќе изгледате доста разумно и лесно ќе најдете излез од покомплицираните ситуации, вклучително и оние што се однесуваат на вашите интимни односи. Доколку имате проблем, бидете трпеливи, во моментов не е препорачливо да брзате со ...

Канадскиот премиер Марк Карни, запрашан за извештаите дека американските претставници се сретнале со сепаратисти кои бараат независност за покраината Алберта, во четвртокот изјави дека очекува американската администрација да го почитува канадскиот суверенитет. Весникот Financial Times објави дека претставници на Стејт департментот одржале три состаноци со групата Alberta Prosperity Project (APP), кој се залага за референдум за тоа дали ...

ЈП Водовод и Канализација соопшти дека денеска, петок, поради промена на затворач на бул. Александар Македонски бб (кај хотелот Континентал), извесен период без вода ќе бидат Ист Гејт и хотелот Континетал. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9 часот, а водата повторно ќе биде пуштена по завршувањето на работните активности. ЈП Водовод и Канализација соопшти дека денеска, петок, поради промена на затворач на бул. Александар Македонски бб ...

Во петок на територијата на Македонија ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Утринските температури се движат од минус 1 до 6, а соодветно највисоките во текот на денот ќе достигнат меѓу 6 и 10 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и ...

Во дербито на вечерта и дуелот од 25-то коло на Евролигата, кошаркарите на Олимпијакос ја победија Барселона со 87:75 на домашен терен. По првата четвртина, Олимпијакос доби голема предност од 27:13. Сепак, Барселона направи пресврт во третата четвртина, која ја доби со идентични 27:13, и поведе со 64:59 пред последните десет минути. Сево ова навестуваше неизвесна завршница, но грчкиот тим одлично ги одигра последните минути од натпреварот. ...

Резултати од последното осмо коло од фудбалските натпревари од Лига Европа одиграни во четвртокот. Лига Европа, 8. коло: Астон Вила – Салцбург 3:2 Базел – Викторија Плзен 0:1 Селтик – Утрехт 4:2 Митјиланд – Динамо 2:0 Порто – Ренџерс 3:1 ФЦСБ – Фенербахче 1:1 Црвена ѕвезда – Селта 1:1 Генк – Малме 2:1 Го Ахед Иглс – Брага 0:0 Лил – Фрајбург 1:0 Лудогорец – Ница 1:0 Лион – ПАОК 4:2 Макаби Тел Авив – Болоња 0:3 Нотингем Форест – Ференцварош 4:0 ...

Презумција на невиност мора секој да почитува и никој не е виновен додека тоа не биде правосилно. Но од друга страна, сега зборувам како човек, ако навистина е точно дека тие заѕидани средства се предмет на легална трансакција, продажба на нива и слично, тогаш што би правеле во ѕидот?! Логично е тие да се наоѓаат на друго место, а не во ѕидот. И ако е така, кога ќе ви дојдат дома истражители и ќе ви ја пребаруваат куќата, тогаш логично е да ...

Боксерот Ален Рустемовски е спортист на Македонија за 2025 година. Освојувачот на сребрениот медал од Европското првенство до 23 години, го доби признанието на свечената манифестација која се одржа во Македонската опера и балет а организирана од Министерството за спорт и Сојузот на спортови на Македонија. Најдобра спортистка за 2025 година, пак, е Катерина Попева од бодибилдинг и фитнес. „Оваа награда е резултат на многу работа и многу ...

Познатиот американски рок-музичар Брус Спрингстин објави нова песна посветена на граѓаните на Минеаполис, кои протестираат против „присуството и насилството“ на американската агенција за илегална миграција ICE, чии агенти при активистичкото попречување на нивните операции убија две лица последните две седмици. Во песната „Streets of Minneapolis“, Спрингстин протестира против „приватната армија на кралот Трамп“ чии војници „ги газат нашите ...

Раперката Ники Минаж, родена во Тринидад и Тобаго, се прогласи за „најголема обожавателка“ на американскиот претседател Доналд Трамп и ја покажа својата златна виза, која ѝ обезбедува престој во САД и пат до американско државјанство. Претседателот ја покани ѕвездата на сцената во Вашингтон откако таа ја поддржа програмата „Trump Accounts“ за инвестирање во иднината на децата. Некогаш критичарка на тврдокорните имиграциски политики на Трамп, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот вечерта изјави дека очекува спроведување на договор според кој Русија нема да ги напаѓа Киев и другите украински градови една седмица поради екстремно суровите зимски временски услови, како што објави американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски рече дека наредните денови ќе покажат дали Москва ќе се придржува до договорот. „Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски ...

