
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Словенечкиот голман Јан Облак стана најдобар голман во шпанската Ла Лига по рекорден шести пат. Голманот на Атлетико Мадрид повторно го крена трофејот Замора, именуван по поранешниот легендарен голман Рикардо Замора. Облак беше голманот со најмал процент на примени голови во сезоната. Условот е секој голман да има најмалку 28 настапи во текот на сезоната во Ла Лига со 60 или повеќе минути на теренот. 32-годишниот Облак претходно ја доби оваа ...
Заврши сезоната во англиската Премиер лига. Од претходно беше познато дека титулата ја освои Ливерпул, дека Арсенал го освои второто место, а главната борба се одвиваше меѓу пет тима за трите места и пласман во Лигата на шампионите. На крајот место во Лигата на шампионите изборија Манчестер сити, Челзи и Њукасл. Извисија Астон Вила и Нотингем Форест. Вила доживеа пораз на „Олд Трафорд“ од Манчестер јунајтед (2:0), откако второто полувреме го ...
Екипата на Башкими преку бараж се врати во Првата лига по долги години, откако на Градскиот стадион со 0:2 славеше над Беса, со што тимот од Добри Дол испадна во Втората лига по само една сезона во Првата лига. Башкими одигра одличен меч и ја оствари својата цел – враќање во елитата. Саити и Алексовски беа стрелци на двата погодоци за тимот од Куманово, откако првиот беше постигнат во првото полувреме, а потоа печатот на победата беше ставен во ...
Многу емоции беа видени денес на Ролан Гарос, каде на Филип Шатрије беше приредено простување за Рафаел Надал, кој со солзи се прости од навивачите на турнирот каде што освои неверојатни 14 трофеи. Организаторите приредија големо изненадување за Надал, на кого му ги доведоа неговите најголеми ривали. Во еден момент на теренот се најдоа Новак Ѓоковиќ, Федерер и Енди Мареј – таканаречената голема четворка од најдобрите времиња на тенисот во ...
Во Ниш, Србија бил снимен крокодил, а сцената вознемирила многумина кои помислиле дека се работи за живо животно. „Граѓаните пријавија дека на улица во Ниш има крокодил. Екипа волонтери од Здружението Зоо Планет веднаш излезе на терен и констатира дека се работи за препарирано животно. Волонтерите ја известија полицијата, бидејќи со закон е забрането да се чуваат препарирани животни кои се загрозени и се на списокот CITES“, соопшти Зоо Планет ...
Волонтерите од здружението за заштита на животни „ЗОО Планет“ од Ниш не можеле да веруваат на своите уши кога добиле телефонски повик од една сограѓанка која им пријавила дека вчера, во центарот на градот, видела крокодил. За да се уверат дека не станува збор за неумесна шега или забуна, побарале снимка од неверојатната сцена на улицата Дечанска, која потврдила дека во центарот на градот навистина се гледа животното, пишува „Нова.рс“. ...
Повеќе лица се повредени денеска, кога автомобил влета во толпата гледачи за време на трка во Полска. Возачот (27) веднаш по стартот на трката изгубил контрола над возилото, јави ТВН24 повикувајќи се на полицијата. Трката се одржа како дел од автомобилскиот настан на аеродромот Кросно во регионот Карпатскo подножје во југоисточна Полска. Според полицијата, повредени се најмалку 14 лица, од кои четворица потешко. Новинската агенција ПАП јавува ...
Рускиот преговарачки тим во Истанбул неколкупати јасно стави до знаење дека безусловниот прекин на огнот е категорично неприфатлив, рече украинскиот заменик министер за надворешни работи Серхиј Кишлица во интервју емитувано на 24 март. Кишлица минатата недела беше во Истанбул, каде што украинските и руските преговарачи се сретнаа директно за прв пат по три години на 16 мај. „Во текот на преговорите, украинскиот тим нагласи дека и Украина и САД ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не биле најдени никакви неправилности. По обвинувањата од опозициската СДСМ дека тендерот го добиле две фирми, од кои едната со двајца вработени, а другата отворена 20 дена пред постапката, Тошковски образложи ...
Ландо Норис победи на трката за Големата награда на Монако. Британецот во Монте Карло ја забележа втората победа во сезоната. Тимот на Мекларен победи во малото кнежевство прв пат пауза од 17 години. Британскиот возач имаше предност од првиот до последниот круг, а Шарл Леклер не можеше да му се приближи и да го загрози во борбата за првото место. Норис заврши прв, Леклерк втор, а Оскар Пјастри трет, и покрај малку послабиот тркачки викенд. Макс ...
Нова тренерска ера во Реал започна, Чаби Алонсо официјално го презеде кормилото од Карло Анчелоти. Последните 24 часа во Реал беа бурни и емотивни, Карло Анчелоти, Лука Модриќ и Лукаш Васкез се збогуваа со клубот, испраќањето беше величествено, како што им доликува на имиња кои дале толку многу на клубот… Веќе еден ден подоцна, време е за нови предизвици, нови имиња. Реал во неделата објави дека Алонсо потпишал тригодишен договор. ...
Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун. На подиумот се искачија и Џоан Зарко од Хонда и Марк Маркез од Дукати. Браќата Маркез, имаа лош старт, прво Алекс излета од патеката, а потоа во вториот круг и Марк. За нивна среќа, Франко Морбидели и Алес Еспаргаро се судрија набргу потоа, црвените знамиња беа во сила, што предизвика трката да биде рестартирана малку подоцна. По ...
