Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Нови детали од случајот против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, беа презентирани на денешното рочиште во Одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд во Скопје. Обвинителството презентираше аудио и видеоснимки од посебните истражни мерки (ПИ-мерки), со кои биле документирани средбите и разговорите на Анакиев со Методи Манов, сопственик на фирмата „Манови“, чии камиони со ...
Со реакции и негодувања во судницата во затворот „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко се откажа од двајца претходно предложени сведоци. Потегот предизвика реакција кај дел од родителите на загинатите, кои од судската сала прашаа: „На пазар сме или на судење?“ Судијката Дијана Груевска-Илиевска ѝ укажа на одбраната дека има обврска да обезбеди присуство ...
Здружението на медицински сестри бара засилени безбедносни мерки во здравствените установи по физичкиот напад врз медицинска екипа во поликлиниката „Јане Сандански“. Министерот за здравство Сашо Клековски го осуди инцидентот и најави засилено обезбедување во најкритичните здравствени установи, но посочи дека не е возможно секоја екипа на Итната медицинска помош да има полициска придружба. Во инцидентот, татко и син физички нападнале лекар и ...
Вечерва (понеделник) во 20:00 часот гостин во „Прес Центар“ на ЕМ Телевизија Вилијам Михајловски – Гајда осуден како терорист на 14 години затвор. – од каде прекарот Гајда – ќе има ли повторно судење – што се случуваше во судската зграда а јавоста не виде – зошто одлучив да влезам во политиката Одговорите ги има вечерашниот гостин Вилијам Михајловски. Вечерва (понеделник) во 20:00 часот гостин во „Прес Центар“ на ЕМ Телевизија Вилијам ...
На 13 ноември (петок), со почеток во 20 часот, во кафе бар „Ван Гог“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на монографијата „Суперхикс – Хроника на една гласна иронија“, посветена на една од најпрепознатливите групи на македонската музичка сцена. Монографијата, чиј автор е музичкиот публицист Тошо Филиповски, на приближно 400 страници ја документира историјата на Суперхикс, од нивните почетоци во 1994 година до денес. Книгата претставува осврт на ...
Британската лекарка и телевизиска водителка Рене Хендеркамп (59), која наскоро ќе наполни 60 години, повторно ќе стане мајка. Таа во телевизиска емисија во живо на британската телевизија „GB News“ откри дека е бремена во 12. недела и дека го очекува своето трето дете – девојче. Веста ги изненади нејзините колеги во студиото, бидејќи никој не знаел дека е бремена. Хендеркамп откри дека зад нејзината бременост стои долг и тежок пат, кој ...
Инцидент ја одбележа атмосферата пред почетокот на конститутивната седница на новиот состав на Народното собрание на Србија во Белград, откако познатата актерка и новоизбрана пратеничка на Српската напредна партија (СНС), Лидија Вукиќевиќ, беше полеана со јогурт додека доаѓаше во парламентот. Настанот се случил наутро, пред главниот влез на собраниската зграда. Според информациите на Н1, додека Вукиќевиќ се движела кон влезот, еден од ...
Изборот за Мис Универзум сè уште не започнал, а веќе е проследен со контроверзии. Претставничките на Замбија, Зимбабве и Република Конго се соочија со проблеми при добивањето американски визи, поради што не можат да отпатуваат во Порторико и да учествуваат на едно од најпрестижните светски натпреварувања за убавина. Причината се ограничувањата за патување воведени и проширени од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. ...
Поранешната сопруга на францускиот актер Жерар Депардје, Елизабет Депардје, јавно застана во негова одбрана откако актерот ја повлече жалбата на пресудата за сексуален напад врз две жени за време на снимањето на филмот „Зелените ролетни“. Таа оцени дека неговото однесување било непромислено и претерано, но верува дека јавното извинување на актерот било искрено. Депардје беше осуден во мај 2025 година на 18 месеци условна затворска казна. Со ...
Култната македонска песна „А бре Македонче“, која со децении претставува симбол на македонскиот отпор, непокорот и националниот идентитет, одбележува 85 години од своето прво изведување. Песната за првпат одекнала во прилепското село Царевиќ, на првата ослободена територија од фашистичкиот окупатор, непосредно по 11 Октомври 1941 година. Иако многумина ја доживуваат како традиционална народна песна, „А бре Македонче“ има познати автори. ...
