Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Двајца Срби и Македонец се уапсени во полициска акција во Скопје под сомнение дека планирале нарачано убиство. 42-годишен српски државјанин со иницијали С.М кој бил главен во подготвување на платеното убиство во Скопје е пронајден и приведен во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција, по долготрајна оперативна размена на информации помеѓу службите на двете држави. Осомничениот бил пронајден во „засолниште” во Скопје, ...
М-таговите за електронска наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјава – А1 Македонија и Македонски Телеком, најавија од Јавното претпријатие за државни патишта. Од претпријатието велат дека целта е електронската наплата да стане подостапна за граѓаните и да се овозможи побрзо и полесно поминување низ наплатните станици. Наместо досегашното купување само во просториите на ЈПДП или на ...
Законот за пробација е во финална фаза на подготовка и претставува составен дел од пошироката реформа на казненото право, која опфаќа донесување нов Кривичен законик, нов Закон за кривична постапка и нов Закон за извршување на кривичните санкции, како дел од напорите за хармонизација на правниот систем со правото на Европската Унија, соопшти Академик Владо Камбовски на јавната расправа во МАНУ за нацрт законот за пробација. Со Законот за ...
На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според информациите од полицијата, пријавениот изготвил фалсификувана диплома со неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој во периодот од 2020 до 2026 година во повеќе наврати ја употребувал дипломата како вистинска при засновање работен ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од приближно 200 собрани докази не утврдило ниту еден кој би можел да доведе до осудителна пресуда, согласно Законот за кривична постапка, доколку беше поднесено обвинение. Ова денеска на брифинг со новинарите го соопшти обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја водеше истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во периодот од 2021 до 2023 година, во ...
Бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи во Скопје, каде што му бил упатен усен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека на средбата бил изразен протест поради, како што наведуваат, несоодветното адресирање од страна на ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска изврши увид во изградбата на новиот Центар за спорт и спортски активности, капитален објект кој е во завршна фаза и треба да обезбеди современи услови за развој на спортот во градот. Станува збор за еден од 16-те проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт, со вкупна вредност од над 43 милиони денари. Во моментов се довршува фасадата на објектот, додека во ...
Во централното градско подрачје на Пробиштип во тек се активности за реконструкција на улицата „Ленинов плоштад“, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Во моментов се работи на отстранување на постојните бетонски тротоари, по што ќе следуваат повеќе градежни активности насочени кон подобрување на инфраструктурата и условите за движење на граѓаните. Според најавите од општината, проектот опфаќа изградба на нови ...
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат дека поради врнежливото време и изгубените работни часови за косење, како и поради забрзаната вегетација, активностите се одвиваат со засилен интензитет. „Комуналец“ ги информира граѓаните дека Градските гробишта ќе бидат ...
Северна Кореја со уставни измени ги прошири условите под кои може да активира нуклеарен одговор, зацврстувајќи ја својата нуклеарна доктрина. Со ревизија на членот 3 од Законот за нуклеарна политика, сега е предвидено дека доколку системот за команда и контрола на нуклеарните сили биде загрозен од непријателски напад, нуклеарен удар ќе биде извршен автоматски и без одложување. Новата формулација се толкува како прецизно дефинирање на сценарио ...
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека во услови на глобални кризи, енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите. „Изолацијата не е стратегија. Соработката е“, порача министерката, нагласувајќи дека Северна Македонија активно работи на диверзификација на енергетските извори, регионално поврзување, инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската ...
Компаниите од Македонија и од регионот мора да ги надминат локалните деловни модели и да работат според глобални стандарди ако сакаат да останат конкурентни на меѓународните пазари, порача генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид, Живко Мукаетов, на Самитот Македонија 2025. На самитот, бизнис-лидери од регионот разговараа за потребните системски промени за економски раст, интернационализација и задржување на талентите ...
Петмесечно бебе од скопско било донесено без знаци на живот на Детската клиника во Скопје, откако таткото рано утрово го пронашол починато во семејниот дом во општина Чучер-Сандево. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска во 06:05 часот од Детската клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Како што е наведено, таткото околу 05:30 часот забележал дека неговото петмесечно бебе, кое било ...
Рано утрово на Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје е донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавата од лекарите, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Рано утрово на Детска клиника ...
