Живеалиштата им се послани со слама, вклучен е и клима уред доколку е потребно, пообемна и покалорична исхрана. Раководителот на ЗОО паркот во Штип Драган Стефановски вели дека на овој начин се грижат за да ги надминат екстремно ниските температури. Тој изјави дека поголем дел од животните се навикнати и прилагодени на ниски дневни и вечерни температури, па нивните живеалишта се послани и со повеќе слама. На тој начин се создава дополнителна ...

Гоце Трајковски, кој е сведок во судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а кој беше недостапен за полицијата, која подолго време го бара за друго кривично дело, а тоа е подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода, и се предаде на полицијата. Оваа информција за ММС ја потврдуваат од МВР . -Да, лицето само се пријавило во ПС Кисела Вода, одговорија кусо од МВР. Гоце Трајковски треба да сведочи на суд и да каже ...

Од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) потенцираат дека бројот на пациенти е во постојан пораст и однапред најпрецизно не може да се предвиди и определи динамиката на потрошувачката, но дека како Клиника располагаат со преглед на потрошувачка на количините за постојните пациенти. Како што подвлекуваат, Клиниката за онкологија е на располагање за обезбедување регистар во форма неопходна за потребите на ФЗО, со цел ...

Бугарите и Грците се најмалку задоволни од животот меѓу нациите во Европската унија, а најзадоволни се Финците, покажуваат резултатите од истражувањето што го објави Евростат. Просечната оценка за задоволство од животот во ЕУ во 2023 година, е 7,3 на скала од 0 до 10. Меѓу 27-те земји на ЕУ, 15 се околу или над просекот на ЕУ. Најзадоволни од животот се граѓаните на Финска со 7,8, а потоа следат Белгија, Австрија, Романија и Словенија по 7,7. На ...

Настаните на 27 април се навистина тешко дело против државата, но и тогаш, и сега, го повикуваме јавниот обвинител, вистински да истражи кои се организаторите, порача одбраната на обвинетите за случајот „Организатори за 27 април“, откако Основниот Кривичен суд Скопје денеска го уважи барањето за амнестија на обвинетите ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, ...

„ТАВ Македонија“, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром – Скопје и Aеродромот „Свети Апостол Павле“ – Охрид, ја известува и предупредува јавноста за лажни страници и профили на социјалните мрежи, преку кои наводно се продава изгубен багаж на аеродромот. – „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ Аеродроми“, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и профили ...

Тројца повредени се пренесени во болница по синоќената сообраќајка на скопската обиколница. -На 22.01.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(54) од с.Арачиново, скопско, патничко возило „хјундаи” со косовски национални ознаки, ...

Израелската пејачка Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на Хамас на Музичкиот фестивал „Нова“, ќе го претставува Израел на „Евровизија“ 2025 година, објави денеска „Тајмс оф Израел“. Младата поп-изведувачка победи на националниот „Евросонг“ натпревар, откако освои најмногу гласови од жирито и од јавноста. Песната, со којашто Рафаел во мај ќе го претставува Израел во Швајцарија, се очекува да биде избрана следниот месец, од комисија на јавниот ...

Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, според универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки. Тоа, како што вели Јовановиќ, ќе значи повисоки цени на увозните производи, помал увоз и извоз, повисока инфлација и пониска економска активност. – Во ...

Основниот Кривичен суд Скопје го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски. Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на ...

Во третата недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се 76 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, известуваат од Центарот за јавно здравје – Штип. Во однос на возрасната дистрибуција, 68 лица се на возраст од 15-64 години, 2 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години и по 3 лица се кај деца на возраст од 5-14 години и во возрасната група од 0-4 години. Почнувајќи од 40 недела, заклучно ...

Младата мајка на две деца, Софија Еванс (30) од Велс е пронајдена мртва на подот во кујната од нејзиниот дом, а нејзиниот 50-годишен свекор, кој ја посетил непосредно пред трагичниот настан, е осомничена за нејзината смрт. Свекорот на Софија, Ричард Џонс, е обвинет дека ја задавил својата снаа и ја оставил да лежи со лицето надолу на подот во кујната. Тој дошол во куќата на синот и снаата околу 9 часот, а на надзорните камери од соседството бил ...

Американскиот претседател го назначи Ендрју Пуздер, поранешниот извршен директор на компанијата за брза храна Hardee’s and Carl’s Jr., за амбасадор на САД во ЕУ. „Енди е адвокат, бизнисмен, економски коментатор и најпродаван автор“, напиша Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“. „Во 2000 година, тој беше назначен за генерален директор на CKE Restaurants, матичната компанија на меѓународниот синџир на ресторани за брза храна Carl’s Jr и ...

Севал Сахин (25) скокнала од 12 кат во хотелот Гранд Картал во Турција, бегајќи од огнената стихија која зафаќала се пред неа. Во очајнички обид да си го спаси животот, таа била тешко повредена, јавуваат турските медиуми. Сахин работела како келнерка во хотелот, а кога избувнал пожарот веднаш го повикала својот татко. За време на видео повик со нејзиниот татко Ердал, девојката донела очајна одлука – скокнала од 12-ти кат. Сахин, кој живее во ...

Во текот на месец декември, до Институтот за јавно здравје, пристигнати се вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 88.4 на 100.000 жители. Вкупниот број пријавени лица во месец декември е за 92.8 проценти зголемен во однос на претходниот месец, ноември. Во однос на месец декември 2023 година, се регистрира ...

Поради загадување на воздухот денеска во главниот град на Тајланд, Бангкок затворени се околу 200 училишта, а властите ги повикаа луѓето да работат од дома и ги ограничија тешките возила во градот. Бангкок утрово е шести најзагаден град во светот, според „АјКјуЕр“ (to IQAir). Нивото на PM2,5 загадувачи, микрочестички кои предизвикуваат рак, доволно мали за да влезат во крвотокот преку белите дробови, достигна 122 микрограми на кубен метар. ...

Неколку дена по катастрофалните пожари што доведоа до големи разорувања во Лос Анџелес, Калифорнија, новиот пожар, наречен „Хјуз“, предизвика наредби за евакуација или предупредувања за над 50.000 луѓе во оваа американска сојузна држава. Пожарот започнал во среда наутро по локално време и досега уништи 9.400 акри земја, без да биде ставен под контрола, соопшти Калифорниската служба за шумарство и заштита од пожари (CAL Fire). Големи облаци темен ...

Се појавија неверојатни нови снимки од контролни камери од огромна тепачка со мачети, секири и чекани на гробиштата во Јужен Велс. Девет лица кои присуствувале на погребот беа затворени минатиот месец, шест месеци откако расправијата меѓу две семејни фракции прерасна во екстремно насилство во крематориумот Мористон во Свонси. Претходните снимки од инцидентот покажаа големи комбиња и бели автомобили кои возат низ тревата на гробиштата. Но, новото ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. -Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. Во алкохолизирана ...

Познато е дека Меланија Трамп е дама со префинет вкус за модата и актуелните трендови. Покрај тоа што на инаугурацијата привлекуваше внимание со бел фустан со црни детали потпишан од американскиот дизајнер Харви Пјер, љубопитните ја забележаа и бојата на нејзините нокти. Имено, првата дама за свечената пригода го избрала најновиот тренд во светот на маникир, а тоа се глазирани нокти кои одат со секој аутфит. За да се постигне оваа специфична ...

Сопствениците на социјалните мрежи мора да одговараат за „труење на општеството“ и „еродирање на демократијата“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез на Светскиот економски форум во Давос. Тој додаде дека за време на состанокот на Европскиот совет ќе предложи да се стави крај на анонимноста на социјалните мрежи и нивните алгоритми да се направат потранспарентни. – Сопственикот на мал ресторан ќе одговара доколку неговата храна ги отруе ...

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични дела кои вклучуваат оружје. Опремата ќе се користи првенствено од Одделот за форензички испитувања и единиците за истрага на местото на настанот во Секторите за внатрешни работи низ целата држава. Опремата е донирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на ...

Полицијата откри дека момче од селото Ерџелија околу една година живеел во вонбрачна заедница со 14-годишно дете. -На 21.01.2025, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Свети Николе констатирале дека Л.Ѓ.(23) од селото Ерџелија, светиниколско, околу една година во селото живеел во вонбрачна зедница со 14-годишна девојка од струмичко село. Полициски службеници од ОВР Свети Николе, во содејство со работници од Центарот за ...

Во Северна Македонија најчесто се гласа по етничка линија. Висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на политички партии, а дури третина од нив на ланските избори учествувале на собири или јавни настани организирани од политичка партија. Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси, покажува Компаративното истражување на изборните системи (КИИС) во кое учествуваа Институтот за социолошки и политичко-правни ...

Во државава викендов била извршена сложена хибридна процедура – имплантација на биолошка валвула на митрална позиција – валвула во валвула, на 74-годишна пациентка во тешка општа состојба со нарушена функција на бубрезите и поставена на апарат за дијализа. На денешната прес-конференција во клиниката „Жан Митрев“, каде била извршена процедурата, беше истакнато дека мини-инвазивниот метод на замена на протеза на митрална валвула е реткост во ...

Во Oсновниот суд во Куманово продолжи рочиштето против 36 годишната Вангелица Илијевска, која во јуни лани ги уби сопругот и свекорот во домот во Кратово. Обвинителството бара да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. На денешното рочиште беа сослушани вештите лица од психијатрија и од лабораторија за биолошки траги-ДНК анализа на предлог на јавното обвинителство. ...

Потребно е време за да има системски решенија за справување со пожари, поплави, земјотреси во земјава, како и создавање на една функционална институција. Во наредниот период освен ад хок решенија кои ќе се преземат од страна на институциите во делот на превенцијата ќе создадеме систем којшто ќе биде функционален и којшто за една, две, три години од сега ќе може да одговори системски на сите предизвици, истакна министерот за внатрешни работи, ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски очекува неделава да се надмине недостигот на два лека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Другите лекови, како што појасни тој денеска во изјава за медиуми, ќе бидат набавувани во соодветни постапки, и како што истакна, и тие ќе бидат за брзо време достапни. Тој беше прашан дали се има конкретен план како да се надмине проблемот со недостиг од лекови ...

И со оваа Влада продолжува уништувањето на Клиниката за онкологија и условите за лекување на пациентите со канцер! По скандалите со кражбата на лекови од Клиниката за онкологија, кои завршуваа на црниот пазар, новата администрација го достигнува врвот на неспособноста – веќе неколку недели пациентите немаат пристап до животоспасувачки цитостатици, се вели во информацијата од Левица. -Јавното здравство веќе одамна не е приоритет за властите – тоа ...

Од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли). Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата „Изиџет“ со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година, информираат од Министерство за транспорт. Овие две дестинации, велат од министерството, се ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
86%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
9.16
80%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
53%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
92%
1010
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.45
64%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
82%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3371

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58