
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



„Налеј, налеј“ е песна која често и со огромно задоволство ја изведувам на моите настапи. Верувам дека преку овој проект ќе успееме убавата македонска песна да ја доближиме до младите луѓе. „Налеј, налеј“ се пее со многу емоции и без нив нема успешна изведба, јас песната ја сакам и ја чувствувам, и верувам дека и публиката ќе го препознае тоа“, вели Миле Кузмановски, кој е дел од музичките имиња вклучени во проектот „Македонијо во срце те ...
Најпознатиот македонски кларинетист, саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина на 72-годишна возраст. Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а ...
Минатата година, британската пејачка Адел купи луксузна вила во гламурозниот град Беверли Хилс. Оваа куќа претходно беше во сопственост на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, а пејачката ја купи за 58 милиони долари. Актерот сега ја сподели информацијата дека пејачката имала еден услов при купувањето на куќата – таа сакала да ја задржи статуата, инспирирана од филмскиот серијал „Rocky“, во кој главната улога Роки Балбоа ја игра токму Силвестер ...
Ајк Тарнер Џуниор, син на покојните музичари Ајк и Тина Тарнер, беше уапсен во Тексас под сомнение дека поседувал кокаин и се обидел да прикрие докази. Полицијата во Алвин, Тексас, уапсила 64-годишен маж откако пронашла 1,7 грама кокаин и 0,7 грама метамфетамин, објави магазинот People. Ајк Тарнер Џуниор, исто така музичар, беше осуден на 18 дена затвор. Инцидентот се случил пред да почине неговата мајка на 83-годишна возраст, на 24 мај ...
Поп-пејачот Саша Ковачевиќ изминатиов месец имаше здравствени проблеми поради кои се повлече од јавноста. Во Ургентниот центар бил примен на 20-ти мај, откако му била лоша крвната слика и почувствувал слабост. Саша изгледал лошо. Лекарите веднаш му го отвориле досието и го испратиле на испитување. Направени му биле детални анализи, но крвната слика не му била добра, а информацијата дека на пејачот не му е добро ја потврдија и од неговиот ПР тим. ...
Младата пејачка Теа Трајковска преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам“, која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена. Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски. Како и за сите нејзини предходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници сними и доста ...
Годинава во која „Фрајле“ го прославуваат својот 14-ти роденден, се целосно работно ангажирани. Летото им е исполнето со веќе закажани турнеи по регионот, а поради специфичниот настап на концертите од медиумите ја добија и титулата ”Амбасадорки на добрата забава”. „Оваа титула за нас е голема чест бидејќи истата ја потврдува посветеноста која ја имаме во својата работа и желбата да сите емоции кои се наоѓаат во нашите песни се пренесуваат на ...
На 25-ти јуни, недела, по втор пат на Скопје ќе му се случи фестивалот „Модерно Скопје“ и тоа во срцето на Градскиот парк со главна бина на „Школка“, каде што ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти. „И ова второ издание на „Модерно Скопје“ носи возбудливо музичко искуство кое ќе ни го овозможат најдобрите македонски артисти. Музичкиот дел од хепенингот ќе започне во 12 часот, а истиот ќе биде збогатен со ексклузивен ...
Светската музичка ѕвезда Селин Дион ја продаде куќата во Лас Вегас, вредна 30 милиони долари, во која помина повеќе од петнаесет години. Пејачката тоа го направила со намера да се врати во Канада и да биде блиска со семејството кое ќе и биде од голема помош со оглед на тоа што едвај се движи поради болеста СПС. “Искрено, таа едвај се движи, а во Канада има единаесет браќа и сестри кои ја сакаат и ја поддржуваат, особено сега, кога има криза”, ...
Најпознатиот македонски кларинетист, саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, почина на 72-годишна возраст. Ферус е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а ...
