
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Трамп разговараше со новинарите на пат кон самитот на НАТО во Холандија, дводневниот собир чија цел беше да му испрати порака на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО е обединето, и покрај претходните критики на Трамп, и е решено да ги прошири и подобри своите одбранбени капацитети за да одврати евентуален напад од Москва. Меѓутоа, кога новинарите во авионот го прашаа дали сè уште е посветен на принципот на меѓусебна одбрана меѓу ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информираат од ЈП „Национални шуми” – Скопје, денеска согласно член 57, став 3, дало согласност за Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште што ќе стапи во сила од 01.07.2025 и ќе трае до 31.08.2025 година. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, се изрекува ...
Првата фестивалска вечер, во петок 27 јуни ќе се одржи во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ со почеток во 19:30 часот. На втората и третата вечер, хоровите ќе настапат во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово, со почеток во 19:30 часот. „Во соборниот храм ‘Св. Кирил и Методиј’ настапуваат црковниот хор ‘Пресвета Богородица’ од Скопје и хорот на храмот Свети Сава од Белград. Во сабота и недела ќе настапат седум хорови од кои два ...
„Украина не е членка на НАТО, исто како и Русија. Моја задача е да се погрижам така и да остане“, рече Орбан, пишува Украинска правда. Орбан исто така изјави дека не ја смета Русија за сериозна закана за НАТО, иако често се споменува во официјални документи и изјави на Алијансата. Според него, НАТО е „многу посилно“ од Русија, поради што нема реална опасност. Наместо безбедносна закана, Орбан гледа поголем проблем за Европа во губењето на ...
Како што рече, ОПВ е насочен кон повеќе од 16 илјади граѓани и соопшти дека досега преку четирите јавни повици се поднесени 6026 апликации. Планот опфаќа низа специфични мерки за обуки, стекнување вештини и грантови за сопствени бизниси со кои ќе им се помогне на различни категории граѓани – млади до 29 години и луѓе од ранливи групи да се (само)вработат и да станат економски независни. Дурмиши се осврна и на поддршката за компаниите и на ...
„Се претставивме со свој штанд со македонско јадење од областа на Голо Брдо и Преспа, како и со дел од македонски носии, ракотворби, брошури и разгледници. Како во секоја ваква активност, и овојпат она што го презентиравме побуди голем интерес кај посетителите“, рече за МИА Васил Стерјовски, претседател на МД „Сонце”. Настанот беше во организација на грчкото малцинство и поддржан од Комитетот за националните малцинства. Во овој орган на Владата ...
Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов се во фаза на анализа на доставените материјали, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Димитриеска-Кочоска во поткастот „Каде се парите“ појасни дека НЛБ Словенија сака да настапи во форма на конзорциум и веќе е доставено барање и до нив. „Истото важи и за банката од Дубаи. Сите овие банки се активно вклучени во процесот, ...
„За една година Влада, реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставувме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон институците“, рече Трипуновски на прес-конференција по повод една година Влада. Наследиле, како што рече, хаотична состојба со неисплатени субвенции и плати, закочени проекти, катастрофални откупни цени, разочарани земјоделци, комплицирани процедури и ...
Левиот бек ги помина медицинските прегледи и стави потпис на договор со Ливерпул. „Ливерпул го комплетираше трансферот на Милош Керкез од Борнмут“, соопшти клубот. Тие за овој трансфер на Борнмут му плаќаат 40 милиони фунти. „Многу сум среќен. Голема чест за мене и привилегија е што дојдов тука, во еден од најголемите клубови во светот, најголемиот во англија. Навистина сум многу, многу среќен и возбуден“, рече Керкез. Претходно Ливерпул ги ...
Мицкоски во својот одговор се осврна на повеќе аспекти на евроинтегративниот процес, а во однос на последните случувања во Европскиот парламент, околу извештајот на Томас Вајц, напомена дека во ЕП изминатите години не е донесен извештај, бидејќи како што, рече воопшто не станувало збор за македонски јазик и македонски идентитет, туку за „северномакедонски јазик и идентитет“. „Тоа е сосема различно од сегашната состојба. Сега на три места има ...
Во едно од највозбудливите и најнавредливи НБА финалиња во поновата сезона, Оклахома ја совлада Индијана во седмиот решавачки натпревар со 103-91 и стигна до првиот шампионски наслов по преселбата во ОКЦ во 2008. Мечот почна со шок, ѕвездата на „пејсерси“ Тајрис Хелибартон, кој стисна заби и играше со повреда на листот на ногата, ја скина Ахиловата тетива, и тоа откако погоди три тројки и реализираше 9 поени во краток временски период. Тајрис ...
Според него, за нас е добредојдено сè што прави разлика помеѓу билатерална позиција на Бугарија, и заедничка позиција на сите земји членки на ЕУ, со тоа што би се издвоило што е прашање на билатерален идентитетски аспект, и што е прашање на пристапување во Унијата. „Мислам дека ако поединечно ги слушаме сите 26 други земји, сите го признаваат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Тоа не е спорно. Меѓутоа со резолуцијата, нивната волја ...
„Чест ми е што ја имав шансата да ја претставувам нашата гимназија, нашиот град Прилеп и, пред сè, нашата држава Македонија во светски рамки. Посебна благодарност за остварување на оваа цел до моите родители кои во континуитет несебично ме подржуваат како и роднини, пријатели, професорките по хемија – Ружа Ангелеска, физика – Ивана Кедиоска, биологија – Софија Крстеска и класната раководителка – Евгенија Нешкоска… како и големо благодарам на ...
Според бразилските медиуми, апсењето е резултат на долготрајна истрага со која е утврдено дека судијата бил дел од криминална група која се занимавала со трговија на наркотици. Тој бил под надзор од ноември минатата година, Да Силва имал логистичка улога во групата. „Тој е лице со многу активен социјален живот и веќе беше под надзор“, изјави началникот на полицијата во Гваружа, Глаукос Силва. Полицијата претходно пресретнала кампион со 450 ...
Температурите над 30 степени предизвикуваат разни проблеми кај многумина, а кога ќе седнеме зад воланот, целата ситуација станува многу поопасна. Истражувањето на британскиот универзитет во Лафборо покажа вознемирувачки факт – ако не пиете соодветна количина вода на високи температури, ќе бидете во иста состојба како да имате 0,8 г/л алкохол во вашето тело. Други истражувања ги испитувале екстремната топлина и реакциите во сообраќајот. На ...
Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Македонија. Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, момчето во бессознание било извлечено од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, по што веднаш било пренесено во болница каде што била констатирана смрт. Крајбрежната управа на Неа Мудања ...
Со учество на над 4.000 млади спортисти на возраст од 14 до 18 години, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини, ЕМОФ Скопје 2025 го претставува најголемиот мултиспортски настан некогаш организиран во нашата земја. За првпат, Македонија ќе има рекорден број од речиси 200 домашни спортисти, што претставува огромен скок во однос на претходните учества на ЕМОФ, кога испраќавме по 3-4 претставници. Овие деца се темелот на нашата спортска ...
Во рамки на своето обраќање, министерот Муцунски нагласи дека одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре. „Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците“, потенцираше тој. Фокусот на дискусијата беше ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство во одбраната, како и ...
Локалните здравствени власти изјавија дека во израелски воздушен напад загинале најмалку девет лица во училиште во кое се сместени раселени семејства во предградието Шеик Радван во градот Газа, додека во друг напад загинале девет лица во близина на шаторска населба во Кан Јунис на југот на енклавата. Три лица биле убиени во израелска огнена престрелка, а десетици се ранети додека чекале камиони со хуманитарна помош на ОН долж главната рута во ...
„За потсетување, во март годинава, директорката на Националната безбедносна агенција на САД, Тулси Габард, презентираше пред американскиот Сенат дека Иран не гради нуклеарни бомби ниту пак дека иранскиот религиозен лидер дал наредба да се рестартира иранската нуклеарна програма која беше прекината 2003 година. Од друга страна, директорот на Меѓународната нуклеарна атомска агенција, Рафаел Гроси, потврди дека нема доказ дека Иран гради нуклеарно ...
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2024 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.1 %, а 31.9 % жени. Најголемо учество во вкупниот број на случаи на насилна смрт имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 78.5 %, самоубиствата со 17.4 % и убиствата со 4.1 %. Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда ...
Интер го доби мечот со 2-0, а тоа значеше елиминација на Ривер Плата од Светското клупско првенство. Тензија имаше за време на мечот, двајца фудбалери на Ривер беа исклучени, а ситуацијата зовре по крајот. Играчот на Ривер, Маркос Акуња се стрча да го брка Дензел Думфрис од Интер, интервенираше Киву, други играчи и обезбедувањето, па не се случи поголем инцидент. Во бркотницата кон тунел, фудбалерите на Интер беа гаѓани со предмети од навивачи ...
Стефановски на денешното натпреварување прескокна 4.05 со што го сруши рекордот од 3.90 на Владимир Карер поставен во Ливорно во 1968 година. Претходно најдобриот скок на Стефановски во оваа дисциплина беше 3.80 од јануари оваа година. Минатата година Стефановски успеа да го сруши и рекордот за скок со стап во сала прекокнувајќи 3.65 метри кој беше недостижен цели 55 години. Светски рекордер во дисциплината скок со стап е Швеѓанецот, Арманд ...
Како што соопштија денеска од Народна банка, особено внимание на средбата ѝ било посветено на улогата на централните банки во справувањето со инфлацијата. „Притоа беше посочено дека и покрај успешното справување со инфлацијата во светски рамки, ризиците се присутни и понатаму. Променливоста на светските пазари на примарни производи се соочуваат со зголемен интензитет, под влијание на постојаните геополитички тензии. Ова е особено важен фактор за ...
Трамп денеска ја потпиша извршната наредба за продолжување за уште една година на националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година. Националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени од дејствата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето ...
Во својата резолуција за главниот град на државата Палестина, Ал-Кудс Аш-шариф, министрите ја пофалија улогата на агенцијата Бејт Мал Ал-Кудс во спроведувањето на неколку развојни проекти кои им користат на жителите на градот и ја поддржуваат нивната отпорност. Истанбулската декларација исто така ги истакна напорите на Комитетот Ал-Кудс, под водство на кралот Мухамед VI, како и на неговиот извршен орган, Агенцијата Бејт Мал Ал-Кудс Аш-шариф, во ...
Трамп рече дека неговата одлука да употреби бомби за уништување бункери во неделниот напад ја уништила нуклеарната програма на Иран, додавајќи дека тоа е „победа за сите“. „Тоа беше целосно уништување“, рече тој, отфрлајќи ја првичната проценка на американските одбранбени разузнавачки агенции дека на Иран ќе му требаат само неколку недели за да ја обнови својата нуклеарна програма. Трамп на самитот на НАТО во Хаг изјави дека не мисли дека Иран ...
Ратклиф рече дека објектите се клучни за нуклеарната програма на Иран, но нема потврда дека нуклеарната програма на Иран е целосно елиминирана. Неговите коментари дојдоа откако Си-ен-ен, повикувајќи се на прелиминарна анализа од разузнавачката агенција на Пентагон (ДИА), објави дека американските напади веројатно не предизвикале долгорочно нарушување на иранските капацитети за производство на нуклеарно оружје, туку само ги одложиле за неколку ...
Директорот Мемеди појасни дека се работи за значајни проекти, од кои дел се инфраструктурни и еден дел се набавка на современа медицинска апаратура, со кои значително ќе се унапредува квалитетот на здравствените услуги и ќе се подобри медицинска грижа за најмладите и најмалите пациенти. „Овие проекти всушност се решенија на многуте проблеми и недостатоци, кои ги утврдивме на почетокот на мандатот јули – август, минатата година. Вкупната вредност ...
Веб директно фотографирал млада гасна џиновска планета со големина на Сатурн што орбитира околу ѕвезда помала од Сонцето, оддалечена околу 110 светлосни години од Земјата во соѕвездието Антлија, велат истражувачите. Планетата орбитира околу својата ѕвезда на растојание од околу 52 пати повеќе од орбиталното растојание на Земјата од Сонцето, а за споредба, Нептун орбитира околу 30 пати подалеку од Сонцето отколку Земјата, пренесува Ројтерс. A ...