Претставници на светските технолошки компании Нвидиа и Леново, како и експерт од екосистемот на ОпенАИ, ќе учествуваат на годишната конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, која ќе се одржи на 18 ноември во Скопје. Конференцијата, под мотото „Agentic AI – Turning AI into Real Business Value“, ќе биде посветена на новата генерација вештачка интелигенција и можностите за нејзина практична примена во ...

Цената на златото продолжи да расте во изминатата недела, при што вредноста на еден килограм чисто злато достигна приближно 117.500 евра, покажуваат последните достапни пазарни податоци од петокот. Според завршните котации, тројска унца злато, која тежи 31,1 грам, се тргуваше за околу 3.654 евра. Во четвртокот цената надмина 3.670 евра за унца, но во последниот ден од работната недела следуваше благо повлекување. И покрај дневните осцилации, ...

Студенти, ученици и синдикати во повеќе од 25 европски земји денеска организираат координирани протести против растот на трошоците за живот, зголемувањето на воените расходи и милитаризацијата. Мобилизацијата ќе продолжи и во текот на викендот, со дополнителни собири на 21 и 22 ноември, пренесува Франс прес. Протестите се организирани од коалиција на повеќе од 50 организации предводени од млади и студенти, под слоганот „Борете се за нашата ...

Пет големи технички дефекти за само шест дена предизвикаа прекини во авиосообраќајот, банкарските трансакции и дигиталните услуги што ги користат милиони луѓе ширум светот. Иако речиси веднаш се појавија сомнежи за координиран кибернетички напад, досегашните информации упатуваат на одделни технички проблеми, софтверски грешки и застарена инфраструктура. Серијата прекини започнала на 12 ноември, кога услугите на „Мајкрософт 365“, вклучувајќи ...

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно побара од управниот одбор на Nvidia повторно да го ангажира Џенсен Хуанг, разрешениот коосновач и милијардер, оценувајќи дека неговото враќање би било најдобро и за компанијата и за САД. Сепак, раководството на технолошкиот гигант засега категорично ја отфрла таквата можност. Трамп го упати апелот преку објава на социјалната мрежа Truth Social, во која напиша дека се надева оти раководството на ...

Американскиот долар ја продолжи позитивната серија и минатата недела зајакна четврта недела по ред, достигнувајќи го највисокото ниво од април 2025 година. Растот на американската валута е поттикнат од очекувањата дека Федералните резерви (Фед) повторно ќе ги зголемат каматните стапки поради упорно високата инфлација во САД. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на шест главни светски валути, минатата ...

Германската влада предлага двојно продолжување на периодот во кој компаниите можат да вработуваат работници на определено време без да наведат посебна законска причина. Наместо досегашните две години, фирмите би можеле да склучуваат вакви договори до четири години, со можност за најмногу шест продолжувања. Мерката е дел од реформата на трудовото законодавство усвоена на 18 ноември, чија цел е поттикнување на нови вработувања во услови на ...

Од 10 јули 2027 година, во сите земји членки на Европската унија ќе почне да се применува единствено ограничување за готовински плаќања на стоки и услуги, со максимален износ од 10.000 евра. Новата регулатива е дел од пакетот мерки за спречување перење пари и финансирање тероризам, а ќе има влијание врз купувањето автомобили, мебел и други производи со повисока вредност. Според Регулативата (ЕУ) 2024/1624, трговците и давателите на услуги ...

Пукотница се случила утрово во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, откако машко лице влегло во објектот и отворило оган кон вработените во хигиенската служба, објавуваат српските медиуми. Според неофицијалните информации на „Курир.рс“, напаѓачот најверојатно користел малокалибарска пушка, а во моментот на инцидентот вработените задолжени за одржување на хигиената се наоѓале во училишните простории. Полицијата го блокирала влезот на ...

Жителите на јужнокорејскиот остров Улеунгдо утрово добија итно предупредување да побараат засолниште, откако неколку руски воени авиони се приближиле до островот и предизвикале реакција на јужнокорејската војска. Како превентивна мерка, биле активирани системите за предупредување, а жителите биле повикани да се подготват за евентуална евакуација. Јужнокорејското Министерство за одбрана најави дека ќе го повика рускиот воен аташе и ќе упати ...

Проблемите со физичките копии на видеоигри, дигиталните лиценци и објавувањето нови наслови на платформите за продажба повторно ги отворија прашањата за правата на гејмерите и односот на големите компании кон своите корисници. Во фокусот се најдоа Rockstar Games, Sony и Valve, но и пошироката дилема дали играчите навистина ги поседуваат игрите за кои плаќаат. Особено внимание привлекуваат наводните злоупотреби со физичките копии на „GTA 6“, ...

Враќањето на Џенсен Хуанг на чело на технолошкиот гигант „Енвидија“ предизвика историски раст на светските берзи, при што за само еден трговски ден неговото лично богатство се зголемило за околу 34 милијарди долари, а пазарната вредност на компанијата пораснала за неверојатни 950 милијарди долари. Од овој берзански подем профитирале и вработените во компанијата, инвеститорите, но потенцијално и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ...

Турските власти одобриле доделување државјанство на 21 архијереј и свештенослужител на Вселенската патријаршија, по барање што патријархот Вартоломеј лично му го доставил на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Информацијата ја објави американскиот весник „Нешенел хералд“, повикувајќи се на извори од Вселенската патријаршија. Според весникот, Вартоломеј на 27 јули годинава му предал на Ердоган список со имиња и црковни функции на лицата ...

