Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 8 до 14 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче (Општина Аеродром), од 8.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај, а од 8.30 до 16 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава (Општина Студеничани). Во периодот од 9 до 12 часот ќе останат бвез струја и корисниците од бул. „Борис ...
„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“, напиша Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил. Во рамките на Берлинскиот процес што го ...
Претходно, официјален претставник на Белата куќа потврди дека „нема планови“ за средба меѓу Трамп и Путин „во блиска иднина“. Изјавата дојде откако Трамп минатиот четврток објави дека двајцата ќе се сретнат во Будимпешта во рок од две недели. Шансите за самит се чини дека пропаднаа откако клучните разлики меѓу американските и руските мировни предлози станаа јасни оваа недела. Трамп и Путин последен пат се сретнаа во Алјаска во август, но тој ...
Во последната година компанијата воспостави соработка со значителен број спортски колективи, вклучувајќи клубови од различни спортски дисциплини, како кошарка, фудбал, бокс, ракомет, боречки вештини и шах. Преку оваа поддршка, не се настојува само да се подобрат условите во кои функционираат спортските организации, туку и да се афирмираат вредностите што ги носи спортот со себе: тимска работа, фер-плеј игра, дисциплина, истрајност, почитување на ...
Ама мобилниот телефон сигурно го имаш затоа што по некоја статистика дури 50 пати дневно проверуваш дали е до тебе. Со твојот iPhone сега доаѓа и Apple Pay, а со Apple Pay и картичките од Комерцијална банка стресот поврзан со твојот паричник ти е апсолутно непотребен. Мобилниот телефон вообичаено се грижи за твојот календар, здравје, комуникација и забава, па логично е да се погрижи и за безбедноста на твоите лични финансии. Apple Pay услугата, ...
Од троска до нови ресурси „Во Велес имаме депонија на топилничка троска од околу два милиона тони, што со години стои до поранешната топилница“, посочи проф. д-р Ѓорѓи Димов, декан на Факултетот за природни и технички науки при УГД. „Истражувањата што ги направивме во последните 10 години потврдија дека троската е инертна и може да се вградува, на пример, под автопати. Освен тоа, најновите анализи покажуваат дека во неа има значителни количини ...
Нова финска студија покажа дека поминувањето премногу време во лежење или одмор во текот на денот може да биде поштетно за здравјето од седењето. Студијата, спроведена од Институтот УКК, ги испитала моделите на активност, физичката кондиција и здравјето на повеќе од 4.000 Финци на возраст од 20 до 69 години помеѓу 2017-2019 и 2021-2022 година. Открила дека луѓето што поминувале повеќе часови лежејќи додека биле будни или на рамна површина имале ...
Тој најави голем број на средби со високи владини претставници на македонската владина делегација. „Денеска ја започнуваме дводневната работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот ...
Новите земји би можеле да се приклучат кон Европската Унија без полноправно право на глас, потег што би можел да ги направи лидерите како Виктор Орбан од Унгарија понаклонети кон тоа земји како Украина да станат дел од блокот, вели бриселскиот портал. Предлогот за промена на правилата за членство во ЕУ е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите земји-членки, рекле тројца европски дипломати и еден функционер на ЕУ запознаен со ...
Според информациите од Финансиската полиција, утрово на нивните работни места се приведени 8 вработени од Општата болница Прилеп Вчера, по наредба на Јавното обвинителство, Финансиската полиција влезе во прилепската болница. Сомневањата за оваа акција се поврзани со злоупотреби и сторен криминал со тендери во работењето на здравствената установа. Се води истрага за злоупотреби вредни во вредност од околу 800 илјади евра. Повеќе информации во ...
Орбан на Фејсбук потврди дека самитот не е откажан. „Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, е во Вашингтон. Подготовките за мировниот самит продолжуваат. Датумот сè уште е неизвесен. Кога ќе дојде време, ќе го одржиме“, напиша тој. Трамп минатата недела објави дека наскоро ќе се сретне со Путин во Унгарија во обид да се заврши војната во Украина. Сепак, вчера тој рече дека не сака „залудна средба“, но навести дека може да има ...
Инцидентот се случил по кошаркарскиот меч од втората италијанска лига меѓу екипите на Себастијани Риети и Пистоја. Автобусот кој со гостински навивачи заминувал по натпреварот, бил пресретнат од домашни фанови кои почнале да фрлаат со камења и други предмети. Шофершајбната била скршена со тула, а потоа погоден возачот кој добил смртоносни повреди. Автобусот бил под полициска придружба до кратко време пред да се случи инцидентот. Su vicenda ...
Од синдикатот посочуваат дека веќе неколку месеци платите на вработените се исплаќаат со задоцнување, иако, според нивните информации, на сметката на претпријатието редовно се префрлаат средства од наплатените сметки на граѓаните. „И покрај доцнењето со исплатата на платата за месец септември, вработените совесно ги извршуваат своите обврски со ограничените ресурси што ги имаат. Недостигаат камиони за собирање смет, а дел од постојните не се во ...
Струмица 47&72 четврта година во низа ќе биде дел од ова натпреварување, но првакот доби тешка задача во првата рунда – најтрофејниот романски клуб Динамо Букурешт, кој го пречекува утре во 17 часот. „Четврта година во низа Струмица е дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа година со поскромни амбиции со оглед на тоа дека добивме еден квалитетен ривал како Динамо Букурешт. Резултатот за нас не е во прв план, затоа што оваа ...
Во рамки на кампањата која ќе се одвива од 16 до 22 октомври оваа година, компанијата обезбедува финансиски средства за подготовка на пакети со прехранбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до семејствата и лицата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици. „Поддршката на кампањата ‚Помислете на нас’, за нас во ОКТА претставува не само финансиска помош, туку и конкретен израз на солидарност и грижа за оние на кои таа поддршка им е ...
