
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Како што дознава музичкиот портал Музика24, 4-ти и 5-ти април се денови кои се посветени и букирани за еден од најпознатите македонски музички легенди, познатиот македонски музичар, пејач, текстописец Јонче Христовски. Имено, Камерниот оркестар на Битола токму на 4-ти април во Битола во Центарот за култура, а ден потоа, на 5-ти април во Скопје во Македонската опера и балет, ќе оддржи концерт посветен на Јонче Христовски, каде познати имиња од ...
По девет години пауза, групата „Прљаво казалиште“ објави нова песна, насловена „Старе навике“. Гитаристот и главен автор на загрепскиот бенд Јасенко Хоура на својот Фејсбук напиша дека песната е „посебна од неколку причини“ за него. Се работи за љубовна балада со средно темпо, потпишана од Хоура и Инес Прајо, со препознатливиот звучен ракопис на Прљавци, ја дочекува тагата, споменува „записи кои веќе никому ништо не значат“ и пцовки за „сите ...
Канадската поп-ѕвезда The Weeknd стана првиот изведувач што достигна 100 милиони месечни слушања на „Спотифај“.Се наведува дека никој друг не е ни блиску до неговиот успех на стриминг. 33-годишниот музичар постави два светски рекорда – тој е пејачот што има најмногу месечни слушатели на „Спотифај“ и првиот уметник што некогаш дошол до 100 милиони слушатели месечно на гигантот за стриминг на музика. Песната “Blinding Lights” на The Weeknd од 2020 ...
Денес и во македонскиот радиски етер, како и долж целиот регион, беше емитуван новиот сингл на загребскиот легендарен состав Парни ваљак – „Моја глава, моја правила“. Во Македонија, синглот ексклузивно го емитуваа: Македонско радио – прва програма, Радио Г, Метрополис Радио Мрежа, Бубамара и Скај радио. Ова е прв сингл на Парни ваљак, снимен без сјајниот вокал на Аки Рахимовски, кој лани ненадејно почина. Овој пат во улога на новиот пејач на ...
По двата успешни распродадени настапи на популарниот холивудски актер Никола Ѓуричко, Таксират Фестивал во соработка со „Скопје Комеди“ повторно најавуваат неверојатно шоу во Скопје, овој пат на можеби најпопуларниот ТВ водител во регионот – харизматичниот Зоран Кесиќ. На 24 април во Македонска филармонија, Кесиќ премиерно ќе настапи со неговата приредба „Приказни и песни“ која изминатите 6 години има патувано на 3 континенти со повеќе од 50 ...
На вчерашната седница на Владата се донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Македонија“ – Скопје. Националниот оркестар ќе делува преку подготвување и јавно изведување на високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови кои гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Од Министерството за култура известуваат дека Националната установа просторно ...
Кога Тања Бошковиќ на почетокот од својата кариера во средината на седумдесетите, се качувала по скалите на дубровничкиот Страдун, глумејќи ја Пина во филмот„Окупација во 26 слики“, нејзините колеги Франо Ласиќ и Милан Штрљиќ го губеле здивот. Замислете само што му се случувало на Мија Алексиќ при снимањето на „Човекот со четири нозе“, каде Даша цело време се шетала облечена само во пешкир за бришење раце, или пак на Драган Николиќ во „Балкан ...
Талентираната Сара Јовановиќ ја запознавме уште во 2012 година како една од натпреварувачките на музичката шоу програма „Први глас Србије“, која само една година подоцна ќе ја однесе на Евровизија како член на групата „Моје 3“. Младата поп ѕвезда, која во изминатите десет години се трансформираше од девојка во музичка ѕвезда, со една од новите песна испраќа порака дека „жената во општеството не мора да биде мирна, тивка и повлечена“. Таа сега во ...
Актер, режисер, професор, политичар, демократ, револуционер на своето време, но пред се’ човек со сите доблести и слабости, со сите негови успеси, но и погрешни чекори. Знае дека слободата на духот е најважна и дека животот може да го победите само ако го живеете сега и дека среќата е во нас самите, а не во она што се обидуваме да го достигнеме. Бранислав Лечиќ научил во животот да чекори со отворени очи, трудејќи се колку што може да ги ...
Беше најпознатата „лото дама“, во бивша Југославија, популарна пејачка и препознатлива ТВ водителка, а за нејзиниот успех се зборува и денес. Го привлекува вниманието на секој чекор, не само со својата работа и талент, туку вниманието го заслужи и со своите ставови, како и со непосредноста и искреноста кои отсекогаш ја краселе. Секогаш насмеана и расположена, таа во ист стил одговараше на прашањата на најгледаниот естраден ТВ магазин во ...
