
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град ...
лаудио Раниери во вторникот ја одби улогата на селектор на италијанската репрезентација, што му ја понуди Италијанската фудбалска федерација (FIGC) по заминувањето на Лучано Спалети. „Му се заблагодарувам на претседателот (FIGC) Габриеле Гравина за оваа можност; тоа е голема чест, но по внимателно разгледување решив да останам целосно достапен за Рома во мојата нова улога“, рече Раниери. „Фридкинси (сопствениците на Рома) ми дадоа целосна ...
Најмалку 18 Палестинци се убиени од огнено оружје од израелската армија во близина на центар за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа, според болнички службеници. Инцидентот се случил во коридорот Нецарим, контролиран од Израел, во близина на објект управуван од Хуманитарната фондација Газа (GHF), објави во вторник болницата Ал-Кудс во градот Газа. Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот. Палестинската новинска агенција WAFA ...
Специјалист др. Катарина Мирчовска родена на 20.05.1988 во Битола, вработена од јануари 2013 во општа болница Кочани, а од 01.01.2022 специјалист по општа хирургија. Од септември 2024 ја вршеше функцијата раководител на Одделението за општа хирургија, а од 01.06.2025 е редовно вработена во скопската Градска општа болница „8-ми Септември“. На местото директор стапи на 09.06.2025 на местото на доктор Кристина Серафимова. Др. Мирчовска е коавтор ...
На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква, за потребите на пациенти. Со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и технички услови, е соодветна ...
Италијанскиот фудбалски експерт, 66-годишниоѕ Лучано Спалети се збогуваше со „Аѕурите“ по победата од 2:0 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, признавајќи дека ја остава репрезентацијата во состојба во којашто и ја нашол. „На својот наследник не му оставам моќен тим, нема чувство на ентузијазам. Се мачевме вечерва (против Молдавија). Кога ја презедов функцијата селектор, се обидов малку да ги поместам работите, ...
Австриската полиција соопшти дека најмалку десет лица се убиени во вооружен напад во средно училиште во Грац, вклучувајќи го и сторителот, и дека многумина се повредени, некои сериозно. Полицијата јавно не го идентификуваше убиецот и претпоставува дека дејствувал сам. Австриските медиуми објавија дека напаѓачот бил поранешен ученик во гимназијата. „Дивеењето во училиштето во Грац е национална трагедија што длабоко ја потресе целата наша земја“, ...
МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на сметка на другите граѓани да не ги завршат своите обврски кон државата очекувам да бидат санкционирани и соодветно казнети, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Се надевам дека тековно ги завршува своите обврски и дека најголемиот дел од граѓаните со исклучок на малкумина кои што беа предмет на вчерашната ...
Отворено писмо до јавноста од градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски: Во последниот период, сведоци сме на сериозни и крајно неосновани тврдења изнесени од страна на градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, со кои се обидува да предизвика паника, несигурност и сомнеж кај јавноста околу урбанистките процеси и планови на територијата на Општина Ѓорче Петров. Најодговорно, пред целата македонска јавност, ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на Тетово изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете и оти дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања што постојат на релации министерство-општини-училишта. Очигледно има некакви недоразбирања меѓу раководствата на училиштата, па и меѓу некои општини и централната власт. Учебници треба да има за секое дете. Министерството ќе обезбеди учебник ...
Со признание за врвни достигнувања во спортот ќе се стекнат поранешните фудбалери Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски, поранешните кошаркари Петар Наумоски и Перо Антиќ, а од областа на ракометот признание ќе добијат Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со случајот „Крмзов“ води постапка против 23 физички и 15 правни лица, осомничени за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и несовесно работење. Според првичните проценки, штетата изнесува околу 90 милиони евра, а незаконските активности се реализирале преку фиктивни договори, манипулации со ДДВ и продажба на недвижности. Како што информираа на ...
Украинскиот претседател Владимир Зеленски тврди дека Киев има докази за шпионски активности на унгарските разузнавачки агенции во Украина и се закани дека ќе ги објави доколку е потребно. Кога еден новинар го праша за неодамнешното апсење на наводни унгарски шпиони од страна на Украинската безбедносна служба, Зеленски рече дека „Будимпешта се обиде да се меша во внатрешните работи на Украина на десетици различни начини“. „Повеќето од проблемите ...
„Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради“, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место. -Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не ...
Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба. Пожарот, кој избувна во една од ќелиите околу 21:30 часот, беше главно изгаснат од затворските службеници пред пристигнувањето на пожарникарите. Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница поради проблеми предизвикани ...
Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Основното јавно обвинителство – Кочани ја прошири истрагата за Нацев, чија агенција ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ кога се случи трагичниот пожар и за него побара ефективен притвор. Тој беше осомничен дека сторил „тешки дела против општата сигурност“ и дека раководел со деловниот потфат и целокупното ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека најголем дел од европратениците, пред се, оние кои се залагаат за вистинските европски вредности, му дале шанса на Предлог-извештајот за земјава, чие гласање Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 4 јуни беше одложени за 24-ти овој месец. Доколку не биде изгласан и тогаш, нагласи Мицкоски, тогаш македонските граѓани треба да бидат свесни дека не станува збор за внесување ...
