Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Мицкоски се заблагодари на Аеродромци, на Скопјани и на сите граѓани во Македонија кои во првиот круг од овие локални избори го дале својот глас и учествувале на изборите. „Ако направиме кратка рекапитулација, тогаш ќе дојдеме до една импресивна, историска бројка од 33 општини што во првиот круг завршија и избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, наспроти три од СДСМ и сега во вториот круг имаме 26 кандидати, од кои убедливо ...
Вардарци имаа фантастичен старт на мечот, поведоа со 6-1, а разликата ја одржуваа и на полувремето заминаа со предност од 18-11. Тулуз се разигра во вториот дел и дојде на само еден гол негатива, беше 23-22. Сепак Вардар не дозволи да се случи пресврт, се созема во финишот и го доби натпреварот со 28-26. Најдобар во составот на Вардар беше Јака Малус со шест голови, ДМитро Горига даде четири по трипати погодија Николас Боно, Петар Јанковски и ...
Собирот, кој организаторите го нарекоа „марш за мир“ на националниот празник на Унгарија во чест на неуспешното антисталинистичко востание од 1956 година, кое беше задушено од Црвената армија, објавува АП. Учесниците извикуваа слогани за поддршка на Орбан, ја извикуваа и неговата порака дека Унгарија ризикува да биде директно вовлечена во војната во Украина. На чело на поворката имаше голем транспарент на кој пишуваше: „Не сакаме да умреме за ...
„На денешен ден се роди организацијата што потоа ги одбележа сите буни и востанија, која чекореше паралелно со Македонија низ нејзиното создавање. И тој сон за слобода, таа мајка на борбата на нашиот народ – ВМРО – му припаѓа на секој еден кој ја сака и почитува нашата борба, во чие срце пламти зборот Македонија. На 23 октомври 1893 година се создаде Внатрешната македонска револуционерна организација – идеја што ја надживеа својата епоха, луѓето ...
„Веруваме дека оваа постапка е исклучиво контрапродуктивна“, изјави Марија Захарова на својот неделен брифинг. Претседателот на САД, Доналд Трамп, за санкциите против двата руски гиганти рече дека се „огромни“, наметнати со надеж дека ќе ја убедат Москва да ја прекине војната во Украина што ја започна во февруари 2022 година. „Доколку сегашната американска администрација продолжи да го следи примерот на своите претходници, резултатот ќе биде ...
Хари Кејн оваа сезона постигна 20 голови во 12 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Тоа не успеале да го направат ниту Лео Меси и Кристијано Роналдо. Според компанијата за статистика „Опта“, на Меси за 20 голови му требале 17 натпревари, тоа му се случило трипати во кариерата. Додека Најдобриот учинок на Роналдо е 20 голови за 13 натпревари, тоа се случило во сезоната 2014/15. 20 – Harry Kane has scored 20 goals in 12 games for ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени. УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре (петок) и в понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а в понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец ...
Група од 29 китови беше откриена во понеделник на плажата Твајлајт, или Паенга Рехиа, во близина на северниот врв на Северниот Остров. Министерството за заштита на природата одлучи да не преземе операција за спасување поради оддалеченоста на локацијата на насукувањето, состојбата на животните и плимата, според соопштението. Нортерн Адвокат објави во четврток дека оттогаш загинале 27 китови. Министерството за заштита на природата соопшти дека е ...
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија. Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски, на писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, на поетот, романсиер, драмски ...
„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во ...
„Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, рече тој. Мециновиќ истакна дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје. „Нашата улога како обединувачка сила е очигледна, и тоа е одговорност, но и привилегија. Испишуваме нови страници во политичката историја на ...
„Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас, сите жртви се заслужени“, се наведува во честитката, цитирајќи ја мислата на еден од основачите на Македонската револуционерна организација, Иван Хаџи Николов. Од Матица посочуваат дека токму тие мисли биле двигател на саможртвата на илјадници идеолози и борци за македонската слобода – и на оние што ја дочекале, и на оние што ја платиле со животот, следејќи ја девизата на Дамјан Груев: ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово ...
„Од 44 општини за кои ДИК во понеделникот објави првични официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во меѓу време констатиравме дека од овие 44 општини во 11 општини се пристигнати приговори. По приговорите ние денес, согласно дневниот ред, а ако не стигнеме денес, евентуално утре ќе постапуваме и ќе одлучуваме. По таквите одлуки подносителите имаат право на тужба до Управен суд“, информира на денешната 149 седница претседателот ...
„Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Ако сакаме децата да бидат во чекор со времето, мора да им овозможиме еднаков пристап до современи алатки за учење. Затоа, воведуваме мерка со која секое дете ќе добие поддршка од 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп. Ова е конкретна помош за родителите, но и вистински чекор кон модерно, рамноправно и достапно образование за сите,“ изјави Лабудовиќ. Според него, оваа ...
„Состојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП Комунална хигиена ќе продолжат со собирањето на сметот“, соопшти Општината. Градоначалникот Герасимовски за денеска во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот. Во текот на вчерашниот ден и ...
