Одбојкарската федерација на Македонија информираше дека финалната серија од плејофот во Првата лига ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која се игра во принцип на три добиени натпревари. Штип УГД е лидер на прволигашката табела, а пак Борец беше втор, овие две екипи покажаа квалитет со кој стигнаа до финалната серија во борбата за ...

Владата очекува бензините да бидат поевтини за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски. Пред да ја каже новата цена на горивата, премиерот Мицкоски се извини што се обраќа на празник. „Се извинувам за моето обраќање во предвечерието на големиот празник, но чувствувам обврска и одговорност да ја запознам јавноста, како Влада, дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме ...

Владата предводена од Христијан Мицкоски не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и ги остави граѓаните да се борат со скапотијата секој ден постети Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) преку соопштение до медиумите и денес. Ниту пред Велигден владата на Мицкоски не презеде никакви мерки што е директен удар врз семејниот буџет велат од СДСМ. „Мицкоски ги остави граѓаните сами да се снаоѓаат токму во период кога трошоците се ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 00 часот и 22 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, 120 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV ...

Управата за хидрометеорологија за денес прогнозира претпладне облачно со повремен локален дожд, претежно во источните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 ...

Трета лига – Југ влегува во завршница, а денешното 20. коло донесе возбудувања, голови и потврда на доминацијата на лидерот. Борец 1919 продолжува со сигурен чекор кон врвот, додека најблиските конкуренти не се откажуваат од трката. Лидерот славеше на тешкото гостување кај Башкими 2008 со минимални 0:1, но триумфот вреди „злато“. Со новите три бода, Борец стигна до 52 и ја задржа убедливата предност на табелата, потврдувајќи дека титулата ...

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави и стратешкиот дијалог меѓу двете земји, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари значајни средби во американскиот Пентагон. Министерот Мисајловски се сретна со помошникот секретар за меѓународни безбедносни прашања, Даниел Зимерман, при што беше потврдено дека стратешкото партнерство и билатералната соработка во областа на одбраната се на исклучително високо ниво. На средбата беше ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија ...

Во атарот на Лазарополе повторно се појави мечка, а жителите на селото предупредуваат за внимателно однесување при евентуална средба со неа. „Не викајте по неа, не мавтајте, не ја нудете со некаква храна, не и се приближувајте и останете незаинтересирани без брзи движења или трчање, полека оддалечете се без паника“, се наведува во објавата на социјалните мрежи. „Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи што не значи дека може да се појави и ...

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината. „Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив ...

Времето утре ќе биде претежно облачно, претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени. Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до ...

На предвелигденскиот петочки пазар во Штип, тезгите беа преплавени со купувачи на разни овошја и салати. Граѓаните велат дека цените варираат, за некои се прифатливи, а за други се уште се високи, зависно од примањата. Дел од производите, како краставиците, пиперките и патлиџаните, се нудат со попуст, што привлекува уште повеќе купувачи. Најбарани остануваат традиционалните намирници за празничната трпеза, особено марулата, младиот кромид кои ...

Цените на месото во пресрет на Велигден остануваат високи во штипските месарници. Јагнешкото месо достигнува и до 700 денари за килограм, додека свинското се продава по цена до 400 денари за килограм. За голем дел од граѓаните, високата цена на јагнешкото претставува сериозен товар врз домашниот буџет. Сепак, и покрај тоа, дел од штипјани велат дека ќе купат јагнешко месо, со цел традиционално и достоинствено да го одбележат Велигден, како и ...

Граѓаните масовно ги посетија црквите во Штип за Велики Петок, најтажниот ден во годината за Хрстијаните. Граѓани во храмот Цв. Никола во Штип покрај палењето свеќи, ја негуваа и вековната традиција, верниците се провлекуваа под масата, верувајќи дека тоа ќе им донесе здравје и спасение. Воскоро сечија рака имаше и црвено јајце, симбол на животот и воскресението, кое го оставија во храмот со молитва и надеж. Нивните желби беа скромни, но ...

Три штипски и една кочанска конфекција се затворени за рок од еден месец, текстилиот сектор е во пад. Кочанската фирма изминатите недела дена ги има информирано работниците, дека фабриката ќе се затвори, по што им биле дале и спогодбени отказни решенија. Но, работниците не ги потпишаа по консултациите со трудовите инспектори. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели статистичките податоци покажуваат дека во 2025 година падот на ...

На денешниот голем празник, пред црквата Св. Никола во Штип, со шеренилото и својата автентичност се издвојуваше тезгата на Татјана Џонова, жена чии раце не само што цртаат, туку создаваат молитва преточена во боја. Нејзините икони не се обични слики, туку живи приказни родени од природни бои. Таа вели од цвеќе, билки и земја се труди да ја сочува традицијата и да наслика икони. Скоро секој од минувачите застануваше и ги разгледуваше делата ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, извести МВР. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и ...

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска присуствуваше на светата Богослужба во храмот Св. Петка -Црниче, со која чиноначаствуваше Архепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски г.г.Стефан. „На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас и му се помоливме за здравје, бериќет и мир. Во исечекување на Христовото Воскресение да го ...

Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија. Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници. Акцијата има за цел да обезбеди ...

Третолигашите продолжуваат со пролетната борба да стигнат до шампионскиот пехар кој има вредност на бараж кој води кон Втора лига. Во четири третолигашки регион таа борба е сведена на две екипи, само во Трета лига – Југозапад трката ја водат четири екипи. Токму во овој регион Влазними од Струга е на врвот со 25 бодови, Славеј е втор со 23 бодови, а пак Могила и Караорман го делат третото место со по 22 бодови. Меѓу овие четири екипи ќе бидат ...

Второлигашот Шкендија Арачиново зад себе има неверојатна статистика на последните пет мечеви голманот Антонио Столевски ја чува чиста својата мрежа, а ваквата форма го врати тимот на Берат Имери на делба на првото место заедно со Охрид и Брегалница со по 52 бодови. На последните пет натпревари Шкендија Арачиново забележа четири победи и едно реми. Тимот од Арачиново убедливо го доби Големо Коњари со 0:4, минимална победа од 1:0 над Детонит ...

Овој викенд нема да се игра третолигашки фудбал на Истокот поради Велигденските празинци. Според утврдениот календат овој викенд беше предвиден за слободен, а со тоа фудбалските возбудувања во Трета лига – Исток продолжуваат следниот викенд со мечевите од 17. коло. На 19 април ќе се играт натпревари од оваа рунда, а во која во Берово ќе се игра мечот меѓу Малеш и Карбинци, Хоризонт Турново ќе биде домаќин на Брегалница од Делчево, во Дојран ...

Шкендија Арачиново утре гостува во Кочани, каде во рамки на 24. коло на Втора лига ќе игра против Осогово, соочување на две екипи кои играа и во баражот. Натпреварот доаѓа во момент кога и двете екипи играат во победничка форма. Осогово сега го напаѓа петтото место и сака што повисок пласман на табелата, а пак Шкендија Арачиново ќе бара бодови во Кочани за влез во Прва лига. Ако се земе фактот дека на тој терен загуби лидерот Охрид, а пак ...

„Дека режимската десничарска влада на ДПМНЕ не познава основни човечки карактерни вредности како висок морал, транспарентност, отчетност, почит и сочувство, се покажа деновиве преку координиран личен напад врз земјоделците и сточарите кои протестираа и ги бараа правата кои им следуваат“, велат од Левица. „Министерот за земјоделство во заминување, Цветан Трипуновски, во обид да му се додвори на премиерот Мицковски пред најавената ...

Во третото меѓусебно соочување сезонава помеѓу Струга Трим Лум и Шкупи, стружани стигнаа до својата трета победа. Иако номинално беа гости, на својот стадион „Градска плажа“, актуелниот шампион славеше со 0-3. Дуелот од 26. коло помина во апсолутна доминација на Струга, со бројни шанси пред голот на Муслиу. Радески постојано се закануваше кон противничкиот гол, а во една прилика ја погоди и рамката од голот на чаирчани. Сепак, отпорот на ...

Во дуелот на двата тима кои во моментов се борат за опстанок во Првата македонска фудбалска лига, Арсими како гостин со 1:0 го совлада директниот конкурент Македонија ЃП. Клучниот момент на овој дуел се случи во 28. минута кога искусниот Фатјон Јусуфи успеа да го совлада домашниот чувар на мрежата Ристе Јанков. Претходно домаќинот имаше можност да стигне до предност преку Еступијан, а подоцна Арсими не реализираше преку ударот на Бајо чиј ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.К.(56) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, во периодот од 20.09.2025 до 18.12.2025, во преку својот мобилен телефон на социјална мрежа споделил 25 објави и коментари и четири видеа со кои промовирал или поттикнувал омраза. ...

Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов го соопшти списокот на фудбалерки кои ќе бидат во комбинација за настап во квалификациските натпревари против Унгарија. Предводникот на националниот тим на располагање ќе има 23 фудбалерки кои во следниве денови ќе се подготвуваат во Охрид. Собирот е закажан за 10 април во Охрид. Првиот натпревар македонската репрезентација е на програмата на 14 овој месец во Битола, а почетокот на ...

Футсал репрезентацијата со победа го отвори настапот во првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство. Во првото коло селекцијата на Македонија ја совлада Бугарија со 4:1. Серијата погодоци ја отвори Иван Крстевски уште во втората минута, а веќе во осмата имавме водство од 2:0 откако во листата на стрелци се запиша Берат Рамадани. Во 18. минута имавме можност да стигнеме и до поубедлива предност, но Тони Киревски не успеа да ...

Општина Штип упати јавна покана до граѓаните да бидат дел од настанот „Велигденски игри без граници“, кој ќе се одржи на 11 април (сабота) со почеток од 12:00 часот во ЗОО паркот Бриони. Настанот се организира во чест на големиот христијански празник Велигден, а програмата е осмислена да донесе радост, насмевки и забава за најмладите, но и за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во креативни игри, дружење и празнична ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
26%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
34%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
37%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
38%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
5.14
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
7.2
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
34%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Бакар

12.06

Сребро

2840.84