На денешен ден, 24 ноември, се навршуваат 35 години од смртта на Фреди Меркјури, еден од најголемите музичари и сценски изведувачи во историјата на рок-музиката. И повеќе од три децении по неговото заминување, неговиот глас, харизма и музичко наследство продолжуваат да живеат низ песните на легендарната група „Квин“. Меркјури почина на 24 ноември 1991 година, на 45-годишна возраст, во својот дом во Лондон, од бронхопневмонија предизвикана од ...
Порториканката Џенифер Барето (27) е крунисана за Мис Универзум 2026 на јубилејното 75-то издание на изборот, одржано во Сан Хуан, Порторико. Со победата, таа му ја донесе на островот шестата круна во историјата на натпреварот. Барето е психолог и социјален работник, а стана првата мајка што ја освоила титулата Мис Универзум. Таа има ќерка по име Пенелопе и работи за американската армија во Тексас, каде што им помага на воени семејства и на ...
Начинот на кој го започнуваме утрото често влијае врз нашето расположение, концентрација и продуктивност во текот на целиот ден. Но, некои секојдневни навики, кои на прв поглед изгледаат безопасно, можат непотребно да го зголемат стресот уште пред да излеземе од дома. Лиценцираната советничка за ментално здравје Минди ДеСета и терапевтката Кристин Хатавеј за порталот „Real Simple“ издвојуваат три чести утрински грешки и објаснуваат како да ги ...
Папата Лео во понеделникот, 16 ноември, ја заврши својата 12-дневна турнеја низ Јужна Америка со проштална миса во Перу, со што заврши една од најинтензивните странски посети на поглавар на Католичката црква во последните децении. Според проценките, на различните настани во трите посетени земји учествувале вкупно околу 13 милиони луѓе. Посетата беше исполнета со масовни собири, средби со политички лидери и силни пораки во одбрана на ...
Вселенската сонда „Војаџер 1“ (Voyager 1) достигна историска пресвртница во истражувањето на вселената. Според пресметките на американската вселенска агенција НАСА, леталото на 18 ноември 2026 година ја достигна границата од еден светлосен ден од Земјата, со што стана првиот објект создаден од човекот што се оддалечил на толкаво растојание од нашата планета. Сондата се наоѓа на околу 25,9 милијарди километри од Земјата, односно повеќе од 16 ...
Маслиновото масло е една од најважните состојки на медитеранската исхрана, а неговите здравствени придобивки со години се предмет на научни истражувања. Особено екстра девственото маслиново масло се издвојува по богатството од здрави масти, антиоксиданси и витамин Е. Благодарение на мононезаситените масни киселини и природните полифеноли, неговата редовна употреба може да придонесе за подобро кардиоваскуларно здравје, намалување на ...
Американец се преселил од САД во Белград со сопругата Србинка и нивните три деца, а по една година живот во Србија открил дека културните разлики се многу поголеми отколку што очекувал. Од полните паркови и блискоста на семејствата, до опуштеното темпо на живот и кафето на тераса, Алекс вели дека во Србија пронашол нешто што му недостигало во Америка. Алекс, кој со сопругата е во брак повеќе од пет години, одлучил да се пресели во една ...
Додека повеќето држави издаваат милиони пасоши на своите граѓани, еден од најретките дипломатски патни документи во светот постои во само околу 500 примероци. Станува збор за црвениот дипломатски пасош на Суверениот воен ред на Малта, католичка религиозна и хуманитарна организација позната и како Малтешки витези. Она што го прави овој пасош особено необичен е фактот што го издава институција која има многу од обележјата на една држава, но ...
Лек што со години успешно лекувал бактериски инфекции, денес може да не даде никаков резултат. Пациентот ја зема пропишаната терапија, но инфекцијата не се повлекува, симптомите продолжуваат, а лекарите се соочуваат со сè помал избор на ефикасни лекови. Ова веќе не е само хипотетичко сценарио, туку сериозна закана за јавното здравје ширум светот. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во 2023 година секоја шеста ...
Меѓународен тим астрономи откри нови индиции за постоење на досега непозната планета во најоддалечените делови на Сончевиот Систем, далеку зад орбитата на Нептун. Хипотетичката планета, наречена Планета X2, според научните модели би можела да има маса од една до две Земји. Истражувачите преку компјутерски симулации што опфаќаат 4,5 милијарди години утврдиле дека гравитациското влијание на вакво небесно тело може да ги објасни необичните ...
Здружението „АРНО“ и скопскиот центар за поправки „Ништо ново“ и оваа година, по втор пат, се приклучуваат кон глобалното движење Circular Monday, кое одбележува десет години од своето постоење. Минатогодишниот Црн петок (Black Friday) и Сајбер неделата (Cyber Week) достигнаа историски врв, при што светската продажба достигна рекордни 336,6 милијарди долари. Додека Црниот петок соборува нови рекорди од година во година, овој ден – ...
Компанијата dm drogerie markt успешно го реализираше петтото масовно пошумување во рамки на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, кое се одржа на 22 ноември во селото Немањици, Свети Николе. Настанот обедини повеќе од 400 волонтери, кои заедно со вработените во dm ги здружија силите за засадување на 30.000 нови садници. Со годинашното пошумување, иницијативата достигна значаен резултат од вкупно 180.000 засадени дрвја ширум земјата ...
Со доаѓањето на студените денови и зимските услови на патиштата, изборот на соодветни автомобилски гуми станува една од најважните подготовки за безбедно возење. Зимските гуми не се само законска обврска во одреден период од годината, туку и неопходна инвестиција во безбедноста на возачите, патниците и останатите учесници во сообраќајот. Зошто се важни зимските гуми? Основната разлика меѓу летните и зимските гуми е во составот на материјалот ...
Осма година по ред, dm drogerie markt ја организира хуманитарната иницијатива Giving Friday, а средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани преку хуманитарната организација „Св. Спас“. Додека Black Friday традиционално го привлекува вниманието со попусти, специјални понуди и потрага по пониски цени, dm drogerie markt и оваа година избира поинаков начин да го одбележи овој ден. На 27 ...
Кратово вечерва ќе биде во знакот на македонската изворна песна, со одржувањето на четвртото издание на манифестацијата „Денови на Вања Лазарова“, посветена на една од најзначајните интерпретаторки на македонската народна музика. Концертот ќе се одржи во 18 часот во киносалата во Кратово, а специјална гостинка ќе биде Вера Милошевска-Јосифовска, вокалистка на групата „Љубојна“. На сцената ќе настапат и ученици од музичките училишта во Скопје, ...
„Јазикот се чува и со она што првпат ќе се изговори на него“, порача писателот и книжевен критичар Раде Силјан на свеченоста што што се одржа во Друштвото на писателите на Македонија. Со промоцијата на неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“, беа одбележани четири децении од објавувањето на „Пронајден облик“ од 1986 година, неговата прва книга со критики и есеи. Силјан нагласи дека македонскиот јазик ...
Публиката во рамките на 51. издание на Млад отворен театар синоќа имаше можност да проследи современи театарски остварувања и музичка програма со традиционален призвук. Фестивалската вечер започна во салата „Фросина“ при МКЦ, со претставата „Закопани чуда“ на хрватската уметничка организација „Глумац има времена, глумица има времена“ – ТАХТ, во режија на Нина Виолиќ. Создадена според делото на Моника Херцег, мултимедијалната претстава ...
Во Народната библиотека во Штип беше промовирана седумтомната едиција посветена на Балканските војни (1912–1913) и Македонскиот фронт (1915–1918), чиј автори се д-р Оливер Цацков и д-р Анита Илиева Николовска од Лексикографскиот центар при МАНУ. Публикациите хронолошки ги обработуваат историските настани и ги согледуваат пошироките геополитички интереси на балканските и големите сили, истакна промоторот проф. д-р Андреј Илиев од Воената ...
Националната опера и балет на 28 ноември, со почеток во 19:30 часот, ќе ја изведе балетската претстава „Дамата со камелии“ – емотивна љубовна приказна за страста, жртвата и општествените ограничувања, проследена со музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од приказната за Маргарита и Арман, претставата ја носи на балетската сцена судбината на двајца вљубени, чии чувства се соочуваат со тешки лични и општествени предизвици. Под диригентската ...
Шведскиот визуелен уметник Стефан Бергер, добитник на престижната награда „Уметник на Европа 2026“, на 26 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, ќе ја отвори својата самостојна изложба „КАТАБАСТ“ во галеријата ОСТЕН во Скопје. Изложбата, која ќе биде поставена до 13 декември 2026 година, претставува избор на цртежи и дела во комбинирана техника на хартија, преку кои Бергер ги истражува психолошките состојби, митолошките мотиви и ...