
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Најголемиот рок бенд на сите времиња во Македонија, легендарните „Леб и Сол“, на 5-ти август во Античкиот Театар во Охрид, ќе оддржат целовечерен концерт што дефинитивно покрај фестивалот „Охридско Лето“, претставува најголем културен настан ова лето во Охрид. После фантастичната балканска турнеја, „Леб и Сол“ пред домашната публика ќе се претстават со најдоброто од нивната долгогодишна кариера, а ако се земе во предвид и преубавиот простор, ...
Општина Кисела Вода во четврток ќе го одбележи својот 68 роденден, а по тој повод ќе има низа случувања. Дел од нив ќе бидат со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти, а ќе има и дел посветен на културата, музиката и забавата. „Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата „68 години Кисела Вода-бескрајна ...
Со спектакуларен концерт на Нокаут, како незаборавна завршница на Културното лето, Општина Кисела Вода го прослави својот 68-ми роденден. Преку 30.000 жители дојдоа во Расадник и заедно ги пееја најголемите хитови со бендот кој и самиот има историско значење во македонската музика. Во навистина незаборавна атмосфера, “Фатална опсесија”, “Лебедот бел”, “За нас”, “Знаеш каде да ме најдеш” и многу други одекнуваа два часа во чест на славеничкиот ...
Македонската фолк пејачка Сања Цинцева или позната како Барби вчера на социјалните мрежи ја објави нејзината најнова песна со наслов „Срце Балканско“. Барби, која важи за една од нашите попознати музички имиња на фолк-сцената, со овој нејзин најнов музички проект објасни како треба да звучи, но и да изгледа новосоздадениот македонски фолк. Покрај новата песна, Барби со својот тим од соработници се потруди да сними и интересен видеоспот, во кој ...
„Стара рана“ е насловот на најновата песна во изведба на Боби Павловски. Станува збор за побрза композиција, спакувана во стилот на 80-те години и интересно е дека таа својата официјална промоција ја има на истиот датум како и нумерата „Поносан“. „Музиката, текстот и аранжманот се на Милан Раѓен мојот веќе проверен соработник кога станува збор за аранжманите на нумерите снимени на српски јазик и, исто така, комплетен автор на „Поносан“ која ...
Преку 15.000 илјади посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го ...
Со свечена академија во Центарот за култура – Битола, вчеравечер Камерниот оркестар на Битола го одбележа својот јубилеј – 10 години од возобновувањето. Историјата на Битолскиот камерен оркестар е повеќе од четири децении, но на 4-ти јули 2013 година по неколку години пауза е одржан првиот концерт на новиот состав на оркестарот. На свечената академија беше објавено официјализирањето на статусот националана установа на Камерниот оркестар на ...
Технолошко-забавните компании „МСГ“ и „Сфер ентертејнмент“ почнаа со тестирање на салата „Сфер“, што ќе има 17.600 седишта и најсофистицирани концертни ефекти. Изградбата на куполата почна во 2019 година, а пандемијата и технолошката сложеност ѝ ја зголемија цената до 2,3 милијарди долари. Ова е најскапата градба во Лас Вегас досега, бидејќи стадионот на рагби-клубот Рајдерс чинеше 1,9 милијарди долари. И надворешноста на куполата, според ...
Поп-ѕвездата од Порторико Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Џозеф се разведуваат по 6 години брак. „Одлучивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години“, објави парот во изјавата за People. „Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и однос заснован на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме ...
Во рамки на новиот студиски албум “Првите 30”, познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов заедно со неговиот добар пријател и соработник Игор Атанасовски (Гуру Харе) неодамна ја промовираа ново обработената македонска песна “Ако умрам ил загинам” од надалеку познатиот македонски пејач, автор, композитор и текстописец Јонче Христовски. Велат, оргиналот си е оргинал, но како звучи преработената верзија на оваа песна од страна на Џамбазов, ...
Пејачката Лепа Брена не сака да ги открива приватните проблеми, но открила дека се соочила со здраствен проблем, поради кој морала да оди на итна операција. Имено, Брена признала низ што морала да помине. „Имав сериозна операција на циста на јајникот во 2010 година. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој познат БРЦ тест, кој покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам рак на дојката. Тумор маркерот ми беше доста зголемен и ...
Пејачката Дара Бубамара денес живее во изобилство, но тоа не било така кога била мала, па открила дека пораснала на леб и маст. „Пораснав во сиромаштија, јадев маст и леб, а сега сакам да јадам во скапи ресторани и да „бркам“ луксуз! Одмарам во Миконос, во Дубаи… Избирам само скапи хотели, каде понекогаш поминувам само неколку часа затоа што веднаш летам. Купувам добри автомобили и дизајнерска облека. И најважно е што никогаш немав спонзори да ...
Озборн вели дека бил оптимист откако му понудиле учество на фестивалот во Калифорнија, но сепак, не би можел да го издржи напорот. Тој требаше да настапи на 7 октомври покрај австралискиот бенд „Еј-си-ди-си“, американскиот „Ганс ен роузис“ и „Ајрон мејден“ од Велика Британија. Во известувањето, Ози вели: „Колку и да беше ова болно, морав да донесам одлука да се повлечам од „Пауер трип“ во октомври. Мојата првична намера и онака беше да се вратам ...
Кога Арета Френклин почина од рак на панкреасот во август 2018 година, сите мислеа дека таа не оставила тестамент за имотот вреден милиони долари. Но, девет месеци подоцна, три рачно напишани тестаменти беа пронајдени во нејзиниот дом во Детроит, Мичиген, вклучително и еден заглавен меѓу перниците на софата во дневната соба. Овој април никогаш претходно слушнати говорни пораки пред смртта на кралицата на соул-музиката за потенцијален четврти ...
На 15-ти јули, на добропознатото кошаркарско игралиште во Влае, Скопје, ќе се случи најмасовниот шампионат во 3×3 баскет – Red Bull Half Court. На кратко, се работи за турнир во 3×3 баскет кој се одржува во 28 држави ширум светот, а завршува со светското финале во Белград, кое ќе се одржи од 16-18 септември на Калемегдан. Со повеќе од 15.000 очекувани натпреварувачи, Red Bull Half Court е најголемиот глобален натпревар во 3х3 баскет. Која е ...
„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов” не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски. „Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме”, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, ...
„Катаклизма” е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која јавноста веќе има можност да ја чуе после повеќе од 5-годишна пауза од создавање авторска музика. „Не би сакале да звучи како клише, но паузата што ја направивме во изминатиот период одлично ни дојде за добро да размислиме во која насока ќе се движи нашата кариера во иднина, а заедничкиот заклучок е – ова е само почеток на сето она што публиката допрва ќе го чуе и види од ...
„ГНЕВ” е новиот сингл на Македонскиoт состав CONSPIRACY. Со оваа моќна, брза и ритмички силна композиција, членовите на бендот го изразуваат ставот кон денешното општество и политичките случувања коишто ја следат долгата транзиција. „ГНЕВ” всушност е прва композиција на CONSPIRACY којашто е отпеана на Македонски јазик со што доживувањето и флуидот на песната меѓу бендот и фановите го прави уште посилно. CONSPIRACY чекорат по својот пат, како ...
Единствениот естраден магазин “Бекстејџ” , својата екипа ја пресели на охридското крајбрежје од каде информираат за се она кое што се случува во Охрид, но и околината, но не ги пропуштаат значајните настани кои се случуваат во главниот град. Во прекрасниот абиент на Ресторан Острово, една од локациите во која екипата на Бекстејџ имаат инпровизирано студио. гостинка беше фолк ѕвездата Елена Велевска, која 12 години живее во Охрид , а во ...
Таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Spotify“, а со тоа достигнување се пофали на својот интернет-простор. Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“, бидејќи на својот профил се потпишува како „Лошата девојка Рири“. Таа е добитничка на бројни признанија, а ова не е прв рекорд што таа го поставува. Таа има освоено 13 „Американски ...