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во изминатиот период работеле на промена на старите и поставување на нови детски катчиња, реквизити и урбана опрема. Тој истакна дека се работи за нови подови кои се користат за летните Олимписки игри, нови клупи, фонтана и реквизити. -Кисела Вода секој ден сѐ поубава, модерна и зелена! Изминатиов период работевме на обнова на старите, како и поставување на нови детски ...
Климатската активистка Грета Тунберг беше депортирана од Израел рано утрово, неколку часа откако јахтата со која таа и други пропалестински активисти пловеа, се закотви во пристаништето Ашдод. Тунберг беше меѓу четирите лица кои потпишаа договори за доброволно заминување. Осум други, вклучувајќи ја и француско-палестинската правничка и членка на Европскиот парламент Рима Хасан, одбија да потпишат и беа префрлени во притворен центар. Дванаесетте ...
Најавени лани во октомври ваучерите за електронски уреди за студентите во висина од 250 евра ќе бидат доделени во септември, пред почетокот на новата студиска година. Ова денеска во одговор на новинарско прашање го соопшти премиерот Христијан Мицкоски. Критериум да се добие ваучерот, е студентот да има заверен семестар. Мицкоски рече дека парите за студентите се планирани во Буџетот за 2025 година. „Процедурата во рамките на Владата, односно ...
Ученик пукал во свои соученици во училиште во Грац и убил најмалку девет лица. Според првичните информации, напаѓачот извршил самоубиство во тоалетот. Силни полициски сили се на местото на настанот. Како што може да се види на видеата што кружат на социјалните мрежи, на местото на пукањето има силни полициски сили на терен. Amoklauf in #Graz Immer mehr Rettungswagen treffen ein, Hubschrauber kreisen über der Schule. Auch die Spezialeinheit Cobra ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, изнесува 1,5 %, објави Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи зголемување од 3,3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,6 %. Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за Кочани и барањата за оставки кои дојдоа од дел од родителите, рече дека Владата се бори да има одговорност и правда, за да не биде „како до сега“. Тој рече дека МВР асистира на обвинителите, а потоа пак обвини дека има политичари кои се некрофили. „Мислам дека Обвинителството постапува согласно истрагата. Тоа што Обвинителството бара од МВР тоа и се испорачува. Никој не треба да има дилема. Секој што е ...
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДС „После долги години на двоцифрена инфлација, таа конечно се зауздува и намалува, а економијата бележи раст. Откако седум години СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, стопанството конечно застанува на нозе и бележи континуиран раст во три последователни квартали од 3 или над 3% раст на БДП. СДС може да зборува колку сака, но економските параметри покажуваат дека полека се ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствува на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ. -Најпривин благодарност до сите тука што имавме можност да го прошетаме овој објект и да се потсетиме што се изгубивме изминатите 7 години додека СДСМ и ДУИ ја разграбуваа државата и ја уништиваа, а како можело да биде ...
Оперативниот план за вработување за 2025 година предвидува нови мерки за поддршка на невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис. „Се објави јавниот повик од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој се однесува на две нови мерки наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис“, велат од партијата. Во рамки на планот, кој е дел од владината стратегија за намалување на невработеноста и задржување на ...
Сите ние како уметници сме одговорни да дадеме поддршка на нашите колеги од Прилеп за да добијат нов театар, дали преку петиција или друга форма. Капитализмот нè направи себични луѓе и ние веќе не гледаме подалеку од нашиот праг. Меѓутоа, како луѓе што работиме со емоции, треба да бидеме поемпатични и да гледаме за доброто на колективот. Колективот наш театарски е мал. Се надевам дека Прилеп конечно ќе добие нова зграда во најбрзо време – одекна ...
Општина Илинден континуирано работи на урбанизирање и модернизирање на сите населени места. За таа цел во завршна фаза е урбаното уредување на просторот околу туристичкиот локалитет „Бучинско езеро“ во Бучинци. Овој проект е уште едно исполнето ветување на градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше предвиден во предизборната програма, како и во Стратешкиот план на Општина Илинден за периодот 2022-2026 година. Станува збор за простор каде ...
Израел префрлил системи за воздушна одбрана „Патриот“ произведени во САД во Украина, откри израелскиот амбасадор во Киев, Михаил Бродски. Израел досега тврдеше дека обезбедува само хуманитарна помош за Украина. „Системите „Патриот“ што ги добивме од Соединетите Држави сега се во Украина“, рече Бродски во интервју во украински медиум, објавено во неделата. „Ова беа израелски системи распоредени во раните 1990-ти. Се согласивме да ги пренесеме. За ...
Украинските сили соопштија дека Русија во текот ноќта нападнала цели во Украина со 315 дронови и седум ракети. Вчера Украина соопшти дека Русија лансирала 479 беспилотни летала и 20 ракети во – како што нагласи – најголемото ноќно бомбардирање во војната досега. Главната насока на нападите бил Киев, додаваат украинската армија, а регионите Одеса, Дњепарк и Чернигов исто така биле цел на Москва. Од 315 беспилотни летала и седум ракети, 284 ...