Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Епидемија на норовирус е регистрирана на крузер за време на патување што започнало на 28 април и треба да заврши на 11 мај. На бродот во моментов има 3.116 патници и 1.131 член на екипажот. Од компанијата Princess Cruises соопштија дека веднаш биле активирани заштитни мерки за спречување на ширењето на инфекцијата. Заболените патници и членови на екипажот биле изолирани во своите кабини, додека екипажот ги засилил процедурите за чистење и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, проследено со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат меѓу 7 и 12, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје слично време: променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Можно е попладне да се појави сонце. Максималната ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнале договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. – Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ангажман. ...
Американската разузнавачка агенција ЦИА проценува дека Иран може да ја издржи поморската блокада со месеци без сериозни економски последици. Според извештајот, притисокот од американската блокада нема значително да го погоди Техеран најмалку до крајот на летото. Ова укажува дека стратегијата на Вашингтон има ограничен ефект во момент кога продолжуваат преговорите за завршување на конфликтот. САД ја воведоа блокадата на 13 април, откако ...
САД воведоа нови санкции против кинески компании поради нивна поврзаност со Иран, само неколку дена пред средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг. Стејт департментот санкционираше четири компании, од кои три се со седиште во Кина, поради обезбедување сателитски снимки што, според Вашингтон, му помогнале на Иран при напади врз американски сили. Истовремено, американското Министерство за финансии воведе санкции за уште 10 лица и ...
Пред 81 година, на денешен ден 9 мај 1945 година во разурнатиот Берлин со потпишување на безусловната капитулација на нацистичката Германија ставен е крајот на Втората светска војна. Со тоа е запрена најкрвавaтa и најтешкa глобалнa војнa на планетата. Со тоа беше победен фашизмот. За време на шестгодишно војување беа изгубени над 50 милиони човечки животи од кои дури 20 милиони од Советскиот сојуз. Пострадаа и многу жители на Македонија. ...
Коалицијата ВЛЕН денеска на Конгрес за обединување на пет политички субјекти и официјално ќе прерасне во партија. Во пресрет на конгресот, од ВЛЕН преку јавна објава порачаа дека процесот на обединување не бил лесен и дека зад него стојат месеци исполнети со предизвици, недоверба и политички притисоци. Според нив, денешниот ден ќе биде одговор на сите сомнежи, бидејќи од политички партнери и сојузници, ВЛЕН преминува во единствено политичко ...
ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен на нови национални отстапки и дека се „додворува“ на Бугарија преку своите јавни настапи. „Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку ...
Опозициската СДСМ вели дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад. „ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот Миле Цеков, уште една советничка на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп го напушти владејачкото мнозинство. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ, со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во ...
Институт за јавно здравје уверува дека во моментов нема опасност од појава на хантавирус во Македонија и дека не постои непосреден ризик за граѓаните, изјави директорката Марија Андоновска. Таа посочи дека Секторот за епидемиологија при ИЈЗ секојдневно комуницира со Светска здравствена организација и со Европскиот центар за контрола на болести, од каде постојано добива информации и насоки за евентуално постапување. Андоновска објасни дека ...
Новак Ѓоковиќ се врати на терените по пауза од 57 дена, но настапот на Мастерсот во Рим го заврши уште на стартот, откако беше поразен од младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ со 2:1 во сетови (2:6, 6:2, 6:4). За Ѓоковиќ ова е првпат во кариерата да биде елиминиран уште во својот прв меч на турнирот во Рим, додека за Прижмиќ ова претставува најголема победа досега. Српскиот тенисер одлично го отвори натпреварот и по израмнетиот почеток успеа ...
Реал Мадрид сериозно размислува за враќање на Жозе Мурињо на клупата на тимот, пренесуваат шпанските медиуми и повеќе фудбалски инсајдери. Според информациите, претседателот на клубот Флорентино Перез веќе започнал контакти со португалскиот стратег, што дополнително ги засили шпекулациите за можно враќање на „Специјалниот“ на Сантијаго Бернабеу по 13 години. Во изминатиот период се појавуваа бројни гласини околу иднината на Мурињо, но тој во ...
Домат е една од најзастапените намирници во светската исхрана и речиси секојдневно се користи во многу кујни, особено во медитеранскиот начин на исхрана. Иако денес е неизоставен дел од бројни јадења, доматот во Европа пристигнал дури во 16 век од Јужна и Средна Америка. Покрај препознатливиот вкус, доматите се ценети и поради хранливата вредност. Содржат големо количество вода, поради што се нискокалорични и погодни за секојдневна ...
Италија е прогласена за најдобра европска дестинација за „соло“ патувања во 2026 година, според индексот на компанијата „Мач бетер адвенчурс“. Рангирањето било направено врз основа на безбедноста, пристапноста на храната, инфраструктурата и условите за патување. Според авторите на истражувањето, Италија нуди идеален спој на врвна гастрономија, развиен железнички сообраќај и разновидни природни предели, што ја прави особено привлечна за ...