Српскиот портал „Република“ објави дека рок-музичарот Момчило Бајагиќ – Бајага, наводно, завршил на лечење од алкохолна зависност на една приватна руска клиника во Земун, Србија. Во изјава за истиот портал, изворот изјавил дека Бајага се обратил за помош при одвикување од алкохол и поради сериозни здравствени проблеми со црниот дроб. Исто така, изворот раскажал дека за неговото здравје се грижел интернист од една друга државна болница. ...
Таа е единствената министерка која нема мандат, миленичката на македонската публика, генијална актерка, дрска стенд – ап комичарка, одличен вокал, беспрекорен водител и Бејби Мама на три кучиња и две прекрасни дечиња Кирил и Мина. Токму таа беше гостинка во четвртата епизода на “Галама шоу”, каде меѓудругото зборуваа за турбофолкот, а Весна е противник на турбофолкот, шундот и кичот. “Мислам дека, ти си направил една емисија каде што има бенд, ...
Како што пишува интернет порталот “БуреВесник” на познатиот македонски новинар Зоран Божиновски, во Грција е уапсен познатиот естраден менаџер како и еден од сопствениците на некогаш План Б продукција, а денес Прагма или Балкан Медиа, Кристијан Стефановски. Засега се немаат детали и повеќе информации околу апсењето на Стефановски, но како што вели новинарот Божиновски за Музика24, информациите се проверени и од релевантен и проверен извор. По ...
Во сабота, 8-ми јули, македонскиот камерен оркестар Профундис ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. Ова учество е посебно и значајно, бидејќи Профундис ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал. Реномираниот камерен оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а на сцената заедно со нив како солист ќе настапи извонредниот ...
Четвртата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме” е „Море сокол пие” во изведба на младата и талентирана Мина Блажев, која вели дека е пресреќна што со својата изведба ќе придонесе за зачувување на нашето културно богатство. „Ми претставува огромна чест и благодарна сум што сум дел од овој прекрасен проект, како и што со мојата изведба ќе придонесам за зачувување и негување на нашите македонски патриотски песни и културното ...
ФОЛКОНИКА – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца ја промовираше новата музичка фолк сликовница за деца „Јовано,Јованке“. Фолк сликовницата ја илустрира народната песна со ист наслов и е втора во серијалот сликовници, што ги објави „Фолконика“. На промоцијата, која се одржа во Детската градинка „Срничка“ – Објект „Чекорче“ во Општина Аеродром,Скопје, зборуваше Душко ...
На Mузика па Олабај и На Театар па Олабај се креативни пакети кои ги надополнаа и промовираа програмите на Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град и Битола Шекспир Фестивал, обезбедувајќи дополнителна програма што ги анимира и задржува гостите и посетителите во локалната заедница, ги поврзува со истата и ја мотивира да ја конзумира фестивалската програма. Уметничката работилница: „Треба да ги затвориш очите – инаку нема да видиш ...
Тони Зен повторно се врати на тлото на кое неговите рими најдобро звучат, а најмногу болат, па на јавноста и го претстави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Ел Падрино“, песна која ќе биде вистински хит ова лето и песна која со сигурност ќе остави белег, не само кај нас, туку во целиот регион. Пред долги години направи вистински бум со своите текстови кои никого не оставаат рамнодушен и стана национален музички херој, а со истото ...
По неколку години пауза, на 7-ми и 8-ми јули, енергичната и богата таписерија на македонската музика ќе биде прославена во сиот нејзин сјај на еден од најубавите културни настани кај нас, Златни денови Кратово 2023. Златни денови Кратово 2023, првпат го красеа културниот пејсаж на Кратово во 2014 година, со извонреден спој на талент и традиција, а оваа година повторно ќе ја разгорат страста на музичките ентузијасти низ целиот регион. Со ...
Утре вечер, петок- 30 јуни, на престижниот, можеби најдобриот фестивал од екс – ју простори, Сплитскиот фестивал, талентираниот Теди Грубица ќе ја испее „Сунце и ја“, песна што ја потпишува Григор Копров, по текст на Роберт Пилепиќ и со аранжман на Владимир Дојчиновски. Во богатата музичка биографија на фестивалот, настапуваа и победуваат најголемите имиња, најдобрите интерпретатори: Тереза, Оливер, Џибони, Дино Дворник, Љупка Димитровска, Маја ...