Гостинка во новото издание на подкастот „Ваш педијатар“ е проф. д-р Татјана Јаќовска, специјалист педијатар, ЦФ пулмолог и претседател на Педијатриското респираторно здружение (ПЕДИАРЕС). Заедно со неа, ќе ги разгледаме сите аспекти една од најпредизвикувачките ретки болести – цистичната фиброза, вклучително и најновите терапии и третмани, како и предизвиците со кои се соочуваат пациентите во нивниот секојдневен живот, притоа истакнувајќи ја ...

Започнување на доењето во првиот час по раѓањето, ексклузивно доење во првите шест месеци и продолжување на доењето две или повеќе години заедно со безбедна и соодветна дополнителна исхрана, се препораките на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ во поглед на доењето. Ексклузивно доење во првите шест месеци од животот препорачува и Американскиот центар за контрола и превенција на болести, а тоа значи во овој период да не се дава друга ...

Бебињата кои се раѓаат порано, пред очекуваниот термин, кои имаат здравствени проблеми или поминале тешко раѓање, одат на Одделот за неонатална интензивна нега во болницата, популарно наречен NICU, што е кратенка за „единица за интензивна нега за новороденчиња“, каде што се под деноноќен надзор и нега од тим на стручњаци. Колку долго ќе останат – зависи од нивната здравствена состојба. Некои бебиња ќе останат само неколку часови или денови, ...