Володимир Зеленски потврди дека Русија и Украина постигнале договор за размена на затвореници по принципот „1.000 за 1.000“, а воедно порача дека е потребно воспоставување прекин на огнот во периодот од 9 до 11 мај. Украинскиот претседател се огласи преку социјалната мрежа X, откако Доналд Трамп објави дека меѓу двете земји ќе има тридневно примирје. Зеленски наведе дека во последните денови имало бројни сигнали и предупредувања поврзани со ...
Во пресрет на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Општина Пробиштип организираше одбележување на значајниот датум со положување свежо цвеќе и пригодна програма во центарот на градот. Делегации од Советот на Општината, локалната самоуправа, политичките партии, здруженијата на пензионери, како и претставници на продолжувачите на делото на НОБ, оддадоа почит на историското значење на 9 Мај. Во настанот учествуваа и ученици ...
Првата фестивалска вечер во Битола помина во одлична атмосфера, со музика, добро вино и голем број посетители кои уживаа на платото пред Офицерски дом. Програмата започна со настап на DJ Resident, а продолжи со легендарните „B52“, „Пауза за ракија“ и DJ Carlito. На фестивалот се претставија 14 винарии со повеќе од 100 различни вина, овозможувајќи им на посетителите да дегустираат и да изберат по свој вкус. Понудата беше збогатена и со ...
Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено. „Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 19.946.257 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Македонски Телеком ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, не поднел оставка, туку е на боледување и затоа надлежностите ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски, велат од Општина Карпош. Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и беше портпарол на Град Скопје во мандатот на Коце Трајановски, е назначен за в. д. градоначалник на Општината. „Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир ...
На плоштадот „Македонија“ во Скопје денес свечено беше отворена првата сезона на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа „Плазма – Спортските игри за млади“, а програмата беше збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности. На свеченото отворање присуствуваа високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, ...
Во МКЦ во Скопје на 15 мај популарниот македонски бенд Пеперминт ќе одржи концерт под симболичен наслов „Љубов едно море“ со почеток од 20 часот. Организаторите најавуваат вечер исполнета со панк-поп-рок звук, многу хумор, силни емоции и сценска енергија по која „Пеперминт“ веќе со години е препознатлив кај домашната публика. На сцената со бендот ќе се појават и некои од најпознатите имиња од македонската музичка сцена како Игор Џамбазов, ...
Управители на две правни лица и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Истрагата на финансиската полиција откри дека врз основа на случен договор за продажба на одземени хаварисани возила како старо железо помеѓу Агенцијата и правен субјект, тој стекнал противправна ...
Во недела во периодот од 8 до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка на 10 км, со стартна позиција на бул.„Илинден“ пред фонтана Лотос, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, од каде продолжуваат на „Партизанска“ до мост Влајко каде што вртат полукружно и трчаат наза по истата траса. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно бидејќи водел кон корупција и криминализација, а назначувањето на највисоките позиции било лоцирано во рацете на поединци и тие стекнувале енормна, речиси султанска моќ. -Не го укинавме балансерот затоа што така сакавме, туку затоа што тоа беше наведено во извештајот – рече Сиљановска Давкова по отворањето на „Генералка викенд“. Во однос на ...
По заканувачките пораки што ги испратил ученик од седмо одделение, во ООУ „Стив Наумов“ ќе бидат воведени засилени безбедносни мерки, а училиштето ќе го обезбедуваат и полициски службеници во цивил. Од СВР Битола информираат дека мерката е преземена со цел да се гарантира безбедноста на учениците и наставниот кадар, како и да се спречат евентуални инциденти. Надлежните институции веќе работат на расчистување на случајот, а се вршат проверки и ...
Синдикатот на културата упати повик до своето членство и јавноста за мирен протестен собир кој ќе се одржи утре во 19 часот на денот на отворањето на Мајските оперски вечери, пред Националната опера и балет. Од Синдикатот порачуваат дека културните настани кои публиката ги гледа на сцена се резултат на долгогодишен труд, знаење и посветеност на уметниците и културните работници, додавајќи дека „зад секој аплауз стои човечки живот, но зад ...
Ученик од седмо одделение од основното училиште „Стив Наумов“ во Битола на социјалната мрежа Тик-Ток објавил список за ликвидација на негови сооученици и на нивните родители. На списокот имало и датум за извршување на заканата. Родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат, а училиштето го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и во Подрачното одделение за образование. Ученикот пред ...
„Мицкоски повторно прибегнува кон старата техника на мачкање очи. Кампњата е почната. Еден дел од кампањата е заострување на односите со Бугарија. Иако се уште не формирана владата во Бугарија, тој веќе изјави дека не очекува подобрување, туку заострување на односите“, велат од СДСМ. Од опозициската партија велат дека вториот дел од кампањата е напад на СДСМ дека ја кочи реформската агенда со Изборниот законик. „Мицкоски има апсолутно ...
Бугарија доби нова влада. За изборот позитивно се изјаснија 124 пратеници „Прогресивна Бугарија“, „против“ беа 70, а 36 пратеници на Бојко Борисов беа воздржани. Новата влада на Румен Радев ќе има четворица вицепремиери и 18 министри. Нов министер за внатрешни работи е Иван Демерџиев, за правда Николај Најденов, а за надворешни работи е Велислава Петрова-Чамова. Пред гласањето, координаторот на пратеничката група на „Прогресивна Бугарија“, ...