Македонија е меѓу најуспешните, односно најдобра во испораката на реформите во рамките на реформската агенда за приближување кон Европската Унија. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски пред заминувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, отфрлајќи ги оценките дека Албанија и Црна Гора се пред Македонија на европскиот пат. Мицкоски очекува на самитот да биде потврдено досега повеќепати искажуваното уверување дека Западен Балкан е ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата има подготвено решение за студентскиот оброк, кое во моментов се разработува и оперативно усогласува со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски истакна дека станува збор за иновативно решение со кое студентите ќе добијат поголеми права и привилегии во однос на досегашниот модел. Тој ...
Новиот Кривичен законик, кој беше презентиран на првата јавна расправа во МАНУ, предвидува затворски казни до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства. Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека со новиот закон, по речиси три децении, се прави целосна реформа на казненоправниот систем, со усогласување со европските стандарди и ...
Професорот и лидер на Единствена Македонија Јанко Бачев на својата фејсбук страна направи интересна и аргументирана анализа на трилатералната средба меѓу Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг, одржана на маргините на самитот на АПЕК во Кина. Осврнувајќи се на дипломатските пораки, протоколот и политичката симболика на средбата, тој ги анализира и сензационалистичките тврдења за наводна нова Јалта, поделба на светот и решавање на војната ...
Интервентниот кардиолог, професор д-р Сашко Кедев, повторно предупреди дека случајот со спорните операции во приватните болници мора да добие разрешница, нагласувајќи дека во прашање не е неговиот личен интерес, туку здравјето и безбедноста на граѓаните. „Случајот со операциите во приватните болници досега требаше да има разрешница, не поради мене, туку поради граѓаните и нивното здравје. Ова го знаат здравствените власти, но и натаму не ...
Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел испрати порака дека Македонија продолжува со спроведувањето на реформите и очекува конкретно вреднување на постигнатите резултати од страна на Европската Унија. На работната средба со европското трио, на која присуствувале претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, биле разгледани ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека Германија се соочува со сериозни финансиски ограничувања и дека државата во иднина нема да може да ги финансира сите досегашни расходи од даночните приходи. „Веќе немаме пари за сè“, порача Мерц во Бундестагот за време на дебатата за државниот буџет, подготвувајќи ја јавноста за поголеми ограничувања во јавната потрошувачка. Германската влада располага со буџет од 560 милијарди евра, најголем ...
Жителите на делови од скопската населба Козле, како и потрошувачите на улицата Варшавска, утре (26 ноември) ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавените информации, прекинот во дел од улицата Козле 6 и на улицата Козле ќе биде во периодот од 9:00 до 13:00 часот. Во текот на овие четири часа се предвидени работни активности за интервенции ...
Поранешниот член на „Битлси“, Пол Мекартни (84), располага со богатство проценето на најмалку 1,4 милијарди долари, со што се најде на третото место меѓу најбогатите музичари во светот. Најголем дел од неговото богатство доаѓа од издавачката куќа MPL Communications, основана во 1969 година, како и од авторските права на музиката на „Битлси“. Дополнителни приходи остварува од стриминг, продажба на плочи, турнеи, недвижнини во Велика Британија ...
Популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски – Лозано најави низа музички активности во наредниот период, меѓу кои и својот прв солистички концерт во Македонската филхармонија, закажан за 5 март 2027 година. Концертот ќе биде замислен во поинаков, поинтимен формат, со акцент на непосредната комуникација со публиката и изведба на најпознатите хитови од неговата кариера. Пред домашниот концерт, Лозано го очекува американска турнеја. На 20 ...
Непријатен инцидент ја вознемирил српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ, откако нивниот луксузен теренец бил запален пред семејната куќа во белградската населба Бежанијска коса. Станува збор за „Џип Вранглер Рубикон“, чија пазарна вредност, според медиумските информации, изнесува околу 72.000 евра. Пожарот избувнал во текот на ноќта меѓу недела и понеделник, а пламените јазици се прошириле и на автомобил ...
Сè повеќе показатели укажуваат дека холивудската актерка Анџелина Џоли размислува за ново поглавје во животот, далеку од Соединетите Американски Држави и холивудскиот начин на живот. Откако во септември го продаде својот луксузен имот во Лос Анџелес за 24,75 милиони долари, се засилија шпекулациите дека актерката планира да се пресели надвор од Америка, пренесува списанието Azra. Џоли моментално престојува во Камбоџа, земја со која ја ...
Понекогаш една песна може да пренесе повеќе од илјада зборови. Токму таква е „Тука сме“, новата песна на Бојана Скендеровски, посветена на децата од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, по повод 80 години од постоењето на установата. Како амбасадорка на хуманоста, Бојана преку музиката сака да го пренесе гласот на децата, нивните соништа, надежи и желбата да бидат слушнати и прифатени. Музиката, аранжманот, миксот и мастерингот се дело на ...
На 16 ноември 1962 година, обилните дождови предизвикале катастрофални поплави во Скопје и во повеќе делови на Македонија. Вардар, Треска и Лепенец се излеале од своите корита, а надојдената вода навлегла во домовите, училиштата, деловните објекти и улиците. Илјадници граѓани останале без покрив над главата, инфраструктурата била сериозно оштетена, а материјалните штети биле огромни. Оваа природна непогода останала запаметена како една од ...
Богатството на македонското културно наследство ќе биде претставено низ уметничките дела на некои од најзначајните македонски сликари и цртачи, на изложбата „Културното наследство низ делата од колекцијата на Националната галерија“. Изложбата ќе биде отворена на 24 ноември, со почеток во 13 часот, во објектот „Мала станица“, а посетителите ќе имаат можност да погледнат околу 30 внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната ...
Големиот интерес на хрватската публика, одличниот прием на изложбата на НУ „Спомен куќа на Мајка Тереза” и овациите за извонредниот музички настап на Владимир Лазаревски и Александар Стојчески ја одбележаа најновата културна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб. Пред преполна сала и бројна публика, македонскиот КИЦ во Загреб организираше настан на кој беа обединети две значајни уметнички содржини: изложбата „Од Скопје до вечноста – Мајка ...
„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Царството на Саша Козак“ од современиот молдавски писател Јулијан Чокан, во превод од романски на македонски јазик на Ирина Кроткова. Овој роман на Чокан отсликува атмосфера од долгата постсоветска транзиција на Молдавија. Ликовите се соочуваат со прашања од националниот и културниот идентитет кои се многу реални за многу Молдавци. Во „Царството на Саша Козак“ „Јулијан Чокан прави рендгенска ...
Колумна, Национал Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија Недела, 08 ноември 2026 година Повеќе години во моите книги пишувам каде на светските ранг листи се наоѓаат нашите македонски универзитети, и за жал, академските рангирања на светските универзитети покажуваат дека нашите македонски универзитети се наоѓаат на маргините на квалитет и и евалуација. Дека македонските универзитети се најмногу фокусирани на образованието, а многу ...
Колумна, Национал Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија Недела, 22 ноември 2026 година После моето доставено барање за пристап до информации од јавен карактер до Медицинскиот факултет во Скопје, на ден 03.11.2026 година добив Одговор со бр. 03-5926/2. Во наведениот одговор се наведува дека за академските 2023/2024,2024/2025, 2025/2026 редовен член на Комисијата за стипендии од редот на професорите на факултетот е исклучително ...
Претседателот на пратеничката група на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, изјави дека ќе започне штрајк со глад доколку се обидат да го уапсат, предупредувајќи дека таквиот потег би можел да предизвика масовни протести со учество на милион луѓе. Ова го изјавил во гостување на телевизијата Пинк, пренесува порталот „Нова.рс“. Осврнувајќи се на наводните најави за негово апсење, Вучиќ ги поврза политичките противници и ...

