Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, и се осврна на некои работи со кои во моментов се занимава СОЗР, како легализација на имот на државата, реновирање на Клубот на пратениците, реновирање на вилите во сопственост на државата. Томовски вели дека направена е целосна реорганизација во институцијата, уште на самиот почеток, вработени се поголем број лица, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави во четврокот дека побара а рускиот претседател Владимир Путин се согласил да ги одложи воздушните напади врз Киев и другите украински градови една седмица поради студеното време. „Јас лично го замолив претседателот Путин да не го гранатира Киев и другите градови една седмица за време на ова исклучително студено време (…) Јас лично го замолив претседателот Путин да прекине со огнот врз Киев и ...
Во финалето на годинашниот Австралија Опен, во женска конкуренција ќе играат светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, и Елена Рибакина која настапува за Казахстан. Во првото полуфинале, Сабаленка убедливо ја победи Украинката Елина Свитолина со 6-2, 6-3, а потоа Рибакина ја надигра Американката Џесика Пегула со 6-3, 7-6 (7). Рибакина беше одлична повеќе од сет ипол и имаше три меч-топки на сервисот на Пегула за да поведе ...
Европските држави почнуваат да разговараат за идејата за заеднички нуклеарен чадор што би ги надополнил постојните безбедносни договори со САД, изјави во четвртокот германскиот канцелар Фридрих Мерц, во услови на зголемени дискусии во Германија за развој на сопствена нуклеарна одбрана. Зборувајќи во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ги доведува во прашање традиционалните сојузи, Мерц рече дека разговорите се само во почетна ...
Презумција на невиност мора секој да почитува и никој не е виновен додека тоа не биде правосилно. Но од друга страна, сега зборувам како човек, ако навистина е точно дека тие заѕидани средства се предмет на легална трансакција, продажба на нива и слично, тогаш што би правеле во ѕидот?! Логично е тие да се наоѓаат на друго место, а не во ѕидот. И ако е така, кога ќе ви дојдат дома истражители и ќе ви ја пребаруваат куќата, тогаш логично е да ...
Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија се согласија во четвртокот да го стават Корпусот на иранската револуционерна гарда (IRCG) на листата терористички организации, објави високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас која претходно во текот на денот ја најави таквата можност. „Репресијата не смее да остане без одговор. Министрите за надворешни работи штотуку презедоа решителен чекор да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, известија од министерството Фокусот на разговорот бил ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес. „Соговорниците разменија мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето ...
Македонските превозници во четвртокот вечерта (29 јануари) во 20 часот ќе се повлечат од блокадите на товарниот дел од граничните премини, одлучи попладнево на состанок Асоцијацијата Макам-транс“, откако Европската комисија одлучи да донесе нова стратегија за визи која треба да даде решение на проблемот со кој се соочија професионалните возачи за престојот од 90 дена во рамки на 180-дневниот период дозволен престој во шенген-зоната. ...
Цените на нафтата скокнаа над нивото од 70 долари на меѓународните пазари во четвртокот, одразувајќи го стравот на инвеститорите поради евентуален американски напад врз Иран и заканите за снабдувањето од Блискиот исток. На лондонскиот пазар, со барелот попладнево се тргуваше за 1,90 долари повисока цена од вчерашната на затворањето на тргувањето од 70,30 долари. На американскиот пазар, барелот беше поскап за 1,78 долари и чинеше 64,99 долари. ...
Неколку енергетски компании во Соединетите држави увезоа течен природен гас (LNG) минатата седмица, обидувајќи се да ги искористат рекордно високите цени поради растот на побарувачката и прекините во производството поради арктичката бура Ферн. Цената на гасот во САД скокна кон 10 долари за милион термо единици минатата седмица на физичкиот пазар на хабот Хенри, според анализата на Министерството за енергетика објавена во петокот. До средината ...
Том Хоман, највисокиот функционер задолжен за спроведување на имиграциските закони во Минеаполис под републиканскиот американски претседател Доналд Трамп, изјави во четвртокот дека федералните агенти ќе се сосредоточат на „целни и стратешки операции за спроведување“, што се толкува во медиумите како „очигледно отстапување од агресивните тактики што предизвикаа национален бес“. Хоман изјави дека има намера да го намали бројот на агенти ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со што посебно за Скопје заедно со другите проекти како Градски воз, БРТ и когенерацијата драстично ќе се намали аерозагадувањето. „Она коешто можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска остварила серија средби со амбасадори во земјава со цел зголемување на соработката со странство. „Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја“, порачува Божиновска. Продлабочувањето на енергетската соработка била тема на средбата на министерката Сања Божиновска со ...
