Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете Во Скопје се расчистува инцидент во кој учествувале група малолетници и сопственик на угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар. Според пријавата во СВР Скопје, малолетниците околу 20:00 часот фрлале разни предмети кон објектот, по што сопственикот на локалот пријавил нарушување на мирот и штета врз неговиот ...
На пазарот на криптовалути денеска преовладува оптимизам, а вредноста на биткоинот (BTC) на најголемата светска крипто-берза Binance во 15 часот достигна 68.879,28 евра, што претставува раст од 0,21 отсто. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 29,14 милијарди евра, пренесува Tanjug. Специјализираните крипто-портали, меѓу кои и CoinDesk, укажуваат на мешани сигнали на глобалните пазари. Од една страна доминира ...
Жозе Мурињо, тренерот на Бенфика, би можел да се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми. Според информациите, мадридскиот клуб планира официјално да го објави неговото враќање по натпреварот против Атлетик Билбао во последното коло од Ла Лига, кој ќе се одигра на 24 мај и ќе биде завршен натпревар за сезоната. Реал Мадрид би требало да ѝ исплати на Бенфика околу шест милиони евра како откупна клаузула за ...
Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот. Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека преку оваа манифестација се негуваат вредностите и се оживува богатата легенда која е длабоко вкоренета во идентитетот на градот. „Преку повеќе едукативни ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, ...
Од 13 до 17 мај, „Школка“ во Градски парк повторно ќе стане место на средби, музика, гастрономија и винска култура – со јубилејното 15-то издание на еден од најпрепознатливите градски фестивали. Има настани што се најавуваат со датум, локација и програма. Но има и настани што одамна станале дел од градскиот календар, од навиките на луѓето и од малите ритуали по кои Скопје ја препознава пролетта. Виноскоп е токму таков настан – фестивал што не ...
Во завршна фаза е реконструкцијата на спортските игралишта во рамките на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Горно Оризари, каде што се обновуваат два спортски терени – ракометно игралиште, кое ќе се користи и за мал фудбал, како и кошаркарски терен. Градоначалникот на Битола, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности, при што истакна дека станува збор за значајна инвестиција во подобрување на условите за ...
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно спроведува акција за чистење на дивата депонија на патот кон Вештачкото езеро, каде денеска може да се забележат големи количини градежен шут, стар мебел, домашни апарати, пластика и мешан комунален отпад. Иако локацијата беше целосно исчистена на 15 ноември 2025 година во рамки на еко акција организирана од Општина Прилеп и јавното претпријатие, само по неколку месеци состојбата повторно е алармантна. ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави можност за воведување забрана за користење мобилни телефони и во средните училишта во главниот град. Тој потсети дека додека бил градоначалник на Општина Кисела Вода, во основните училишта веќе биле воведени правила според кои електронските уреди не смееле да се користат за време на наставата, при што општината била меѓу првите што ја примениле ваквата мерка. Според Ѓорѓиевски, во следниот ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против 37-годишната И.Б. од Пробиштип поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 15 април 2026 година, кога пријавената влегла во домот на нејзина сограѓанка во Пробиштип и физички ја нападнала. Во нападот, жената се здобила со тешка телесна повреда, по што случајот бил ...
Ниту еден од 13-те полицајци обвинети во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не призна вина на денешното рочиште во Основниот кривичен суд, со што официјално започна судскиот процес за еден од најтешките случаи што ја потресоа македонската јавност. Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност и несовесно работење во службата. Според обвинението, тие со пропусти и непостапување овозможиле дискотеката да продолжи ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори, поврзани со локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки. Станува збор за вкупно 107.201.924 денари, наменети за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци. Средствата ќе бидат префрлени ...
Малолетно девојче е повредено откако паднало во отвор за лифт во станбена зграда во центарот на Скопје. По интервенцијата на екипите на Итната медицинска помош, девојчето било пренесено на Клиничкиот центар за укажување лекарска помош. Несреќата се случила во станбен објект во централното градско подрачје, каде девојчето паднало во просторот предвиден за лифт. На местото веднаш пристигнале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната ...
Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја заокружи фантастичната сезона во македонскиот футсал со освојување на двојната круна. Откако претходно триумфираше во Купот на Македонија, тимот успеа да стигне и до шампионската титула во Првата футсал лига. Составот од Јосифово доминираше во текот на целата сезона и шампионатот го заврши на првото место со дури 21 бод предност пред КМФ Кеги Моби од Велес, кој беше и нивен противник во финалето на Купот. ...
Во Апелациониот суд денеска се разгледуваа жалбите поврзани со пресудата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски, случај што ја потресе македонската јавност. Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои беа осудени на доживотен затвор за двојното убиство, преку жалбите побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење. Во исто време, Обвинителството ...
Германската влада го отфрли предлогот на Владимир Путин поранешниот канцелар Герхард Шредер да ја преземе улогата на координатор на можните разговори меѓу Русија и Европската унија за постигнување мировен договор во Украина. Ставот на Москва дојде по неодамнешните изјави на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта , кој оцени дека постои „можност“ за преговори меѓу Европската унија и Русија, како и за дискусија за идната безбедносна ...