Еден од најистакнатите македонски бендови „Либеро бенд“ најавува промоција на нивното најново музичко остварување, песната која го носи насловот „Ангел“, а за која е снимен и видео запис. Промоцијата ќе се одржи во четврток (23.03.2023) во Ресторан „Дион Центар“ со почеток од 12 часот. View this post on Instagram A post shared by Libero Band (@libero_band) Оваа песна е моќна и емотивна, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А тимот ...
Тамара Тодевска денеска ја промовираше својата најнова песна со наслов „Нијагара“. Новиот сингл е на српски јазик а Тамара за прв пат се јавува како коавтор. Таа заедно со Лазар Цветкоски ги напиша музика и текстот. „Нијагара“ е Брза и динамична, но со порака во која верувам дека многумина ќе се пронајдат. за сите кои во одреден момент се почувствувале ранливо, да знаат дека на крајот има решение. А, тоа е да продолжиме со борбата. – вели ...
Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер летово ги откажа сите концерти поради парализа на дел од лицето, а лекарите ширум светот зборуваа за синдромот што го предизвикува ова на неговото лице. Сепак, речиси една година подоцна – Џастин Бибер повторно се смешка. Суперѕвездата објави сторија на Инстаграм со зборовите: „Само чекајте ме“. На видеото Бибер повторно може да се види целосно насмеан. Тоа беше нешто што не можеше да го направи минатиот јуни, ...
Во барот „Агора“ во Куманово на 22 март од 21:30 часот е најавен концерт на „Whereswilder“, рок квартет од Атина, Грција, кој постои од 2014 година. „Whereswilder“ е составен од Јанис Ралис – вокал/електрична гитара, Алекос Вулгаракис – електрична гитара, Василис Нисопулос – вокал/бас и Манолис Јаникиос – тапани. „Нивното објавено деби ЛП, ‘Yearling’ (2014), го врами нивниот музички стил почнувајќи со психоделичен, но современ пристап кон ...
Есма Реџепова беше кралица на ромската музика, двапати номинирана за Нобеловата награда за нејзината хуманитарна работа. Но, зошто Есма Реџепова посвојувала само машки деца? Есма Реџепова во народот беше позната како „кралица на ромската музика“, но и голем добротвор. Никој во регионот и пошироко не знаеше дека Есма посвоила 48 деца, од кои сите се момчиња освен едно девојче. На прашањето зошто посвојуваат само машки деца, Есма објасни вака: ...
Дивата на хрватската музичка сцена Данијела Мартиновиќ претставува специјален спот за песната „Vjerujem ljudima“. Иако песната беше објавена пред неколку месеци, реализацијата на спотот траеше подолго поради исклучителната приказна. „Песната ја снимив пред неколку месеци, а на првото слушање звучеше како ода за луѓето, ода на доброто што живее во срцето на секој човек. Така дојдов до мал предизвик бидејќи едноставно не знаев како да ја пренесам ...
Два членови на „Инструкторите“ на Бајага го напуштаат познатиот состав, потврди и Момчило Бајагиќ – Бајага. Се работи за басистот на оригиналната постава Мирослав Цветковиќ – Цвеле и тапанарот Чедомир Мацура. Бендот веднаш добил нови членови, а публиката ќе ги види веќе на 17 март на концерт во Љубљана. Меѓу нас немаше кавга или тешки зборови. Имаше некаков материјален замор. На „Инструкторите“ веќе им се приклучија нови членови, на 17-ти март ...
Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал Поточиња, Елена Ристеска и Хорот Поточиња на публиката и подаруваат песна полна емоции посветена на секоја мајка. Ова е година во која и Елена заедно со Поточиња одбележува 20 години на сцената и токму со “Мамо Благодарам” заеднички го најавуваат јубилејното издание на фестивалот кој годинава ќе се одржи во мај. Во продолжение на следниот линк премиерно слушнете ја “Мамо Благодарам” ...
Триото „Харакири“ ја промовираше својата прва песна. „Спротивниот Крај” вчера излезе на YouTube а нивното прво издание излегува на 20-ти април на Bandcamp. „Харакири“ е трио од Скопје, формирани се во 2022 година. Грубо кажано триото свири алтернативен рок, но го турка истиот до крајни граници. Членови на составот се: Андреј Димовски – гитара и вокал, Марко Печеновиќ – бас и вокал и Виктор Стојановски – тапани. А официјално се дел од колективот ...
