Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Свеченото поставување на камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се одржи денеска на локацијата на универзитетот, во просторот на поранешната касарна „Илинден“. На настанот најавено е присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните. Според информациите од Универзитетот, на свеченоста ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска, ...
Иран ги негира тврдењата дека целосно го затворил Ормускиот теснец, една од најважните глобални рути за транспорт на сурова нафта, пренесува ДПА. Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, изјави на државната телевизија дека теснецот не е блокиран и дека бродовите можат да продолжат да се движат низ него. „Сите бродови имаат дозвола да поминат, освен американските и израелските бродови. Тие немаат работа таму“, изјави Шекарчи. ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 18 степени. Во Скопје се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени. Во ...
-Дами и господа, извинете што доаѓам тука дури сега, иако сум во културниот дом веќе подолго време. Не е убаво политичарите да расипуваат убави прослави, но морам на почетокот да кажам нешто поради што доцнам неколку минути – се обрати синоќа словачкиот премиер Роберт Фицо на еден културен настан во главниот град на неговата земја по повод една изјава на украинскиот претседател Зеленски која се однесуваше на премиерот на Унгарија Виктор Орбан ...
„Солидарност со мојот пријател и патриот, премиерот Виктор Орбан, кој отсекогаш бил на чело на одбраната на слободата и правата на своите граѓани и патриоти низ цела Европа. Загриженост и цврста осуда на мешањето и заканите од странски земји. Наскоро ќе бидам во Будимпешта, претставувајќи ги италијанските патриоти, за да ја изразам нашата солидарност и поддршка“ – напиша на социјалните мрежи италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини. Неговата ...
Војната меѓу САД и Израел против Иран влезе во осмиот ден ден. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека операциите дури сега влегуваат во нова фаза. Тој порача дека Вашингтон е подготвен за подолг конфликт и дека притисокот врз Иран ќе продолжи. Ова е една од причините што цените на нафтата на светските пазари бележат драматичен раст. Американската сурова нафта оваа недела го забележа најголемиот неделен скок во историјата. ...
Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. -Министерството попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување на Радио Холидеј зборуваше за новиот пристап во управувањето со општинскиот буџет, кој, како што истакна, ќе биде насочен кон развојни проекти, капитални инвестиции и подобрување на услугите за граѓаните. Целта, според него, е средствата од буџетот да се користат поодговорно и да се насочуваат кон проекти што носат долгорочен бенефит за градот. „Сметам како градоначалник, а ...
Започна изградбата на типската училишна спортска сала во дворот на ООУ „Стив Наумов“ Битола. Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски беше на локацијата каде ќе биде изградена оваа училишна фискултурна сала на површина од 650 м2. Објектот е наменет за спортски и рекреативни активности во мали спортови како кошарка, одбојка, гимнастика, ракомет, пинг понг и други спортови поврзани со училишното образование. Објектот ќе има две ...
На настанот ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од Македонија и уште 17 држави, кои ќе се натпреваруваат на три различни дистанци: најдолга трка од 40 километри, средна од 23 километри и најкратка од 13 километри. Овој спортско‑рекреативен настан стана традиција и важи за еден од најзначајните во регионот, не само поради бројот на учесниците, туку и поради придонесот што го дава за развојот на авантуристичкиот туризам и промоцијата на ...
„ВЛЕН продолжува со добра работа и конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, додека Чаир се надополнува со уште една важна инвестиција во спортот и младите. Со инвестиција од околу еден милион евра, се гради модерен базен, втор по ред на територијата на општина Чаир, кој ќе им служи на младата генерација и на целата општина. Станува збор за модерни услови за секој ученик што сака да учи да плива, да се натпреварува и да се ...
Цените на нафтата повторно бележат нагло зголемување на светските берзи, откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните енергетски текови. Цената на суровата нафта Брент порасна за повеќе од седум проценти и достигна околу 91 долар за барел, што е највисоко ниво од април 2024 година. Во исто време, американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) скокна за повеќе од 10 проценти и се искачи на околу ...
Министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека е во постојана комуникација со транспортните компании и дека македонските превозници, дури и со повисоки цени на горивата, имаат предност над своите европски колеги. „Нашиот транспортен сектор има предности поради ниските даноци и релативно ниските придонеси. Разговарав со компании и ми кажаа дека превозот направен од нивни европски колеги би чинел 300 до 350 проценти поскапо. Нашите ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека лиценците на уште три компании што произведуваат медицински канабис ќе им бидат одземени, со што вкупниот број на такви компании ќе достигне девет. Тој додаде дека работата на уште една компанија се анализира. „Досега 23 компании се процесирани, а за три е сигурно дека ќе им бидат одземени лиценците. Четвртата се анализира“, рече Алиу, одговарајќи на новинарско прашање за инспекциите во ваквите ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“. Пријавата е доставена до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Р.С., полициски службеник од ...
Полицијата во Скопје поднесе кривична пријава против 56-годишен државјанин на Естонија, осомничен за тешко кривично дело против малолетно лице. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи на Македонија, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, односно Одделението за крвни и сексуални деликти, поднела кривична пријава против Т.Т. (56) од Естонија поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 ...
На иницијатива на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. Настанот го следеа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор. Министерот Тошковски потенцираше дека семејното и родово ...
