
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Христијан Настески во јавноста познат како Пајак е талентирано момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, а пополека но сигурно го освојува Балканот, инаку студент во прва година на студии по информатика. Со музика започнал да се занимавам уште од негова шестгодишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2022“ во Штип, ...
Македонскиот панк рок бенд „Хајка“, инаку познат по нешто потежок звук, започна да експериментира со пост-панкот и електрониката на свеж самиздат. Албумот „Мека машина“ од вчера е достапен на нивниот YouTube канал. и како ЦД издание. Иако името на изданието попрво би било поврзано со познатиот бенд од сцената на Кантербери, нијансираниот и абразивен пристап кон работата не ги напушта едноставните панк корени, туку ги збогатува со призвук на ...
Културен и информативен центар – Битола објавува конкурс, со траење од 01.02.2023 до 31.03.2023, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада “Ех таа серенада” 2023 . Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа ...
Единствениот естраден магазин “Бекстејџ„ го прослави својот 15-ти роденден.На прославата присуствуваа голем дел од јавниот живот, еминентни ликови од домашниот шоу бизнис како таков. На истиот роденден беа доделени награди,признанија, но и се даде почит на големиот Гоце Николовски, каде магазинот зад сцената покрена иницијатива за улица во главниот град го носи неговото име. Во негова чест Елена Велевска, Наум Петревски, Миле Кузмановски и ...
Џафар Џексон доби улога на неговиот покоен вујко, Мајкл Џексон, во претстојниот биографски филм кој ќе го документира животот на пејачот. Џафар, кој е син на братот на Џексон, Џермејн, е најавен како дел од актерската екипа на филмот. Антоан Фукуа, кој го режира биографскиот филм Мајкл, рече дека е „горд што го најавува Џафар како Мајкл и дека тоа е филмски настан што го истражува патувањето на човекот кој стана крал на попот“. Датумот на ...
Со големо задоволство го најавуваме славеничкиот концерт на легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, по повод неговиот 50 годишен јубилеј од неговата кариера, што ќе се одржи на 18-ти март во „Арена Борис Трајковски“. Мирослав Илиќ прославува 50 години кариера. И тоа каква кариерa! Среќен е затоа што има песни кои ќе го надживеат, а негова лична карта дефинитивно е хитот „Voleo sam devojku iz grada“. И покрај кариерата која трае со децении, ...
На 26ти Јануари (утре) во 10:45, движењето #СитеЗаМКЦ ќе направи протестна акција пред Советот на Град Скопје во знак на револт за кратењето на буџетот и непрописното менување на в.д. директорот на оваа важна јавна институција. Целта на оваа акција е да се покаже културата и историјата на МКЦ. Односно дека МКЦ не е само уште една државна институција заборавена во времето, туку институција што го следи развојот на уметноста, активно делува и ...
Џенифер Лопез гостувала во интервју за BuzzFeed, а и се придружиле и нејзините колеги Џош Духамел и Џенифер Кулиџ. Лопез рекла дека таа и Духамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа открила и дека за малку ќе загинела снимајќи една сцена. „Се беше супер, освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започнала Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја прашал дали е вистина. „Да, вистина е. Ја ...
На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видео спот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, ...
Снимањето на биографски филм за кралицата на попот е прекинато, пишува Variety. Шпекулациите за судбината на филмот почнаа минатата недела веднаш штом Мадона ја најави својата светска турнеја, каде концертите во Њујорк, Лондон и Париз беа распродадени за неколку минути. Сега Мадона е максимално фокусирана на својата турнеја, а снимањето на филмот мора да биде на пауза, велат извори за Variety. Иако беше најавен за 2020 година, развојот на ...
Како што пишуваат хрватските медиуми, хрватска пејачка Северина не може да издаде нов албум, а причината за тоа е наводниот долг кон познатиот музичар и текстописец, Горан Бреговиќ. Пејачката веќе две години најавуваше издавање на нов албум, но тоа никогаш не се случи. Иако е во пријателски односи со композиторот, тој не и дозволува да ја објави песната чиј автор е тој, додека Северина не му исплати 30.000 евра, дознава Курир.рс. Според ...