Украина соработува со американската сателитска компанија „SpaceX“ за да го реши проблемот со руските дронови што го користат сателитскиот интернет систем, изјави во четвртокот министерот за одбрана Михајло Федоров, по неодамнешните извештаи дека уредите Starlink се пронајдени на руски дронови со долг дострел во Украина. Изјавата дојде откако советник на Министерството за одбрана изрази загриженост дека Русија го користи Starlink, кои се ...
Србија повторно воведува задолжителна воена обврска, објави во четвртокот претседателот Александар Вучиќ, велејќи дека е загрижен за формирање воени сојузи против Србија. Задолжителната воена служба ќе биде воведена кон крајот на 2026 година или почетокот на 2027 година, изјави Вучиќ по состанокот со воените челници. Србија ја укина редовната задолжителна обврска во 2011 година, но ја остави опцијата за доброволна воена служба. „Многу сме ...
Заменувањето на Новиот договор СТАРТ меѓу САД и Русија – кој истекува за само една недела – би било исклучително тешко и одзема многу време, предупреди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Вашингтон би можел да дозволи договорот да истече и подоцна да бара нов и „подобар“ договор. Новиот договор СТАРТ, кој беше потпишан во 2010 година и продолжен во 2021 ...
Денеска присуствувавме на годишниот брифинг за борбената готовност на Армијата за 2025 година, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. -Брифингот беше посветен на разгледување на тековните состојби и активностите насочени кон јакнење на одбранбените капацитети и континуирана модернизација на Армијата. Посебен акцент беше ставен на значењето на постојаната набавка на современа опрема и вложувањата во човечкиот потенцијал ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска од собраниската говорница образложи дека за да има раст на минималната плата, треба да се земат предвид економската стабилност, инфлацијата и многу други критериуми. Ние, како што рече, сме за зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите. Одговарајќи на пратеничко прашање од Борче Цветков од СДСМ дали ќе го поддржат барањето за зголемување на ...
Штипјанка (72) наседнала на познатата измама за „операција“ на близок роднина и останала без 2.600 евра. Таа вчера во СВР Штип пријавила дека на телефон ѝ се јавил маж кој се претставил како лекар и ѝ кажал дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, за што нејзиниот зет веќе давал крв, а таа требало да плати за операцијата. Жената ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е ...
Проблемот со превозниците од Балканот, кои од понеделникот ги блокираа границите со Шенген-зоната е решен, со тоа што возачите од земјите кои се надвор од Шенген зоната се прифатени како „професионални работници“, а не како туристи, како што предвидуваат новите правила на електронскиот Систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската унија. Веста ја објави министерот за транспорт, Александар Николоски, кој објави и дел од документот што ги ...
Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника Жан Митрев се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е официјално акредитиран од Европската асоцијација за проучување на обезноста (EASO) за периодот 2026–2028 година, со што станува признат како водечки центар за третман на обезност на европско ниво. Оваа акредитација претставува највисоко европско признание во областа на третманот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува, по изборот на јавниот обвинител, голем број предмети држени во фиока да влезат во процедура и јавноста да види кој ја води опозицијата, како и што се случувало во Македонија седум години, додека владееле СДМС и ДУИ. Мицкоски, како што рече денеска од собраниската говорница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека очекува, исто така, со промените во Обвинителството, голем број граѓани да се охрабрат и ...
Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниеден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какво било друго реорганзирање на внатрашните структури на МВР, порача денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен ...
Во спомен на младата Фросина Кулакова денеска е објавена баладата „Фросина“. -Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата „Фросина Кулакова”. Напишана и родена во една доцна ноќ и во еден здив како демо снимка со текстот на Огнен и музиката и гласот на Александар. “Фросина” нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и лек за душата, стои во објавата ...
На прес конференција што се одржа во седишето на ЕУ во Брисел, беа промовирани два документи – Стратегијата за визи и Стратегијата за управување со азил и миграција, кои се најавени како документи со кои се воспоставуваат современи и унапредени принципи на мобилност. Конкретно, на прашањето за работењето на транспортерите, односно возачите на камиони од Западен Балкан, кои четврти ден се на блокади на границите во знак на протест, беше кажано ...
Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна поддршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање. „Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото ...
Поддржуваме одржлива, разумна и долгорочна иницијатива за заштита на здравјето на граѓаните од штетните последици од пушењето , особено кога станува збор за заштита на младите и превентивна борба против зголемениот број на малолетни уживатели на електронски и обични цигари. Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите, пишува во својата последна колумна, Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи. – Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната ...
Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата ...
Реномираната меѓународна организација „Top Employer Institute“ деветта година по ред го прогласи Бритиш Американ Тобако (БАТ) како еден од најдобрите 17 работодавачи во светот. Сертификацијата за глобален „Врвен работодавач (Top Employer) им оддава признание на работодавачите кои обезбедуваат најдобри практики за вработување, овозможувајќи им на вработените да се развиваат лично и професионално, а воедно да постигнуваат и деловни резултати. ...