Како што пишува интернет порталот “БуреВесник” на познатиот македонски новинар Зоран Божиновски, во текот на денешниот ден во Грција е уапсен познатиот естраден менаџер како и еден од сопствениците на некогаш План Б продукција, а денес Прагма или Балкан Медиа, Кристијан Стефановски. Засега се немаат детали и повеќе информации околу апсењето на Стефановски, но како што вели новинарот Божиновски за Музика24, информациите се проверени и од ...
Независната музичка издавачка куќа Шарла Рекордс годинава одбележува 10 години од своето постоење. Со близу 100 изданија позади нас, задоволни повлекуваме црта во издавачката авантура што ја започнавме во една пријатна есенска вечер во 2013 година. Години на силен ентузијазам, многу страст и без компромиси со основачката идеја да поддржуваме млади автори со храбар и прогресивен музички дух и израз. Токму таа искреност ни се врати со широко ...
.Се креативните пакети кои ги надополнуваат и промовираат програмите на меѓународните фестивали во Битола, обезбедувајќи дополнителна програма што ќе ги анимира и задржи гостите и посетителите во локалната заедница, ќе ги поврзе со истата и ќе ја мотивира да ја конзумира фестивалската уметност. Во оваа слика воспоставуваме двострана нераскинлива врска помеѓу меѓународните фестивали во Битола и жителите во локалната заедница. „Олабај“ создава ...
„Земјо македонска” во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме” која јавноста веќе од денеска ќе има можност да ја слушне во етерот. „Земјо македонска”, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева, според многумина, е неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци. Верзијата на Огнен, односно аранжманот, како и на целиот проект зад кој стои Скендеровски продукција, е со ...
„Стари навики“ и „Очи зелени“ се двата нови сингла на младиот артист Dimish. Тој сам во својата соба ја снима и продуцира својата музика. Dimish е соло-проект кој постои од 2019 година. „Започна со тоа што објавив инструментален албум „Inception“ во кој има кратки песни кои се правени во период од 2016 до 2018 година. Од тогаш до сега имам објавено 5 сингла, една соработка, 5 ЕП-ња и уште еден инструментален албум и сѐ тоа го правам сам, од ...
Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“. Настанот е во организација на општина Битола и Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect и на истиот ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др. Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, ...
„Стари навики“ и „Очи зелени“ се двата нови синглови на младиот артист Dimish. Тој сам во својата соба ја снима и продуцира својата музика. Dimish е соло-проект кој постои од 2019 година. Започна со тоа што објавив инструментален албум „Inception“ во кој има кратки песни кои се правени во период од 2016 до 2018 година. Од тогаш до сега имам објавено 5 сингла, една соработка, 5 ЕП-ња и уште еден инструментален албум и сѐ тоа го правам сам, од ...
„Земјо македонска” во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме” која јавноста веќе од денеска ќе има можност да ја слушне во етерот. „Земјо македонска”, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева, според многумина, е неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци. Верзијата на Огнен, односно аранжманот, како и на целиот проект зад кој стои Скендеровски продукција, е со ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, во рамки на “Скопско лето 2023”, на 28-ми јуни во Куршумли Ан со почеток во 20 часот ќе се одржи голем солистички концерт на MIYATTA со што ќе го промовира издавањето на нeјзиниот втор албум насловен “Vida”. Како музички гости на концертот се споменуваат: Теда, Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Паскал Краповски, Зоран Тортевски, Бранко Илиевски… ...
Додека можностите на вештачката интелигенција предизвикуваат, од една страна стравови, а од друга – љубопитност и воодушевување во музичката индустрија, Пол Макартни кој наскоро ќе го прослави својот 81. роденден, откри дека 50 години подоцна, „Битлси“ се враќаат на сцената. Имено, оваа година ќе биде објавена досега непозната песна на четворицата од Ливерпул, снимена со помош на ВИ којашто ќе го создаде гласот на Џон Ленон. Пол тоа го објави во ...
„Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!“, вели Дани за својот најнов сингл „Има љубов во нас“ кој го промовираше во АудиоКултура. Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов. Музичкиот спот за „Има љубов во ...