Џенсен Хуанг им се извини на вработените во „Енвидија“ за своето однесување, признавајќи дека го прекршил кодексот на однесување на компанијата. На првиот состанок со целиот персонал по враќањето на функцијата извршен директор, тој открил и дека секојдневно посетува психотерапија за да се справи со проблемите што довеле до неговото привремено отстранување од раководната позиција. На состанокот одржан во вторникот во седиштето на компанијата ...

Потрошувачите на три локации во Скопје денеска, 25 ноември, се соочуваат со планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Прекини се најавени и за утре, 26 ноември, на две локации во општина Карпош. Во општина Центар, без електрична енергија се корисниците на улицата Радњанска број 6. Прекинот започна во 9:30 часот и е предвидено да трае до 11 часот. Во Ѓорче Петров, дел од ...

ХЕРА Млади предупредува дека институционалните пропусти во справувањето со родово базираното и семејното насилство продолжуваат да чинат човечки животи. На почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, организацијата соопшти дека во 2026 година седум жени биле убиени во случаи на фемицид и побара 365 дена институционална одговорност, наместо симболични активности. Од ХЕРА Млади потсетуваат дека и пред ...

Обид за криумчарење цигари во вредност од околу девет милиони денари е откриен на граничниот премин „Богородица“, каде што царинските службеници при контрола на камион со српски регистарски ознаки пронашле 5.000 штеки непријавени цигари. За случајот е осомничен српски државјанин, против кого Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка за криумчарење. Според Обвинителството, осомничениот е сопственик на српска транспортна ...

Скопската декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија беше потпишана денеска во рамки на Првиот форум за енергетска дипломатија, посветен на обновливите извори на енергија и улогата на жените во енергетскиот сектор. Министерката за енергетика Сања Божиновска, пред потпишувањето на документот, порача дека енергетската дипломатија треба да ги претвори заедничките интереси во конкретни цели и резултати, преку ...

СДСМ упати остри критики кон поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, по неговите јавни настапи и најавата за можен политички ангажман надвор од партијата, обвинувајќи го дека дејствува во интерес на српската Српска напредна партија (СНС) и поранешниот српски претседател Александар Вучиќ. Од партијата оценуваат дека новоформираната Српска демократска лига (СДЛ) на Богдановиќ претставува уште еден политички сателит на ...

Жителите на Крива Паланка го откажаа протестот против неконтролираното движење на говедата низ градот, најавен за оваа сабота, откако Владата вчера донесе одлука за системско решавање на долгогодишниот проблем. Сепак, градоначалникот Сашко Митовски предупредува дека сè уште нема конкретни рокови за спроведување на мерките, ниту решение за сите говеда и за обесштетување на граѓаните. Протестот требаше да биде втор по ред, а граѓаните со него ...

Министерството за финансии изрече привремена забрана за одобрување кредити во траење од 30 дена и парични глоби на две финансиски друштва, по спроведен вонреден надзор врз нивното работење. Контролите биле извршени во изминатите три месеци, по пријави и претставки доставени од граѓани. Од Министерството информираат дека надзорот бил спроведен согласно Законот за финансиските друштва и подзаконските акти, при што биле преземени мерки во ...

Тројца жители на Битола се соочуваат со кривична пријава за „насилство врз дете“, откако при физички напад врз маж во охридското село Пештани било повредено неговото малолетно дете. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, СВР Охрид поднел кривична пријава против З.Р. (47), О.Р. (22) и А.Р. (25), поради сомнение дека го сториле делото. Инцидентот се случил на 23 август годинава, кога тројцата пријавени физички го нападнале ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието изјави дека нејзиното право да го предложи гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, не подразбира и одговорност за контролирање на неговата работа. Нејзиното сведочење во собраниската Комисија за финансирање и буџет беше проследено со политички препукувања, при што таа ги отфрли сомнежите за политички притисок од ВМРО-ДПМНЕ при ...

Три деца од Струмица физички нападнале и повредиле друго дете во училница во основно училиште во струмичкото село Ново Село. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 16 октомври, кога трите деца физички го нападнале својот врсник и му нанеле телесни повреди. СВР Струмица поднело известување согласно Законот за правда за децата против трите малолетни лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз ...

Двајца млади скопјани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на улицата „Козле“ во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 02:00 часот, кога патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Б., удрило во бетонска ограда. Во несреќата тешко биле повредени возачот и неговата 24-годишна сопатничка М.Ц. од Скопје. Повредите биле констатирани во ...

Министерството за образование и наука планира уште 21 основно училиште во земјава да преминат на едносменска настава, информираше министерката за образование Весна Јаневска. Таа посочи дека воведувањето едносменска настава е дел од образовната политика на Владата, со цел подобрување на условите за учење и организирање на наставниот процес. Во едно од училиштата ќе бидат изградени четири нови училници, во кои учениците од прво до трето ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
60%
1026
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
56%
1019
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
65%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
43%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.29
54%
1024
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.68
60%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
0.0
52%
1021
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.13
58%
1025
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
5.14
87%
1022
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
91%
1028
Currency

61.624

Currency

56.288

Currency

73.674

Currency

37.297

Currency

39.301

Currency

67.125

Currency

8.4467

Currency

0.68547

Currency

0.35335

Currency

0.52353

Currency

1.1118

Currency

0.60721

Сребро

1277.78

Бакар

10.69

Злато

112508.32

Рутениум

59478.88

Иридиум

326330.08

Родиум

286141.64

Платина

40188.43

Кобалт

33.53

Калај

40.99

Паладиум

26781.57

Алуминиум

2.77

Цинк

3.66