Настанот го организираше Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри – МГИ, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Western Balkans Fund, како и со учество и поддршка на бројни домашни и регионални партнери. Конференција која ги поврза регионалните креативни сили Настанот го отвори министерот за култура и туризам на Македонија, Зоран Љутков, кој ја нагласи поврзаноста меѓу креативноста и културната ...
Еве што по тој повод вели Таневски: „Кога се соработува со прекрасни луѓе, излегува и прекрасен продукт. Новата музичка подлога и концептуалниот пристап кон музиката, ме наведе на тоа дека Девојка од Бронза е најдобар показател, во кој правец оди вториот албум ‘More’ од трилогијата ‘Среќен сум дури и без себе’, а тоа е – очекувај го неочекуваното“. Автор на песната Девојка од Бронза е Горан Таневски (музика, текст, аранжман и вокал). На ...
„Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси“, се вели во соопштението на Вреди. Оттаму додаваат дека ова е порака пред сѐ до Арбен Таравари и до Исен Шабани, кои, според нив, погрешно процениле дека гласачите ќе ги следат во „менување на принципите како ситни пари“. „Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот ...
Македонските уметници, музичари, посветени се на камерната музика истражувајќи ги можностите на дрвените дувачки инструменти, односно флејта, кларинет, англиски рог и бас кларинет. Во ансамблот членуваат Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта како и композиторот и акордионист Дарко Илиевски кои ќе изведат дека од Иванов, Цанев и Илиевски. Ансалблот „Консонанс“ освен ...
Продавницата на 18-годишникот, според адресата, треба да се наоѓа на улица „Њуделхиска“, кај Млечен ресторан. Синот на Венко Филипче во јуни прослави матура. „Останува да се види дали Иво Филипче ќе го достигне почетниот успех во светот на бизнисот на синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев. Фирмата „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија на Душко Заев лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра. ...
„Карпош план ми е најголема заложба, Карпош план ќе донесе мир на граѓаните. Да биде гарант на нашите заложби Карпош да биде граден плански, граден таму каде што треба, таму каде што има простор и за зеленило, каде што има простор за градинки, каде што има простор за училишта, за паркинзи, не во Карпош 4, не во Карпош 3, не згради во Влае, домување да, меѓутоа не згради. Карпош план може да функционира, не само во делот донесување ДУП-ови, ќе ни ...
Ансамблот „Трио Академико“ го сочинуваат флејтистката Златка Митева, кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ, уметници со богата кариера, препознатливи по својата извонредна интерпретативна зрелост и суптилна музичка сензибилност. Публиката ќе има можност да ја следи програмата која опфаќа дела од Ерик Евејзен, Ернест Блох, Дмитриј Шостакович, Луиџи Занинели и Давор Јордановски, нудејќи спој на класични и современи музички ...
Поставувањето спомен-обележје се врши со посебно решение за изградба на споменици, спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола со донација на иницијаторот, Стопанска банка АД Битола. Јонче Христовски (Битола 1931 – Скопје 2000), автор на легендарните песни „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“…и други, освен пејач, беше текстописец и композитор на македонски народни песни со ...
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на ...
Ланскиот третолигаш Шкендија Арачиново кој е еден од најстабилните второлигаши оваа сезона го совлада Пелистер (1-0) за четвртфинале во Купот. Херој на арачиновци беше стоперот Арсим Љамалари кој по корнер реализира со глава на стартот на второто полувреме. Најубедлива беше екипата на Струга на гости кај Македонија Ѓорче Петров и слави со 5-0. Поведоа стружани по половина час игра преку Ѓорѓе Ивковиќ, за 0-1 до полувремето. Во вториот дел Струга ...
На седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации закажана за 31 октомври, на која ќе се разгледа ситуацијата во Босна и Херцеговина врз основа на шестмесечниот извештај доставен до тоа тело од страна на високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, се очекува и гласање за продолжување на мандатот на мисијата Алтеа, воспоставена во 2004 година. Во тоа време, членовите на Еуфор го презедоа од НАТО, односно неговите Сили за ...
Вучиќ на одбележувањето на 17 години од основањето на Српската напредна партија (СНС), чиј сега е член, не прецизираше кога тие избори ќе бидат распишани. Тој кажа, критикувајќи ја опозицијата, дека на тие избори ќе се бира помеѓу неутралноста на економскиот развој и погледот во иднината на државата и враќањето во минатото. Вучиќ истакна дека денес некои во Стразбур велат дека тој е виновен за сè, го обвинуваат дека користел звучен топ, Чациленд ...
Основното јавно обвинителство Скопје работи на собирање докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Јавниот обвинител издаде наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП Комунална хигиена-Скопје (КХС). Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја констатираат моменталната состојба. Владата претходно ...
Европски земји работат со Киев на предлог од 12 точки за прекин на војната на Русија по сегашните фронтовски линии, објави Блумберг. Спроведувањето на предложениот план би ја надгледувал мировен комитет со кој би претседавал американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Европските лидери денес го повикаа Вашингтон да остане цврст во своето барање за итен прекин на огнот во Украина, ...
„Започнавме подготовки за изградба на ѕид долг 535 километри на северниот брег на Јава за да заштитиме 50 милиони луѓе од зголемувањето на нивото на морето за пет сантиметри годишно“, изјави претседателот вчера на состанокот на кабинетот во Џакарта. Според претседателот, заканата од климатските промени би можела да загрози 60 отсто од националната индустрија на северниот брег на Јава. Исто така, постојат големи оризови полиња кои би можеле да ...