Српската криминалистичка полиција во четвртокот заплени околу пет тони марихуана во близина на Крушевац, што е рекордна заплена на дрога во Србија, а нејзината вредност на нелегалниот пазар се проценува на седум до десет милиони евра, објави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Дачиќ нагласи дека „најзначајниот резултат“ од оваа операција е тоа што петте тони дрога биле „отстранети од улиците“, проценувајќи дека „покрај ...

Американскиот министер за војна (одбрана), Пит Хегсет, изјави во четвртокот дека американската војска ќе биде подготвена да спроведе секаква одлука што претседателот Доналд Трамп ќе ја донесе за Иран за да се осигури дека Техеран нема да продолжи да развива нуклеарно оружје. Со оглед на тоа што големите американски воени сили се распоредени во регионот, Трамп побара од Хегсет да даде коментар за ситуацијата на состанокот на својот кабинетот. ...

Американскиот МЛС тим Сан Хозе официјално објави во четвртокот дека потпишал со 29-годишниот германски фудбалер Тимо Вернер, кој го напушти германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг. Вернер потпиша договор со Сан Хозе до јуни 2028 година и ќе ја напушти својата татковина по третпат во кариерата. „Секогаш е голем предизвик да се одлучи да се оди преку Атлантикот, но во Сан Хозе и САД ги имам сите предуслови за успех“, рече Вернер кој ја започна ...

Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. „Еден од приоритетите на Министерство за спорт со поддршка од Владата, е да создадеме систем што ќе ги препознава и ќе ги поддржува младите таленти“, истакна министерот за спорт Борко Ристовски на свеченото доделување на стипендиите што се одржа вечерва во Македонската опера и балет, во склоп ...

Израел ги предаде во четвртокот телата на 15 Палестинци убиени за време на војната во Појасот Газа, три дена откако беа пронајдени останките на последниот израелски заложник. Медијаторите се надеваат дека овие потези ќе го отворат патот за спроведување на следната фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп. Полицерот Рон Гвили беше еден од 251 заложник заробен од милитантите на Хамас и однесен во Појасот Газа за време на ...

Професорката на скопскиот правен факултет, Тања Каракамишева е нов советник на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, задолжена за областа на човековите права и владеењето на правото. Веста за својот нов професионален ангажман Каракамишева ја сподели на социјалнит мрежи истакнувајќи дека оваа позиција е резултат на долгогодишната соработка со премиерот и претставува голема чест, но и одговорност. „Голем предизвик и одговорност е да се ...

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија, процес што беше отворен уште во 2000 година, извести министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна министерот Муцунски, оваа одлука претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, ...

Ај Вејвеи, кинески дисидент чија активистичка уметност го направи најистакнат критичар на Пекинг, во четвртокот изјави дека Западот треба да го преиспита сопствениот статус на човековите права пред да ја осуди Кина, истиот ден кога британскиот премиер Кир Старме престојува во посет на неговата татковина. Ај изјави за Reuters во Лондон дека претходно тврдел дека западните челници коишто ја посетуваат Кина треба отворено да ги осудат ...

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа се осврна на идејата за обновување, а воедно и модернизација на жичницата до Водно. Истакна дека наместо претходно планираната траса од црквата Свети Јован кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно, бидејќи како што вели, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди ...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извести дека утре, петок 30.01.2026, поради промена на затворач на булeварот „Александар Македонски“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел „Континентал“ и трговскиот центар „Ист Гејт“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ извести дека утре, петок 30.01.2026, поради промена на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
9.26
64%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
8.75
67%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.87
84%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
83%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
65%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
51%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
77%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
73%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2677.51

Бакар

11.84

Платина

68416.79

Цинк

3.29

Родиум

334367.76

Рутениум

45750.51

Иридиум

215504.98

Кобалт

64.04

Злато

163216.16

Паладиум

55363.59

Калај

46.04

Алуминиум

3.07