Не е прашањето „што ќе ти се случи“, туку како ќе реагираш. Овој март сите сме малку драматични, малку философи, малку детективи во сопствениот живот. Еве како изгледа тоа според подзнакот. Подзнак Овен Глумиш дека си ладен стратег, ама внатре врие. Сакаш да почнеш ново поглавје, ама прво мораш да расчистиш старо. Ќе кажеш „не ми е гајле“, а всушност ти е. Подзнак Бик Сите мислат дека си мирен, ама ти правиш тивка револуција. Менуваш планови, ...
Пораките стануваат пократки. Одговорите доаѓаат подоцна. Тоналитетот се менува. И еден ден – нема ништо. Без конфликт. Без „мора да разговараме“. Без финална реченица. Овој феномен е познат како „емоционално исчезнување“ – и не е толку мистериозен колку што изгледа. Луѓето што заминуваат без објаснување најчесто имаат избегнувачки стил на приврзаност. Тоа значи дека блискоста им станува непријатна кога станува премногу реална. Не затоа што не ...
Во свет каде што пријателствата се мерат со „колку често се слушате“, „дали сте лајкнале“, „дали сте одговориле веднаш“, постои една тивка форма на блискост што ретко се анализира – пријателства што не бараат постојан контакт, а сепак не се распаѓаат. Не се слушате со месеци. Нема драма. Нема пасивна агресија. Нема „изгледа веќе не сме блиски“. И кога конечно ќе се видите – продолжувате од таму каде што сте застанале, без објаснување, без ...
Кога читаме месечни прогнози, повеќето луѓе автоматски го бараат својот хороскопски знак. Но, вистинската астролошка прогноза се чита според подзнакот. Подзнакот го покажува распоредот на куќите – односно во која област од животот се случуваат настаните, па така астрологијата помалку се генерализира и добивате поспецифични информации. Знакот опишува его, идентитет, табиет, но подзнакот сме самите ние, целосно, а дава насока, покажува каде се ...
Градоначалнкот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Скопје добива нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар. „Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт. Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети“, рече Ѓорѓиевски. Реконструирани се спортските терени за фудбал, одбојка на ...
Нова анализа на истражувачи од Универзитетот во Оксфорд покажува дека вегетаријанската исхрана е поврзана со намален ризик од неколку видови рак. Студијата, објавена во British Journal of Cancer, анализирала податоци од околу 1,8 милиони луѓе. Според резултатите, вегетаријанците имаат 21% помал ризик од рак на панкреас, 28% помал ризик од рак на бубрег и 31% помал ризик од мултипен миелом. Дополнително, утврден е 9% понизок ризик од рак на ...
Агенцијата за маркетинг и односи со јавност ИДЕА ЛАБ освои две награди на овогодинешното издание на BEAM – Best of Event Awards Macedonia, со што уште еднаш го потврди своето место меѓу водечките ивент и ПР агенции во земјава. Признание за најдобар ПР настан доби проектот „50 години две легенди – BMW серија 3 и Влатко Стефановски“, додека наградата за најдобар музички настан ѝ припадна на концертниот караван „Нека трепка“ на Сара Мејс. Покрај ...
Националната опера и балет вечерва од 19.30 часот ќе ја изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите дела од светскиот оперски репертоар. Претставата е во режија на Огњан Драганов од Бугарија, а диригент е гостинот од Италија, Џанлука Мартиненги. Сценографијата ја потпишува Зоран Николовски, додека костимографијата е на Марија Пупучевска. Во насловната улога – Флорија Тоска – ќе настапи Злата Тошевска-Димовска. Улогата на ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, на 6 март во 10 часот во Детскиот културен центар – Карпош во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Играм и пеам за мојата мајка“, под мотото „Љубов и насмевка за сите жени“. Настанот е посветен на мајките и на сите жени, како израз на благодарност и почит за нивната улога во семејството и општеството. Во рамки на програмата ќе биде отворена изложба на ликовни творби изработени од децата од градинките ...
Претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска утревечер во 20 часот ќе ја има својата премиера на сцената на Драмскиот театар. Ова е прва премиера од годишната програма на театарот и дел од одбележувањето на 80-годишнината од неговото основање. Станува збор за семејна психолошка драма на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишана во 1995 година, која за првпат се поставува во Драмски театар. Текстот го обработува темата ...
Хаварисаните и напуштени возила кои со месеци стојат на паркинзи, тротоари и зелени површини претставуваат сериозен проблем во Скопје. Освен што зафаќаат вреден паркинг-простор, тие го нарушуваат изгледот на јавните површини и создаваат дополнителни комунални проблеми, но и небезбедност на пешаците при движењето. Од Општина Карпош информираа дека започнала акција за отстранување на ваквите возила од нивната територија. Општинските комунални ...
ВАРДАКС АД ја информира јавноста дека повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања. Квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, можат да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
Каталогот на Filter Label од денеска е збогатен со ново издание – саундтракот што Кирил Џајковски го создаде за филмот „Уште една игра“ (One More Game) на режисерот Ник Јансен. Објавувањето на музиката доаѓа непосредно пред филмската премиера, закажана за 11 март, и претставува вовед во атмосферата на остварувањето. За разлика од претходните филмски проекти, каде што Џајковски работеше со оркестарски состави, овој пат авторот се определува за ...