Герасимовски потенцира дека се прави мобилизација на сите служби и ресурси на општината и на ПОЦ. „Од денес, сите вработени во Општината Центар и во ЈП Паркинзи на Општина Центар добиваат конкретни задачи за решавање на оваа криза. Ги редуцираме сите други активности на минимум, ги пренасочуваме вработените да ги спроведат сите мерки за менаџирање на овој проблем. Ова е момент кога секој јавен службеник мора да покаже одговорност. Ќе бидат ...
„Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по бројот на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати – продолжува, благодарност до сите оние кои го направија вистинскиот избор. На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласа повеќе од 2021 година, додека СДС потона со минус 111.000 гласа. Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на ...
Како што велат од Општина Центар, дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението. „Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ изјави градоначалникот ...
Тој на конференцијата за новинарите, без да прецизира на кого мисли, кажа дека бил загрижен кога во ЕП велат „дека имаат релевантни извори кои тврдат дека во Србија е користен звучен топ“. Тој додаде и дека видел „дека ним им пречи Чациленд (кампот на неговите поддржувачи во центарот на Белград)“ и истакна дека „тогаш сè е јасно“. „Тие ја осудија употребата на звучен топ кој го немаше. Докажете дека имало звучен топ и тогаш јас повеќе не сум ...
Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. „Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани“, порачува претседателот на Собранието. Тој нагласува дена во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и ...
Реал Мадрид напаѓаше во текот на целиот меч, Јувентус одлично се бранеше, но катанаџото на италијанскиот тим попушти во еден момент. Тоа се случи во 58. минута кога Џуд Белингем реализираше за водство на Реал од 1-0, што беше и конечен резултат на мечот. Ливерпул во Франкфурт отпатува со четири порази по ред. За сликата да биде уште полоша во еден момент, се погрижи Кристенсен кој донесе водство на Ајнтрахт од 1-0 во 26. минута. На црвените им ...
Натпреварот беше рамноправен само во првите 12 минути во кои Далас водеше со 29-28. Потоа на сцена стапи Вембањама за кој домаќините немаа решение. Сан Антонио го сврте резултатот, на полувремето замина со предност од 60-51. Во вториот дел го докрајчи противникот за висока победа од 125-92. Вембањама беше убедливо најдобар поединец на теренот, покрај 40 поени, имаше и 15 скокови. Во составот на Далас најдобар беше Ентони Дејвис со 22 поени и 13 ...
Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, имаше шут од игра 17/27 и 7/10 од линијата за слободни фрлања. Имаше и 12 скокови и девет асистенции, му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл. Тој стана првиот играч на Лејкерс од Коби Брајант во 2007година кој сезоната ја почнал со 40+ поени. Но, оваа партија на Дончиќ не беше доволна за победа на Лејкерс, Голден стејт во третиот период направија разлика од 10 поени која ја оддржаа до крајот за ...
Најмалку пет лица досега се измамени од осумчлена организирана група што на наводни сателитски снимки „видела“ закопано злато и успева да ги убеди домаќините дека токму во неговиот двор има ќупови полни со злато, а за да го добијат, се разбира, треба да платат „само“ 6.000 евра аванс. Многубројни се легендите и преданијата дека уште од античко време има закопано злато во Мариово, во околината на Битола, во Кратово, Требеништа…, дека златото на ...
„Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна организација, врз чиј дух и дело почива македонската државност. Многупати сум потсетила дека животот во слобода, мир и демократија во своја национална држава не ни е подарен, туку е извојуван и изборен од нашите предци, македонските револуционери. Не случајно Републиката, во Член 36 на ...
„Сакам тоа многу јасно да го кажам“, кажа Нетанјаху како одговор на новинарско прашање. „Една недела велат дека Израел ги контролира Соединетите Американски Држави. Една недела подоцна велат дека Соединетите Американски Држави го контролираат Израел. Тоа е глупост“. „Имаме партнерство, сојуз на партнери кои делат заеднички вредности и заеднички цели. Можеме да водиме дискусии, можеме да имаме несогласувања тука и таму, но генерално, морам да ...
„Постои криминален пат низ Западен Балкан преку кој нелегалните мигранти доаѓаат во Велика Британија и ние сме решени да го затвориме со соработка со европските партнери“, изјави премиерот Кир Стармер пред самитот во Лондон со лидерите на земјите од Западен Балкан. Се очекува самитот да се фокусира на напорите за намалување на нелегалната миграција – што е едно од клучните политички прашања за британските гласачи – како и на регионалната ...
„Аудиоснимките што излегоа во јавност, на кои се слуша како Дехари сексуално малтретира и понижува вработени жени во Општината, се доказ за системска злоупотреба на моќ и родово насилство на работно место, а тоа е нешто што заслужува и кривична одговорност, не само – политичка оставка! Ниту една жена не треба да биде предмет на понижување, заплашување или сексуално изживување, особено не од страна на функционер платен со парите на граѓаните. Ова ...
„На овие избори има само две страни. Од една страна се граѓаните на Чаир, народот кој чесно работи, скромно живее и ја сака својата општина, а од другата се оние кои ја узурпираа за лични интереси, ја користеа за сопствено богатење и со години нудат празни ветувања“, изјави Османи на денешната, последна прес-конференција пред завршувањето на кампањата. Тој порача дека по 19 октомври на Чаир ќе му се случат „промени какви што граѓаните ...