Петнаесетгодишен ученик е тешко повреден по напад со остар предмет во основно училиште во скопската општина Гази Баба, а полицијата приведе малолетник осомничен за нападот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 11 мај околу 14:50 часот, кога 15-годишник влегол во училиштето и со остар предмет нападнал свој врсник во училишната зграда. Повредениот ученик бил итно пренесен во Комплексот клиники ...
„Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да тие се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна ...
Иран предупреди дека ќе разгледа збогатување ураниум до 90 отсто, ниво потребно за нуклеарно оружје, доколку САД повторно извршат напад. Пратеникот Ебрахим Резаи изјави дека ова е една од опциите што ќе се разгледуваат во иранскиот парламент. Тој нагласи дека одлуката би била одговор на евентуална нова американска воена акција. Заканата доаѓа во момент кога се шпекулира дека Доналд Трамп размислува за нови удари врз Иран за да ја засили ...
Израелскиот парламент усвои нов закон со кој се формира специјален трибунал за судење на учесниците во нападите на Хамас од 7 октомври 2023 година, а законот предвидува и можност за изрекување смртна казна. Законот беше изгласан со големо мнозинство во Кнесетот и се однесува на лицата обвинети за учество во нападите во кои беа убиени околу 1.200 луѓе и беа земени стотици заложници. Според новите правила, судењата ќе ги води специјален воен ...
Шест мажи и две жени се уапсени под сомение дека го извршиле вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во Грција, од каде што одзеле околу 200.000 евра. Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервју за државната телевизија „ЕРТ” утрово објасни дека полицијата веќе подолго време ја следела конкретната група, што стои и зад други грабежи, еден голем и неколку помали. Портпаролката на ...
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека поради интервенции во водоводната мрежа, денеска делови од главниот град ќе останат без вода. Според најавата, поради зафат на улицата „Коста Абрашевиќ“ бб, кај ОУ „Хасан Приштина“, од 09:00 часот па сè до завршување на работите, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Цветан Димов“, „Панче Неделковски“, „5-ти Мај“ и „Кемал Ататурк“ во Општина ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија. Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, во Општина Ѓорче Петров. Дополнително, од 12:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и кај дел од корисниците на улицата „16“ во селото Долно Соње, во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Утринската температура ќе се движи од 7 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 17 и 31 степен. Во Скопје се ...
Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со сериозен внатрешен раскол во владата, додека расте бројот на лабуристички пратеници кои бараат негова оставка или рок за повлекување. Според извештаите, дури 72 пратеници веќе го повикале да ја напушти функцијата или да одреди датум за заминување. Дополнително, шест помошници на министри поднеле оставки или јавно го критикувале премиерот, што ја продлабочува кризата во власта. Незадоволството ...
САД воведоа нови санкции против три лица и девет компании, меѓу кои фирми од Хонг Конг и Обединетите Арапски Емирати, поради помош на Иран во извоз на нафта кон Кина. Санкциите се насочени кон мрежа на компании што, според Вашингтон, соработувале со Иранската револуционерна гарда преку параван-фирми. Американското Министерство за финансии соопшти дека овие структури биле користени за продажба и транспорт на иранска нафта. Министерот Скот ...
Андриј Јермак, поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски е осомничен за перење пари во рамки на голема антикорупциска истрага, соопшти Специјалното обвинителство за борба против корупција. Тој е поврзан со наводна корупциска шема вредна околу 100 милиони долари, поврзана со државната компанија „Енергоатом“. Во случајот веќе се обвинети повеќе лица, меѓу кои поранешни високи функционери и блиски соработници на ...
Рударите во Мјанмар (поранешна Бурма) откриле редок и исклучително голем рубин, за кој се смета дека е втор по големина пронајден во земјата, која е дел од Југоисточна Азија и со години е погодена од конфликти. Огромниот скапоцен камен бил ископан во близина на градот Могок во регионот Мандалај, познат како центар на профитабилната индустрија за скапоцени камења, која во последниот период била и сцена на жестоки борби во граѓанската војна. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски демантираше дека имал официјална билатерална средба со бугарската министерка за надворешни работи Весислава Петрова Чамова во Брисел, појаснувајќи дека станувало збор само за кратка размена на зборови на маргините на настан. Во реакцијата објавена по изјавите на бугарската министерка, Муцунски нагласи дека немало официјален состанок меѓу двајцата шефови на дипломатијата. „Во ...
Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево во Росоман, каде животот го загуби 89-годишен пешак. Несреќата била пријавена во 18:55 часот на регионалниот пат Градско–Прилеп, кога товарно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од 45-годишен возач од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ. од Росоман. Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната ...