
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Мицотакис рече дека е охрабрувачки што алијансата се согласила за „значително зголемување“ на воените трошоци и потсети дека Грција веќе издвојува повеќе од три проценти, надминувајќи го прагот од два проценти дури и за време на тешката економска криза, пишува Гардијан. Според него, еднаквата распределба на товарот е „темел“ на колективната одбрана, а земјите што не ги исполнуваат своите обврски „не треба да се потпираат“ на напорите на другите ...
Предвидено е претседателката да учествува на состанокот на Советот на НАТО на кој ќе се обратат генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте и холандскиот крал Вилем-Александер. По завршувањето на официјалниот дел на самитот, кој е затворен за јавноста, Сиљановска-Давкова ќе има средба со претседателот на Летонија. Вчера македонската претседателка присуствуваше на вечерата што ја организира холандскиот крал Вилем-Александар за учесниците на ...
„За да се спречи евентуална појава на труење со храна кај граѓаните, неопходно е да се направи правилен избор и нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување на храната, да се купува храна од проверени места каде има соодветни услови за чување и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди“, соопштија ...
„Од почетокот на израелскиот напад врз Иран, разузнавачката мрежа на ционистичкиот режим беше многу активна во земјата. Иранските разузнавачки и безбедносни служби успеаја да уапсат повеќе од 700 лица во рок од 12 дена“, објави Фарс њуз. Во исто време, според извештајот на агенцијата Мизан, тројца мажи биле егзекутирани откако биле прогласени за виновни за шпионажа и соработка со израелската разузнавачка агенција Мосад. Тие биле обвинети за ...
Муцунски на својот Фејсбук-профил објави дека во обраќањето што го имал на работната вечера нагласил дека кохерентноста и единството се најсилната алатка за справување со заедничките закани и предизвици. „Потенцирав дека потребата да сториме повеќе и да инвестираме повеќе во нашите одбранбени капацитети мора да остане приоритет број еден за сите нас, при што континуираната координација е единствениот начин да постигнеме заеднички успех. Го ...
Божиновска зборуваше и за новиот закон за енергетика и кажа дека е целосно усогласен со ЕУ и претставува значаен напредок за земјава. Во однос на цената на електричната енергија, таа објасни дека се работи на стабилизирање на ситуацијата, а ценовни скокови до крајот на годината нема да има. Божиновска се осврна и на гасоводниот интерконектор што ќе ја поврзе Македонија со Грција и истакна дека ова ќе ја позиционира Македонија на енергетската ...
Британскиот премиер Кир Стармер денес на самитот на НАТО во Хаг ќе објави дека новата ескадрила ќе биде дел од сојузничката мисија за одвраќање, во рамки на која авионите на земјите-членки ќе можат да носат американско нуклеарно оружје. Станува збор за преседан за Кралските воздухопловни сили (РАФ), кои од 1990-тите веќе немаа способност да носат нуклеарно оружје од воздух. „Во ерата на радикална несигурност, повеќе не можеме да го земаме мирот ...
Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. „Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а временските услови се идеални, со што условите сосема им ги задоволуваат потребите. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ...
Ова се неверојатни глетки како спиралните галаксии во соѕвездието Девица и маглините Трифид и Лагуна во соѕвездието Стрелец. Опсерваторијата Вера Ц. Рубин откри ексклузивен поглед на првите фотографии направени со својата моќна астрономска камера, а резултатите се зачудувачки, пренесува РТС. Неверојатно деталните фотографии се исполнети со шарени ѕвезди и спирални галаксии. На една фотографија, опсерваторијата сними две маглини исполнети со ...
„Лажните Си-ен-ен вести, заедно со дебаклот наречен Њујорк Тајмс, се здружија во обид да го омаловажат еден од најуспешните воени напади во историјата. Нуклеарните објекти на Иран се целосно уништени! И Си-ен-ен и Тајмс се остро критикувани од јавноста!“, напиша Трамп. Неколку американски медиуми објавија дека раната проценка на американската разузнавачка заедница покажала дека нападите на американската војска врз три ирански нуклеарни објекти ...
Од дворот на манастирот Св. Василиј Велики на Пониква тие упатија порака и барање за простување што не успеале да им помогнат и да ги спасат од огнот. „Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души. Денес не стоиме овде како жртви, туку како сведоци. Сведоци на една болка што ...
Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12 лица – осум преку Египет со владин авион и четири преку Атина. Најголемиот дел од евакуираните се деца – седум од вкупно 12 лица. Согласно информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, и имајќи го предвид прекинот на огнот во сила од 24 јуни и стабилизирањето на безбедносната состојба, државјаните кои првично беа подготвени за итна евакуација ...
Сепак, истражувачите сега укажуваат дека ова можеби не е целосно точно. Се испостави дека човечкиот мозок емитува необична светлина што научниците се обидуваат да ја протолкуваат, пренесува Сајенс алерт. До 1923 година, бројни студии открија дека луѓето светат на фреквенции кои би биле видливи доколку не се премногу слаби и на тој начин ни бегаат од сетилата. Новите истражувања покажуваат дека од моментот на зачнувањето сите ние светиме на свој ...
Мисајловски, како што соопшти Министерството за за одбрана, на средбата подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот. „Исполнувањето на НАТО целите на способности се највисок приоритет на одбраната и тоа ќе се реализира преку инвестициите во одбраната, како и преку процесот на модернизација и опремување на Армијата кој е во тек“, истакна ...
„Граѓаните ќе можат да купуваат домашни земјоделски производи во маркетите, а секој производ кој е произведен во Македонија или е увезен од надвор ќе биде обележан. Со ова ќе се зголеми и побарувачката на пазарот и ќе се зголеми и земјоделското производство. Ако претходно имавме состојба каде што се напуштаа нивите, сега ќе ги поттикнеме земјоделците со својот труд да се вратат на полињата. Наша основна цел е Македонија да ја направиме ...
Антоцијанините (група на природни пигменти ) дејствуваат со инхибирање на ензимот циклооксигеназа, слично на нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), но без гастроинтестинални несакани ефекти. Флавоноидите од малините ја подобруваат микроциркулацијата, што може да ја ублажи непријатноста од болни и уморни нозе, особено кај луѓе кои страдаат од хронична венска инсуфициенција. Според американскиот институт за исхрана и здравје (НИХ), ...
Ивановски победи со време од 14:04.06 минути што е негов најдобар резултат сезонава, но 10 секунди побавно од рекордот на кариерата. За доминацијата на Македонецот најдобро зборува фактот што второплаираниот Балдвин Магнусон од Исланд заостана повеќе од 26 секунди, а дел од натпреварувачите заостануваа и повеќе од еден круг зад Ивановски. Претходно, првото место во својата дисциплина го освои Андреас Трајковски кој беше најдобар во скок во ...
Генерали осигурување Србија последните години е препознаен како еден од најиновативните брендови на пазарот на осигурување во Србија. Како го балансирате локалниот контекст со глобалната стратегија на групацијата? – Големо е задоволството да се работи за компанија што постои речиси 200 години, што работи во повеќе од 50 земји и обединува околу 87.000 вработени. Тоа значи дека зад себе имате богата историја, огромен авторитет и сила, големо ...
Тој нагласи дека американскиот напад на Иран е „плод на дипломатска кампања што ја водеше со министерот Рон Дермер“. „Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа“, рече Нетанјаху, неколку часа откако Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на прекинот на огнот со Иран. Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за ...
Во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС Вајц рече дека големото мнозинство во ЕП сака да ја поддржи Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој. „Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Јас исто така сум и пријател на Бугарија“, изјави Вајц. На прашањето дали сегашната влада на Македонија има реална ...
Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска рече дека родителите и учениците треба да знаат за она што е предвидено со конкурсот – квалификациско тестирање кога има повеќе заинтересирани кандидати отколку што има слободни места, доколку сите имаат еднаков успех од завршеното основно образование. Притоа посочи дека проблем во државава е оценувањето и успехот со сите петки и дека често наставниците трпат притисок од родителите за децата да им ...
Оукленд Сити е полуаматерски клуб од Нов Зеланд кој е дел од Светското клупско првенство затоа што требаше да има клуб и од Океанија. Голем дел од фудбалерите на овој клуб не се професионални играчи, тие имаат и други професии кои ги работат паралелно со фудбалот. Наставникот во основно училиште, Кристијан Греј ќе вечно ќе го памети мечот со Бока јуниорс, постигна гол кој значеше бод за тимот. Тоа беше вистинска сензација со оглед на тоа што ...
Како што е најавено, на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија – „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“, како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам. „Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, ‘Баклава’ ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и ...
Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако, чие име е синоним за врвни оперски продукции, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор e Јане Бакевски, a хор мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи светски познатата сопранистка Вероника Џиоева од Русија, во ...
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да надмине и 40 степено. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на ...
„Можам да кажам дека не го доживувам ова како победа, туку како разочарување. Зошто? Затоа што во 21-ви век во Европа бевме сведоци на обид за создавање на вештачка нација и идентитет. Тој амандман којшто денеска беше предложен дефакто е обид да се создаде некоја нова ‘модерна’ македонска нација, или некој нов ‘модерен’ македонски јазик што е само по себе преседан. Јас сум како човек и како Македонец разочаран, така што не го доживувам ова како ...
Единствениот гол на натпреварот се случи во 13. минута кога Шјелдерум погоди за водство на Бенфика од 1-0. По 15 минути игра во вториот дел Баерн се израдува на гол, но погодокот на Кимих беше поништен поради офсајд. Поразот на Баерн Минхен можеби и му одговара, бидејќи во групата со која вкрстуваат Фламенго го освои првото место па ќе играат против бразилскиот клуб наместо против Челси кој веројатно ќе влезе како втор и ќе се сретне со Бенфика ...
На социјалните мрежи Арсовска тврди дека се работи за сериозен урбанистички и безбедносен скандал во Чаир, каде се гради зграда со повеќе од 50 станови без основен проект, без платени комуналии и со низа незаконски приклучоци на струја и вода. Градоначалничката тврди дека во општината се прават обиди, со лажна документација дека објектот бил изграден во 2011 година, да се легализира. Таа тврди дека инвеститорот на диво веќе се приклучил на ...
Во изјава за ТВ Канал 5 во Хаг, во коментар за oднесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан. Според Муцунски, постапките на Бугарија во последните недели и месеци се дел од наратив чија цел е дестабилизација на Балканот. „Како можеме да ги надминеме предизвиците и да работиме за стабилизација на Западен Балкан? Секако – преку ...
Француската фудбалска федерација одлучи да го исфрли Лион во втората лига, причината се финансиските проблеми на големиот клуб. Според француските медиуми, Лион е во минус од дури 500 милиони евра и тоа е причината што е исфрлен од најдобрата лига во Франција. Лион минатата сезона го освои шестото место во Лига 1, но резултатскиот успех не влијаеше на негативната финансиска слика. Клубот има можност да поднесе жалба на оваа одлука. Фото: Ol.fr ...