Фолкерот Аца Лукас изјави дека изгубил повеќе од 70 милиони долари на коцкање. Но, како што вели не жали за тоа, бидејќи тоа биле негови пари. “Не се каам. Никогаш во животот не жалам. Би зажалил доколку направам некои клучни грешки. Ако се убиев, односно ако се убијам, тоа би значело дека се каам, но еве ме, жив сум. Некои ми велат дека сум го прокоцкал станот во Белград. Прокоцкав цела населба во Белград. Една дебела населба, најскапата. Ама ...
Неодамна познатата и контроверзна водителка на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ, која води една од најгледаните утрински емисии во Србија, со видео спот ја претстави и промовираше својата прва песна “Ролекс”. Песната е дело и во соработка со Девла, а видео спотот го има реализирано ТопМедиа. До денес кога и го пишуваме овој текст, видеото е погледнато од 477 илјади гледачи, за осум дена од неговото објавување на YouTube. Како изгледа истото, погледнете ...
Популарниот македонски трап артист Пајак по хит дуетите со Лара Иванова, Антониа Гиговска и МС Стојан, летото го започна со дует со популараната Теодора Џехверовиќ. Пајак заедно со Наполоен е автор на текстот и музиката за „Летња авантура“, а Иван Јованов – Ивајо беше задолжен за аранжманот. „После толку време подготовка на овој прекрасен проект, мило ми е што ќе слушнете една емотивна-љубовна песна, изработена со една прекрасна личност како што ...
Популарниот македонски трап артист Пајак по хит дуетите со Лара Иванова, Антониа Гиговска и МС Стојан, летото го започна со дует со популараната Теодора Џехверовиќ. Пајак заедно со Наполоен е автор на текстот и музиката за „Летња авантура“ а Иван Јованов – Ивајо беше задолжен за аранжманот. „После толку време подготовка на овој прекрасен проект, мило ми е што ќе слушнете една емотивна-љубовна песна, изработена со една прекрасна личност како што ...
„Македонијо во срце те носиме“, е насловот на новиот музички проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица ...
По повод крајот на учебната година, утре 9-ти јуни (петок) со почеток од 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, ќе се одржи манифестацијата „Палачинкијада“. Како што дознаваме, оваа година освен дегустирање вкусни палачинки со различни вкусови, младите ќе ги забавува Биби, препознатлива од македонската анимирана серија „Биби и Боби“. На најдобрите ученици од соновните и средни училишта ќе им бидат доделени и пофалници. ...
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја промовираше својата нова песна „Дебела сенка“, за која тој ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е на Игор Атанасоски-Харе и Мите Димовски. „Оваа песна излегува во вистинско време. Успеав да го најдам датумот кога сум го почнал фајлот, тоа е септември 2019 година. Значи, јас сум ја “крчкал” оваа работа четири години. Знам дека имав една музика, па се откажав од неа зашто беше премногу депресивен блуз. Во ...
Што не можат зборовите, можат погледот и допирот, а што не можат ни тие, може музиката. Во ерата во која живееме, каде секој наш чекор е дигитален и очекуван, не би постоела убавината и мистеријата на секојдневието, доколку не би постоела уметноста и музиката. Жедни да се приближиме кон живи, длабоки, ултра-забавни емоции, – и со желба на праг на исполнување, Сара Мејс на јавноста ѝ подари освежувачко транспортирање на една поинаква ...
Македонскиот шоумен Игор Џамбазов ја промовираше својата нова песна „Дебела сенка“, за која тој ги напиша музиката и текстот а аранжманот е на Игор Атанасоски Харе и Мите Димовски. „Оваа песна излегува во вистинско време. Успеав да го најдам датумот кога сум го почнал фајлот, тоа е септември 2019 година. Значи, јас сум ја ‘крчкал’ оваа работа четири години. Знам дека имав една музика, па се откажав од неа зашто беше премногу депресивен блуз. Во ...