Рокот за автопатот Кичево – Охрид останува ист – во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште – Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина – автопатско поврзување во овој регион. Тоа го најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски при денешниот увид на работите на терен на автопатот. – Автопатот ќе ...
Имам јасна порака, во Европската Унија има место за сите земји од Западен Балкан, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, при пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел и повтори дека проширувањето е приоритет за Европската Унија, но дека неговиот успех зависи од спроведените реформи во земјите кандидати. – Ако нашите кандидати имаат резултати, ќе ги имаме и ние. Ние веќе ги имаме. Првпат по 17 ...
Пред да се отворат азиските пазари, цените на суровата нафта се зголемија и повторно надминаа 104 долари за барел, а Брент од Северното Море порасна за 3,29%, бидејќи изгледите за брзо отворање на Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта во мирно време – и кој Иран ефикасно го затвори откако започна американско-израелскиот напад врз него на 28 февруари, се чини дека се повлекуваат. Повеќе од еден месец по ...
Еден од американските патници на крузерот „Хондиус“ кој итно се репатрира во Соединетите Американски Држави е позитивен на хантавирусот по направениот молекуларен ПЦР тест, објави денес Министерството за здравство. Од 17-те државјани на земјата кои се репатрираат по воздушен пат под одговорност на Стејт департментот, „еден патник моментално покажува благи симптоми, а друг е малку позитивен на хантавирусот, покажа ПЦР тестот“, соопшти ...
Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра во денарска противвредност за правно лице, откако при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче бил затекнат камион како незаконски одлага градежен отпад. Според информациите од Општината, камионот бил фатен на локацијата „Купишта“, каде истурал градежен шут и ископана земја спротивно на Законот за управување со отпад. Општинскиот инспекторат веднаш издал прекршочен платен налог, а за сторениот ...
Македонска ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за бараж-двомечот против Словачка, кој ќе одлучува за пласман на Светско првенство во ракомет 2027. Селекторот Кирил Лазаров на првиот собир со тимот јасно порача дека фаворитската улога на хартија нема да значи ништо без максимална дисциплина, концентрација и сериозен пристап. Иако Македонија влегува како носител во баражот благодарение на претходните резултати, Лазаров ...
Барселона е нов шампион на Шпанија, откако синоќа на „Камп Ноу“ го победи Реал Мадрид со 2-0 во големото Ел Класико и математички ја обезбеди титулата во Ла Лига. Каталонците до шампионскиот пехар стигнаа токму против својот најголем ривал, во натпревар кој имаше и силна емотивна тежина за тренерот Ханси Флик, чиј татко починал непосредно пред дуелот. Барселона го реши натпреварот уште во првите дваесет минути. Во деветтата минута Маркус ...
Со конгресот во Скопје, коалицијата ВЛЕН официјално започна трансформација од изборен сојуз во единствен политички субјект, во обид да го консолидира албанскиот политички блок во власта и да се позиционира како трајна алтернатива на ДУИ. Новата партија најави дека ќе се профилира како политичка опција од десниот центар, со фокус на владеење на правото, борба против корупцијата, независно судство, европски интеграции, НАТО-партнерство, ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (11 мај), поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во Општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето е најавен во периодот од 08:30 до 14:30 часот, а без струја ќе бидат дел од жителите на улицата „Јустинијан Први“. Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски до завршување на интервенцијата. Од ЕВН ...
Иран го одби американскиот предлог за прекин на војната, оценувајќи дека тој претставува повик за капитулација на Техеран, објавија иранските државни медиуми. Според телевизијата „Прес ТВ“, блиска до иранското раководство, прифаќањето на понудата би значело покорување на, како што наведуваат, „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Од друга страна, иранскиот контрапредлог предвидува прекин на конфликтите на сите ...
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе преовладува стабилно време, додека попладне се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, а во западните делови од земјата повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринските ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца. На дневен ред на седницата се наоѓаат и повеќе други кадровски и организациски точки. Според документот објавен на веб-страницата на Собранието, прворангирана за нов член на ДКСК е Катерина ...
Тешка сообраќајна несреќа со електричен тротинет се случила во Скопје, откако возач на тротинет удрил 61-годишна жена и потоа избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 мај 2026 година околу 14:45 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на булеварот „Крсте Мисирков“, каде електричен тротинет удрил во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје. По ударот, возачот на ...
Килијан Мбапе нема да настапи за Реал Мадрид во вечерашното „Ел Класико“ против Барселона, натпревар кој може директно да ја реши шампионската трка во Ла Лига. Францускиот напаѓач не се најде на списокот на Алваро Арбелоа за гостувањето на „Камп Ноу“, откако повторно почувствувал проблем со задната ложа. Иако Мбапе претходно се врати на тренинзи со тимот, стручниот штаб решил да не ризикува со негов настап во меч со висок интензитет. Реал ...