Ако некому прилега преданието и зборот ,,легенда”, тоа со сигурност е Жељко Бебек. Квалитетен како порано, а актуелен и денес. Можеме да кажеме дека во 6 студиски албуми, Бебек ги испеа најубавите и најголемите песни на Бијело Дугме. А денес, како соло артист, полни арени низ регионот пеејќи ги тие песни, како и нови песни од својата соло кариера. Задоволство ни е да ви го најавиме неговиот концерт на 18-ти април, веднаш по велигденските ...
Според Vogue, Ријана треба да ја изведе песната “Lift Me Up” од филмот на Марвел, Black Panther: Wakanda Forever за време на телевизиското емитување на Оскарите. Песната “Lift Me Up” ја напишаа Ријана, Темс, Лудвиг Горансон и режисерот на филмот Рајан Куглер. Баладата беше номинирана за најдобра оригинална песна на овогодинешното доделување на Оскарите, што е првата номинација на Ријана за Оскар. Минатата година Оскар за најдобра оригинална ...
За прв пат од 1961 година, тепихот на Оскарите нема да биде црвен. Како што пренесуваат странските медиуми, во средата, пред театарот Долби во Холивуд, работниците кои работат на подготовките за овогодинешното доделување на Оскарите го расвиткуваа тепихот во боја на шампањ, додека водителот на 95-те Оскари, Џими Кимел, зборуваше за новинарите. „Мислам дека одлуката наместо црвен тепих да има тепих во боја на шампањ покажува колку сме сигурни ...
Пејачката Рада Манојловиќ реши да направи големи промени во животот. Иако со години работеше напорно и заработуваше големи приходи, пејачката сепак е кираџија. Прво решила да го смени менаџерот, па на таа функција ја назначила својата сестра Маја. Нејзиниот план е да го реши станбеното прашање, а попатно инвестирала и во гаражни простории кои ќе ги издава и од нив ќе заработува. Рада и Маја решија паметно да ги вложат парите од настапите. Се што ...
Македонската Радио-Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на оскарите в недела, 12-ти март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година. Научно фантастичната авантура „Се во исто време“ има 11 номинации, по девет номинации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации. ...
После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар Коки Јанков. Вчера на социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“. Станува збор за песна на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски – Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ. „Се надевам дека ќе и се допадна на ...
Велат дека годините ништо не ни значат во животот и дека тие претставуваат само бројка, најважно е тоа како ние се чувствуваме од внатре. Во нашиот сопствен живот. Многу пати досега кога сме разговарале често ќе спомене јас ги живеам моите најубави години. И покрај тоа што денес тој полни 58 години, Горан Милошески, еден од најпознатите музичари, композитори и продуценти во Македонија, е еден од најдобрите, најпозитивните и најреалните луѓе кои ...
Досега невидени сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ кој ќе се одржи на 21 април на сцената на Националната опера и балет. На ова аудиовизуелно доживување како солист ќе настапи виртуозот на виолончело Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, кој пред македонската публика ќе се претстави заедно со врвните музичари од ...
Денеска конечно светлоto на денот го здогледа дуетот на Аце Пејовиќ и Емина Јаховиќ кој публиката нетрпеливо го чекаше. Токму на денот на жената, на публиката и ја подарија песната „Рано је“, која веќе во најава предизвика лавини од позитивни коментари. Целата приказна е придружена со високобуџетен спот кој со денови се снимаше на неколку луксузни локации, а публиката се согласува дека спотот е направен како вистинска бајка. Оваа песна одамна ...
Најубавиот и најискрен подарок е песната затоа што секогаш доаѓа од срце, а Тони Цетински знае најдобро, тој ни носи токму таков нов сингл – „Vojnik pod zvijezdama“. Тој одлучи да ја даде оваа посебна песна на сите жени на светот на еден ден посветен само на нив, но и на војската на љубовта, неговите верни обожаватели. Притоа, тој уште еднаш потврди зошто го обожаваме сите овие години, не само како музичар, туку и како човек кој го прави она што ...
Вистински фуриозен спектакл со маестралната џез – фанк саксофонистка Candy Dulfer ќе се одржи на 8-ми април во Македонската Филхармонија! А… доказ дека концертот ќе биде навистина фуриозен е фактот што Candy Dulfer ќе биде придружувана од вкупно 9 врвни музичари на сцената на Македонската Филхармонија! Заедно со својот бенд, “Греми” – номинираната саксофонистка на Скопје ќе му приреди, од една страна – ексклузивен и интимен концерт (благодарение ...