Еден час пред почетокот на натпреварот за третото место во Евролигата, на трибините имаше се судрија навивачите на грчките клубови, Олимпијакос и Панатинаикос. За време на загревањето на играчите на теренот, имаше инциденти на горниот прстен од салата во Абу Даби. Видеата покажуваат како навивачите во зелени и црвени дресови започнаа со вербални навреди, а некои навивачи решија физички да се пресметаат. Овој натпревар практично е неважен во ...
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ја коментираше прес-конференцијата на неговите поранешни партиски соборци кои јавно денес излегоа со став дека остануваат во Влен, и не се согласуваат со неговите политики. Таравари вели дека тоа е група од помалку од 40 луѓе на Арбен Фетаи (претходно го разреши од партиската функција), а чувствуваат мешавина од вознемиреност и вина. „Анксиозноста е најлошото чувство кое човек го ...
Го слушнавме нашето членство. Се сретнавме со нашите активисти во секој град – од Липково до Струга. И пораката е јасна: Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото. Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на некогашните соработници на Арбен Тараври од Алијансата за Албанците, кои не се согласија со одлуката да ја напушти Владата. На прес-конференцијата зборуваше ексминистерот од Алијансата, Азир Алиу, а ...
Поранешниот припадник на „Волците“, полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска раководителка на военото разузнавање, вработена во Министерството за одбрана се лицата кои загинаа во сообраќајката кај Момин Поток, во близина на касарната „Илинден“. Информацијата ја сподели поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска на социјалните мрежи. „Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант ...
Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно сите од наша страна констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои се’ уште никој не постапува од надлежните институции, објави градоначалничката Данела Арсовска на „Фејсбук“. Тврди дека во градот Скопје во три (3) години спречиле над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби. „Спречивме градење на асфалтни бази во населени ...
На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси. Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“ Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на ...
Русија и Украина ја завршија размената на по 1.000 затвореници, објавија руското Министерство за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а тоа е најголемата таква размена од почетокот на војната пред три години. Тридневната размена почна во петокот, а во неа учествуваа главно воени заробеници и уште 120 цивили. Во неделата двете страни размениле 303 затвореници. „Денес, воините на нашите вооружени сили, Националната гарда, ...
Според билтенот на МВР во Штип биле физички нападнати две жени, во два одвоени случаи. Денеска (25.05.2025) во 02.52 часот во СВР Штип 33-годишна жена пријавила дека на бензинска пумпа во Штип била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Ј.(34) од с.Конче, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 24.05.2025 во 17.30 часот во СВР Штип Џ.Е.(20) од Р.Турција, а со престој во Штип, пријавила дека околу 16.50 часот во продажен ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4 милиони евра. Портпаролката, Богданка Кузеска, вели дека се работи за договори од милионски износи кои им се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки. Една од двете фирми, според зборовите на Кузеска, била отворена 20 ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи. Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев. Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија. „Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност нема ...
Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон Израел. Сирените се огласија во неколку области на земјата, соопшти претходно израелската војска. Сирени се огласија и во некои делови на Ерусалим, соопштија новинарите на АФП. Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, јеменските Хути, кои се врзани со Иран, продолжија да истрелуваат ракети врз Израел во знак на солидарност со Палестинците во ...
Демократската унија за интеграција вели дека 26 службеници во Царинската управа од македонска етничка припадност биле унапрдени, без ниту еден Албанец. Од ДУИ обвинуваат дека се води систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата. Повикаа на итна реакција од Владата и одговорност од оние кои, како што велат, со своето молчење или учество овозможуваат враќање кон ...
Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание. Таравари изјави дека се исклучени и некои членови на Претседателството кои јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Се работи за 8 од 46 членови. За Мимоза Муса, Таравари рече дека не е донесена одлука оти не е јасно дефинирано дали останува со Алијансата за Албанците, или со Влен. Тој рече дека ќе ...
Холандскиот тренер Ерик тен Хаг утре ќе потпише договор со Баер Леверкузен, објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо. Тен Хаг е невработен откако беше отпуштен од Манчестер јунајтед во октомври. Тој имаше бројни понуди за работа, но реши да направи пауза до крајот на сезоната. Тој чекаше вистинска можност и ќе ја добие во тим чиј тренер Чаби Алонсо заминува во Реал Мадрид. Алонсо направи одлични работи во Леверкузен, минатата сезона ја ...
Ферарито со кое Михаел Шумахер ја освои Големата награда на Монако во 2001 година беше продадено за 15,98 милиони евра на аукција во Монте Карло. Легендарниот Германец се тркаше во него и на Големата награда на Унгарија, каде што исто така победи таа година и ја освои четвртата од своите седум светски титули. Автомобилот беше понуден на аукција во „Сотеби“ пред да квалификациите за овогодинешното Гран При на Монако. Болидот од 2001 година е ...
Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон (60) добил дете со сопругата Кери (37). Кери на Инстаграм ја сподели веста за раѓањето на нејзината ќерка, која го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон. Девојчето е родено на 21 мај. „Не можам да поверувам колку си убава и минијатурна. Се чувствувам неверојатна среќа. Сите сме тотално заљубени. Не сум сигурна дали спиев ни минута откако си родена, бидејќи не можам да престанам да гледам ...
Фудбалерите на Еспањол изборија опстанок во Ла Лига со победата во последното коло над Леганес. Спасот за Еспањол дојде од контроверзен пенал. На Каталонците им беше потребна победа над отпишаниот Лас Палмас за да останат над површината, бидејќи Леганес веќе ја заврши работата со Ваљадолид. Нервозата беше на врвот во таборот на Еспањол. А потоа во 65-та минута, судијата Муниз Руиз досуди пенал за домашната екипа по контакт помеѓу Алехо Велиз од ...
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – ...