Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Поради слабиот клупски коефициент во Европа, Македонија во наредната сезона ќе има три претставници, тоа е веќе заклучено и не може да се поправи. Но, победата на Шкендија над Шелбурн, на Македонија ѝ донесе напредок од неколку позиции на листата, бевме на 51. место, а сега сме на 47. позиција. Тоа ни носи четири места во Европа за сезоната 2027/28. Убаво е Шкендија да освои уште бодови и да го зголемуваме клупскиот коефициент, но сигурно е дека ...
Динамо Букурешт беше огромен фаворит во овој дуел, а дека е значително подобар од струмичани покажа и на терен иако македонскиот тим храбро се бореше. Во првиот сет одбојкарите на Струмица освоија 18 поени, во вториот дојдоа до 20, а во третиот до 19. Ова за подмладениот состав на македонскиот тим е значително искуство кое ќе биде комплетирано со одигрување на реваншот. Реваншот меѓу Динамо Букурешт и Струмица се игра на 28 октомври од 18 часот. ...
Бојаџи подвлече дека филмот се темели на актери, на актерската игра и смета дека центар на филмот е актерот и неговата човечност. „Имав бескрајна среќа да имам во филмот актери со огромно човечко присуство. Ме интересира не само да се добри актери, туку и да се добри луѓе. Работевме 75 дена и навистина беше исклучително задоволство да се биде заедно“, рече Бојаџи и додаде дека преку 75 актери има во филмот. Извршниот продуцент Дејан Милошевски ...
Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар со наслов „Дон Кихот во Скопје“, чии автори се Дино Имери и Дијана Илкоска Имери. Под диригентство на маестра Дијана Илкоска Имери, ќе настапи ...
На 1 ноември, Хаџиманов со својот бенд повторно ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје, во концерт што ветува вечер исполнета со слобода, импровизација и звучна алхемија. Скопје не му е само град на настап, тоа е место на лични и уметнички врски, на пријателства и инспирации. „Секое повторно доаѓање во Скопје е радост и средба со публиката што многу ја сакам“, вели тој. Во пресрет на концертот, Хаџиманов зборува за својата музичка филозофија, за ...
На концертот во Виена, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се пет традиционални македонски песни во оркестарски аранжмани на композиторот Сони Петровски, „Тешкото“ од Глигор Смокварски, „Македонска парафраза бр.2“ од Бете Илин и Симфонијата бр.8 од Антонин Дворжак. Програмата претставува спој на македонската музичка традиција и фоклор и европската класика. ...
Како што информира Македонскиот културно-информативен центар во Софија, репертоарот на Петар Танески и Дарко Багески ја пренесе класичната префинетост на Хендел и Моцарт, ја разгоре аргентинската страст на Пијацола, ја оживеа балканската душа на Никола Бадев и Радојка Живковиќ, и нежно го вплете македонскиот мелос – препознатлив по својата топлина, емоција и древна сила. Директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија проф. ...
ДПМ соопшти дека будно и со длабока загриженост го следи случајот со спомен-куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина. „Куќата на Владо Малески, еден од деветтемина основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата добросостојба се одговорни Заводот и музеј на Охрид, Управата за заштита на ...
„Со задоволство објавуваме дека тукушто бевме информирани од преостанатата држава членка дека сега може да ја повлече својата резерва во врска со 19-тиот пакет санкции“, се вели во соопштението. Словачка беше последната членка која го задржуваше приговорот откако земјите од ЕУ постигнаа договор за конечниот текст на пакетот минатата недела. Премиерот Роберт Фицо побара гаранции од Европската комисија во врска со високите цени на енергијата и ...
„Па, не мислам дека нужно ќе бараме објавување војна“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Мислам дека едноставно ќе ги убиеме луѓето што внесуваат дрога во нашата земја. Во ред? Ќе ги убиеме“, рече Трамп. „Сега дрогата доаѓа по копно… знаете, копното ќе биде следно“, додаде американскиот претседател, повторувајќи ги заканите за проширување на нападите врз териториите на земјите што Вашингтон ги обвинува дека го олеснуваат шверцот на ...
Ким го изјави ова за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник на споменикот за севернокорејските војници кои се бореа заедно со Русија во Курската област, објави КЦНА. „Годините на воено братство, во кои долгорочниот развој на билатералното пријателство е загарантирано по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат континуирано. Предизвиците на „доминацијата и тиранијата“ не можат да ги попречат врските меѓу двете земји“, рече ...
„Со оглед на нивното скандалозно однесување, сите трговски преговори со Канада со ова се прекинуваат“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушл. Трамп изјави дека Фондацијата Роналд Реган објавила дека Канада „измамнички користела лажна реклама“ во која Роналд Реган негативно зборува за царините. Тој се осврнува на рекламна кампања финансирана од канадската покраина Онтарио, за околу 75 милиони долари, која била насочена кон републиканските ...
Германските операции на Роснефт се контролирани од германските власти, но е во руска сопственост. Тој е клучен снабдувач кој насочува и рафинира нафта до бензински пумпи и некои аеродроми во најголемата европска економија, забележува Ројтерс. „Ќе разговараме со Американците за тоа. Претпоставувам дека на Роснефт ќе му биде одобрено (…) ослободување“, рече Мерц. Претседателот на САД Доналд Трамп во средата воведе санкции врз Русија за прв пат во ...
Димитриевски рече дека нема да се дозволи изградба на нова зграда, туку на локацијата ќе никне нов бесплатен паркинг за локалното население, како и парк со детско катче. „Иако, во минатото некој предвидел во деталниот урбанистички план за оваа локација да се гради зграда, јас како иден градоначалник на Куманово нема да го дозволам тоа. Сите овие времени објекти ќе бидат дислоцирани, дополнително ќе биде изграден нов паркинг простор којшто ќе ...
„ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот ...
„Дали премиерот Мицкоски вака ќе расчистува со криминалите на ДУИ – додека неговата партија го поддржа сепаратистот Касами во Тетово, токму тој во вториот круг ќе го спасува Фатмир Дехари од губење на градоначалничката функција?! Иако ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга за понизно да ги поддржи коалициските кандидати, сепак Вреди не го поддржа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево за конечно ДУИ да отиде во ...
Проблем кој особено ескалираше во последните две недели, со опасност да го претвори во жариште на опасни заразни болести кои може да предизвикаат далекусежни последици по здравјето на граѓаните. „Со логистичка поддршка во вид на механизација за чистење добиена од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, неговиот колега од Кавадарци Митко Јанчев, како и од неколку помали општини од скопскиот регион Лабудовиќ и Ѓорѓиевски денеска ...
-Завршивме со разгледувањето на поднесените приговори. Со тоа констатирам дека и за точката број 7 за постапувањето по приговорите за сумирање и утврдување на резултати ДИК постапи во законскиот рок и на јавна седница ги образложи сите приговори, вкупно беа 37 приговори за резултатите од гласањето и претходно по претходната точка 6, 20 приговори за постапката за гласање. Вкупно 57 приговори, во некои од нив беа опфатени повеќе избирачки места. ...
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. В недела ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе ...
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ...
„Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од весникот ‘Илинден’. Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број“, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на ...
Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија, одговараше за начинот на кој во тоа време на Клиниката се набавувала терапија од условен буџет. На УО директно не му била презентирана финансиската состојба на Клиниката, појаснувајќи дека на седниците им било кажано дека во периодот 2018 и 2019 има доволно пари, додека за останатите години им било презентирано дека немало пречекорување. Од директорот ...
„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициски партенри треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични ...
– Мислам дека е позитивно она што се случува во Црна Гора, во Албанија, а исто така, изјави Лопатка, кој доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕПП). Според него, кога се говори за проширувањето треба да се поздрави напредокот, но во исто време не треба да се затвораат очите кога има огромни проблеми. – Како што веќе реков, мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Северна Македонија. Босна и ...
„Најбитно, ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест – во која сите снимиле дека и мајка му, и татко, и брат и сестра му… А братот или сестрата денес е заменик, министер… или во брак со премиер во седење. На прв поглед – малку шизофренична работа. Од една страна неспорен факт е дека нивната партија го носи името на бугарска националистичка организација и дека му се поклонуваат на Гоце ...
Ова според вицепремиерот Николоски ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво. „Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имавме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања ...
„Општината има обврска да се грижи за своите граѓани – не само со големи и долгорочни проекти, туку и со конкретни, секојдневни мерки кои го олеснуваат животот и го прават побезбеден. Затоа ја воведуваме мерката за субвенционирање на 70 отсто од редовниот годишен сервис на лифтови и хидранти,“ изјави Лабудовиќ. Тој потенцира дека оваа мерка е од особено значење за старите згради и за станбените заедници кои со години се соочуваат со високи ...
„Денеска потпишавме меморандум за разбирање со американско-британската компанија „Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари, ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток“, објави Мицкоски на фејсбук. Тој додаде дека очекуваат во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од една милијарда долари. -„Бурсток“ има долгогодишно искуство во областа на ...
Владата потпиша меѓудржавен договор за воздушен сообраќај со Обединетото Кралство, со кој се отвора пат за воспоставување директни линии и поголем број туристи од Британија, соопштија надлежните. Според изјавата на Александар Николоски, документот ја усогласува регулативата за безбедност, slots и оперативни дозволи, што им овозможува на авиокомпаниите да аплицираат за летови меѓу Скопје/Охрид и британски аеродроми. Договорот предвидува рамка за ...
„’Македонски железници – транспорт’ АД Скопје имаат отворен долг кон ‘Хрватски железници – карго’, кој е меѓународно признат и за кој Република Македонија има издадено државна гаранција со Закон за гаранција од 2004 година. Овој долг произлегува од обврските на ‘МЖ – транспорт’ кон ‘ХЖ – карго’, регулирани со Договорот со Меѓународната железничка унија (UIC – Union Internationale de Chemin de Fer), склучен во јуни 2004 година. Со овој договор ...