Пејачката Кети Пери откри дека и е многу жал што ја пропуштила можноста да соработува со Били Ајлиш. Таа можеше да биде дел од хитот „Ocean Eyes“, но сметаше дека таа песна на Били е здодевна, па ја одби понудата. Пери ја доби шансата да работи со Били пред да стане позната. „Откако ја слушнав песната, помислив дека е досадна, но на крајот сфатив дека тоа е голема грешка“, коментирала Кејти, пишува Page Six. Иако Кејти ја сметаше песната ...
„Дваесет“ е насловот на новата песна на Young Dadi, која веќе е пуштена во етерот. Музиката и текстот се негови, битот е со потписот на JustRTprodcution, додека финалниот шмек, микс-мастерот го направи Лазар Цветкоски во LCV студио, каде и е снимена самата песна. „И само брои до дваесет – посакај и тука сум за тебе“, вели Дади во текстот и признава дека би направил сѐ во име на љубовта, што навистина е реткост во ова време. „Направив нешто ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, на 16-ти фебруари во Македонската филхармонија со наслов „Севда“ еден од најбараните и најпознати машки вокали на Балканот и пошироко, големиот Божо Вречо, ќе одржи целовечерен концерт за македонската публика, своите обожаватели и сите оние кои го сакаат, почитуваат и слушаат. Инаку, тој на 1-ви ноември минатата година требаше да одржи концерт во Скопје, но како што тогаш не информираа ...
Една од топ темите во Македонија периодов беше обелоденувањето на пејачката Антониа Гиговска дека е во блажена состојба. Но истовремено, низ чаршијата се зборува дека наводно таткото на Гиговска преживеал срцев удар, а тоа веднаш се поврзува со фактот дека таа има 22 години и дека наскоро ќе има бебе. Гиговска пред само три месеци беше со фронтменот на познатата група „Либеро бенд“, Иван Јованов, а сега е со неговиот најдобар другар и пријател, ...
Сараевскиот колектив „Хелем Нејсе“ направи нов чекор напред во својата музичка работа. Со објавувањето на новиот сингл „Ружа“ носат уникатен спој на хип-хоп музика и севдалинка, а за песната придонесе и познатата интерпретаторка на традиционалната босанска песна – Амира Медуњанин. Дует на најистакнатите претставници на хип-хоп школата во БиХ со сопственикот на единствениот глас опишан од Гардијан како „Балкански Били Холидеј“ на прв впечаток ...
Пред само три месеци на макфестовската сцена беше промовиран сега веќе регионалниот хит “Bella” во изведба на младите Пајак и Лара, за кој ден потоа се промовираше и видео записот за песната која до овој момент брои скоро 10 милиони прегледи на YouTube. “Bella” несомнено ќе биде најслушаната песна помеѓу двата фестивала. Овој пат повторно под палката на Урбан Рекордс продукција беше промовирана новата песна и спот за “Habibi”. Се работи за ...
Гола Планина колектив на 22.01.2023 организираше граѓански собир пред Младинскиот културен центар во Скопје, на кој го изрази револтот за актуелните случувања со намалувањето на буџетот и полунасилното менување на в.д. директорот. Нашите пријатели уметници, активисти, новинари и луѓе кои им значи МКЦ направивме една иницијатива преку која што ќе продолжиме активно да се бориме. Овој проблем е поголем од Гола Планина колектив, а и колективот има ...
Повеќе од 1,5 милиони гласови од целиот свет пристигнаа преку официјалната веб-страница на манифестацијата и преку официјалниот Јутјуб-канал на MAC, а веќе почна и вториот, финален круг од гласањето за овогодинешните победници. Право на учество имаат сите гласачи, без разлика дали веќе ги поддржале своите фаворити. Десетте првопласирани номинации во секоја категорија влегоа во втората, финална фаза од гласањето, а секој што сака, без разлика ...
Започнуваат подготовките за настапот на светската музичка атракција Perpetuum Jazzile во Скопје, кој како што предходно Ве информиравме ќе се оддржи на 10.02.2023г. во Македонската филхармонија. Како изгледаат подготовките на Perpetuum Jazzile за концертот во Скопје и нивниот повик до македонските фанови, може да погледнете во видеото кое ни го испратија членовите на хорот. Влезниците за овој музички спектакл веќе се во продажба преку продажните ...
За прв пат во Македонија ќе се организира Фестивал на најдобрите настани за годината што изминала. БЕАМ Фестивалот (Best of event awards Macedonia) е на иницијатива и во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлезе како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците. БЕАМ е фестивал кој има за цел да им оддаде признание на креативните идеи и настани, но и да се потенцира и поттикне ...
После милионските прегледи и големиот бум во земјава и регионот со „Bella“, младата трап ѕвезда Пајак промовираше нов дует. Овој пат со Антониа Гиговска а со наслов „Хабиби“. Текстот и музиката се на Пајак, аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo а излезе под етикетата на Урбан рекродс. Планирано или не, песната излегува во момент кога Антониа е во фокус на јавноста по вчерашното роденденско изненадување за целата јавност. Во продолжение уживајте ...
Вчерашнниот ден беше судбоносен за македонската естрада. После Антониа и Виктор, сега и Даниел Кајмакоски објави убави вести. Победникот на првиот X-Factor Adria и македонски евровизиски претставник во 2015 година, Даниел Кајмакоски, се ожени по втор пат. Информации за невестата и како се запознале нема, а Даниел прв пат објави дека е во нова врска летото 2022 година. Со неа има споделно неколку фотографии но не се познати повеќе детали. Од ...
По пет години успешна соработка, која го достигна својот врв, групата “Ураган” повеќе нема да продолжи со истиот состав, односно претходните членки Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ повеќе нема да бидат дел од групата. Имено, договорот за деловна соработка им истекол на членовите на групата урагани – Сања, Ивана и Ксенија. Поранешната членка на групата „Ураган“ Ксенија Кнежевиќ ја продолжи својата соло кариера по распадот на групатa. ...
Веста на денот која што сите ги “вознемири”, верувале или не, е денешната објава на познатата македонска поп пејачка Антонија Гиговска дека е бремена и тоа четврти месец и дека токму денес на нејзиниот роденден објавува дека ќе се вери или дека го кажала судбоносното ДА на еден од синовите на познатиот фолк пејач и композитор Боби Спасенцовски, младиот и симпатичен Роберт Спасенцовски. Но, да не заборавиме за се она што се случи пред само ...
По спотови за песните „Корона хит позитиван“ и „Екрем“ од двојниот албум „Карамба!“, кои легендарните „Забрањено Пушење“ ги објави минатата пролет, снимен е и видео запис за песната „Испод радара“. Песната „Испод радара“, третата песна од двојниот албум „Карамба!“ која доби своја видео верзија, е приказна за човек кој изгубил „многу работи, сопругата и пријателите и вербата во Бог“, кој „ниту станал славен, ниту богат“, но сепак верува во ...
Пејачката Антониа Гиговска предмалку со објава на Инстаграм, ја изненади и шокираше македоската јавност со убави но неочекувани вести. Таа на својот роденден сподели неколку фотографии во кои открива дека е бремена а избраникот ја побарал и за жена. Долго време молчeвме а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое, Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен да ми е роденденот, а и погодете кој ќе стане ...
Недела (22.01) од 12 до 16 часот на платото пред МКЦ ќе се одржи голем музички собир во одбрана на МКЦ. Ова е собир за сите ентузијасти и љубители на независната култура, за заедно да го изјавиме нашето незадоволство! ОВА НЕ Е САМО УШТЕ ЕДНА СВИРКА! Запрашајте се: дали сте биле во последниве 50 години на свирка, изложба, театарска претстава, поетско читање, промоција на книга, проекција на филм, или на било каков настан во МКЦ? Дали сте си ...
Култното трио на домашната музичка сцена – „21 ВЕК“ го објави својот нов видео спот за песната „Чекам ко куче“. Видеозаписот за третиот официјален сингл од нивниот албум „Си нацртав живот“ (2021), претставува ретроспектива на настапите кои Васко Атанасовски, Раде Јорданоски и Дени Крстев ги имале низ годините. Како и за секој видео спот на „21 век“ досега, задолжен за режија, монтажа и снимање е Милан Блажевски, а „останатите две камери беа во ...
Kонцертната приказна „Нова ера“ на Николче Мицевски, на 18-ти февруари публиката ќе има можност да ја чуе и види на големата сцена во театарот „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес. Сцената ќе биде исполнета со петнаесетина мои колеги, познати професионални музичари со кои заедно неодамна концертно ја промовиравме оваа музичка приказна. Сцената ќе ни ја надополнат и збогатат дваесетина членовите на хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес! Ве очекувам во голем ...